дома блог страница 2929

Србија ќе добие 30 милиони евра од продажба на имотот на поранешна СФРЈ

Според договорот за поделба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Србија од продажбата на објектите во Јапонија, САД, Швајцарија и Германија, ќе добие речиси 30 милиони евра (29.92).

Во последните година и половина, продадена е резиденцијата на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито на Менхетен во Њујорк, поранешната зграда на СФРЈ во Токио и поранешната зграда на амбасадата на Југославија во Бон во Германија. Според договорот за сукцесија, на Србија и следат 39,5 проценти од постигнатата цена, односно за овие три имоти ќе добие околу 13,3 милиони евра. Во постапка на продажба останати се уште два објекти, зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк и Амбасадата во Берн.

Парите што ќе ги добие од продажба на дипломатско-конзуларен имот на поранешна СФРЈ, Србија планира да ги инвестира во купување на недвижен имот на пет важни светски дестинации – Токио, Њујорк, Берн, Копенхаген и Варшава.

Во моментов Србија поседува 48 објекти во 28 земји во светот и користи исто толку некретнини кои се предмет на сукцесија меѓу поранешните држави на СФРЈ.

Последната средба на Мешовитиот комитет за распределба на дипломатските и конзуларни недвижности на поранешна СФРЈ се одржа во Белград во јули, а до денес, од 123 недвижнини, со номинална вредност од 265,9 милиони американски долари, распределени се 85.

Србија со сукцесијата доби 36 објекти, а останатите држави сукцесионери, меѓу кои е и Македонија добија 49 објекти.

Денеска е Св. Јован Златоуст

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември.

Денеска е Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.

По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата.

Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Се смета дека денеска не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Денеска секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.

Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака денеска на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.

Обjaвена cнимka од моментот на земjoтpecoт во Албаниja

На социјалните мрежи е објавено видео од моментот кога Албанија беше погодена од силен земјотpec.

Ако имате ваков изpacток на телото не го игнорирајте, може да биде опacно

Кога на раката, дланката, прстите или на рачниот зглоб ќе се појават чудни изpacтоци или отoци или нешто слично, обично си мислиме дека тоа е последица на повpeда, yбод од инсекти или некој плускавец од работа. Сепак, таквите симптоми може да имаат индикација за некои поголеми проблеми со здравjeто.

Ваквите чворови на рацете, медицински се наречени хигромом, а тоа е всушност бениген тумор –ганглиона циста на зглобот. Иако на рачниот зглоб се најчести, сепак, може да се појават и на површината од дланката или на внатрешната страна од прстите.

Всушност станува збор за тумор од мекото ткиво на шаката кој е во контакт со зглобната капсула или со обвивката на тетивата и има величина од неколку милиметри до 2 сантиметри, поретко со поголеми димензии.

Хигромом може да предизвика болка, трпки и ограничена мобилност во зглобот, но лекарите предупредуваат дека во потешки случаи може да предизвика пореметување на фунцијата на дланката.

Најчесто се лекува хируршки и со терапија со кортикостероиди, а лекарите советуваат да побарате помош од лекар ако забележите сомнителен израсток.

Хороскопски знаци од кои ќе добиете најдобри модни совети

Некои луѓе се раѓаат со чувство за мода и стил, а астролозите сметаат дека тоа им е запишано во хороскопот.

Астролозите издвојуваат три знаци на Зодијакот на кои модата им е во крвта. Тие даваат најдобри модни совети, а често имаат работа или хоби кое е поврзано со мода.

Бик

Личностите родени во знакот Бик се на прво место кога станува збор за модата. Кога ќе влезат во просторијата, зрачат со сексапил и на нив облеката им прилега совршено. Со задоволство ќе им дозволите да ви бидат стилисти, со оглед на тоа дека имаат добар вкус за модата.

Близнаци

Близнаците се познати по својот елегантен стил. Нивниот труд во комбинирањето облека не може никој да го замени. Со многу внимание ги бираат модните додатоци, а од дома никогаш не излегуваат несредени. Близнаците секогаш се во чекор со најновите модни трендови.

Водолија

Водолијата е елеганција во движење. Секогаш купуваат безвременска облека, а од нea можат да направат сè што ќе посакаат. Водолиите знаат како да го уредат просторот, знаат во што треба да вложат, а што да одбегнуваат. Прашајте ги, ќе ви објаснат сè.

Прилеп – единствениот поголем град во Македонија кој нема функционална велосипедска инфраструктура

„До каде сме со вело-патеките?“ е мотото под кое ќе се вози Критична Маса 66 во Прилеп, а воедно и прашањето кое голем број прилепчани го поставуваат постојано.

Прилеп и понатаму останува единствен поголем град во Македонија кој нема ниту сообраќаен знак за вело – патека, а не пак функционална велосипедска патека.

„Тажна е сликата кога се асфалтираат и реконструираат улиците низ градот, а притоа пешаците и велосипедистите се комплетно заборавени. Прилеп е град со 0 км велосипедски патеки и тоа е поразителен факт, за чија промена за жал никој нема слух.

Во светот се прават велосипедски патеки од рециклирани материјали, соларни велосипедски патеки, вело-патеки кој ја апсорбираат дневната светлина и светат преку ноќ, кај нас сеуште е проблем да се намести обичен сообраќаен знак за велосипедска патека.

Прилепчани сакаат да се движат низ градот на велосипед, и во лето и во зима, и стари и млади, постојано се на небезбедните градски улици и тротоари и покрај тоа што никој не води грижа за нив и нивните потреби во сообраќајот“, велат од ПрилепНаТочак.

Време е за велосипедски патеки во Прилеп, време е за вело-инфраструктура, градот го заслужува тоа…

Критична Маса 66 ќе се вози утре, 27.11. со почеток од 17:30 часот, а збирното место е пред Општина Прилеп.

Албанија во паника, граѓаните на улица: Ова е првичната слика од Драч и Тирана после силниот земjoтpec (ФОТО/ВИДЕО)

Оштетени објекти и испаничени луѓе е сликата од Драч утринава, каде беше и епицентарот на земјотресот кој беше почувствуван и во цела Македонија и соседните земји.

Јачината на земјотресот беше со магнитуда од 6.4 степени.

Локалните медиуми јавуваат дека е предизвикана огромна штета, а градот Драч е без струја.

Штети се предизвикани и во Тирана…

Cилен земjoтpec со jaчина од 6,6 степени ja paзбуди цела Македонија: Епицeнтapoт во Албанија

3eмjoтpec со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија во 3:54 часот.

Според информациите на ww2.volcanodiscovery.com земjoтpecoт се случил на длабочина од 10 километри.

Силниот потpec беше почувствуван и на целата територија од Македонија, а тресеше повеќе од 15 секунди.

Сугарески се изнасмеа на ветувањата на СДСМ

Министерот за транспорт на „Телевизија 24“ Горан Сугарески дебатираше со Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ за автопатите во земјава и зошто се доцни со нивна изградба.

Затуроска го потсети министерот за ветувањата на СДСМ за 600 километри автопат. На тоа Сугарески одговори дека ветиле автопатишта и експресни патишта но не и шестотии километри.Тој дури ја праша како да направат 600 километри автопатишта кога во зела земја нема толку патишта.

“Дали има разлика помеѓу километри патишта изградени и километри патишта реконтруирани?” го праша Затуровска министерот на што тој одговори потврдно.

На тоа тој одговори дека за десет години ветиле дека ќе изградат 600 километри автопати но и експресни патишта.

Извор: republika.mk

Николоски за АЛФА: Заев лаже, полициjaта била распоредена – знаеле дека ќе има навивачи во МНТ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ коментирајќи за тоа што навивачката група Шверцери за јубилејот на фубалскиот клуб Шкупи го оштети инвертарот во Македонскиот Народен Театар вели дека ако не реагирале тие како ВМРО-ДПМНЕ ова немало да постои во јавноста и дека власта знаела дека ќе има навивачка група во МНТ.

–Заев и мегафоните на Заев велеа дека не знаеле дека ќе има навивачка група во МНТ, дека тоа било друга прослава и дека овие ептен случајно биле таму. Прво, полициjaта била добро информирана за овој настан и во петок биле распоредени 150 припадници на ЕБР и 30 припадници на „Алфа“. Тие биле распоредени во близина на театарот, очекувајќи да се случуваат инциденти – вели Николоски.

Тој прашува дека ако не знаеле дека ќе има ваков настан, зошто од МВР распоредиле 150 специјалци од ЕБР и 30 припадници на алфите? Тие биле од другата страна на театарот несакајќи да бидат забележани. Второто прашање е кога почнале инцидентите внатре, зашто не влегле да реагираат?, посочува Николоски.