дома блог страница 2923

Отворена изложбата на ЦСЛУ: Пред публиката се дела од уметници од земјава и странство

Синоќа, во изложбениот салон на Центарот беше отворена изложбата на дела создадени на ликовните манифестации на ЦСЛУ во 2018 година. Пред љубителите на ликовната уметност се 20 слики и две скулптури создадени од уметници од земјата и од странство.

Изложбата ја отвори Горан Ристески од ЦСЛУ кој посочи дека од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес ЦСЛУ има континуирано ликовно творештво.

– Низ текот на годините творештвото успешно го негувавме и промовиравме преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот – рече Ристески.

“Со звуците на обоата” е насловен концертот кој во понеделник ќе се одржи во Прилеп

„Со звуците на обоата„ е насловен концертот што ќе се одржи на 2 декември 2109 /понеделник/ од 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“.

На обоа ќе настапи Гордана Јoсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасоака Ивановска. На програмата се дела од познати композитори.

ГОРДАНА ЈОСИФОВА-НЕДЕЛКОВСКА (ОБОИСТ)

„Енио Мориконе беше воодушевен од настапот на обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, која е селектор на музичката програма на фестивалот: Ме смири нејзиното свирење. Толку е внимателна, елоквентна и прецизна во изразот што веднаш ме воодушеви кога ја слушнав. Неочекував дека ќе чујам таков настап – рече Мориконе и посака да настапи со неа специјално на отворањето.“ (Дневник, 13.07.2009)

Проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски, а се усовршува на академијата „Моцарт“ во Варшава, Полска и BANFF центарот за музика и звук во Канада, како нивен стипендист. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Јосифова Неделковска како солист настапува со многу значајни оркестри како Симфонискиот оркестар на националната капела на Санкт-Петербург, камерниот оркестар „Музикавива“ под водство на истакнатиот диригент и виолончелист Александар Рудин, Сервантес Филхармонија од Шпанија, oркестарот Кими,Синфониета од Финска, оркестарот на ВилахФилхармонија од Австрија, оркестарот на Моравската Филхармонија од Чешка, оркестарот Талин, Синфониета од Естонија, Симфонискиот оркестар на Рим, Симфонискиот оркестар на Белград, Гудачкиот камерен оркестар на Словенската филхармонија, камерниот оркестар „Софиски Солисти“, Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар, камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Оркестар на Авињон-Прованса, Камерен оркестар на Порто Алегре – Бразил, Обединет европски камерен оркестар, итн. Со бројни рецитали има настапувано во Канада, САД, Кина, Бразил, Естонија, Холандија, Франција, Белгија, Шпанија, Португалија, Полска, Италија, Германија, Чешка, Русија, Украина (настапсоизвонредниотвиолинистНајџелКенеди), Финска, Турција, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, ЦрнаГора и Македонија, настапувајќивосаликакопрестижните: „Верди“ воМилано, Аудиториумот „S. Margherita“ воВенеција, „Botteghino Auditorium conciliazione“ во Рим, „СметанаХол“ во Прага, итн.

Репертоарот на Јосифова-Неделковска опфаќа дела одраниот барок, па се до современото творештво, вклучувајќи и бројни праизведби на дела од современите композитори и голем број на дела од македонски автори. Од големо значење е поканата од страна на легендарниот Енио Мориконе, Гордана Јосифова Неделковска да настапи заедно со него на свеченото отворање на фестивалот „ОхридскоЛето“ во 2009 година.

По успешното претставување во 2010 на московскиот „АртНовембер“ фестивал, каде критиката ја претстави како „поетеса на обоа“, Јосифова-Неделковска активно настапува во Русија и тоа на фестивали како Бах Маратонот во 2011 година и Моцарт Маратонотво 2014 година, делејќи ја сцената на најпознатата руска сала, Бољшој Зал, со едни од најистакнатите светски музички имиња: Петер Лаул, АлександарГиндин, Алексеј Володин, Илја Гринголц, КристоферТејлор и други.

Она што ја прави комплет на нејзината личност се несомнено и нејзините организаторски способности. Во изминатиод период заземала повеќе значајни функции: претседател на Музичката младина на Македонија, шеф на Катедрата за дувачки инструменти на Факултетот за музичка уметност, а во два мандата е и продекан на истиот факултет и член на Сенатот на УКИМ. Од 2005 година е назначена за претседател на Комисијата за култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а исто така со предлог на УКИМ, а по избор од страна на собранието на Република Македонија, е избрана за член на Советот на Македонската радио-телевизија во два мандата. Во 2008 година (од страна на тогашниот ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ѓорѓи Мартиновски) и е доделена плакета во знак на признание, за придонес во афирмација на универзитетот во земјата и странство. Како член е ангажирана и во неколку други одбори, меѓу кои одборoт за доделување на наградата „Св. Климент Охридски“, а од 2014 година член е на одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“. Во периодот 2001-2003 била претседател на Управниот одбор и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, а од 2007 – 2016 година е селектор на музичката програма на овој најреномиран фестивал во државата.

Нејзиното дејствување е од особено значење за културата во Република Македонија. Таа се има закитено и со многу награди и признанија, меѓу кои е и наградата „13 Ноември“, која ја доби во 2009 година од Град Скопје за високи достигнувања на меѓународната музичкасцена. Во 2014 година се закити и со наградата „Виртуози“ во категоријата меѓународна афирмација. Гордана Јосифова Неделковска, за нејзините достигнувања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоцијата на македонската уметност надвор од земјата и поддршката на промоцијата на француската култура во Македонија, е одликувана со престижниот орден на РепубликаФранција – „Витез од Редот на уметности и книжевност“, кој се вбројува во четирите најважни одликувања во Франција.

Успешноста на нејзиното делување е потврдена со едно светско признание – имено, во 2004 година од Уредничкиот одбор на Американскиот биографски институт Гордана Јосифова-Неделковска е номинирана во категоријата „Успешни жени на 21 век“. Во публикацијата која содржи биографии и трудови на жените кои се влијателни и креативни во општествениот живот во своите земји, токму таа е избрана меѓу жените во светот, бидејќи со своето делување како уметник и педагог оставила длабоки траги во својата средина. Во текстот на Американскиот биографски институт се наведува дека ГорданаЈосифова-Неделковска е една од успешните жени на 21 век, која со својата севкупна активност може да послужи како пример и патоказ за младитегенерации.

Гордана Јосифова-Неделковска е редовен професор по предметите обоа, камерна музика и методикс на наставата на дувачките инструменти на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Од учебната 2009/2010 годинатаа е избрана за декан на овој факултет, а во учебната 2013/2014 година е реизбрана за декан за уште еден мандатен период. Од 15.09.2016 е назначена за Проректор за меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје.

Доцент
м-р Елена Атанасовска Ивановска

Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена CUM LAUDE на Факултетот за музичк¬а уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.

Во текот на музичкото образование се здобива со награди на државни и меѓународни натпревари. Повеќе први награди на републичко ниво, I награда на меѓународниот натпревар „Златен Лист“ во категорија на дуо состав во Сан Бартоломео, Италија (1996), II награда на истиот натпревар во категорија соло пијано (1996), II награда на натпреварот „Музиката и земјата“ во категорија на камерни состави, Софија, Р. Бугарија (1996), III награда на Шопеновиот натпревар во Нови Сад, Србија (1997).

Учествувала на пијано семинари кај еминентни професори: проф. Љ. Рошчина, проф. С. Доренски, проф. А. Бондурјански,проф. А. Валдма, проф. Ј. Михајловиќ, проф. М. Молова, проф. Н. Макарова, но најплодна и најуспешна е соработката со рускиот проф. Борис Романов, во чија класа ги продолжува студиите по пијано.
Учествувала на летната музичка школа „Нови имиња“ во Суздаљ, Русија, каде што имаше забележителен настап на концертот на најуспешни семинаристи. Во 2003 година добива награда за најдобар студент од фондацијата „Франк Манинг“.

Повеќепати имала соло настапи со Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија.

Бројни се концертите во рамките на домашните реномирани фестивали „Охридско лето“, „Скопско Лето“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест Битола“, „Денови на Македонска музика“, „Битолско лето“, „Гевгелиска есен“, но и фестивали надвор од земјава: „Сараевска Зима“ – Босна и Херцеговина, „Festival de Musica do palacio da Bolsa“ – Португалија, „Festival de Musica de Sant Pere de Rodes“ – Шпанија, „Guarnerius, Centar lepih umetnosti Jovana Kolundzije“- Р.Србија, „Carniarmonie“, „Нимус“- Р. Србија, „ДАМ фестивал“- Приштина, Косово и др.
Со рецитали, полурецитали и како пијано соработник настапувала низ цела Македонија и надвор од неа: Русија, Америка, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Грција, Република Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово.
Активно соработува со неколку уметници од Македонија, меѓу кои вредно е да се споменат проф. м-р Гордана Јосифова- Неделковска, обоа, пијано дуото со проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, баритон и Ристо Ѓоревски- кларинет.

Во 2015 година имаше успешен настап во Москва, каде настапи како гостин на концертот на дувачкиот квинтет од „Балшој Театар“, Москва, а по покана од музичкото училиште „М. Балакирјев“, беше член на жири на 11-от Фестивал за Славјанска музика, во категорија пијано.

Соработувала со Македонската Филхармонија како нејзин надворешен пијанист, како и со оркестарот за филмска музика F.A.M.E.S.

Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

ФЕЈСБУК СО НОВ ИЗГЛЕД: Погледнето го новиот дизајн на најпопуларната социјална мрежа

Фејсбук планира да го промени дизајнот на својата страница, а корисниците сега добија увид во тоа што ги очекува. Новиот дизајн на најпопуларната социјална мрежа на светот има за цел да им овозможи на корисниците поедноставно користење благодарение на поголемиот фонт и поедноставениот распоред.

Со тоа, од Фејсбук веруваат дека страницата ќе изгледа поуредно и ќе биде попрегледна за корисниците. Исто така, Фејсбук воведува и “Dark mode”, односно затемнување на страницата.

Декември ќе биде плоден на љубовен план за овие четири хороскопски знаци

Кој мисли дека оваа година нема да има повеќе промени, тој се лажи, особено во љубовниот живот. Имено, кога станува збор за врските, за овие четири знаци ќе има доста промени. Конечно, некои работи ќе станат сериозни, па дури ќе дојде и до запросување.

Јарец

За јарците крајно време е да се одлучат за следниот чекор. Треба да се прашате дали сте подготвени за сериозни потези и желбата конечно ќе ви се оствари. Имено, овој хороскопски знак моментално се наоѓа во многу романтичен период. Декември конечно ќе донесе позитивни промени.

Рак

И ракот во декември го очекуваат позитивни изненадување. Кога стануза збор за врските, родените во рак се подготвени за следниот чекор. Доколку сте во врска, опуштете се и дозволете чувствата да ве совладаат. А, доколку сте соло, конечно ќе ви биде полесно да се отворите.

Водолија

Водолиите кои се во врска, конечно ќе сфатат што имаат во својот партнер и колку се среќни што го имаат. Би направиле се за никогаш да не го пуштат и да го задржат. Можно е дури и запросување под елката.

Лав

И кај лавовите декември ќе донесе промени во врските. Ќе уживаат во друштвото на саканата личност и конечно ќе се опуштат за празниците. Тоа ќе го забележи и партнерот. Врската ќе ја засилат и ќе се обнови нејзиниот стар сјај. Лавовите кои не се во врска ќе запознаат некоја интересна личност.

Турција ќе гради 500 станови за нacтpaдaнитe во Албаниja

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган најави дека неговата земја ќе изгради 500 станови за жителите во Албанија кои смртоносниот земјотрес од 26 ноември ги остави без покрив над главата.

-Се надеваме дека нашите тимови ќе ја извршат работата на соодветните локации во Албанија и како турски браќа ќе изградиме 500 станови, изјави Ердоган.

Во меѓувреме продолжуваат големите донаците во финасиски средства.

По еден од најбогатите Албанци во светот и вицепремиер и шеф на косовската дипломатија, Беџет Пацоли кој донираше милион евра, средства во износ од 1,5 милиони евра донираше претседателот на компанијата „Кастрати“, Шефќет Кастрати, потоа компанијата „Банкерс“ милион евра, сопственикот на „Балфин груп“ Саимир Мане 1,2 милиони, Ватикан 100.000 евра, како и влади на други држави, потоа градови и компании, меѓу кои и од Македонија.

Масовен, масовен пpoтecт пред Влада: Зaпочна „ЗЕЛЕНАТА PEBOЛУЦИЈА„ – Нема воздух нема мир, ечеше низ Скопје (Видео)

Повеќе граѓански организации организации денеска во Скопје организираа протестен марш закажан за 17 часот.

Kaко што стоеше во најавата, протестот започна во 17 часот пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе заврши пред Владата.

Река на луѓе денеска се движеа низ центарот на Скопје, а протестот против загадувањето на воздухот доби огромна поддршка од граѓаните

Во истакнатите барања на тнр. Зелена револуција, организациите бараат еколошки автобуси, максимален број на велосипедски патеки, ревисирање на старите сообраќајни планови за Скопје, ставање во погон на железничкиот сообраќај, што може да се искористи во рамките на градскиот сообраќај, како и изработка на мобилен план за секое населено место со над 10.000 жители.

Во Австралија ќе се учи на Македонски јазик: Врачена официјално наставната програма

Новата наставна програма за изучување на македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс, вчера, свечено им беше предадена на претставниците на “Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс”, во седиштето на Националното тело за стандарди во образованието – објави “Си-Би-Ес на Македонски”.

Македонскиот јазик е еден од петте јазика, за кои беше изработена официјална програма, а по која учениците во државата ќе го изучуваат јазикот од следната година.

Државната министерка за образование, Сара Мичел претходно објави дека, сега учениците ќе можат да изберат да изучуваат еден од јазиците според новата наставна програма од забавиште до 10то одделение, но не само јазикот, туку и културата на заедниците, хиндуската, македонската, персиската, пунџабската и тамилската.

Наставните програми беа креирани како дел од програмата на училиштата, во која се изучуваат јазиците на заедниците, а која беше најавена од премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан – додаваат од “Си-Би-Ес”

Прилогот слушнете го ТУКА

(Фото) Откриени тунели на граница: На овој начин се обидувале да преминат во Унгарија

Унгарската полиција откри два тунели кои биле користени од мигpaHтите за време на кризата во 2015 година.

Еден тунел е пронајден во селото Асоталом на југот на земјата, каде полицијата привела 44 лица кои го користеле недозволениот премин.

Другиот тунел е пронајден во селото Чикерија и долг е 21.7 метри, но во него не е забележан ниту еден успешен премин на мигpaHти, соопшти унгарската полиција.

Видевска: “Pизикyвaaт ли диpeктopите kpивична одговopнocт за да бидат пapтиcки пocлyшници?” (Видео)

Денеска сме сведоци на уште една епизода од серијалот „Лажен живот за сите“, кој целосно се разобличува и го покажува целото лицемерие на Зоран Заев и неговата башибозук партија СДСМ, истакна на денешната прес конференција Жанета Видевска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Во јули годинава на шверцерски начин во Собранието беа донесени измените во Законот за основно образование, со кои се предвидува вработување на наставници по физичко образование за првоодделенците. Но, и после три месеци од стартот на школската година, училиштата во Прилеп сеуште немаат вработено наставници од оваа струка.

Сепак, поголемиот број училишта деновиве имаа распишано огласи за вработување на ваков кадар, но истите беа експресно поништени поради наводни технички грешки.

Вакви известувања, каде што повторувам, причина за поништување на огласите за вработување била техничка грешка, добиле кандидатите кои аплицирале во основните училишта „Кире Гаврилоски“, „Климент Охридски“, „Добре Јованоски“, „Страшо Пинџур“ и „Круме Волнароски“.

Прашуваме, дали огласите се поништени поради тоа што на истите се пријавиле кандидати со работно искуство и положен стручен испит, па истите ги загрозиле планираните за вработување партиски кадри на СДСМ?

Свесни ли се директорите на овие воспитно-образовни установи дека со ваков начин на работа ризикуваат кривична одговорност само за да бидат добри партиски послушници?

Какви ли дополнителни услови ќе измислувате во повторените огласи, само и само да ги протнете вашите кандидати?

На крај подготвен ли е градоначалникот Јованоски да дава согласности за времени вработувања спротивно на законот?

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Државниот просветен инспекторат, како и Трудовата инспекција во најбрз можен рок да ги проверат овие огласи за вработување и да утврдат дали постои прекршување на законите. Истовремено го повикуваме и Јавното обвинителство по допрен глас да испита дали при овие постапки постои злоупотреба на службената положба и овластување.

Ние како ОК на ВМРО-ДПМНЕ будно ги следиме сите ваши постапки и верувајте никој нема да биде поштеден од одговорност доколку се ставил над законот, ниту сега, ниту во иднина“, истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Ова е диетата на познатата глумица од турските серии: Вели дека килограмите се топат како снег

Најплатената актерка во Турција, Нургул Јешилчаи, ја сподели својата формула за слабеење.

Прекрасната фигура на турската ТВ-ѕвезда се должи на еден уникатен пијалок што таа го нарекува „магичен микс“.

Нургул сподели дека миксот ѝ бил препорачан од добро познат нутриционист.

Пијалокот не само што ја топи маснотијата, туку и го става во ред метаболизмот, кој, како што сите знаеме, се успорува со годините.

Мојот рецепт за слабеење е многу едноставен и ефикасен. Јас користам пијалок што го нарекувам „магичен микс“ – вели актерката.

-Секое утро, мешам во чаша вода сок од лимон, лажичка јаболков оцет, куркума, црн бибер и изрендан ѓумбир. За само една недела килограмите почнуваат да се топат како снег – споделува славната актерка со насмевка.