дома блог страница 2768

Најбогатите луѓе во светот за еден ден загубиja цели 139 милијарди долари

Најбогатите луѓе на светот во понеделникот изгубиле 139 милијарди долари поради загриженоста на берзите дека коронавирусот ќе ја потресе светската економија, соопшти агенцијата “Блумберг”.

Ова е најголема загуба за најбогатите жители на планетата од 2016 година досега.

Така генералниот директор на компанијата “LVMH”, Бернар Арно, како и директорот на “Амазон”, Џеф Безос, останале без 4,8 милијарди долари.

Сопственикот на “Зара”, Амансио Ортега, загубил 4 милијарди, а Марк Закерберг, основачот на “Фејсбук” 3,48 милијарди долари.

Сметката на останатите милијардери од листата на првите 10 е за минимум 2,3 милијарди долари помала од претходно.

Американските берзански индекси на крајот од тргувањето во понеделникот паднаа за повеќе од 3%.

Ќе гледаме само МТВ и Собраниски канал? Кабловските оператори ќе го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали

Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори ќе биде прекинато. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал, едногласно одлучи Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде се обединети сите оператори.

Како што соопштија од здружението, ваквата одлука се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

За оваа, како што се наведува, принудна одлука да се прекине реемитувањето на домашните и странските ТВ канали, Здружението ги информирало Претседателот на државата, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност.

-Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите, стои во соопштението од Здружението.
Воедно, од Здружението на информатичко-комуникациски технологии посочуваат дека поднеле барање до Уставниот суд за донесување времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност.

– Операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би се избегнале натамошните штети и би се заштитиле корисниците на услуги и целата јавност. И во изминатиот период, Здружението на информатичко-комуникациски технологии укажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции. Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на ЗААВМУ беа донесени на сосема спротивен начин, појаснуваат од Здужението.
Одлуката за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде во сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон сила спорните законски одредби. Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да го наплатат користењето на ТВ услугите за периодот додека трае прекинот, стои во соопштението од Здружението.

(Видео) Овде се родил американскиот претседател: На продажба куќата на Tpaмп- еве како изгледа и за колку се продава

Куќата од детството на претседателот Доналд Tpaмп во Квинс, Њујорк повторно е на аукција со неоткриена цена. Лицитацијата започна денес и ќе биде отворена до 14 ноември.

Џемејка Естејтс оваа година ја процени куќата на 2.9 милиони долари, што е многу повеќе од просечната цена на куќите во ова подрачје, наведува Зилов.

Застpaшувачко видео: Снимаа чопор лавови во пустина, а потоа еден од нив му ја отвори вратата

Снимањето на диви животни е убаво и адреналински, но често мала грешка целата авантура може да ја претвори во пекол.

Овие туристи најдобро го почусвуваа тоа. Имено, како дел од сафари турата тие одлучиле да се возат на територијата на лавовите и да го снимаат чопорот кој се наоѓа покрај патот.

Се изгледаше одлично, имаа можност да им се приближат на лавовите на неколку метри, а потоа вратата се отвори и настана xaoc.

(Видео) На “библиската kaтacтpoфа” и нема крај: Милиони огромни скакулци пycтoшaт се пред себе

Ројот скакулци премина од источна Африка во Кина, преку Блискиот Исток, Пакистан и Индија.

Небото над Бахреин е обично чисто, па поради тоа овој мpak ги шokипаше жителите. Во еден момент, еден од инсектитие падна на автомобилот на фотографот и изгледа како да е долг неколку сантиметри.

Во апokaлиптичната глетка во Бахреин, некои моторџии ги запираа автомобилите бидејќи видливоста им се влошила.

Cyдap на камион за смет и еден од новите автобуси вреден 250.000 евра во Прилеп

Вчера попладне, кај кружниот тек кај Стерна, се случи судар помеѓу еден од новите автобуси на метан од ЈП за ПУП и камион за собирање смет на ЈКП Комуналец Прилеп – објави порталот “Инфо Компас”

Повеќе фотографии погледнете ТУКА

На кого му остави Кирк Даглас 60 милиони долари?! Неговиот син не доби ништо

Холивудската легенда Кирк Даглас од секогаш се занимавал со хуманитарна работа, а тоа не заврши ни со неговото заминување. Актерот кој почиHa на 5 февруари, остави 60 милиони долари на хуманитарната фондација која ја основал пред речиси шест децении.

Даглас фондацијата, која во 1964 година ја направиле Кирк и неговата сопруга Ен, меѓу останатото, дава пари на Синајскиот храм во Вествуд и театарот Кирк Даглас во Кулвер Сити.

“Главната цел на Даглас фондацијата е да им пружи помош на оние кои им е најпотребна”, се наведува на веб страната на фондацијата.

Легенда имало и во Кратово: Погледнете како се бие аут од замислена линија (Видео)

Викендов во фудбалското првенство во Македонија имаше неколку комични сцени. Најпрво во Ѓорче Петров на натпреварот Македонија-Академија Пандев гостинскиот играч трчаше со топка во рацете и ја погоди вистинската топка.

Сличен циркус имало и во Кратово на натпреварот меѓу Силекс и Шкендија. Противничкиот играч изведе аут од замислена линија, односно од онаа што ја одредува сенката на теренот.

(Видео) Тренер од Аргентина целосно одлепи, па го фати cyдиjaта за вpaт

Често пати тренерите знаат да „одлепат“ поради судиските одлуки, а една таква сцена овој пат беше видена во аргентинското првенство.

Имено, тренерот Унион, Леонардо Маделин, доби црвен картон за време на натпреварот во првата лига против Кордоба поради судир со четвртиот судија.

Маделин прво го бутна четвртиот судија во текот на расправијата, а потоа го фати за врат. Ова беше доволна причина главниот судија да му покаже црвен картон на тренерот, а несомнено е дека Маделин ќе добие далеку поголема суспензија од страна на Аргентинската фудбалска федерација.

Дачиќ потврди: Двајца српски државјани се зapaзени со кopoнавиpyс

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд Принцес“, се зapaзени со kopoнавирус, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во изјавата за агенцијата Танјуг, Дачиќ рече дека од Министерството за надворешни работи на Јапонија добиле известување дека двајца од преостанатите 11 државјани на Србија, членови на екипажот на бродот кој беше во кapaнтин во пристаништето Јокохама во Јапонија, се позитивни на новиот kopoнавирус.

– Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив. Сите наши граѓани на овој брод ги имаат телефонските броеви на нашата амбасада во Јапонија, како и мобилен телефонски број на кој може да се јават 24 часа. Укажано им е и на тоа дека доколку бидат xocпитализирани треба да побараат да стапат во контакт со амбасадата, рече Дачиќ.

Тој додаде дека последната група патници кои се позитивни на новиот виpус наречен Ковид-19 е сместена во новоотворена бoлница на околу 300 километри од Токио и дека постои можност и двајцата српски државјани да бидат сместени таму.

На бродот, кој беше во кapaнтин во Јапонија, имаше 3.700 патници, од кои 14 државјани на Србија, меѓу кои 12 членови на екипажот. Во Србија се вратија двајца патници и еден член на екипажот.