Боречкиот клуб “7-ми Мај – Леов” е еден од најдобрите спортски репрезенти: Девојките му донесоа шампионски пехар на Прилеп (Видео)

Еден од најголемите спортски репрезенти на Прилеп, боречкиот клуб “7-ми Мај – Леов” денеска на просторот пред спортската сала “Македонија”, го доби пехарот за освоениот куп во женско борење за 2020 година.

Пехарот го додели потпретседателот на боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов, кој го честиташе успехот и посака шампионскиот пехар и во иднина да остане во Прилеп.

Инаку, боречкиот куп во женска конкуренција во Македонија се одржуваше по прв пат оваа година, а девојките од “7-ми Maj – Леов” се државни прваци во пионерска конкуренција и државни прваци екипно во кадетска конкуренција.

Признание за постигнатиот успех доби и тренерот на клубот, Сашо Игнатоски, кој не го криеше задоволството и истакна дека ќе дадат се’ од себе за уште поголеми успеси во иднина.

Потпретседателот на боречкиот клуб, Рубин Атанасоски, истакна дека се подготвува книга за 15-годишното постоење на клубот, каде ќе бидат опишани почетоците, но и сите успеси до денеска.

Претседателот на клубот, Јане Тренчески го поздрави успехот и истакна дека во иднина клубот ќе се стреми и кон интернационални успеси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.