Победа никако да победи: Нов пораз, овојпат од Брегалница

Фудбалерите на Победа попладнево во натпревар од 8-то коло на Втората лига-Исток на стадионот на Могилата загубија од Брегалница со 1-2, полувреме 0-0. Ова е 4-ти овосезонски, а прв домашен пораз на црвено-белите.

Избраниците на тренерот Крстески одиграа навистина добар меч против искусниот и сигурно најскап тим во лигата.

Дисциплинирано, борбено и во добар дел од мечот беа подобар противник во мечот во кој од 26-тата минута беа со играч повеќе на теренот по исклучувањето на Османовски. Имаа и неколку шанси особено на Бошески во 29-тата и на Гешоски во 45-тата минута, но и на младиот Алимоски во самиот финиш, а обидот на Митрески од далечина во последен момент го спречи Георгиевски.

На спротивната страна со прволигашки амбиции но и финансии конципираниот состав на Брегалница со прикажаното попладнево во Прилеп не заслужи да победи.

Она на што може и треба да се забележи на фудбалерите на Победа е бранењето на прекините. Двата гола попладнево ги примија по прекини а стрелци беа тандемот гостински високи стопери. Првиот во 54-тата минута по неправедно досуден корнер за гостите, чиј играч(Додев) играше последен со топката пред таа да заврши надвор од теренот.

Потоа никој не внимаваше во домашната одбрана а гостите набрзина го изведоа корнерот Стојанов нафрли а корпулентниот Стојанов со глава го совлада Котевски. Во 67-та минута израмни Филип Димоски со силен волеј, за негов 5-тти овосезонски погодок. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши со 1-1 во 95-тата минута повторно по прекин и нафрлена топка одново невнимание во домашната одбрана и по скокот на Стојанов неговиот колега стопер Митрев со глава погоди за 1-2 за точка на победата на штипјани.

Победа: Котевски, Бошески (oд 58 мин Митрески), Белески (од 69 мин Поп-Антоски), Дамески, Петкоски, Колевски, Дебрешлиоски (од 52 мин Стомнароски), Илијоски-Кисески, Ангелески (од 46 мин Јошески, Гешоски (од 69 мин Алимоски) и Димоски.

Резултати 8 коло:Победа- Брегалница 1-2, Саса-Осогово 0-0, Кит Го- Слога Виница 1-1, Росоман-Тиквеш 0-4 и Плачковица-Кожуф 1-1.

Табела: Тиквеш и и Брегалница по 20, Кожуф 13, Кит-Го и Слога по 9, Победа Саса и Осогово по 8, Росоман 7 и Плачковица 5 бода.

Во следното 9-то коло(последно од првиот круг) во сабота на 24-ти октомври ќе играат: Слога Виница-Победа, Осогово- Плачковица, Тиквеш-Саса, Брегалница-Росоман и Кожуф- Кит Го.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.