дома блог страница 2357

Ова ce новите pecтриктивни мepки – ќе ce спpoведат од понеделник доколку ce влoши состojбата

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со кopoнавиpycoт се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови pecтриктивни мерки.

– Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до Владата. Мерки се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче.

Тој рече дека има сериозен процент на новозаболени кои не знаат да кажат каде се зapaзени.

-Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на виpycoт, објасни министерот за здравство.

Филипче додаде дека претходниот пакет на рестриктивни мерки е поднесен за законски измени до Собранието и очекува веќе следната недела истите да бидат изгласани во законодавниот дом.

Овој, прв, пакет мерки се однесува на задолжително носење заштитна маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

Кралица на есента и моќен еликсир за убавина: Што се кpие калинката во себе?

Калинката е прополна со антиоксиданси и витамин ц, но постојат уште многу здравствени бенефити за кои малку знаеме.

При избор на калинките бирајте ги најцрвените или кафените кои се прилично тешки. Ова овошје кога се чува во фрижидер, може да издржи од три до четири недели. Меѓутоа, еднаш кога ќе се отвори може да стои два до три дена, но меже да се чува и замрзнато.

Кој е најдобриот начин да отворите калинка?

Прво е неопходно да се излупи кората како би се дошло до семките кои се полни со сок. Најдобар начин да го отворите е да го потонете во вода како не би дошло до прскање на сокот.

Како се јаде калинка?

Освен што се грицка можете да приготвите и салата од нејзе, да ја измешате со гвакамоле, направите шејк, но и одлична сангрија.

Калинката во исхраната и медицината

Постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и врз коските. Тоа произлегува оттаму што калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди.

Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц.

Понатаму, калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот.

Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката – пуницалагините – влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.

Tpинаeceт години без eдинcтвениот Toше Пpoecки

Македонија и Балканот се ceќавaaт на Тоше Проески кој на денешен ден пред тринаесет години тpaгично го загyби животот во cooбpaќajна нecpeќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Како и во изминатите години, и оваа година во чест на Тоше трчаат десет маратонци, кои денеска треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемиjaта годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.

Пречекот на маратонците ќе го организираат средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, основното училиште „Никола Карев“ и Општина Крушево. Како и досега, на влезот на Крушево маратонците ќе бидат пречекани со црвени рози. Тринаесет години од cмpтта на Тоше ќе бидат одбележани кај новоизграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење, за кое Владата обезбеди 10 милиони денари.

На музичката ѕвезда почит ѝ оддадоа и велосипедисти од тиквешкиот регион кои од 20 септември во рамки на проектот „Од срце за Тоше“ возеа низ цела држава за да пристигнат во Крушево. Годинава на 9 август на Крушевското Езеро, пак се одржа првиот пливачки маратон „Тоше Проески“ организиран од пливачкиот клуб „Вардар 2018“ од Скопје, со идеја да биде традиционален. На маратонот имаше повеќе од 40 учесници кои пливаа два и пол километри.

Спомен-куќата на Тоше во Крушево е отворена за посетители со почитување на протоколите за заштита од вирусот. Има околу 700 експонати во постојаната поставка која се обновува секоја година за роденденот на Тоше на 25 јануари. Годинава првпат беше изложена реплика од облеката што Тоше ја носеше на „Евросонг“ во Истанбул во 2004 година.

Од отворањето во 2011 година, оваа музејска установа имала повеќе од 650 000 посетители од кои, според раководството, една третина се од странство, пред сè од балканските земји.

Поради пандемијата, оваа година не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите во изминатите години ја организираа на 5 октомври на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион, кој со одлуката на Владата минатата година беше преименуван во Национална арена „Тоше Проески“.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но, албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Зaeв: “Убеден cyм дека ќе нajдиме peшение за Гоце Делчев – Да покажиме дека сме Европejци”

Премиерот Зоран Заев денеска во обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела, на новинарско прашање околу преговорите на Македонско-бугарската комисија околу денешниот нов состанок, истакна дека се надева на изнаоѓање заедничко решение со Бугарија.

„Ќе видиме како денеска ќе поминат преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост меѓу Се***** Македонија и Бугарија. Да покажеме малку дека сме Европејци“, рече Заев.

(Видео) Улиците во Црна Гора претворени во реки: Луѓето не можат да ги напуштат домовите

Силен и обилен дожд вчера во попладневните часови ги поплави објектите во барската населба Бјелиши во близина на пругата. Службата за заштита и спасување излезе на терен.

Членовите на оваа служба спасуваа две деца, нивните баби и дедовци од семејната куќа во Бјелиши.

Поради високо ниво на водата на улиците сообраќајот се одвива отежнато по одредени делници.

Порој тече по главниот пат Бар – Сутоморе.

Летечкиот Никола Митревски: Што ли одбрани? Коментаторите во тpaнс (Видео)

Порто на нашиот Никола Митревски, вчера го победи Пик Сегед со 25:19, а еден од најзаслужните за триумфот беше токму македонскиот голман.

Митревски запиша 15 одбрани, а посебно се истакна со една после двоен цепелин на противник.

Неговата интервенција е нешто посебно, а вакво нешто ретко се гледа во ракометот, па коментаторите беа во вистински транс.

Погледнете:

Овие xopocкопcки знаци едвaj ja чекaaт 2021 година: За нив 2020 година била нajлоша

1. Рак

2020 година воопшто не е лесна за нив. Потполно ништо не им оди од рака. Луѓето околу нив постојано се обидуваат да ги спуштат и да им го отежнат секојдневниот живот, како и онака да не им е доволно тешко. Овој знак треба да избегнува внесување ризични финансиски инвестиции и не треба да им верува на сите.

2. Овен

Овенот е еден од најнесреќните хороскопски знаци оваа година. Постојано се чувствува како да не може да најде излез од тешката ситуација и како сè што е околу него да се распаѓа. Секој чекор што Овенот го прави во 2020 година го води кон зголемување на нестабилноста и невротичноста. Тој треба да престане да се стреми кон големи промени и да направи пауза од сè, со цел да го расчисти умот и смело да ја започне следната година.

(Видео) Во Америка избори – велешани тријат раце

Оваа година веројатно нема да биде плодна како 2016-та за велешани, особено поради тоа што вестите кои се споделуваат на Фејсбук поминуваат низ неколку филтри пред да бидат објавени во јавност.

Во 2016-та година, односно на претходните престедателски избори, велешани со нивните веб-страни кренаа голема прашина во Америка. Во неколку наврати по изборите, Хилари Клинтон директно ги обвини како главни виновници за нејзиниот пораз.

За нив време оддели и познатиот ТВ водител Стивен Колберт кој на комичен начин ја опиша целата ситуација:

Oд утре можно зaocтpyвање на мерките: Министерот Филипче кажа што може да се очекува

Предлагаме заострување на рестриктивните мерки, ова не е неочекувано, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Дневникот на Сител.

Посочи дека училиштата засега нема да се затвораат бидејќи таму бројките на новозаразени не се големи.

-На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од кои што се сега во сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работата на угостителските објекти и одредени економски субјекти, компании. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава, рече Филипче.

Прашан за евентуално воведување на нов полициски час Филипче рече дека се уште е рано и тоа може да се дискутира утре.

-Еден од најдобрите параметри кои што ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетите забрзано се исполнуваат. Само во текот на вчерашниот ден имаше огромен број на приеми, рече Филипче.

Целото гостување на министерот Филипче погледнете го ТУКА

(Галерија) Како изгледа животот на најладното населено место во светот?

На левиот брег од реката Индигирка во Република Саха во Руската Федерација, се наоѓа замрзнатото кралство.

Во ладниот Ојмјакон владее континентална клима, ветер речиси и да нема, деновите се сончеви, а просечната влажност на воздухот е 71%. Најниската измерена температура во ова место е -67,7 степени Целзиусови. Околу 210 денови во годината ова место е под снег.

Меѓутоа, ова место е постојано живеалиште за околу 500 луѓе, кои претежно се занимаваат со сточарство и риболов. Тие се познати по долговечноста, што можеби и не треба да не зачудува, бидејќи тие дишат чист воздух, имаат кристално чиста вода и се физички активни.

Светските медиуми ја пренесуваа приказната за деведесетгодишниот пар Аријан и Афросинија, кои посвоиле девојче, иако се во поодминати години. Среќното семејство живее во јурта, шатор карактеристичен за ова подрачје.