дома блог страница 244

Ристески дел од сите спортски случувања: Во прекрасна организација и со многу дружба помина 11-то издание на “Крушево низ корија” (ФОТО)

Денеска во Крушево заврши единаесеттото издание на спортско-авантуристичката манифестација „Крушево низ корија“, која повторно ги оправда очекувањата и донесе вистинска авантура за сите љубители на природата, спортот и добрата дружба.

На Мечкин Камен се постави уникатен камп со богата програма – од тандем летови со параглајдер, планинарска тура низ крушевската корија, дегустација на традиционални крушевски специјалитети до големата журка со DJ OLDSCHOOL SELECTOR и групата „Романса“, кои создадоа прекрасна атмосфера.

Велосипедските тури оваа година собраа голем број учесници, кои со многу енергија и ентузијазам ги совладаа трите патеки – мала, средна и голема, прилагодени за различни нивоа на физичка подготвеност.

Планинарската тура низ живописната корија и посетата на манастирите „Св. Василиј“ и „Св. Спас“ беше вистинско уживање за сите генерации.

Тандем летовите со параглајдер уште еднаш ја потврдија причината зошто Крушево е светски препознаена дестинација за авантуризам.

Организацијата, предводена од Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево, доби бројни пофалби од учесниците и посетителите. Секој сегмент беше реализиран на високо ниво, а целиот викенд во Крушево помина во духот на спортот, дружењето и промоцијата на природните убавини.

Традиционално, дел од речиси сите авантуристички и спортски случувања во регионот, е и актуелниот заменик министер за економија, Марјан Ристески, кој ја поздрави организацијата на настанот и уживаше заедно со учесниците во раскошната природа на Крушево.

„Крушево низ корија“ уште еднаш докажа дека е манифестација која расте од година во година, обединувајќи љубители на авантурата од цела Македонија и пошироко.

(Фото/Видео) Крушево доби елитен вински бар каков што нема во регионот

Наспроти цркавата Св. НИКОЛА во Крушево, од неодамна е отворен новиот вински бар “VINUM”.

На површина од над 250 квадрат, и во инзвонредно уреден простор, се најдува новото елитно крушевско катче.

VINUM е веќе простор што раскажува приказна. Тука секој детал е создаден со љубов, а секоја чаша носи ново доживување. Ќе најдете секакви видови вкусови, од традиционални македонски, до егзотични вкусови.

Амбиентот внатре е нешто посебно. Како ретко каде тука секој дел има своја душа, прекрасен мебел, впечатливи детали, камени ѕидови кои даваат посебен изглед, со еден збор место кое ќе биде вистински РЕПРЕЗЕНТ на Крушево.

И додека летните крушевски ноќи се за уживање во внатрешниот топол амбиент, денот е резервиран за чашка вино и уживање под дебела сенка надвор.

Опуштена атмосфера, удобни lazy bag фотелји, за целосно уживање во остатокот од летото.

Ова е задолжителен локал за посета при секое доаѓање во Крушево. Ако досега не сте биле, нареден пат топло ви го препорачуваме.

Следете го VINUM на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, и информирајте се навреме за сите случувања.

 

 

33 години АРМ: Над три децении посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници.

Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На централната свеченост ќе бидат построени и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери.

За време на централната свеченост, претседателката Сиљановска-Давкова, како што соопшти Генералштабот на Армијата, ќе го одликува со „Орден за воени заслуги“ Центарот за обука на питомци и офицери, кој е дел од Командата за обука и доктрини.

На свеченоста се очекува да присуствуваат претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, воено-дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други.

Одбележување на 18 август – Денот на македонската Армија почна во петокот (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот. Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.

На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.

По повод Денот на Армијата синоќа во скопската касарна „Илинден“ беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република Северна Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.

(ФОТО) ВРВ на технологијата! Како се бележи кратер на улица во Прилеп

Прилеп, отспроти сала “Македонија”, врвен начин на бележење кратер на улица…. Многу модерно, многу европски….

Во Кичево поставен млекомат со млеко од кравите на манастирот Света Богородица Пречиста

За прв пат во Македонија и регионот во Кичево е поставен млекомат со млеко од кравите во манастирот Света Богородица Пречиста.

Млекоматот е поставен кај старата зграда на општина Кичево во непосредна близина на Јавното Комунално претпријатие.

Во млекоматот може во секое време да се купи свежо свежо, непастеризирано, без додатоци и конзерванси.

Млекото ќе биде доставувано, кравјо од манастирската фарма на манастирот Света Богородица Пречиста по цена од 100 денари за литар.

На социјалната мрежа Х поранешен Твитер каде беше објавена информацијата веќе почна дебата дали млекоматот ќе биде предмет на вандализам, дали идејата пропадне поради висока цена или млекото ќе се расипе поради жешкото време и високите температури.

Битола: 28-годишна битолчанка нападната од свекорот, физички напад на Широк Сокак, прегазен малолетник

Од полицискиот билтен на МВР:

-На 15.08.2025 во 22:00 часот во ПС Битола 28-годишна жена од Битола пријави дека на 14.08.2025 околу 21:15 часот, пред зградата каде живее, била физички нападната од свекорот С.Ц. (54). По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 15.08.2025 во 19:19 часот во СВР Битола e пријавенo дека на ул.„Тодор Паница“ во Битола патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(50) од Битола, удрило во 10-годишен пешак од Австралија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

-На 16.08.2025 во 05:25 часот во ПС Битола, С.С.(45) од Битола пријави дека околу 01:45 часот на ул. „Широк сокак“ во Битола бил физички нападнат од Д.Е.(19) и уште две лица. По расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ

Од Армијата ги информираат граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2025 година (недела), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2025 година (недела), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето 18 Август – Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Доаѓа невреме во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес (недела 17 август) во попладневните часови локално, а утре (понеделник 18 август) на повеќе места ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие денес (недела 17 август) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а утре (понеделник 18 август) ќе бидат уште малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Поради многу нестабилното време апелирам во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили. Тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Бившите соиграчи со почит кон претходниот капитен на клубот

Ракометарите на РК Прилеп кои имаат своја екипа на турнирот во баскет KGJ 3X3, кој викендов се одржува на игралиштето во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”, му приредија изненадување на својот доскорешен капитен – Христи Бикоски Бикчето.

Бикоски кој летово го напушти РК Прилеп и потпиша за амбициозниот тим на Вардар Неготино, беше еден од подобрите поединци во редовите на прилепчани во изминатите неколку сезони.

Бикоски веројатно беше и еден од играчите кои носеа добра атмосфера во соблекувалната, па токму затоа неговите доскорешни колеги играат со дресови со неговото име.

Драма во Прилеп: Прво ја удрил со возилото, па физички ја нападнал

-На 15.08.2025 во 15:40 во ПС Прилеп 31-годишна жена од Прилеп пријави дека околу 10:30 часот во близина на куќата каде престојува, била нападната од нејзиниот сопруг И.И., со кого се во бракоразводна постапка. Според пријавеното, тој прво со своето возило „голф“ ја удрил пријавителката, а потоа и физички ја нападнал, а и го оштетил и возилото. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат во полицискиот билтен на МВР.