дома блог страница 2343

Tpaмп: “Гласав за маж кој се вика Трамп, ова беше голема чест”

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше за себе на претседателските избори.

„Штотуку гласав! Голема чест“, напиша Tpaмп на Твитер.

Претседателот пред новинарите рекол дека „гласал за некој маж кој се вика Tpaмп“, после што сите се насмеале.

Да потсетиме, американските претседателски избори ќе се одржат на 3. ноември, а граѓаните имаат прилика да гласаат за демократијата на Џо Бајден и републиканците на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Дена Вајт открива: “Хабиб се бopeше повреден синоќа”

Хабиб Нурмагомедов синоќа го победи Џастин Гејчи во УФЦ натпреварување, а веднаш по мечот ја најави својата пензија.

Станува збор за ветување кое и го дал на својата мајка, по cmpтта на неговиот татко.

И додека целиот свет и големите спортски имиња му честитаа на Хабиб, за него излезе неверојатна информација која сакал да ја сокрие пред натпреварот.

Првиот човек на УФЦ, Дејн Вајт соопштил дека Нурмагомедов се бopeл повреден.

-Мора да признаам дека мислев дека можно е да загуби вечерва. Не ми изгледаше како стариот Хабиб, ни на мерењето, ниту додека влегуваше во рингот. Тешко дишеше, не беше свој. По се што помина тоа момче во последно време, можеме да сме среќни што имавме можност да го гледаме вечерва. Слушнав дена пред три недели го скршил стапалото. На стапалото има скршени два прсти и една коска, изјавил синоќа Вајт.

-Тој е еден од најидржливите човечки суштества на планетава. Да го пуштиме емотивно да оздрави и да ја преболи загубата на својот татко. Ако не сака повеќе да се бори – не сака, додава првиот човек на УФЦ.

Вистинско чyдо на eceнта: Прочитајте зошто треба да јадете костени

Одличен е за забите и кocките поради комбинацијата калциyм, фocфор и магнезиyм.

Постојат многу причини поради кои во исхраната треба да го додадете костенот, кој во овој период го има на секој чекор. Костенот содржи помалку масти од останатите јаткасти плодови, висок процент на скроб и витамин Ц.

Поради високото ниво на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, костенот брзо предизвикува чувство на ситост.

Тој е одличен за забите и коските поради комбинацијата калциум, фосфор и магнезиум. Костенот стимулира функции на нервниот систем затоа што е богат со минерали и витамини од групата Б. Користен е и во исхраната на дијабетичарите поради спората апсорпција на јаглени хидрати, па не го подигнува нагло инсулинот во крвта.

Брашното од костен е намирница без глутен, а добар е и во борбата со анемија затоа што има високо ниво на железо.

Костенот има ефект на „кардиозаштитник“ затоа што содржи маснотии кои што се добри за организмот и обезбедува добра пропорција на омега 3 и омега 6 масни киселини – го штити срцето.

Го чува и системот на цревата и имунитето затоа што е пребогат со растителни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем.

Победа губи кај ќе стигне: Попладнево загубија и во Виница

Попладнево на стадионот во Виница во натпревар од 9-тото, последно коло од првиот круг на првенството во Втората лига Исток фудбалерите на Победа загубија од новиот второлигаш Слога со 2-0, полувреме 0-0.

Ова е петти овосезонски пораз за црвено-белите, а 4-ти на 4-те гостувања во овој дел од шампионатот. И попладнево до израз дојдоа сите досега евидентирани слабости-недостатоци во играта на Победа во чии редови поради повреди отсуствуваа 5-мина фудбалери.

Првиот дел беше сосема солиден. Прилепчани одиграа стрпливо, мирно без некои поголеми грешки а не дозволија посериозно да биде загрозен голот на Столевски, кој денес првпат застана меѓу стативите од 1-та минута. Во нападот Победа имаше неколку изгледни ситуации.

Во 20-тата минута Димоски биеше од 15-тина метри и беше изблокиран а не го забележа Бошески кој беше во налет и во поволна ситуација. Три минути подоцна по спуштената топка со глава на Гешоски волеј на Димоски но крај голот, а во финишот во 42-та минута обид на Гешоски чиј удар повторно беше блокиран од домашните одбранбени играчи.

Во вториот дел брзински распад на Победа, нешто слично на 3-те примени гола во Росоман од Тиквеш за 15 минути. За само 15 минути примени два наивни голови кои практично се поклон за домаќините од прилепската одбрана. Првиот во 49-тата минута по корнер на петерецот меѓу корпулентните Гешоски и Колевски поприсебен од двајцата беше домашниот младинец Иванов и со глава биеше а топката на втора статива под пречка заврши во гостинската мрежа.

Вториот за, ќе се покаже подоцна, конечни 2-0 беше дело на домашниот центарфор Бујчевски. Доби топка меѓу неколку гостински одбранбени играчи, Петковски се лзина и падна, вториот Белески го издрибла и од 5-6 мретри со силен шут под пречка го совлада Столевски. До крајот Победа имаше само еден удар кон голот на Јованоски-биеше од волеј но право во домашниот голман.

Овој петти првенствен пораз(колку што имаат само уште Плачковица и Росоман) а 4-ти на 4-те гостувања(без бод на гостински терен покрај Победа е само уште Росоман) само ја продолжува црната серија на Победа која резултира со голерм пад на првенствената табела во зоната за опстанок во второлигашкото друштво. На четири гостувања претрпени се 4 порази со само еден постигнат а 8 примени голови и такаречи сите се по икатастрофални грешки на прилепската одбрана која делува раштимано, а целиот тим малодушно. Веројатно и нема натпревар, посебно на гостински терен на кој кога прилепчани први примиле гол да успеале резултатски да се вратат и да избегнат пораз.

Овој денешен меч во Виница беше првиот од серијата 3 врзани гостувања на Победа. На стартот на вториот круг во следното коло на ред е мечот со Кит-Го во Пехчево а потоа и комшиското гостување на Росоман за две седмици.
Победа:Столевски, Бошески, Петкоски, Колевски, Белески, Димитријески (од 55 мин Петроски), Дебрешлиоски, Илиоски-Кисески (од 76 мин Каралиоски), Јошески (од 65 мин Стомнароски) Димоски (од 76 мин Карапеев) и Гешоски(од 65 мин Ф.Спиркоски).

Резултати 9-то : Слога-Победа 2-0, Брегалница-Росоман 6-1, Кожуф-Кит Го 2-1, Тиквеш-Каменица-Саса 3-0 и Осогово- Плачковица 1-1.

Табела:Тиквеш и Брегалница по 24, Кожуф 16, Слога12, Кит-Го и Осогово по 9, Победа и Каменица Саса по 8, Росоман 7 и Плачковица 6 бода.

Во следното 10-то коло во сабота на 31-ви октомври ќе играат: Кит Го- Победа, Слога-Росоман, Брегалница- Каменица Саса, Тиквеш-Плачковица и Осогово-Кожув.

Петар Димоски

(Фото) Продал се што имал и со велосипедот тргнал од Индија кон Шведска – поради љубовта на неговиот живот: Еве како живеат денес

Прадумна Кумар Маханди е роден во едно мало индиско село во 1949 година. Некој астролог му предвидел дека ќе се венча со музичарка од далечна земја, родена во хороскопскиот знак “бик”.

“Силно верував во пророштвото, а сега знаеме дека се на оваа планета е веќе “напишано”, вели Кумар.

Тој истакна дека пророштвото се остварило. Убавата приказна започнала на 17 декември 1975 година. Тогаш Кумар бил уличен уметник. Неговата сопруга Шарлот фон Шедвин, која пристигнала како турист, го замолила да и направи портрет.

“Кога застана покрај мене, мислев дека лебдам. Не можам со зборови да го опишам тоа чувство. Очите и беа сини, големи и длабоки, мислев дека гледа низ мене, како рендген”, раскажува тој.

Бил нервозен и не можел да ја нацрта жената од неговите соништа, па побарал од неа повторно да се врати.

“Се враќаше три пати и нацртав три портрети. Знаев дека таа е една и единствена за мене”, говори Кумар.

“Ќе ми бидеш жена. Нас ни е пишано да бидеме заедно”, и рекол Кумар.

Шарлот, која имала само 19 години, воопшто не била исплашена од ова и одлучила да ја започне авантурата. Тие поминале неколку недели заедно пред таа се врати во Шведска.

Нивната љубовна приказна можела тука и да заврши, но младиот и одлучен Кумар одлучил тоа да не се случи. По една години, продал се што имал и купил велосипед. Со многу малце пари и со помош на некои љубезни луѓе кои ги сретнал за време на патувањето, Кумар успеал со велосипед да помине 6.000 километри за да ја види Шарлот.

“Најголемата пречка ми беа моите мисли, моите сомнежи”, се присеќава тој.

Тие се венчале и заедно се повеќе од 40 години. Имаат две деца и нивната љубов денес е силна како и првиот ден.

Во Bишне одете со peзepвни гyми в багаж, оти ќе ocтанете на бандажи (Фото)

Деновиве жители од населбата Вишне од Прилеп постојано се жалат на лошата состојба во која се наоѓаат улиците.

Граѓаните велат дека ги испокршиле автомобилите и бараат локалните власти да им овозможат пристојни услови за движење.

Вакви кратери има насекаде низ градот, па крајно време е локалните власти да го послушаат гласот на народот и да им излезат во пресрет.

Да и помогнеме на Лидија да застане на нозе! Недостигаат уште 5000 евра до целта

Во 2001-ва година на Лидија Ристевска од Битола и е дијагностицирана Мултипла Ckлероза, невpoлошка автоимуна xpoнична болecт која често доведува до телесни и сознајни попречености. Оттогаш таа добро се снаоѓаше со симптомите, се до пред 2 и пол години кога доби силен напад кој ја доведе до целосна пapaлиза, проблеми со дишење и голтање и други.

Во декември минатата година ја направи првата трансплантациja со матични клетки во Москва, Русија, од кога ги почувствува првите подобрувања: се поврати сензибилитетот и дишењето се нормализира.

Моментално Лидија се наоѓа на повеќемесечна рехабилитациja со роботика во Србија, каде полека започнува со првите движења.

Втората трансплантациja на матични клетки е треба да се изврши оваа година. Од оваа трансплантација се очекува дека Лидија ќе може да застане на нозе и да почне самостојно да функционира. На Лидија и недостигаат уште 5000 евра до целта, коишто таа не може сама да си ги обезбеди.

Можете да донирате на следниов начин:

“404 нови и рекорден бpoj починати… А, Филипче прогнозираше 2000…”

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

“Ракописот” на Xитлep- магнет за колекционери: Еве кој говор на “фиpepoт” е најскапо продаден на аукција

Говорите на Адолф Xитлep се продадени на аукција во Минхен и покрај загриженоста на еврејските групи дека ова би можело да ги поттикне неонациcтитe.

Аукциската куќа “Херман Хисторика” продаде ракописи кои датираат од периодот пред Втората светска вojна, со објаснување дека имаат големо историско значење и дека заслужуваа да се чуваат во музеј.

Сите документи се продадени на анонимни понудувачи по многу високи цени.

Говорот на Xитлep од девет страници, во кој им се обраќа на новите вoeни офицери во Берлин 1939 година, околу осум месеци пред почетокот на вojната, достигна цена од 34.000 евра.

Каракачанов: Се надевам дека бугарските војници во Македонија ќе бидат пречекани со цвеќе, леб, сол и духовна музика

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов смета дека македонските медиуми ги извртеле неговите зборови за испраќање на бугарски вojници во Македонија.

Од него најавената бугарска воена единица не било закана туку понуда за помош.

„По повод доста превртеното толкување на македонските медиуми, нека објаснат дека тоа што реков е: „ако има потреба можам да испратам инженериски полк да им помогне побрзо да ги тргне тие споменици на кои пишува за „бугарскиот окупатop“, вели Каракачанов.

Според Каракачанов тоа не е закана туку предлог за помош како сојузници во НАТО.

Во врска со тоа како бугарската воена единица и војниците ќе бидат пречекани во Македонија, Каракачанов се надева на топол пречек.

„Се надевам ќе бидат пречекани како бугарските полкови во 1912,1918 и 1941 година – со цвеќе, леб, сол и духовна музика”, порачува бугарскиот вицепремиер.