Илија Димовски потсети на историјата: Ова е првиот програмски документ на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

ПРВИОТ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Историјата е водилка за иднината. Историјата е мапа за патот кон иднината.

Да научиме од постарите, од пра-основачите: Богдановски, Пеев, Стамковски, Попоски, Петков, Трајчески, Бојкоски, Ковачев, Илиевски.

…”Демократската партија за македонско национално единство ќе работи за измирување на сите Македонци кои до сега биле скарани на било каков начин, најмногу заради немање една вистинска национална политика.

Лозунгот на нашата партија ќе биде: ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

Партијата ќе укажува дека во името на македонското национално единство, кое денеска на нас Македонците ни е потребно како што ни е потребен насушниот леб, воздухот што го дишеме, треба да престанат сите караници меѓу Македонците.”…

Од ПОЛИТИЧКАТА ПЛАТФОРМА на Демократската Партија за Македонско Национално Единство – усвоена во Стокхолм на 23 јануари 1990 година… (објавена во Млад Борец на 07 март 1990 година, неколку месеци пред формалното основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ)…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.