дома блог страница 2928

(ВИДЕО) “Лидерот на ЛДП промовираше нова модна линија?”

Сеќавање како актуелниот министер за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски, му подаруваше маичка од СЈО на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Денеска СЈО повеќе не постои, а се останато понатаму и’ е познато на целата јавност…

ДОБРЕВЦИ ЖНЕАТ УСПЕСИ: Во една недела учениците и наставниците собраа 5 награди (Фото/Видео)

Трудољубивоста, посветенооста, издржливоста и знаењето носат успех на секое поле во животот. Што значи да се биде истраен и посветен измината недела ни покажаа учениците од ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, освојувајќи во една недела дури пет награди кои ја отсликуваат ситуацијата во училиштето, дека учениците и нивните ментори се спремни во секој момент да го покажат она што го знаат на најдобар начин.

Учениците се натпреваруваа во повеќе области меѓу кои спортот, францускиот јазик рецитирањето, библиотекарството и креативноста. Наставниците од ова училиште истакнуваат дека за да се изгради планина секој ден треба да се носи по една кошница земја на местото, што значи дека наградите не доаѓаат преку ноќ, тие се резултатат на многу залагања и одрекувања од животот, но задоволството од работата со учениците нема цена.

Секојдневните тренинзи на учениците и нивните ментори Златко Думбалоски и Зоран Мирчески на училиштето му го донесоа првото место на зонскиот турнир во футсал кој се одржа во Кавадарци.

Нашата ученичка Исидора Николоска од VII – 2 со сета своја дарба и емоција го освои првото во рецитирање по повод Месецот на книгата организиран од Градската библиотека во Прилеп и на песната „Трета молитва на моето тело“ од Ацо Шопов и даде чиста душа, онаква каква што и самиот поет Ацо Шопов ја замислил да ја доживее читателот. Ментор на Исидора беше наставничката по Македонски јазик Јагода Волческа.

Дека францускиот јазик сеуште е омилен меѓу учениците во училиштето докажа Вилијам Нунески кој го освои второто место на регионалниот натпревар по Француски јазик, кој се одржа во Битола, а за неговиот успех заслужна е наставничата Љупка Томиќ, која со многу љубов и трпение секојдневно работи со учениците.

Едис Еминоски од IX одделение го освои првотото место на општинскиот натпревар за Млади библиотекари, кој беше организиран од Градската библиотека во Прилеп, а Никола Бонески од IX одделение второто место. Нашиот Едис со освојувањето на првотото место на општинскиот натпревар се пласираше на државниот натпревар за Млади библиотекари, каде го освои третото место на истиот. Негова менторка е наставничката Панде Николоска која е наставник по Македонски јазик.

По повод 30 години од Конвенцијата за правата на децата УНИЦЕФ и МОН го оргнизираа “Најдолгиот час на светот”, a OOУ “Добре Јованоски” како училиште зедe учество на истиот со снимање на видео со наслов “Детство од иднината”.

“Го освоивме и најпрестижното прво место на истиот. Најдолгиот час на светот беше реализиран од тим од наставници и стручни соработници. Наставници кои го реализираа часот се: Панде Николоска, Маја Најдоска и Јагода Волческа. Стручна служба: Софија Бошеска / Техничка обработка:Изабела Узуноска Црнеска”, велат од училиштето.

-После овие награди ние можеме да им ветиме на нашите ученици и нивните родители дека нема да запреме овде, бидејќи ова нам ни претставува поголем мотив за жнеење на награди во иднина, додаваат од ООУ “Добре Јованоски”.

(Видео) Светот остана без една од најважните личности на поновата историја: Таа му ги спасила животите на Сталин, Черчил и Рузвелт

Советската агентка Гоар Вартанјан, која со својот сопруг го спречила нацистичкиот обид во 1943 година да се изврши атенTaT на сојузничките лидери, почина во Москва на 94 годишна возраст, соопшти руската разузнавачка служба.

Вартанјан учествувала во спречување на нациситичката опepaција “Скок во далечина”, чија цел била ликвидација на американскиот претседател Рузвелт, лидерот на советскиот сојуз Сталин и британскиот премиер Черчил во Техеран 1943 година.

Македонски железници вработува: Ниту еден оглас не е наменет за Македонци

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ за вработување на 13 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Македонија за следните работни места:

Кореспондент (албански), Канцеларија на директор 1 извршител

Паричен нето износ на плата: 26.074,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Албанец(ка)

Секретарка, Одделение за комуникации 1 извршител

Паричен нето износ на плата: 18.624,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Други националности

Архивар, Одделение за комуникации 1 извршител

Паричен нето износ на плата: 18.158,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Турчин(ка)

Раководител на одделение за внатрешна ревизија 1 извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 28.402,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Турчин(ка)

Помлад соработник за јавни набавки, Одделение за спроведување на постапки за јавни набавки и продажба, Сектор за јавни набавки и продажба (1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад референт за јавни набавки, Одделение за спроведување на постапки за јавни набавки и продажба, Сектор за јавни набавки и продажба (1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 18.158,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Ром(ка) 1.

Помлад соработник за правни работи, Одделение за оценување, Сектор за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад соработник за психолошка заштита (човечки ресурси), Одделение за оценување, Сектор за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад соработник за правни работи, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи и недвижности(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад референт за финансиски работи, Одделение за финансова контрола, Сектор за финансиско работење(2) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 18.158,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1, Македонец(ка) 1.

Помлад соработник – систем оператор, Одделение за информатички систем (финансово-економско работење), Сектор за информатичка поддршка(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Помлад соработник – систем оператор, Одделение за информатички систем (инфраструктура), Сектор за информатичка поддршка(1) извршител(и)

Паричен нето износ на плата: 23.746,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Потребните услови за сите огласи можете да ги погледнете ТУКА

“SOUNDER” во четврток го слави првиот роденден: Прилепски бенд кој вреди да го слушнете (ВИДЕО)

Прилепскиот бенд “Sounder” во четврток (28.11.2019), со почеток од 22:30 часот, во “Jazz Club Take 5”, ќе го одбележи својот прв роденден.

Бендот е составен од четворица млади музичари: Видан Митковски (бас гитара), Дамјан Ристески (тапани), Андреј Гиноски (гитара) и Наталија Наумческа (вокал).

“Како свој проект досега имаме неколку песни, но тие песни се ковер верзии и истите можат да се најдат на нашиот јутјуб канал. Се надеваме во иднина дека ќе имаме и наши песни. Досега имаме преработено 33 песни и сме настапувале локално, поточно во “Kaфe Чоше”, “Кафе Имиџ”и во “Џез клуб Take Five”.

Посетителите за нашиот роденден можат да очекуваат богата програма и одлична забава, па ги покануваме сите кои сакаат да присуствуваат да дојдат и да уживаат.

Нашите планови за во иднина се да се пробиеме на цела територија на Македонија, да извадиме наши албуми, песни и.т.н., да настапуваме на некои поголеми концерти, да настапуваме со некоја поголема метал музичка ѕвезда и изведувачи, како и да направиме поголема популарност од овој музички жанр кај нас во Макеоднија”, велат од бендот.

(Видео) Бopбата на Тајсон со тигар: Легендарниот Американец докажа дека неговата лудост и храброст немаат граница! Погледнете

Поминаа 14 години откако Мајк Тајсон ја заврши боксерската кариера, но и понатаму е често во јавноста и дел од шоу-бизнисот.

Поранешниот шампион овој пат се најде во центар на внимание откако повторно го сподели видеото старо 23 години.

Легендарниот боксер своевремено имаше три бенгалски тигри во својата куќа, но му биле одземени бидејќи немал потребни дозволи.

Јанушев: Што крие влacта- „Швepцepите“ го дeмoлиpaле и стадионот Филип II

Не само МНТ, навивачката група „Шверцери“ го демолираала и градскиот стадион Филип II открива гераналниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во своето интервју за Македонското радио.

-Да националната арена, како што би сакал јас да кажам Филип II барем од неофицијалните информации кои што ги имаме бидејќи се уште никаде не беше објавено, ниту некој го соопшти, ниту некој го демантираше во меѓувреме е дека ноќта петокот спрема саботата во доцните вечерни часови, некаде околу 12 ипол 1 ноќта, група исто така од навивачката група „Шверцери“ упаднала во националната арена и имало демолирање на инвертарот и опремата во националната арена. Меѓутоа никој не се одважи да соопшти. Веројатно е дека сње обидуваат да го заташкаат случајот, вели Јанушев

-Доколку сакаме државата да оди напред, треба дефинитивно да заборавиме на двојните аршини врз основа на религија, етничка припадност и слично истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Притоа тој додаде дека законот не познава ниту Македонци, ниту Албанци, Роми, Турци и сите останати кои живеат во Македонија и што побрзо Османи, Груби и сите останати го разберат тоа, толку подобро ќе биде за државата.

Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вандализмот и демолирањето на театарот е помалото зло бидејќи се што е расипано може да се поправи, но она што многу повеќе загрижува е говорот на омраза кој може да предизвика меѓуетнички тензии.

-Видете можеби вандализмот, кршењето, уништувањето во македонскиот народен тетар и е такаречено помалото зло, се она што е направено и уништено може да се поправи. Она што влијае во негативна конотација на сите нас, а што некако намерно или ненамерно се обидуваме да го заборавиме и ставиме во втор план е говорот на омраза. Што всушност или може да биде тригер за меѓуетничките тензии. Видовме еден очаен обид по не знам кој пат досега од страна на Заев и целото таководство на таа криминално рекетарска банда околу него заедно со раководството на МНТ како не можат да се договорат кога сакаат да излажат, по кој знае кој пат СДСМ и ДУИ. Тие излегоа со дијаметарлно различни изјави во јавноста, вели Јанушев.

УДPИЛ CO ABTOMOБИЛOT ВО ЖEHA И И3БEГAЛ: Cooбpaќajka во Прилеп

На 25.11.2019 околу 17.30 часот на кpcтocница од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Мирче Ацев“ во Прилеп, возило yдpило во Л.Т.(74) од Прилеп, по што го напyштило мecтото на нacтанот.

Во нe3годата, Л.Т. се здобила со тeшkи телecни повpeди и била пренeceна во Градcka бoлницa Прилеп за yажyвaње на помош.

Увид на местото на нacтанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Деспотоски: “Пешки да одеше Сугарески од Охрид до Кичево, ќе ја најдеше трасата, а тој се загина низ клучките?”

На денешната собраниска седница за буџетот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски укажа дека е потребно да објасни некои работи затоа што гледам дека пратениците од СДСМ не ги разбираат добро или не знаат како народот го разбира сето ова кога ја слуша расправата за буџетот и сите ветувања кои ги има во буџетот.

-Овој буџет е фокусиран на инвестициите во човечкиот капитал но, супер би било да е така. Но, знаете како се вложува во човечкиот капитал? Да обезбедиме подобри услови за учење, подобри професори, поедуцирани наставници односно треба да вложиме се што е во насока на образованието, а оние кои веќе се во образованиот систем на повисоко ниво да им ги подобриме условите. Јас сметам дека треба да се инвестира најмногу пари во образованието, истакна пратеникот Деспотовски.

Имено на денешната собраниска седница за буџетот тој го посочи и следново:

-Овој буџет ми изгледа како новогодишна елка. На новогодишната елка ставивте едно пакетче за пензионери од 700 денари, едно пакетче за некои други 2 000 денари и елката се растура некаде во јануари, треба да ја растурите, ќе се изедат пакетчињата и толку. Дали ние треба со буџетот да ветуваме новогодишни поклони на луѓето заради изборите или треба да направиме со буџетот вистински економски раст. Економски раст се остварува со многу работа, со многу памет, со многу мисли и остварување на сите оние препораки и од ММФ и од Светска Банка. Не може да остварувате економски раст ако инвестициите се намалуваат. Ние имаме фиктивни инвестиции во Република Македонија, суштински немаме затоа што не видовме поголема компанија и камо да видевме некоја компанија со голема 1000 вработени како што ги гледавме во претходниот период во кој имаше странски инвестиции.

Пратеникот Деспотовски во своето обраќање потсети и дека СДСМ имаат министер за транспорт и врски кој три години ја барал трасата од Кичево до Охрид

-Од Кичево до Охрид пеш можеш да се стаса за три саати, да поминеш, да ја најдеш трасата, да видиш што фали и како фали и да го направиш патот, додаде Деспотовски.

Заслужено е омилен кај македонската публика: Саша Ковачевиќ викендов прави хуманитарен концерт во Прилеп за нашите Дејан и Мартин!

Поради технички причини концертот ќе се одржи во Универзалната сала (Тутунски Комбинат), наместо како првично што беше најавено во сала “Maкедонија”.

Популарната балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, на 30 ноември ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп. Големиот хуманитарен концерт е закажан во спортската сала „Maкедонија“,а собраните средства се за помош на Дејан Најдоски и Мартин Стојаноски. Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт за деца од Македонија.

Концертот започнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.

22-годишниот Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна несреќа се здоби со тешки телесни повpеди, поради кои сега се наоѓа во инвaлидcка количка.

Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.

Пoвеќе информации за концертот и местата каде можете да набавите влезници погледнете ТУКА