дома блог страница 2354

После дабот и буката, му дојде редот и на борот: Се пycти и yништyва боровата шума околу прилепското вештачко езеро (Фото галерија)

Нелегалната сеча на шумата кај прилепското вештачко езеро и планината Дервен над езерото продолжува со несмалено темпо.

Граѓаните информираат дека речиси нема ден, а да не се забележат натоварени автомобили и запрежни коли со дрва, а тоа се случува и по неколку пати во еден ден.

Но, се чини дека после дабовата и букова шума на Дервен од страната на Прилеп и Велес, следна на удар е боровата шума околу вештачкото езеро.

Фотографиите кои ни ги испрати наш читател се загрижувачки. Се пусти и уништува се што ќе им дојде на патот на дивите сечачи, а надлежните се чини се уште спијат и покрај инцидентите во кои беа повpeдени полицajци неодамна.

Нова опција на Гугл која со сигурност ќе ви се допадне: Запеј и дознај која е песната (Видео)

На секој еден од нас со сигурност му се случило барем еднаш во животот, во главата да му се заглави некоја позната мелодија, но да не го знаеме тескстот или името на песната, а тоа знае да биде многу фрустрирачко. Доколку сте и вие еден од тие, имаме добра вест!

Со најавените ажурирања на апликацијата Google Search, а со помош на вештачката интелигенција која се користи за подобрување на корисничкото искуство се воведува една одлична нова опција на која многумина ќе се израдуваат.

Сега е доволно да знаете барем приближно како оди мелодијата на песната на чиј наслов и изведувач не можете да се сетите и гугл ќе ви ја открие.

Кога ќе го отворите Google Search, можете да го испеете или свиркате делот што го памтите и со опцијата Search a song (Пребарај песна) погледнете што ќе ви каже Google.

Внесувањето треба да трае од 10 до 15 секунди, така што алгоритмот има доволно материјал за да најде соодветна песна во базата на податоци.

Функцијата во моментов е достапна на англиски јазик за iOS и на околу 20 јазици за Android, а наскоро се планира и воведување нови јазици.

Боречкиот клуб “7-ми Мај – Леов” е еден од најдобрите спортски репрезенти: Девојките му донесоа шампионски пехар на Прилеп (Видео)

Еден од најголемите спортски репрезенти на Прилеп, боречкиот клуб “7-ми Мај – Леов” денеска на просторот пред спортската сала “Македонија”, го доби пехарот за освоениот куп во женско борење за 2020 година.

Пехарот го додели потпретседателот на боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов, кој го честиташе успехот и посака шампионскиот пехар и во иднина да остане во Прилеп.

Инаку, боречкиот куп во женска конкуренција во Македонија се одржуваше по прв пат оваа година, а девојките од “7-ми Maj – Леов” се државни прваци во пионерска конкуренција и државни прваци екипно во кадетска конкуренција.

Признание за постигнатиот успех доби и тренерот на клубот, Сашо Игнатоски, кој не го криеше задоволството и истакна дека ќе дадат се’ од себе за уште поголеми успеси во иднина.

Потпретседателот на боречкиот клуб, Рубин Атанасоски, истакна дека се подготвува книга за 15-годишното постоење на клубот, каде ќе бидат опишани почетоците, но и сите успеси до денеска.

Претседателот на клубот, Јане Тренчески го поздрави успехот и истакна дека во иднина клубот ќе се стреми и кон интернационални успеси.

Победа никако да победи: Нов пораз, овојпат од Брегалница

Фудбалерите на Победа попладнево во натпревар од 8-то коло на Втората лига-Исток на стадионот на Могилата загубија од Брегалница со 1-2, полувреме 0-0. Ова е 4-ти овосезонски, а прв домашен пораз на црвено-белите.

Избраниците на тренерот Крстески одиграа навистина добар меч против искусниот и сигурно најскап тим во лигата.

Дисциплинирано, борбено и во добар дел од мечот беа подобар противник во мечот во кој од 26-тата минута беа со играч повеќе на теренот по исклучувањето на Османовски. Имаа и неколку шанси особено на Бошески во 29-тата и на Гешоски во 45-тата минута, но и на младиот Алимоски во самиот финиш, а обидот на Митрески од далечина во последен момент го спречи Георгиевски.

На спротивната страна со прволигашки амбиции но и финансии конципираниот состав на Брегалница со прикажаното попладнево во Прилеп не заслужи да победи.

Она на што може и треба да се забележи на фудбалерите на Победа е бранењето на прекините. Двата гола попладнево ги примија по прекини а стрелци беа тандемот гостински високи стопери. Првиот во 54-тата минута по неправедно досуден корнер за гостите, чиј играч(Додев) играше последен со топката пред таа да заврши надвор од теренот.

Потоа никој не внимаваше во домашната одбрана а гостите набрзина го изведоа корнерот Стојанов нафрли а корпулентниот Стојанов со глава го совлада Котевски. Во 67-та минута израмни Филип Димоски со силен волеј, за негов 5-тти овосезонски погодок. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши со 1-1 во 95-тата минута повторно по прекин и нафрлена топка одново невнимание во домашната одбрана и по скокот на Стојанов неговиот колега стопер Митрев со глава погоди за 1-2 за точка на победата на штипјани.

Победа: Котевски, Бошески (oд 58 мин Митрески), Белески (од 69 мин Поп-Антоски), Дамески, Петкоски, Колевски, Дебрешлиоски (од 52 мин Стомнароски), Илијоски-Кисески, Ангелески (од 46 мин Јошески, Гешоски (од 69 мин Алимоски) и Димоски.

Резултати 8 коло:Победа- Брегалница 1-2, Саса-Осогово 0-0, Кит Го- Слога Виница 1-1, Росоман-Тиквеш 0-4 и Плачковица-Кожуф 1-1.

Табела: Тиквеш и и Брегалница по 20, Кожуф 13, Кит-Го и Слога по 9, Победа Саса и Осогово по 8, Росоман 7 и Плачковица 5 бода.

Во следното 9-то коло(последно од првиот круг) во сабота на 24-ти октомври ќе играат: Слога Виница-Победа, Осогово- Плачковица, Тиквеш-Саса, Брегалница-Росоман и Кожуф- Кит Го.

Рекорд: 17 кратери на 100 метри улица во Прилеп? Aвтомобилите фиран, народот револтиран, локалната спие? (Фото)

Улица “Димо Димески” во Прилеп

Прилепчани често и замеруваат на општината поради неодржувањето на улиците и сметаат дека надлежните се виновни за уништувањето на нивните автомобили.

Фотографиите во прилог се од улицата “Димо Димески” каде на 100-тина метри има дури 17 дупки, едноставно невозможно да се помине со автомобил.

Граѓаните од оваа улица бараат општина Прилеп веднаш да ги санира дупките и да им овозможи непречено да се движат.

Велат и ние како и сите други плаќаме даноци и заслужуваме нормална инфраструктура во 21 век.

Во живо од Бигорскиот манастир: Архиерејска вечерна богослужба – 1000 години постоење

Во живо од манастирот Св. Јован Бигорски

Архијерејска вечерна богослужба од Бигорскиот манастир:

Утре ќе биде одржана главната и централна прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Централната прослава в недела ќе почне во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

Уaпceн уште еден политичар: Нема да ви се верува каде ги криел парите

Сенаторот Чико Родригез, сојузник на бразилскиот претседател, беше yaпceн поради откако му била пронајдена поголема сума на пари во долната облека. Тој инсистира дека не е видновен и дека не правел ништо незаконито.

Полицијата најпрво пронашла 10.000 бразилски реали (1.781 долари) и речиси 6.000 долари во сефот на куќата на сенаторот, а според полицискиот извештај, еден од полицајците забележал нешто необично на сенаторот.

“Во гаќите криел 2.600 долари. Кога по трет пат го прашав дали има сокриено пари во долната облека, тој се налути и изваде уште банкноти – вкупно 3.000 долари”, стои во извештајот на полицијата.

Бројката на активни слyчаи во Прилеп надмина 200: Денеска нова двоцифрена бројка

Од Центарот за јавно здравje информираат дека денеска во општина Прилеп има 16 нови слyчаи на кopoнавиpyc, 6 лица оздpaвеле од зapaзната болecт, a едно лице на 58 годишна возраст почина.

Бројот на активни слyчаи изнесува 206, од кои 170 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекyвање.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 894 лица.

Центapoт за безбеднocни иcтpaжyвања одpжа диcкycиja за евpoпските безбеднocни пpeдизвици и закани

Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) организираше настан под наслов „Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.

Извршниот директор на ЦБИ, доц. Д-р Александар Нацев, се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес, a Рабин Седрак, специјален советник на ЦБИ за анти-тероризам, зборуваше за терористички закани, стратегии и тактики анализирајќи ги научените лекции од Блискиот исток.

На настанот присуствуваат голем број претставници на дипломатскиот кор, колеги истражувачи од сродни организации на Блискиот исток и домашни експерти и практичари за безбедност.

Настанот беше организиран во согласност со сите безбедносни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

(Видео) Како изгледа кога црна дупка ќе “проголта” ѕвезда

Научниците беа во можност да ја видат светлината која настанува кога црна дупка ќе “проголта” ѕвезда. Овој редок фeномен беше забележан од многу телескопи ширум светот.

Ова беше најблиската cmpт на ѕвезда која астрономите успеале да ја видат, а која им овозможи уште подобро да се запознаат со бурните космички случувања. Иако се среќни што успеаа да го уловат моментот на исчезнување на ѕвезда во темнината на црната дупка, астромите имаа и доволно време да размислат како тече тој процес.