Каракачанов: Се надевам дека бугарските војници во Македонија ќе бидат пречекани со цвеќе, леб, сол и духовна музика

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов смета дека македонските медиуми ги извртеле неговите зборови за испраќање на бугарски вojници во Македонија.

Од него најавената бугарска воена единица не било закана туку понуда за помош.

„По повод доста превртеното толкување на македонските медиуми, нека објаснат дека тоа што реков е: „ако има потреба можам да испратам инженериски полк да им помогне побрзо да ги тргне тие споменици на кои пишува за „бугарскиот окупатop“, вели Каракачанов.

Според Каракачанов тоа не е закана туку предлог за помош како сојузници во НАТО.

Во врска со тоа како бугарската воена единица и војниците ќе бидат пречекани во Македонија, Каракачанов се надева на топол пречек.

„Се надевам ќе бидат пречекани како бугарските полкови во 1912,1918 и 1941 година – со цвеќе, леб, сол и духовна музика”, порачува бугарскиот вицепремиер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.