Tapaвapи: Повеќе пpитиcoк ни пpaви СДCM од ДУИ, мали се шанcите да бидеме со нив

СДСМ многу ѝ штети на Алијанса за Албанците и секојдневно имаме притисоци од нив во општините со кои раководиме, рече денеска гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостување во „Што не е јасно“ на „Алфа“.

-Шансите се многу мали да бидеме со СДСМ бидејќи сме разочарани од нивното функционирање. Дури мислиме дека нас повеќе повеќе притисок ни прави СДСМ отколку ДУИ, тука мислам на сите работи, на одземање на ингеренции. Знаете Груевски никогаш не одзема ингеренции на Заев, во образование, колку што знам јас иако тој бил градоначалник. Ние бевме единствена урбана опозициски општина и ни одземаа два пати ингеренции, секојдневни приситосоци врз општинити со кои раководи Алијансата за Албанците. Во последно време ние мислевме дека се доаѓа од ДУИ, меѓутоа не е од ДУИ туку од СДСМ и тоа организирано. Се обидуваат на секаков начин да и наштетат на Алијансата на Албанците, не знам зошто, не знам каде е логиката, меѓутоа мислам дека тие мислат дека ќе земат албански гласови ако и на наштета на Алијансата, рече Таравари во своето гостување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.