дома блог страница 2345

Прилепчанка ќе вози гланц нов Цитронен: Третиот автомобил од Кафе Браво падна во Прилеп (Фото)

Клаудија Маркоска Станков од Прилеп е добитник на третиот Цитроен Ц3 од наградната игра на Кафе Браво – објавија од компанијата на Фејбук.

На Клаудија и’ честитаме за наградата, а вие уживајте во најдоброто кафе!

(Фото) Запознајте го највисокото дете во светот: Има само 14 години, а висок е 221 сантиметар

Рен Кеи од Кина има 14 години, а поради својата висина која веќе достигна два метри и 21 сантиметар се издвојува од групата на соученици.

Тинејџерот продолжува да расте, и моментално е во фаза на аплицирање за влез во Гинисовата книга на рекорди, за највисокиот тинејџер во светот.

Таа титула досега ја имаше американски тинејџер кој беше висок 215,9 сантиметри кога имал 16 години.

Кеи учи во деветто одделение во училиште во југозападна Кина во Сечуан, а неодамна го прослави и својот 14-ти роденден.

(Видео) Бегање од полиција за време на полициски час во Словенија

На социјалните мрежи се појави снимка од блиска средба на група млади и полицијата во Словенија која дошла да го прекине нивното дружење за време на полициски час.

Како што напишал авторот на снимката, настанала во селото Фужине, а кога виделе дека им приоѓа полиција, младите групно истрчале кон нивниот автомобил.

Меѓутоа, после од прилика 15 минути, полицајците се вратиле со 8автомобили и пет комбиња.

Демонстрант побара оставка од Каракачанов- видете како му одговори тој (Видео)

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрaна на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати на анонимeн граѓанин, кој во јавноста побара негова оcтавка.

Ова може да се види од видеото направено со телефон, кое сè повеќе добива на популарност на Фејсбук.

На 102-от ден од почетокот на антивлaдините пpoтести, се водел следниот дијалог помеѓу човек присутен на плоштадот Национално собрание и вицепремиерот:

Вие и вашата влада сте срaмота за Бугарија, вие само ја продавате Бугарија, грaбaте, крaдeте. Не се срaмиш? Доста е од овие помпезни ветувања, лaги, време е да си дадете оcтавка, народот не ве сака, му довикува на Каракачанов граѓанин од толпата.

Следете во живо: Протест на ВМРО-ДПМНЕ пpoтив мафиjaта, за правда и слобода

ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток во 12 часот одржува протест со автомобили, како што велат против мафиjaта, за правдата и слободите.

Протестот започнува од две собирни точки во Скопје, СЦ “Борис Трајковски”- општина Карпош и СЦ “Јане Сандански” – општина Аеродром, по што ќе финишира пред Собранието.

Протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип, преку автопатот “Гоце Делчев”, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

На 23 Октомври-Денот на македонската peволуционерна бopба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата, за правдата и слободите, информираат од партијата.

-127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува бopбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот можете да го следите на КУРИР.

Фејсбук: Сервисот за запознавање партнери станува достапен и во Европа

Сервисот за запознавање партнери – конкурент на социјалната мрежа „Tinder“ и други апликации за запознавање, по долго време стана достапна во Европа.

„Facebook Dating“ ги има истите карактеристики како и во Америка, користејќи го вашиот постоечки профил на Фејсбук за да пронајдете потенцијални партнери.

Фејсбук ги прилагодува овие „совпаѓања“ според вашите преференции, вашата активност на социјалната мрежа, групи во кои членувате како и настани. Фејсбук ја задржува вашата приватност на новата опција, со што многу од персоналните тактики за наоѓање партнер ќе ви бидат целосно опционални.

Но, блиската поврзаност со „Facebook Dating“ со останатите производи на компанијата, во минатото предизвика загриженост кај корисниците.

Денот кога Македонците ја започнале бopбата за своја слободна држава: Честит празник Македонијо!

На овој голем ден за нас Македонците, во чест на сите оние кои ја натопиле оваа земја со својата крв, за слобода, своја и за идните поколенија, денес се сеќаваме на сите херои и ги величиме нивните имиња. Од овој ден Македонецот почнал да ја исправа својата глава над острата душманска сабја и организирано да се спротивставува. Ова е денот кога напатениот, измачен и угнетен народ, започнал да ја реализира својата идеја, својата кауза.

Положбата на Македонците и пред тој конгрес не била во ништо подобра, но овој момент од историјата значел продолжување на агонијата, нови агресии, илјадници загубени животи.

Со други зборови Македонскиот народ бил културно, духовно, политички, национално и просветно обесправен.

Ваквата неподнослива состојба, како и пропангандите на соседните народи за асимилација, се причините за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

На 23 октомври 1893 година во Солун, шестмина револуционерни интелектуалци : Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел по пат на вооружена борба да се издвојува автономија за Македонија ја формираат организацијата и го започнуваат нејзиното ширење.

Усвоен бил Устав на организацијата, Централен Комитет ( претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев ), како и мрежа на организации низ поголемите центри на Македонија. Особено организацијата добила на тежина кога кон неа се приклучиле Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев и други револуционери кои ја делеле истата цел.
Цели на организацијата биле следните:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна,

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија со нејзините природни и географски граници,

3. Во неа да членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност,

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономна Македонија и

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

Започнала да се реализира паролата “Слобода или смрт за Македонија”. Сите надежи и сите погледи понатаму се вперени кон организацијата и нејзиното дејствување.

Конечно народот Македонски имал свој заштитник, луѓе кои ќе ја спроведуваат правдата на дело и ќе ги шират идеалите за слобода и самостојност.

Следувале Ресенското советување во летото 1894г. кога се формирани трите окрузи Скопски, Солунски и Битолски, па првиот Солунски конгрес во јануари 1896г. кога организацијата била преименувана во (ТМОРО) или Тајна македонско-одринска револуционерна организација.

По овој конгрес забрзано се обучувале и вооружувале чети. Со вооружените сили раководел Гоце Делчев кој го формирал и Четничкиот институт.

На Солунскиот конгрес во 1903 година, во отсуство на Делчев, влијателните луѓе на организацијата Груев и Сандански го наметнале своето мислење за кревање на Илинденското востание на втори август 1903 година.

Токму после овој настан на површина испливале внатрешните превирања, надворешните влијанија, предавствата и меѓусебните пресметки, како и борбата за превласт.

Тоа ја ослабнало организацијата до ниво што голем дел од лидерите биле убиени, а мекедонското ткиво било разединето.

На Рилскиот конгрес во 1905г. организацијата одново претрпува промени, името било заменето со (ВМОРО) или Внатрешна македонска одринска револуционерна организација.

Со вакво име организацијата постоела до 1908 и почетокот на Младотурската револуција кога и дошло до конечен расцеп и нејзин престанок.

Не смеат а да не се споменат значајните битки кој ги водела организацијата со Турците, би ги издвоиле битките кај: Могила, Готен, Трсје, Слива, Ножот, Маргара, Баница, Мечкин Камен, Арменско и мн. други.

Како пандан на претходната организација, кон крајот на 1919 година е формирана и (ВМРО) – Внатрешната македонска револуционерна организација, со Централен комитет (Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев).

И во овој период мисијата била иста автономија или независна Македонија, односно создавање на самостојна држава за Македонците.

Потсетувајќи се на овие денови од Македонската историја во секој еден од нас треба да се развива чувство на гордост, чувство на херојство.

Да вградиме такво чувство и кај идните генерации, за да ја пренесуваат вистината за македонското страдање, но и за македонското бунтовничко спротивставување против угнетувачите тогаш и сега.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ !

Карванот на Евротип викендов во Прилеп: Посетете ги штандовите и освојте награда

Откако деновиве започнаа фудбалските возбудувања во елитната Лига на шампиони, повторно викендите се резервирани за најатрактивните спортски збиднувања.

Викендов продолжуваат натпреварите од сите најинтересни фудбалски лиги ширум светот, а токму тој период е најдобар да се искористат најдобрите услови за онлајн обложување во Евротип!

По успешните викенд акции во Битола и Кичево, овој викенд карванот на Евротип продолжува на локации во градот под Марковите кули.

Во петок и сабота од пладне до 16 часот, посетете ги штандовите во Прилеп на две локации на плоштадот и градската Саат кула, каде ќе имате прилика да дознаете како да ги искористите поволностите на онлајн обложувањето, а во истовреме и да добиете бројни награди!

Петок и сабота искоритете ја можноста да се запознаете со сите потребни информации поврзани со обложувањето онлајн, да направите бесплатна регистрација и да уживате во обложувањето од Вашиот мобилен телефон, лаптоп или таблет.

Ве очекуваме овој викенд! Обложувајте се онлајн на Евротип и бидете дел од големиот број на обложувачи кои досега се уверија во условите и најдобрите квоти!

Редок морален чин: Дурловски си поднесе оставка

Еден од најголемите светски вокали но и доскорешен пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија, вечерва си поднесе оставка од пратеничката функција.

Како што вели Дурловски, „пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот“, што пак укажува на тоа дека Дурловски не се согласувал со начинот на водењето на собраниската политика.

Игор Дурловски беше суден за настаните од 27.април, и ослободен од обвиненија откако обвинителството не успеа да ја докаже неговата вина. Дурловски беше и еден од предводниците на „За Заедничка Македонија“.

Дурловски останува да биде дел од најдоброто од Македонија.

Мицкоски: “Бог нека ја чува Македонија, очигледно владата тоа не го може одамна”

640 новозapaзени и дури 12 почиHaти. А законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните туку за надлежностите и процедурите, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Но, не ја испуштија можноста да посочат виновници и направат политика. И додека се чека 27-ми, кога и е на дневен ред законот, фали уште и луѓе да умираат по улици, бидејќи здравствениот систем е трул, не е ефикасен и е пренатрупан.

Бог нека ја чува Македонија. Очигледно владата тоа не го може одамна, напиша тој на својот Фејсбук профил.