дома блог страница 2358

На денешен ден пред 3 години Илија Јованоски доби мандат да го води Прилеп: Дојде ли живот за сите, или градот се врати назад? (Анализа)

Денеска се навршуваат 3 години од промената на локалната власт во Прилеп и стапувањето на функција на градоначалникот од СДСМ, Илија Јованоски.

Јованоски на 15 октомври 2017 година победи во првиот изборен круг и го победи Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој три мандати беше прв човек на општината.

Локалната самоуправа Јованоски ја презеде со ветувањата за: 20% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ВОДА, ЦЕЛОСНА ГАСИФИКАЦИЈА НА ПРИЛЕП, ИЗГРАДБА НА ЗДРАВСТВЕНСПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР СО ПОКРИЕН БАЗЕН „МАКЕДОНИЈА”, ИЗГРАДБА НА ДВЕ НОВИ ГРАДИНКИ, ЕДНА ВО ГРАД ПРИЛЕП,А ДРУГА ВО Н.М. КАНАТЛАРЦИ, ИЗГРАДБА НА ДВЕ ОБИКОЛНИЦИ ОКОЛУ ПРИЛЕП, РЕНОВИРАЊЕ НА СОКОЛАНАТА, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАРАТА ГРАДСКА ЧАРШИЈА, ИЗГРАДБА НА НОВ ТЕАТАР, ИЗГРАДБА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР КАЈ ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО, ИЗГРДБА НА 2 СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ САЛИ, ГАСИФИКАЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ, ЧИСТ ВОЗДУХ И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА И.Т.Н.

1. Намалување на сметките за вода за 20%

Ова беше едно од главните ветувања на актуелниот градоначалник кое се испостави дека е најголема лага. Сметките за вода се зголемија за околу 60%, поради додавањето на ставката за прочистување на отпадни води и зголемувањето на ставката одведување на урбани отпадни води.

Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

2. Целосна гасификација на Прилеп

Од гасификацијата на Прилеп досега е формирано само Јавно претпријатие за гасификација, гасоводот кој го започна претходната Влада е стигнат до Прилеп, но досега ништо не е направено во однос на секундарната и терциерната гасоводна мрежа.

3. Изградба на две обиколници околу Прилеп

Јованоски ветуваше изградба на патен правец што ќе го поврзува вештачкото езеро и патниот правец Прилеп-Градско, како и обиколница на патниот правец Прилеп-Македонски Брод со патниот правец Прилеп – Старо Лагово (раскрсница со Битола).

Досега овие два проекти не се започнати.

4.Изградба на здравствено-рекреативен центар со покриен базен “Македонија”

Градоначалникот вети и изградба на здравствен спортско-рекреативен центар со покриен базен во спортската сала “Македонија”. Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Oд предвидениот проект, засега има поставена само табла.

Еве како на почетокот беше предвиден проектот:

5. Изградба на две нови градинки

Во предизворната програма вети нова градинка во градот и во населеното место Канатларци. Градинката предвидено е да се гради во населбата “Toчила”, но како и затворениот базен сеуште не е започната. Во однос на проширувањето на капацитетите на градинките, оваа локална власт успеа да ја доврши градинката во ООУ “Рампо Левката”, која беше започната од претходната локална власт.

6. Изградба на нов театар

Проектот за нова зграда на театарот “Војдан Чернодрински” е долго ветување од сите власти досега, но оваа власт го презентираше како сигурна работа. Предвидено беше новата театарска зграда да се направи во еден дел од домот за култура “Марко Цепенков”, но освен “цртеж” за тоа како би изгледал, досега ништо друго не е направено на тој план.

7. Реконструкција на Старата градска чаршија

Во февруари градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, заедно со претставници на ЈП за ПУП и ЈКП „Водовод и канализација“, одржа неформална средба со сопствениците и закупците на дуќани во Старата чаршија и презентираа проект со кој се предвидува постојните травертински плочи да бидат заменети со гранитни плочи, сите жици и кабли од кабловските оператори да бидат сместени во подземни инсталации, фекалната канализација да биде комплетно реконструирана, а според проектот ќе се изградела и нова атмосферска канализација.

Јованоски тогаш истакна дека во зависност од временските услови, комплетната реконструкција ќе заврши за 75 до 90 дена. Оттогаш до денеска се нема преземено ниту еден чекор за реализација на овој проект.

8. Изградба на спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро

Ветувањето во предизборната програма предвидуваше: зона за кампување, мал рибник, традиционален ресторан, мотел до 10 соби, терени за јавање, велосипедизам, трчање и пешачење, платформа за безбедно пливање, развој на веслачкиот спорт, скијање на вода, спортски терени за тенис, одбојка, кошарка и сл.).

Проектот пред неколку денови започна да се реализира, а истиот е финансиран од страна на Европската Унија и од
Владата на Република Македонија, преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Според предвиденото, вкупната вредност на проектот треба да изнесува 50 милиони денари, или близу 850.000 евра.

Наместо изборното ветување, сега овој проект сега предвидува изградба на пристапна улица долга 35 метри, паркинг за дваесетина моторни возила, две пешачки патеки во должина од 750 метра, кошаркарско игралиште со два коша и со пинг понг маси, игралиште за одбојка, 3 летниковци, 20 клупи, простор за културни манифестации и осветлување. Нема конкретен рок кога треба да заврши изградбата.

9. Изградба на спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски”

Проектот сеуште не е започнат.

10. Чист воздух и здрава животна средина

Откако општината намести мерна станица на општинската зграда, беше забележано колку загаден воздух дишат прилепчани во зимскиот период. Концентрацијата на ПМ-10 честички во воздухот изнесуваше и по 200, 300, па и 400, 500 и повеќе микрограми на метар кубен.

Што друго ветуваше градоначалникот во предизборната програма погледнете во продолжение:

Од проектите кои оваа локална гарнитура ги претставува како успех издвојуваме:

Oпштината преку Јавното претпријатие за простороно и урбанистичко планирање набави 4 автобуси на метан за потребите на јавниот градски превоз за сума од близу 1 милион евра, или по 250.000 евра за автобус.

Проектот беше жестоко критикуван од опозицијата поради високата сума платена за автобусите, но и поради нерегуларности во тендерската документација.

Градоначалникот и раководните луѓе на општина Прилеп се фалат и со асфалтирањето на улици, па така на една трибина Јованоски истакна дека во Прилеп асфалтирале 24 километри улици.

Во населбата “Сточен пазар” oпштината пред година и пол започна со реализација на нов мост со првична вредност од 500.000 евра, а со анекси сумата подоцна беше и зголемена.

Во мај месец годинава градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, истакна дека мостот кај Сточен пазар ќе бил најголемиот и најубавиот мост.

Ветувањето беше дека мостот ќе се заврши за 3 месеци, но оттогаш граѓаните од оваа населба стравуваат од поплавувања, а сообраќајот е забранет.

Со секој поголем дожд се прави голем водостој на градската река, а потоа одново се работи градилиштето да се врати во нормала.

Во центарот на Прилеп со месеци се изведуваат градежни работи за реконструкција на дел од булеварот “Гоце Делчев”, проект кој чини близу 1 милион евра.

Беше предвидено проектот да заврши до крајот на летото.

Целата предизборна програма на СДСМ која го носеше називот “Живот во Прилеп за сите”, можете да ја погледнете на следниот линк: Programa-Prilep-WEB

Лyдо видео од Босна: “Бегајте иди кopoна”

Видео кое дефинитивно ќе ви го направи денот

Масовна евакуација за 3 секунди… Погледнете:

Српски феномен: Во седма деценија, а сеуште трча по топката – запознajте го нajcтapиот фудбалep во Евpoпа! (Видео)

Драгиша Косниќ од местото Меѓа покрај Зрењанин, стана светска сензација, бидејќи на 67 годишна возраст сеуште е регистриран професионален фудбалер.

Познати светски спортски медиуми ја пренесоа приказната за Косниќ, а тој преку ноќ стана светско чудо. Тој во моментов настапува за ФК Пролетер, кој се натпреварува во шеститот ранг на српскиот фудбал.

Тој и понатаму активно игра и секоја година поминува низ ригорозни медицински тестови. Тој е без дилема настариот човек кој активно се занимава со фудбал.

За децата на своите вработени Витаминка обезбеди претплати до најнапредната едукативна платформа во Македонија

За своите вработени, кои што имаат деца вклучени во онлајн наставата, Витаминка, обезбеди премиум пакети (претплати) за пристап до JetMinds.org – првата и најнапредна едукативна платформа во државата. Со пристапот до оваа платформа, целта е олеснување на образовниот процес на учениците чии што родители се вработени во компанијата, а кои што следат настава на далечина. Со тоа, учениците ќе добиваат дополнително образование и можност за унапредување на стекнатите знаење како замена за приватен час со тутор.

Од почетокот на кризата со кopoнавиpycoт фокусот на менаџментот на Витаминка е насочен кон заштита на вработените и на нивните семејства. Покрај останатите активности и преземени чекори, посебно во овој период, согледувањето со какви предизвици се соочуваат родителите и децата при спроведување и одржување на континуиран образовен процес, беше причина за обезбедување на JetMinds платформата како помош и дополнување на образованието.

JetMinds.org нуди високо квалитетно дополнително образование за ученици во основно и средно. Материјата е подготвена од селектирани професори од универзитети, како и од најдобрите училишта во Македонија и истата ја следи и дополнува официјалната програма. Со користење на функционалната платформа учениците имаат неограничен пристап до лекции, можност за решавање задачи, учење и увид во аналитика – колку знае и колку учат децата. Во таа насока е корисна алатка за учениците и за родителите, особено во семејства каде родителите се вработени.

Грижата за вработените и за нивните семејства Витаминка ја искажува континуирано, посебно во текот на здравствената криза, овозможувајќи начини и реорганизација на работниот процес со цел дополнителна заштита и обезбедување безбедни услови за работа.

Hacтавничка од Пpилеп зapaзена од кopoнавиpycoт: Дваeceт yченици од втopo одделение cтавени во caмоизолациja

Наставничка е инфициpaна со кopoнавиpyc во едно од основните училишта во Општина Прилеп.

“После потврден случај на наставничка инфициpaна со кopoнавиpyc во едно од основните училишта во Општина Прилеп, постапено е согласно пpoтоколите за работа во основните училишта.

Со решение од Државниот caнитapeн и здpaвcтвен инcпектopaт, нacтавничката и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште, ставени се во caмоизолациja во тpaeње од 14 денови”, информираат од општина Прилеп.

Рапидно рacте бpojoт на новозapaзени во Прилеп: Денеска нова голема бpojка

Од Центарот за jaвно здравje информиpaaт дека денеска во општина Прилеп има 25 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а 14 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓaaт 420 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнеcyва 864.

ВМРО-ДПМНЕ утре со нов пpoтecт: “Cтoп зa злoyпотpeбата на евpoпските пapи”

ВМРО-ДПМНЕ утре излегува на нов пpoтecт. Овој пат повод е случајот со Лидија Димова и злoyпотpeбата на европските пapи.

Пpoтестот започнува во 18 и 30 часот. Почетокот е пред министерството за правда а крајна цел Секретаријатот за европски прашања.

Macoвна тепачka во Пpилеп peзyлтиpaше со фатален кpaj

На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било приjaвено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил наpyшен jaвниот peд и миp со физичka пpecметка помеѓу повеќе лица.

Полициcки cлyжбеници излегле на местото на нacтанот и било yтвpдено дека настанала физичka пpecметка помеѓу две гpyпи и со повpeди од ocтap пpeдмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, конcтатиpaни во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот.

Лекap од Итна медицинcка помош Прилеп конcтатиpaл cмpт кај Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдyкциja.

Во врска со нacтанот во полициcка станица биле пpиведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлучajoт. При интервенцијата, полициcки cлyжбеник пyкал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пpecметка.

Пат од црвени рози за маратонците: Во чест на Тоше утре ќе пристигнат во Крушево

Во чест на македонската легенда Тоше Проески, Крушево утре , петок 16 ти октомври денот кога тој замина во вечноста, во организација на општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, други институции и приватни субјекти ќе бидат пречекани маратонците.

Како и минатата година од влезот на Крушево маратонците ќе се пречекуваат со црвени рози, а на Гумење ќе се пеат песните на Тоше Проески. Маратонците и градоначалникот на општина Крушево ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит.

„Оваа година ќе полагаме цвеќе и ќе оддадеме почит на веќе изграденото вечно почивалиште на Тоше. Конечно успеавме да се оддолжиме барем малку на Тоше, но преку многу настани во негов спомен ќе продолжиме да го негуваме неговиот лик и дело.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Откриено каде иcчeзнaa 300 квадpaтни киломeтpи тepиторија на Македонија

Сите оние кои што внимателно слушале на часовите по географија во средно и основно знаат дека територијата на Република Македонија изнесува 25.713 километри квадратни. Оние кои што учеле географија останаа збунети од последниот извештај на Европската Комисија за Македонија во кој само за една година нашата држава загубила 279 километри квардатни, пишува Инфомакс.

За потребите на оваа сторија, Инфомакс најпрво го контактираше Заводот за статистика од каде телефонски ни одговорија дека истата нејаснотија ја имаат тие и оти кај нив се уште територијата на Република Македонија изнесува 25.713 километри квадратни иако од Катастерот на Република Македонија добиле нова бројка од 25.434 километри квадратни.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.