дома блог страница 2924

Столтенберг: Пет години по ред растат трошоците за одбрана на НАТО членките

Во пресрет на тензичниот самит на лидерите на членките на НАТО на 4 декември во Лондон, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се пофали со раст на трошоците за одбрана во сите земји членки на НАТО и сѐ поголем број на земји кои ја исполнуваат обврската да одвојат два отсто БДП за воената одбрана.

Земјите членки на Алијансата во 2014 се обврзаа дека до 2024 сите ќе ја исполнат оваа обврска, оваа година девет од нив ја постигнале стапката, додека трошоците за одбрана растат пет години по ред.

– Ова е петта последователна година на раст кај сите сојузници, сојузници додаваат милијарди и реалниот раст е од 4,6 отсто, што е над сто милијарди долари повеќе од тоа што беше инвестирано во 2016-та – изјави Столтенберг.
НАТО објави комплетен извештај за трошоците за одбрана на сите земји членки, резултат на комплексни пресметки на Алијансата. Врз основа на проектираните трошоци што ги поднеле сите земји, Алијансата заклучува дека акумулираниот раст ќе биде 400 милијарди долари, „што претставува напредок без преседан“, смета генералниот секретар.

– Сите сојузници ги зголемија трошоците и сѐ повеќе сојузници ја исполнуваат обврската од два проценти БДП, оваа година девет сојузници ќе ја исполнат, пред неколку години беа само три земји, а мнозинството сојузници има план да ја постигне стапката до 2024-та, на добар пат сме, но не смее да се опуштиме – изјави првиот човек на Алијансата.
Лидерите на сите 29 земји членки плус Македонија ќе се состанат во Лондон на трети и четврти декември. Дискусиите веќе се најавуваат како тензични по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“ и дека сака затоплување на односите со Русија.

Столтенберг вчера се сретна со Макрон во Париз, францускиот претседател остана на неговиот став и порача дека „непријателот“ не е Русија или Кина, туку „тероризмот“.

Генералниот секретар на Алијансата се согласува дека дијалогот со Москва е потребен и не претставува „знак на слабост“.

– Русија е наш сосед, треба да зборуваме со Русија, бидејќи се тука, потребен ни е дијалог за да се справиме со тешкиот однос, меѓутоа важно е да се задржи единството на сите сојузници по ова прашање. Единство кое јасно го покажаа земјите членки при разговорите за нуклеарната спогодба ИНФ, која САД ја напушти во август годинава повикувајќи се на постојаното нарушување на договорот од страна на Русија – изјави Норвежанецот потсетувајќи дека неговата земја во најтешките моменти од Студената војна успеала да одржи дијалог со Русија.
Во Лондон ќе стане збор и за Кина меѓу сојузниците.

– Сојузниците треба да ја имаат предвид модернизацијата на Кина, како и кинеското присуство од Арктикот до Балканот па сѐ до сајбер просторот – додаде Столтенберг.
На маса ќе бидат и телекомуникациските инфраструктури во рамките на развојот на 5Г технологијата.

Шефот на Северноатлантската алијанса призна дека се случува сојузниците да имаат несогласувања, но дека „секогаш успевале“ да ги надминат и да се обединат околу принципот на меѓусебна одбрана и заштита. Принцип кој Макрон исто така го доведе во прашање велејќи дека за него биле неприфатливи акциите на Турција против Курдите на Блискиот Исток без претходно Анкара да ги консултира другите земји членки на НАТО.

На дневен ред на разговорите на шефовите на држави и влади во Лондон ќе биде и вселената како оперативен домен на НАТО како и борбата против тероризмот.

На Германија ќе ѝ бидат потребни 400.000 работници, но не секој Балканец ќе може да замине да живее таму

До 2030 година на Германија ќе ѝ бидат потребни 400.000 работници, но не секој Балканец ќе може да замине во оваа земја и да работи, затоа што правилата се менуваат.

Директорот на одделот за истражување на мигpaциja, во Федералното Биро за вработување во Германија (IAB), Херберт Брукер, изјавил дека земјата треба да го отвори пазарот за нови вработувања и за нови места, затоа што изворот за нови работници од Источна и Јужна Европа веќе е максимално употребен.

Германски експерт за миграција вели дека до 2040 година, околу 35 проценти од германската популација ќе има туѓо потекло.

Приливот на нови работници од Источна и од Јужна Европа веќе е максимално употребен. Познавањето на германскиот јазик и возраста ќе бидат новите услови кои ќе стапат на сила од 1 март 2020 година за луѓето од Балканот кои сакаат да работат во Германија.

Изложба „Поеми“ од Соња Димовска отворена во галеријата во Прилеп

Тематската изложба „Поеми“ (графики на платно) од Соња Димовска беше отворена денеска во 13 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На отворањето зборуваше Викторија Димеска, историчар на уметноста, која посочи дека графичките цртежи на авторката изобилуваат со лиричен сензибилитет.

– Станува збор за принтови на коишто се претставени растителни мотиви, односно делови од растенија, нивните цветови, гранчиња, листови и корени. Едноставниот и нежен израз на линијата, ја засилува лиричната и интимна нота на цртежот. Отисоците наликуваат на сенки и полусенки на разновидни растенија, доследно и прецизно претставувајќи ги нивните детали. Инспирирана и фасцинирана од источната (кинеска и јапонска) графика и сликарство, уметницата креира лирични и едноставни графички решенија, коишто целосно го абсорбираат вниманието на посетителот, воведувајќи го во една имагинативна и фантастична реалност – рече Димовска на отворањето на изложбата.

Уметницата Соња Димовска дипломирала на ФЛУ – Скопје на графичкиот оддел, исто магистрирала на овој факултет, член е на ДЛУМ од 2000 година и досега реализирала повеќе од 70 интернационални графички изложби во земјата и странство.

(Видео) Михајловиќ не можеше да ги задржи солзите: “Не сакам да се враќам во болница, сакам повторно да го живеам животот”

Српскиот фудбалски тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, низ солзи им се заблагодари на сите кои изминатите четири месеци му пружија поддршка во борбата со тешката болecт.

Како што беше тоа случај и во јули кога објави дека има лeyкемија, Михајловиќ реши повторно да биди целосно транспарентен и јавно да говори за моменталната ситуација.

„Заев преку Уставниот суд создава можност после поpaзот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнecтиран“

Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после пopaзот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнecтиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување. Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Дали е ова цената за продажбата на Македонија“?

-Сето она што не се успеа да се исплати преку амнестиите во парламентот сега треба да биде довршено од Уставниот суд. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да престане со притисоци врз судската власт и да престане да ја потценува македонската јавност со предлози и теми кои треба да го оттргнат вниманието од криминалот и кopyпцијата што во моментов ја пустошат Македонија, се заклучува во партиското соопштение.

ОФИЦИЈАЛНО: Легендата на Арсенал го превзема клубот по отказот на Емери

Лондонскиот клуб Арсенал денес официјално соопшти дека нивниот тренер Унаи Емери го напушта тимот по 18 месеци минати на клупата.

-Нашата најискрена благодарност оди на Унаи и неговите колеги кои со нивните напори се обидоа да го вратат клубот назад во конкуренција на ниво што сите го очекуваме и баравме. Им посакуваме на Унаи и на неговиот тим ништо друго освен иден успех, соопштија од клубот.

Од Арсенал соопштија дека побарале од Фреди Љунгберг да ја преземе одговорноста за првиот тим како привремен главен тренер.

Во тек е потрагата по нов тренер, за што од клубот дополнително ќе информираат.

Падна првиот снег во соседството: Еве кога може да го очекуваме во Македонија

На Копаоник во Србија утрово падна првиот снег откако претходно на ова зимско туристичко место во текот на ноќта врнеше дожд.

Снегот започнал да паѓа по три часот утринава, а висок е 6 цм.

Температурата во овој момент таму е 0 степени, а во моментов таму има и магла со смалена видливост до 200 метри.

И додека во соседството веќе забелуваат планините, во Македонија туристички центри се уште се без снег.

Денеска сликата таму е вообичаена и само со дожд, додека првиот снег во Маврово се најавува за само неколку денови и тоа на почетокот на декември.

Невидено запросување: Пратеник побара збор, а потоа изваде прстен и ја побара својата колешка за жена (Видео)

Флавио Ди Муро, пратеник од партијата Лега на Салвини, направи несекојдневен потег на седницата на италијанскиот парламент.

Тој во еден момент побарал збор, а кога го добил, извадил прстен и ја побарал за жена неговата колешка.

“Елиза, сакаш ли да се омажиш за мене?”, ја прашал Ди Муро својата избраничка.

Колегите пратеници од неговата партија му дадоа аплаузи за потегот, но претседателот на парламентот го искара, велејќи му дека не може да користи збор за таква намена во законодавниот дом.

Камчев бара ocтавка од Министерот за земјоделие

(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев)

“Денес на седницата во Собранието на Република Македонија му поставив најверојатно незгодни прашања на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Човекот,веројатно исфрустриран што нема одговори,во стил на губитник,објавил на неговиот фејсбук профил недолични и пред се неточни констатации во однос на моето излагање при поставувањето на пратеничките прашања.

Сепак,измените и дополнувањата на Законот за Земјоделски Задруги со кои се уредува-Вршењето на услугите од страна земјоделските задруги за наводнување на земјоделските површини преку користење на системите за наводнување,се донесени во претходниот собраниски мандат!

Значи сепак сум гласал за тој закон!

И престанете да ширите лажни вести,затоа што ви се гледа крајот!

Јавно барам министерот да си поднесе оставка,затоа што такви луѓе како него не заслужуваат да вршат одговорни функции!”

Крсто Јованоски: “Кој е обвинител, а кој обвинет? СЈО Катица шоу”

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски на вчерашната седница за пратенички прашања, рече дека во случајот „27 април“ немало никакви основи за тероризам, притоа упатувајќи низа критики кон СДСМ.

„Сите знаеме дека за 27 април, нема ни „т“ од тероризам. Вие менувате претседатели на судови, менувате судии. Слушаме како Катица Јанева зела 160 илјади евра за заштита на тајноста на податоците. Се прашувам, колку години им треба на луѓето во Тинекс и Веро да ги заработат тие пари, колку години им треба на актерите да дојдат до овие пари. Тие пари се незаконски земени од оваа држава и овој народ. Премиере Заев, дали сте размислувале за оваа состојба. Дали имате намера да поразговарате на оваа тема, дали сте среќни со ваквото СЈО. Дали до изборите, вие нема да направите притисок врз судиите и обвинителите кои останаа“, истакна Јовановски.

Целата дискусија на пратеникот погледнете ја во продолжение: