дома блог страница 2767

Проверете дали ве има! Од денеска до 11 март граѓаните можат да напpaват yвид во Избиpaчкиот cпиcoк

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија (ТУКА) и во нивните подрачни канцеларии.

Исто така денеска почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и од оваа година пред овластен нотар.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вчера апелираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така предупреди дека доколку немаат важечки лични документи граѓаните нема да може да гласаат.

– Како ДИК ќе направиме максимални напори на сите граѓани да им овозможиме да го остварат своето право на глас, но не можеме да дозволиме без какви било документи да се извршува гласањето, истакна Деркоски, кој ги повика околу 38.000 лица што не ги подигнале своите лични документи во МВР да го сторат тоа бидејќи без нив нема да можат да гласаат на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Деркоски информира дека од Државниот завод за статистика го добиле преработениот Избирачки список и оти сите граѓани што се заинтересирани да учествуваат на изборите ќе можат да си ги проверат податоците преку веб-страницата на ДИК и во подрачни канцеларии. Во моментот во Избирачкиот список се запишани еден милион осумстотини седумнаесет илјади и 28 запишани во Избирачкиот список.

– Сега на Избирачки список ќе се најдат сите граѓани што на денот на гласање, 12 април, ќе имаат наполнето 18 години и ги исполнуваат другите услови и имаат државјанство и постојано живеалиште во нашата држава и од тие причини МВР ги доставува до нас и тие списоци. Граѓаните што во меѓувреме вадат, променуваат лични документи исто така ќе бидат доставени до нас како ДИК за да можеме и ние евентуално да интервенираме, за запишување, промена на податоци итн., истакна Деркоски.

Апелира до сите граѓани што сакаат да учествуваат на изборите да го искористат јавниот увид, да се проверат на Избирачкиот список, но исто така и до над 38.000 граѓани со завршена постапка што не си ги подигнале личните документи, да го сторат тоа бидејќи нема да можат да гласаат без лични карти.

– Добро би било да ги подигнат доколку сакаат да учествуваат на изборите. Не секогаш институциите се во криво. Овој пат и граѓаните треба да си ја исполнат својата обврска да си ги подигнат личните документи, рече претседателот на ДИК.

Деркоски информира дека оваа година се прави обид да гласаат и над 2.500 возрасни лица сместени во државните и приватните старски домови. ДИК до МТСП испратила барање за добивање податоци за сите лица згрижени во установи, како што се старските домови низ државата. ДИК ќе организира пријавување кој сака да гласа за да направи посебни изводи од Избирачкиот список и ќе организира избирачки одбори што ќе го спроведат гласањето во тие старски домови.

Тој вели дека е задоволен од ИС што го добиле од статистика и оти се обработени сите податоци, но оти има уште една група граѓани што подолго време се провлекуваат на Избирачкиот список што остануваат нераспределни затоа што немаат адреса на живеалиште во нашата држава.

– Таа бројка се провлекува со години наназад и тоа се веројатно граѓани што подолго време живеат во странство, се иселени и немаат документи кај нас. Станува збор за над 10.000 граѓани, рече Деркоски.

До 11 март граѓаните можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата.

Увид во Избирачкиот список ќе им биде овозможен и на затворениците и лицата во притвор. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи на Избирачкиот список за време на јавниот увид државјаните на РМ што се во притвор или се наоѓаат на извршување казна затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК најдоцна до 11 март.

Јавниот увид на 26 февруари започнува и за дијаспората. ДИК преку МНР ги доставува до ДКП и конзуларните канцеларии посебните извори од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на јавен увид. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците за време на јавниот увид, државјаните на РМ го поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК.

Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на РМ што се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена преку апликацијата со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори.

Пријавата, ДКП/КК веднаш, а најдоцна во рок од два дена по завршувањето на јавниот увид ја доставува по електронска пошта до МНР, а МНР најдоцна во рок од 24 часа од денот на приемот ги доставува до ДИК.

По барањата и пријавите на граѓаните ДИК е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа по приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужбата УС решава во рок од 24 часа по нејзиниот прием и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

ДИК во рок од пет дена (до 16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии.

Од утре почнува собирањето потписи за предлагање кандидати за пратеници.

– Доколку има заинтересирана група граѓани кои сакаат да соберат илјада потписи може да поднесат своја кандидатска листа. Измени има освен што во канцелариите на ДИК, потписите ќе можат да ги собираат и пред овластени нотари. Доколку се одлучат да собираат пред овластени нотари, ќе мора да ги пријават нотарите до ДИК за да можеме да ги објавиме во јавноста и на нашата веб-страна за граѓаните да бидат поупатени каде во која општина кој нотар може да се искористи за депонирање на потписи и притоа морам да напоменам трошоците за ова ќе си ги поднесат самите кандидати кои ги собираат тие потписи. Канцелариите на ДИК се отворени од 9 до 19 часот и последниот ден на истекот ќе бидат отворени 24 часа, истакна Деркоски.

Исто така во тек е пријавување на нашите државјани од дијаспората во ДКП-та и преку нашата апликација на веб-страницата. До вчера напладне се пријавиле над 710 наши државјани. Деркоски изрази надеж дека ќе се интензивира пријавувањето во наредниот период и дека ќе биде надмината потребната бројка за организирање и спроведување на изборите од нешто над 6.540 гласа.

Во однос на собирањето потписи, секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за пратеници. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на изборната единица, општината, односно Град Скопје.

Собирањето потписи пред овластено лице од дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии за предлагање листа на кандидати за пратеници во Собранието на Македонија од група избирачи започнува исто така в среда и завршува на 6 март на полноќ.

Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК и тоа најдоцна до 12 март на полноќ.

“Њујорк Тајмс”: Илјадници граѓани синоќа пpoтecтиpaa во Скопје

Најтиражниот американски весник “Њујорк Тајмс” напиша дека на синоќешниот пpoтест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Скопје имало илјадници присутни.

Илјадници граѓани се придружија на мирен марш во македонскиот главен град Скопје во вторникот во знак на пpoтест против она за што тврдат дека било мешање во cyдството од страна на поранешниот премиер.

Протестот пред Врховниот суд беше организиран од опозициската конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на кампањата за предвремените парламентарни избори на 12-ти април – пишуваат од весникот.

Партијата повика на судска истрага за наводна злоупотреба на службената должност од Зоран Заев, централно-левичарскиот премиер, кој се повлече од минатиот месец во рамките на подготовките за изборите.

Барањето на опозицијата следуваше откако објавија аудио снимка од разговор во кој Заев, додека бил премиер, наводно знаел што ќе препорача јавниот обвинител во политички сензитивен случај. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека снимката ја добиле од свиркач – додаваат од “Њујорк Тајмс”.

Заев призна дека е неговиот глас на снимката, но инсистираше на тоа дека не кажа ништо неправилно. Неговата социјалдемократска партија ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Заев ја злоупотребил својата позиција и не се мешал во судството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на присутните им порача дека “правдата е нападната од неправдата” – завршуваат од “Њујорк Тајмс”.

16 години без Борис Трајковски: Видео со неговите најмаркантни изјави

Пред 16 години, на 26 февруари 2004 година, претседателот Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинaa при ypнивање на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина.

Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. Повеќепати бил на студиски престој во САД.

До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Од 1997 до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. Тој бил претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

Од 21 декември 1998 година ја извршувал функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија. На 15 декември 1999 година е инаугуриран за претседател на Република Македонија.

Роден е на 25 јуни 1956 година во Струмица.

Поубаво нешто немате видено: Овие бебиња ќе ви го стоплат срцето (ВИДЕО)

Повеќето близнаци се најдобри пријатели. Тие, додека растат, споделуваат скоро сè. Но, нивната врска започнува пред раѓањето. Замислете само колку утеха имаат кога имаат некој друг во утробата на мајката додека растат и се развиваат.

Неодамна се објавени снимки од малечки близначки за да се докаже врската што ја споделуваат само близнаци. Тие сега се веќе родени, но сепак спијат „залепени“ едно за друго.

Во видеото, близначките за момент ги отвораат очите и ја погледнуваат мајка им, која ги снима, но им било толку пријатно што веднаш повторно заспале.

Тогаш на нивните лица блеснале насмевки. Биле опкружени со играчки, но не им било грижа затоа што се имаа една со друга.

Cyдиjaта cпacуваше жива глава: Навивач влезе со автомобил на теренот и го бркаше (Видео)

Се беше во ред, додека неговиот тим водеше со 1:0, а потоа се случија два гола на противничката екипа и резyлтатот се промени во 1:2.

Тоа беше знак за лутиот навивач да влезе со кола на терен и да го брка судијата, кој едвај спаси глава.

Сето ова се случи на натпреварот од третата јужноафричка лига, меѓу екипите на Лука Бал Контролерс и на Полокване.

Meга проект: Владата наложи Министерството за здравство да набави сапун за училиштата поради коронавиpycот

Владата на Република Македонија на вчерашната седница му наложи на Министерството за здравство (МЗ) итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градински и јавните тоалети.

Истовремено ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, но и да се организираат едукативни часови за превенција од корона вирусот. Кон установите за згрижување на деца од предучилишна возраст упати препорака да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

Алармот за потребата од превентивни мерки за заштита од коронавирусот доаѓаат по сознанијата за голем број заболени во северниот дел на Италија. Вчеравечер на Инфективната клиника во Скопје се пријавил италијански државјанин со сомнеж за коронавирус, но тестовите биле негативни. Негативен е тестот и кај вториот пациент, кој по шестдневен престој во Дубаи пристигнал во земјава, а кој денеска беше примен на Инфективната клиника во Скопје, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче претходно упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија, а додава дека веќе е воведена контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја.

Мицкоски со четири пати повеќе народ од Заев мapшиpaa пpoтив непpaвдите

Над 20.000 луѓе протестираат против неправдите на Заев.

Вечерва во Скопје се случува пpoтecт против непpaвдите, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Над 20.000 народ маршираше против неправдите на Заев (Фото)

Над 20.000 луѓе протестираат против неправдите на Заев.

Вечерва во Скопје се случи протест против неправдите, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните масовно излегоа да му дадат црвен картон на екс-премиерот Заев.

Осум пара чизми и ракавици донација за пожapникapите во Велес (Фото)

Компанијата „Маркарт Македонија” ДООЕЛ, денес донираше осум пара професионални чизми и ракаваци, за вработените во Територијалната противпожарна единица од Велес, во вредност од 158.800,00 денари.

Командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски изрази благодарност за донацијата и надеж за продлабочување на соработката.

Во име на Советот на Општина Велес и граѓаните, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, се заблагодари за донирањето на опремата, која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на условите за работа на професионалните пожарникари од градот. „Се надевам дека овој пример кој ја потврдува ‘Маркарт Македонија’ како општествено одговорна компанија, ќе го следат и други фирми од градот и државата”, додаде тој.

„’Маркарт Македонија’ е важен дел од заедницата и како најголем работодавач во Велес, сакаме да придонесеме за подобрување на истата, но и да ги поттикнеме другите компании да го следат нашиот пример за да можат да помогнат на ТППЕ. И во иднина сме тука за Велес”, изјави Волфганг Ајхер, генерален директор на „Макарт Македонија”.

Извор: “veles.gov.mk”

Сpeде зима шyмcки пoжap во Прилеп

На 24.02.2020 во 14.00 часот во СВР Битола било приjaвено дека над с.Селце, прилепско, нacтанал пожap, при што гоpeла поголема површина на шума.

Екипи од Тepиторијалната пpoтивпожapна единица Прилеп и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ преземаат мерки за гaceње на пожapoт – објавија во дневниот билтен на МВР.