дома блог страница 2342

Трамп доби македонска поддршка, Бачев му испрати писмо: “Моите мисли и мислите на Македонците се со вашата победа”

Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември 2020, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев денес упати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп во кое ја искажува поддршката од неговата партија. Бачев во писмото вели дека победата на Трамп може да придонесе за спречување на „длабоката држава“ во Македонија да го избрише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

„Моето обраќање до Вас се темели врз едноставна правдина – да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот македонски народ гордо да ја ставиме Македонија на прво место во согласност со вашите залагања да ги ставаме своите земји на прво место и дека тоа е во ред и тоа е она што треба да го правиме“, се вели во писмото на Бачев.

Тој понатаму додава дека „длабоката држава“ преку дипломатски претставници на САД со години во Македонија инсталира марионетски влади, назначува претседатели на политички партии, фалсификува избори, но и поставува архитекти за бришење на Македонците од светската мапа на нации. „Длабоката држава“, пишува Бачев, ја подарува Македонија на Бугарија, Грција и Албанија преку бришење на се што е македонско.

Бачев тврди дека последните избори биле фалсификувани, а активностите на дипломатските претставници на САД во Македонија се во целосна спротивност со заложбите на Трамп за иднината на нациите и државите во светот.

„Македонците веруваат во вас и мислат дека тоа е вистинскиот избор. Македонија со САД ги врзува посебно пријателство. Моите мисли и мислите на Македонците се со вашата победа на изборите. Со нетрпение ја очекуваме информацијата за вашата победа на 3 ноември. Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу САД и Република Македонија засновани на принципите кои силно ги промовирате.
Знам колку овие прашања се важни за вас и длбоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледате моите размислувања“, додава Бачев.

Тој бара од Трамп да го предупреди за секакви пречки за кои гледа дека стојат на патот за елиминирање на „длабоката држава“ и во Македонија.

Бачев го информира Трамп дека Македонците во САД масовно го прифаќаат повикот од Единствена Македонија да гласаат на 3 ноември за неговата кандидатура.

„Денес бројката на Македонци во САД е околу 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е македонски кој уште во 1920-тите бил забележан во американските пописи. Бог да ве благослови, г-дине претседателе. Бог да ја благослови Америка. Бог да ги благослови нациите во светот. И Бог да ја благослови Македонија и сите патриоти во светот“, завршува Бачев.

Прилепски делегати колективно ја гледaa “Бихаќка” на видео бим (Фото)

СДСМ денеска го одржа својот 25. Конгрес, коj беше дигитален и се одвиваше преку електронската платформа Zoom.

Конгресот го отвори го водеше претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а темата беше анализа на изборните резултати.

Од партијата најавија и низа статутарни измени.

Конгресот се следеше и во Прилеп, каде беа собрани делегатите од Општинските организации на Прилеп и Долнени.

Јуниорите на прилепскиот пингпонгарски клуб Младост 96 продолжуваат каде што застанаа сениорите

Во саботата во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”, по завршување на сениорските лиги во пинг понг, започна Јуниорската лига.

Играчите во јуниорска конкуренција за прв пат имаа можност да се натпреваруваат во ваков формат на натпреварување, во рамките на македонските пинг понг лига.

На ова натпреварување имаше пријавено 15 екипи во машка конкуренција и 6 екипи во женска конкуренција.

Првите две екипи од секоја група, во недела на 1 ноември, ќе учествуваат во финалните натпревари за борба од прво до осмо место, додека останатите екипи ќе се натпреваруваат во групата на утешни натпревари, за борба од деветто до шенаесетто место.

Учество зеде и ППК Младост96, и тоа со две екипи во машка конкуренција. И двете екипи изборија четврфинале за наредната недела.

Во женска конкуренција ППК Младост96 немаше пријавено екипа. Камелија Стојческа својот потенцијал ќе го прикажи на мастерсите, во конкуренција на У15 и У18 категории.

Првата екипа во состав: Лука Огненоски и Давид Јоноски, беше прва во групата, додека втората екипа во состав Петар Кочомилески и Андреј Анџиев, го зазедоа второто место во групата и се пласираа меѓу најдобрите осум екипи.

Да напомениме дека со исклучок на Кочомилески сите останати играчи се пионери, a успехот е за секоја почит. Во првата екипа отсуствувааа Никола Стојаноски и Иван Танески, со кого екипата во наредните утакмици ќе биди поконкурентна.

Во втората екипа отсутвуваа Филип Јанчески, Наум Наумоски и Николче Здравески. За месец ноември, покрај финалните натпревари во јуниорската лига, предвидени се и по еден мастерс во секоја категорија, со што би завршила и есенската полусезона во сите натпреварувања.

Илија Димовски потсети на историјата: Ова е првиот програмски документ на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

ПРВИОТ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Историјата е водилка за иднината. Историјата е мапа за патот кон иднината.

Да научиме од постарите, од пра-основачите: Богдановски, Пеев, Стамковски, Попоски, Петков, Трајчески, Бојкоски, Ковачев, Илиевски.

…”Демократската партија за македонско национално единство ќе работи за измирување на сите Македонци кои до сега биле скарани на било каков начин, најмногу заради немање една вистинска национална политика.

Лозунгот на нашата партија ќе биде: ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

Партијата ќе укажува дека во името на македонското национално единство, кое денеска на нас Македонците ни е потребно како што ни е потребен насушниот леб, воздухот што го дишеме, треба да престанат сите караници меѓу Македонците.”…

Од ПОЛИТИЧКАТА ПЛАТФОРМА на Демократската Партија за Македонско Национално Единство – усвоена во Стокхолм на 23 јануари 1990 година… (објавена во Млад Борец на 07 март 1990 година, неколку месеци пред формалното основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ)…

Јапонски метод за лечење на телото во 5 минути: По седум дена ќе забележите вистинска промена

Јапонскиот метод на лечење се заснова на верувањето дека секој прст на раката е “поврзан” со функционирањето на два внатрешни opгани. За да решите многу проблеми во физичкото и менталното здравје, доволно е да ја применувате оваа јапонска пракса по 5 минути секој ден.

Древната јапонска исцелителна пракса која ја враќа емоционалната рамнотежа и тоа со активирање на точки од прстите. Имено, се смета дека на секој прст се наоѓаат точки кои стимулираат два внатрешни органи. Овој моќен третман може да помогне при лекувањето на голем број болecти.

Како функционира тоа?! Ако сакате да ги излечите внатрешните органи, со слободната рака треба да го фатите посакуваниот прст и да го притискате 3 до 5 минути. Вашето дишење треба да биде длабоко. Потоа масирајте ги сите прсти, на двете раце, околу 3 минути.

Палецот е поврзан со стомакот и слезината; Показалецот е поврзан со бубрезите и бешиката; Средниот прст е поврзан со црниот дроб и жолчната кеса; Малиот прст е поврзан со срцето и тенкото црево.

Стоилковски: Заев јасно да го каже ставот за Делчев и македонскиот јазик

Зоран Заев молчи и не кажува дали ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик?! Зоран Заев мора да престане да бега и да каже што ветил во Бугарија и што сега треба да исполни! Зоран Заев мора да излезе и јасно да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој го повика Заев да излезе и да го каже својот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик.

-Македонија не е пазар, а македонското културно и историско наследство и јазик не се фирмите на Заеви па да се распродаваат по сопствена волја на Зоран Заев. Зоран Заев мора да излезе и да каже дали се вистините наводите на историчарите кои што тврдат дека Македонија треба да прифати и вина за депортацијата на македонските евреи кои што беа однесени во логорот Треблинка?!

Македонскиот народ е дел од антифашистичката коалиција, дел од народите кои што го возобновија светот по втората светска војна. Зоран Заев нема право да менува историски вистини и да ја понижува Македонија, ниту пак македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија која што е интегрирана во НАТО и ЕУ, слободна и демократска, идеи кои што се темел на ЕУ.

Токму затоа ние сме за отпочнување на преговорите со ЕУ, бидејќи тоа се темели на нашиот стремеж како народ за слободна, демократска и интегрирана држава. Уште еднаш потенцираме дека доколку Зоран Заев прифати нешто кое што би значело распродажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, таа одлука веднаш ќе биде поништена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и нема никогаш да го почитуваме таквиот договор, нагласи Стоилковски.

“Пpилеп, вчepa и денec”: Kpaток докyментapeн филм кој ќе разбyди нocталгиja и емоции кај голем бpoj пpилепчани (Видео)

„Прилеп, вчера и денес…“ е краток документарец за Прилеп од 1959 година во времетрање од 12 минути.

Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 35мм, а производството е на “Вардар филм” – Скопје.

Се работи за филмско-фотографски колаж на градот под Марковите кули, неговата историја, развој и современиот културен и стопански растеж по ослободувањето, сето тоа проследено со стиховите на Рацин и на Конески.

Филмот има добиено втора награда за сценариот во 1959 година во Белград.

Македонци ја пробуваат најлутата пиперка во светот: “Hека не ве лаже ѓаолот да пробувате” (Видео)

Тринидад Моруга шкорпион (Capsicum Chinense) се лути пиперчиња кои потекнуваат од селото Моруга на островската држава Тринидад и Тобаго.

Се сметаат за едни од најлутите пиперки во светот, а во 2012 година, Универзитетот во Њу Мексико ги прогласи за најлути пиперки на сите времиња.

На јутјуб досега има прикачено еден куп видеа каде што луѓе од различни страни од светот ги пробуваат, а за прв пат наидовме на некој од Македонија што се решил на овој чекор.

Во описот на видеото велат: “Hека не ве лаже ѓаолот да пробувате”.

Погледнете ја нивната реакција:

Еве уште неколку луди видеа:

А еве и натпревар во јадење лути пиперки:

Aмди Бajpaм ќe бидe пoгpeбан во “Aлеата на вeликаните” со Koнески, Глигopoв, Чашyле, Kyзман, Влaxoв…

Денеска ќе биде погpeбан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст.

Погpeбот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамиja и во 15 часот на гpoбиштата во Бутел во Алеата на Великаните.

-Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Северна Македонија ве информираме со голема тага и болka дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам пocтмopтем е утврдено дека бил позитивен на Koвид-19.

МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравje, во целост да соработуваат со надлежните служби.

Дополнително, да се избегнат сите погpeбни ритуали, а погpeбот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекциjaта од Koвид-19.

Ако на сон ви дојде Света Петка, еве што значи: Се јавува само од две причини!

За многумина Света Петка е заштитничка, а се верува дека посебно ги штити и им помага на жените, децата и старите луѓе.

Верниците и’ се обраќаат со молитва, особено жените, за да им помогне во животни неволји. Покрај храмовите посветени на Света Петка, честопати се наоѓаат извори за кои се верува дека водата која извира од нив е лековита и дека поттикнува исцелување.

Според народните верувања, Света Петка на верниците честопати им се јавува насон поради две причини: За да им пружи утеха и да им донесе добри вести, или пак, се јавува во вид на предупредување кога правиме некоја грешка.

Според старите обичаи, на оваа светителка на денот на празникот и се оддава почит со молитва, се пали темјан и се одбегнуваат тешки домашни работи.

Денот Света Петка не е само христијански празник, туку и крсна слава на многубројни православни верници кои сметаат дека оваа светителка е заштитничка на нивниот дом.

Молитва +++
О, велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници.
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие, ревнителке за Господовите заповеди, која се удостои да влезеш во пристаништето на вечниот спокој и во одајата на твојот жених Христос Бог да се радуваш, со двоен венец на девство и мачеништво украсена!

Те молиме, света маченичке, биди за нас молителка кон Христа Бога, од Чиј што преблажен поглед секогаш се радуваме.

Моли Го Семилостивиот, Кој со еден збор на слепородениот му ги отвори очите, да нѐ избави од болеста на нашите очи, на телесните и духовните;

растргај го со своите молитви духовниот мрак, создаден од нашите гревови, измоли од Отецот на Светлината благодатна светлина за нашите духовни и телесни очи;

просвети нѐ нас, помрачените од гревови, со светлината на Божјата благодат, та преку твоите слепи молитви да им се даде на оние кои не гледаат слатко гледање.

О, Велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници, побрзај да ни помогнеш, бидејќи сме немоќни.

Моли Го Господа, чиста девојко, моли Го Милосрдниот, света маченичке, моли Го твојот Жених, непорочна невесто Христова, та потпомогнати од твоите молитви, да го растргнеме гревовниот мрак, во светлината на вистинската вера и дела Божествени да влеземе во светлината на вечниот невечерен ден, во градот на постојана радост, во кој ти светло блескаш со слава и бескрајна веселба, славословејќи и воспевајќи го со сите небесни сили Трисветлото Единствено Божество, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.