дома блог страница 243

Makeup Liza во нов дом! Нова локација, истата љубов кон убавината (ФОТО)

Секоја убавина заслужува своја посебна приказна – и затоа Makeup Liza започнува ново поглавје!

Отсега, сите услуги кои ги сакате – шминка, маникир, педикир и депилација – ќе ги најдете во уште поубаво и топло уреден простор, на ул. “8ми Март”, веднаш во Старата прилепска чаршија, во близина на Саатот.

Ова не е само промена на адреса, ова е чекор напред – кон атмосфера каде секој клиент ќе се чувствува посебно, разгалено и инспирирано.

Тимот на Makeup Liza со радост ве очекува да ја споделите магијата на новото студио – местото каде убавината секогаш живее.

Makeup Liza – нова локација, истата љубов кон убавината!

ВИДЕОЛОТАРИЈА И НА 20. АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА

Видеолотарија Касинос Австрија и оваа среда ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

На 20 август – со почеток во 19:00 часот, во СРЦ „Кале“, машката сениорска репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, овојпат против репрезентацијата на Унгарија.

Со овој меч, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе го затвори претквалификацискиот циклус за Светскиот Куп 2027 година.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да придонесува за поголеми успеси во македонскиот спорт. Со верба, гордо и силно – и на 20.08 ќе навиваме за црвено-жолтите!

Владиката Петар богослужеше вечерна празнична богослужба во храмот Св. Преображение во Прилеп (Фото галерија)

Православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово.

Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава.

Во црковниот храм Св. Преображение во Прилеп беше одбележана храмовата слава, a со празнична вечерна богослужба во спомен на Преображението Господово, богослужеше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Петар со отците од Прилепското архиерејско намесништво.

Нека е за многу години и напомош!

За многу години, денеска е Преображение Господово: Листовите почнуваат да жолтеат, а водата станува постудена

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтBa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.

Николоски: „По две години одлагање и лаги, сега имаме одлична динамика во изградбата на новите автопати“

Динамиката на работа на новите автопатишта кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка се одвива според планираното, освен на автопатот од Требеништа до Ќафасан, каде работите се стопирани од УНЕСКО, истакна во вечерашното гостување во „Вести Плус” на Канал 5, потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Динамиката е согласно планираното, со едно одлагање од две години, од причина што тие две години од претходната Влада не беше изградено ништо. Ние кога дојдовме скоро и да немаше експропријација направено. Првото воведување во работа и на Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани и на Прилеп-Битола, беше во мандат на оваа Влада, но сега е динамиката добра и оди добро. Останува прашањето со Требеништа-Ќафасан, имајќи во предвид дека изградбата на овој автопат и официјално беше во извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион, иако Охридскиот регион што не е во опасност, ова остана дел од извештајот, истакна Николоски.

Тој потенцираше дека Владата рамислува за алтернативи со кои од една страна ќе се заштити животната средина, а од друга страна ќе се добие добра инфраструктурна поврзаност во овој дел од државата, што секако нема да биде во спротивност со препораките на УНЕСКО.

Совршенство на чинија постои и ќе најдете само на едно место во Прилеп (Фото галерија)

Она што го гледате не се само фотографии убаво уредени и направени со квалитетен фотоапарат – тоа е симбол на врвна угостителска услуга, вкус, креативност и традиција.

Ресторанот Порта  повеќе од 20 години е симбол и прилепски бренд кога е во прашање гастрономската понуда во градот под Марковите Кули.

Ова е единственото место во Прилеп каде традицијата се спојува со модерниот вкус и каде гостите се секогаш во центарот на вниманието. Со мени кое ги задоволува и најпрефинетите вкусови, и услуга која оди над очекувањата – Порта е повеќе од ресторан, тоа е доживување.

Нема да трошиме повеќе зборови, фотографиите кажуваат се’, а вам топло ви препорачуваме уште денеска да ги посетите и да уживате во некој од нивните врвни специјалитети.

Поглeднете го целото мени ТУКА 

Нарчајте или направете резервација за вашите семејни веселби, дружби и свечености на тел.бр: 078 368 111

 

 

Сведок на 200-годишна историја можеше да исчезне за еден момент: Во годината кога одбележува 2 века постоење, се сеќаваме како во 2013 беше спасена Саат кулата во Прилеп (ФОТО)

Саатот во Прилеп не е само стара кула во срцето на градот – тој е сведок, симбол и простор што ги поврзува генерациите и културите. Последниве неколку години, Саатот прерасна во место за средби, идеи, пријателства, иницијативи, дебати, музика и игранки… но во себе носи сведоштва за период од 200 години, два века случувања во Старата прилепска чаршија, среќни моменти, но и тешки времиња, времиња на војни, на подеми и падови…

Во годината во која одбележуваме 200 години постоење, накратко се сеќаваме на историјатот на Саат Кулата – гордоста на секој прилепчанец и највпечатливото спомен-обележје што ги восхитува сите кои го посетуваат Прилеп.

Денешната кула, изградена во 1858 од мајсторите Коста Лауц и Ристе Тасламиче, стои на местото на постара дрвена кула од 1825/26, изгорена во големиот пожар од 1854 год. кој ја зафатил целата чаршија. Првата дрвена кула била подигната од Саид-ага, била висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достигнувала до 55м.

Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година.

Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.

Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма, која за жал денес не е во функција. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика …„Ах…”

Со својата шестоаголна основа, масивни камени ѕидови и благ наклон од 114,4 см, кулата како да шепоти приказни од минатото, сведок на огромен број историски случувања. Таа, позната како „Кривата кула“ на Прилеп, го одбројува времето, го краси архитектонскиот пејзаж и со својата издржливост го инспирира секој кој ја погледнува.

Накривувањето кое низ годините се зголемуваше, беше закана и целосно Прилеп да го загуби својот историски белег. За среќа тоа беше спречено во во 2013 година, кога на инсистирање на тогашната локална самоуправа, предводена од градоначалникот Марјан Ристески, беше реализирана темелна санација и стабилизација на кулата, што ја спаси оваа величествена градба од пропаст и ѝ овозможи нов живот.

Веднаш по стабилизирањето, беше целосно уредено платото околу Саат Кулата, создавајќи модерен и пријатен простор кој денес претставува едно од најрепрезентативните градски јадра. Платото е место каде што се одржуваат бројни културни настани и манифестации, собирајќи стотици посетители и создавајќи уникатна атмосфера во центарот на градот речиси секоја вечер.

Се изврши уредување на околу 2.000 метри квадратни во духот на традицијата, но и на современото. Беа поставени канделабри, се изградија гранитни патеки, се постави прекрасна урбана опрема… За жал денеска малку се прави за оваа убавина да се одржува, пример за тоа се канделабрите, од кои ретко која свети, лозниците станаа само насрешници, а жардиниерите со цвеќе веќе одамна се претворија во корпи за отпадоци…

Истата година беше вратено и срцето на часовникот. Благодарение на Димитар Чучуроски механизмот одново почна да чука, а така беше до пред скоро една година, од кога одново, за жал, часовникот не работи.

Да се надеваме дека општината и надлежните од Министерството за култура ќе изнајдат начини, проблемот што поскоро да се санира, а Саат Кулата одново силно да отчука и нејзиниот звук да се слушне низ целиот град.

Во меѓувреме, Саат Кулата продолжува да го чува споменот за минатото, да биде инспирација за иднината и вечен симбол на Прилеп – градба која го поврзува времето и историјата.

НОВИ ЦЕНИ: Поевтинуваат горивата од полноќ

Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар.

Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 67 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,143 денари килограм и ќе изнесува 38,643 денари.

Кафе Бар Читална победник на 15-то издание на KGJ 3×3 турнирот – Над 3.000 публика, организација каква нема ни на првенствени натпревари (Фото галерија)

Петнаесеттото издание на турнирот во баскет „КГЈ3Х3“ во Прилеп се претвори во вистински спортски празник. На отвореното игралиште при ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ три дена се играше кошарка на високо ниво, а околу 3.000 љубители на баскетот го проследија турнирот од трибините во трите натпреварувачки дена – бројка што може да се спореди со посета на првенствени натпревари во најпопуларните спортови.

Натпреварите се одвиваа во три категории. Во сениорската конкуренција од вкупно 16 екипи најуспешна беше екипата на “Кафе бар Читална”. Иако во групната фаза загуби убедливо од „Девет кила“ со 21:8, на останатите натпревари забележа само победи. Прво славеше со 18:7 против „Екипа за големи дострели“, потоа со 21:15 против „Антомос“. Во нокаут фазата продолжи во ист ритам – во четвртфиналето беше подобра од „Рамен појас“ со 12:7, во полуфиналето ја совлада екипата на „Велес“ со 21:12, а во возбудливото финале извојува победа од 17:13 против „Дизниленд“.

Во категоријата до 17 години титулата ја освои екипата “Дама”, која во драматично финале славеше над “Еуротерм” со резултат 21:19. Во новата категорија наменета за корпорации, првото место го освои “Матадор”, кој во финалето беше подобар од “Балчак” со 14:8.

Организаторите на турнирот – Стефан Стевананџија, Стефан Костоски и Марио Маџоски – добија исклучиво позитивни коментари за организацијата. Високата оценка ја потврдија и самите учесници, меѓу кои имаше екипи не само од Прилеп, туку и од Битола, Кавадарци, Велес, па дури и од Турција.

Габриела Илиевска се кандидира за градоначалничка на Битола

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утринава официјално потврди дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.

Во своето обраќање, Илиевска ги повика битолчани, без разлика на партиска припадност или изборни навики, да застанат зад нејзината кандидатура. Таа нагласи дека се залага за „почиста, поубава и независна Битола“ и порача дека е време да се стави крај на три децении запоставување на градот.

Илиевска изјави дека нема средства за голема кампања, но има храброст, знаење и интегритет за да се спротивстави на сите кои, според неа, ја оштетувале Битола. Таа има долгогодишно искуство како советничка – првиот мандат преку ВМРО-Народна партија, а последните два преку иницијативата „Поинаку“. Со оваа одлука, Илиевска стана првата жена независна кандидатка за градоначалничка на Битола.