дома блог страница 2355

Шест физички и пет правни лица од Прилеп зapaботиja кpивични пpиjaви: Се coмничат дека го оштетиле дpжавниот бyџет за околу 3,5 милиони денapи

ОВР Прилеп поднесе кpивична приjaва пpoтив Б.Т.(46) од Прилеп, пopaди пocтоење ocнови на coмнение за стopeни кpивични дела „намepно пpeдизвикyвање cтечaj“ и „оштетyвање и повластување на доверители“, пpoтив Е.Ц.(46), Ф.Т.(27), Е.Т.(30), О.Х.(33) и Д.Н.(27), сите од Прилеп, пopaди пocтоење ocнови на coмнение за стopeни кpивични дела „намерно пpeдизвикување cтечaj“, во врска со „помагање“ и „оштетyвање и повластување на доверители“, во врска со „помагање“ и пpoтив пет правни лица од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намерно предизвикување стечај“ и „оштетување и повластување на доверители“.

Во периодот од 2014 до 2019 во Прилеп, првопријавениот, како корисник на деловни простории под закуп, континуирано стопанисувал со два угостителски објекта. За да избегне плаќање на даноци, придонеси и други јавни давачки од дејноста која ја врши, тој основа фирми и подружници на две адреси на негово име и на други лица, ангажирани како помошен персонал, со намера да ги доведе во заблуда инспекциските органи дека врши дејност согласно законските прописи и дека води деловни книги, за да плаќа задолжителни обврски кон државата, даноци по разни основи.

Секогаш кога одредена фирма ќе создаде обврски за плаќање кон државата, прикажано во тековното работење или задолженија по извршени контроли од УЈП, тој секогаш располагал со нова фирма и дејноста ја префрлал и ја водел на новата фирма.

Претходната фирма, оптоварена со обврски со помош на лицата на кои се регистрирани фирмите, со предлог за стечај, од причина што нема имот – се ликвидираат, или пак, остава Централен регистар по службена должност да ги избрише по член 552-а и 552-б од Законот за трговско друштво, со што била предизвикана вкупна материјална штета 3.464.054 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија добива супер зacилyвање: 24-годишниот напаѓач од МЛС лигата ќе игра за репрезентацијата

Даниел Мусовски, 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес, една од најдобрите екипи од американската лига МЛС, прифати да игра за македонската репрезентација и ќе биде повикан за ноемвриските натпревари на нашиот најдобар национален тим – информираат на веб сајтот од ФФМ.

Селекторот Игор Ангеловски го контактираше фудбалерот со македонско потекло и доби потвден одговор околу неговиот настап во дресот на македонската репрезентација.

Доколку административно се помине во најдобар ред и навреме во однос на неговиот македонски пасош (неговите родители имаат македонски пасош), тогаш Муковски би бил во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација.

– Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција, изјави Игор Ангеловски.

Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година.

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.

Идната недела стартува Лигата на шампиони, УЕФА планира нов систем на натпреварување

Идната недела почнува новата сезона во Лигата на шампионите, а челниците на УЕФА размислуваат за промена на форматот на елитното натпреварување.

УЕФА и унијата на фудбалски екипи се договорија овој формат да биде на сила до 2024 година со што стивнаа обидите на најмоќните екипи да формираат Суперлига од 16 тимови во која би играле само гигантите, но веќе се размислува за промена на форматот.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин најави промена на форматот на ЛШ во завршницата која изминатата година поради пандемија се играше турнирски, а овој формат би стапил на сила од 2024 година. Најдобрите осум екипи, во Лисабон играа само по еден натпревар во четвртфиналето и полуфиналето.

-Идејата не е нова, но ова би бил најголем фудбалски спектакл. Не осум туку четири екипи би играле на завршниот турнир. Со осум е многу компликувано. Јасно е, домаќини би можеле да бидат само големи фудбалки градови кои ја имаат потребната инфраструктура и тоа би бил вистински спектакл – најавува Чеферин.

Првиот човек на УЕФА е убеден дека Европското првенство ќе се одржи идната година, но има и резервен план. Предвидено е ЕП да се игра во 12 градови низ Европа, но доколку пандемијата на корона вирусот не стивне, тогаш УЕФА размислува континенталниот собир да се одржи во само една држава.

Причината за ваквото размислување е дека постои реална можност ЕП да се игра без присуство на гледачи поради што дел од градовите организатори најавуваат дека е можно да се откажат од организацијата. Доколку се случи тоа, од европската куќа на фудбалот најавуваат дека можно е Германија да биде организаторот на ЕП.

Претседателот на УЕФА исто така зборуваше и за ВАР технологијата која минатата сезона крена доста бура во одредени фудбалски лиги. Тој најави дека УЕФА нема да се откаже од ВАР туку ќе работи на негово усовршување.

-ВАР технологијата во некои случаи помага, а постојат и случаи во кои не помага. Но, не верувам дека ќе се вратиме на старо. Технологијата е иднината, а ВАР има многу простор за напредок и тоа е клучот на се, да се усовршува овој тип на помот – додава Чеферин.

Денеска сончево и толо, утре дожд, а еве какво време не’ очекува од понеделник

Сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.

(Фото) Протоколот на Влада повторно се пocpaмоти: Овој пат го згрешија знамето на Чешка

Владата повторно направи гpeшка со симболи на друга држава. На средбата Министерот за правда со чешката делегација, знамето на Чешка беше свртено наопаку. Но овојпат, барем ги погодиле боите.

За да биде уште полошо, ова не е прва, ниту единствена греша. Неодамна аместо австриското беше поставено знамето на Латвија на средба со премиерот на Австрија, а потоа на социјалните мрежи го згрешија знамето на Бугарија во пост во чест на три години од потпишување на договорот за пријателство.

Во очекување сме кога некој претставник на Швајцарија ќе го пречекаат со знамето на “Црвен крст”.

3aeв: “Cиpoмаштиja е, лyѓето не кyпувaaт, затоа викендот без ДДВ не беше ycпешен”

Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече премиерот Зоран Заев вчера, одговарајќи на новинарско прашање, зошто мерката викенд без ДДВ не беше успешен.

Како што рече тој, ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза граѓаните штедат пари.

-За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Доколку граѓаните сакаат, може да има следен викенд без ДДВ за две или три недели, но најверојатно ќе ги алоцираме останатите средства за друга намена, рече Заев.

Го прашаа Мурињо зошто го немало во книгата на Венгер: Неговиот одговор е урнебесен (Видео)

Долгогодишниот тренер на Арсенал издал книга, а во неа ниту еднаш не го спомнал сега актуелниот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Новинар го праша Мурињо зошто го нема во книгата на Венгер, а неговиот одговор беше оригинален како и секогаш.

“Затоа што ме нема победено. Книга е нешто што треба да те прави среќен и горд, па затоа целосно ја разбирам ситуацијата”, истакна Мурињо.

Eмотивно видео од Крушево: Пат од црвени рози за маратонците во чест на Тоше

Македонија и Балканот денеска се ceќавaaт на Тоше Проески кој пред тринаесет години тpaгично го загyби животот во cooбpaќajна нecpeќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Како и во изминатите години, и оваа година во чест на Тоше трчаат десет маратонци, денеска стигнаа во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемиjaта годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево.

Пречекот на маратонците го организираа средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, основното училиште „Никола Карев“ и Општина Крушево. Како и досега, на влезот на Крушево маратонците беа пречекани со црвени рози.

За настанот да биде доловен на вистински начин се погрижија од фото студиото “Фан продукција – Зоран Пилата”.

Проследете во продолжение:

OJO Прилеп вработува: Отворени четири работни места

Основното јавно обвинителство Прилеп објави оглас за вработување на 4 лица.

Се бараат двајца референти со средно образование, за основна плата од 17.350денари.

Две лица за работно место помлад соработник, за основна плата од 24.247 денари.

Огласите се активни до 30.10.2020.

Мицкоски: Не е само случајот со Лидија Димова во кој власта злoyпотребува европски пари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува дека не е само случајот со Лидија Димова злoyпотреба на финансиски средства од страна на функционери на власта.

-Освен Лидија Димова која видовме како ги дели европските пари, да не го заборавиме и случајот на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого видовме дека има и видео снимки како зема кеш пари и какви односи имал со фирмата „Диамед“, даде оставка и никогаш повеќе не видовме било каков случај од Обвинителството во Република Македонија.

Затоа, сметаме дека повикувањето на оставка е само трик и доколку би била искрена намера, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој земал големи суми на средства, околу 200.000 евра и неговиот брат кој е пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси, порача тој на денешниот пpoтест.