дома блог страница 2344

Мисајловски:Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик, доста се крие зад празни флоскули

Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот, истакна на денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој го праша Заев кој е неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагира на бугарските понижувања на нашата нација?!

-Дополнително зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?!

Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани?! Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија. Ветивте преговори со ЕУ, а ништо од тоа нема. Нема затоа што сте заглавени во криминал.

Нема меѓународен извештај кој не сведочи за корумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата. Господине Заев мора да знаете дека Македонија не е вашата фирма од Струмица. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата.

Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја поништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи разградување на Македонија, истакна Мисајловски.

Ниту свештеникот не можеше да се воздржи: Девојчето направи нешто со кое го насмеа целиот свет (Видео)

Ниту свештеникот не остана рамнодушен

Крштевањето на деца понекогаш може да биде невообичаено, пред се затоа што децата се непредвидливи и никогаш не знаете како ќе реагираат.

Токму вакво нешто се случи во оваа црква:

Tapaвapи: Повеќе пpитиcoк ни пpaви СДCM од ДУИ, мали се шанcите да бидеме со нив

СДСМ многу ѝ штети на Алијанса за Албанците и секојдневно имаме притисоци од нив во општините со кои раководиме, рече денеска гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостување во „Што не е јасно“ на „Алфа“.

-Шансите се многу мали да бидеме со СДСМ бидејќи сме разочарани од нивното функционирање. Дури мислиме дека нас повеќе повеќе притисок ни прави СДСМ отколку ДУИ, тука мислам на сите работи, на одземање на ингеренции. Знаете Груевски никогаш не одзема ингеренции на Заев, во образование, колку што знам јас иако тој бил градоначалник. Ние бевме единствена урбана опозициски општина и ни одземаа два пати ингеренции, секојдневни приситосоци врз општинити со кои раководи Алијансата за Албанците. Во последно време ние мислевме дека се доаѓа од ДУИ, меѓутоа не е од ДУИ туку од СДСМ и тоа организирано. Се обидуваат на секаков начин да и наштетат на Алијансата на Албанците, не знам зошто, не знам каде е логиката, меѓутоа мислам дека тие мислат дека ќе земат албански гласови ако и на наштета на Алијансата, рече Таравари во своето гостување.

Несериозен пристап, откажани средби: Дали причината е револтот и незадоволството на прилепчани?

Преку соопштение локалната самоуправа деновиве најави средби со урбаните заедници, за како што рекоја транспарентно носење на буџетот на општината за наредната 2021 година.

Првата од неколкуте најавени средби се организираше во Центарот за култура “Maрко Цепенков” со урбаната заедница “Центар”, но откако се појавија само 20-тина луѓе, градоначалникот ги откажа останатите кои требаше да се одржат во текот на вчерашниот ден.

Средбите со УЗ “Варошко маало” и УЗ “Бончејца”, требаше да се одржат во Домот “Спиро Забрчанец”, но наместо тоа градоначалникот Јованоски објави дека одржал онлајн состанок само со претседателот и советот на УЗ “Бончејца”.

Каков ефект и каква транспарентност ќе се постигне на ваков начин, кога за носење на буџетот и избирањето на приоритети за граѓаните од урбаните заедници, застапено е мислењето само на неколку луѓе?

Како да се работи за некоја рурална средина, а не за градска каде живеат по неколку илјади граѓани во секоја урбана заедница.

Дали причината за ваквите ПР трикови е огромниот револт на граѓаните од нереализираните проекти на градоначалникот?

Како и да е, на Јованоски му остануваат уште неполна година дена од мандатот, па за одговорот на мислењето на јавноста нема да чекаме уште многу долго.

Што уста ќе имаше… Македонија загуби со 11:0, а прилепчанец го предвиде точниот резултат

Македонската женска фудбалска репрезентација доцна синоќа во Орлеан претрпе убедлив пораз од домаќинот Франција со 11:0 (полувреме 5:0).

Ова беше седми натпревар за избраничките на селекторот Кирил Изов во квалификациите за пласман на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ по седум натпревари во Г-групата имаат три бода и се на претпоследното, 5 .место.

Високите порази кога е во прашање македонската женска репрезентација за жал не се ништо ново, а тоа му беше познато на овој прилепчанец, кој во пресрет на натпреварот искоментира:

“До 10 ако примиме се јади некако… ама ако примиме 11, значи 10-от гол психички не турнал”.

Да ја пишеше точен резултат денеска веројатно ќе затвореше некоја обложувалница.

Секоја чест мајсторе!

Само за нajxpaбpите: Ова е нajcтpaшниот xopop филм на сите вpeмиња (Видео)

„Hereditary“ е нajcтpaшниот xopop филм на сите времиња, cyдejќи според мерењето на бројот на отчyкyвања на cpцето на гледачите во текот на гледањето на ваквите видови филмови.

Екcпepтите за мерење од платформата „GIGACalculator“ пресметале кои филмови најмногу го зголемуваат бројот на отчyкyвања на cpцето кај гледачите, а на првото место се нашол xopop филмот од 2018-та година, кој многумина и многу порано го нарекоа еден од нajcтpaшните на сите времиња.

На 150 луѓе им беа дадени низа xopop филмови кои мораа да ги гледаат за прв пат, носејќи бројач на cpцето за да го следи нивниот пyлc.

Филмовите што им беа прикажани беа избрани по истражувањето спроведено над 2.500 луѓе, кои ги именуваа според нив 10-те најстрашни хорор филмови на сите времиња.

Најстрашниот филм се покажа дека е „Hereditary“, при чие гледање срцевиот ритам на оние што го гледале во просек бил 115 – значителен скок од просек од 60-100 отчукувања во минута.

Ни следуваат врнежи од дожд и заладување: Детална временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.

Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Во Прилеп температурата утре ќе се движи од 4 до 19 степени, а слично време ќе се задржи и во понеделник и вторник.

Намалување на температурите се очекува во среда, а нови врнежи во четврток кога одново дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Започнува зимското сметање на времето: Вечерва поместете ги сказалките на часовникот

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Пет години живеам во оваа куќа, а не ја забележав тајната врата: Пронајде морничава соба во куќата

Сопственикот откри тајна соба скриена позади ѕидот- пет години по вселувањето во куќата.

На снимката споделена на Редит, која стана вирална на социјалните мрежи, се гледа човек кој отстранува цигли од ѕидот и откирва златна брава.

Позади тајната врата пронајде мала и мрачна просторија за која сопственикот на куќата не знал дека постои.

“Живеам во оваа куча пет години и никогаш не сум забележал дека постои тајна врата”, напиша корисникот на Редит.

Фантазија: Дубаи ја претстави најголемата фонтана во светот (Видео)

Се работи за фонтаната на палмите, која се наоѓа на вештачкиот остров Палм Џумеира, кој е во форма на палма.

Водената атракција се простира на површина од 1.400 квадратни метри, ја следат 3.000 лед сијалички, а нејзините 7.500 млазници можат да исфрлаат вода до височина од 105 метри.

Оваа фонтана го презеде приматот од Дубаи фонтаната, со години беше најголема во светот.