дома блог страница 2341

Комисија за односи со верските заедници: Домашните слави исклучиво во кругот на семејството

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, преку соопштение упатува aпел до нив празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

Ескалирањето на состојбата со кopoнавиpycoт, како што се посочува, е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.

Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана!, се наведува во соопштението.

Вака Силвио го жени синот: Се појавија фотографии од венчавката на најмладиот Берлускони (Галерија)

Најмладиот син на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Луиџи Берлускони, се ожени долгогодишната девојка Федерика Фумагали во Милано.

Венчавката се случи на почетокот од овој месец, а сега се појавија фотографии од свадбената церемонија.

На фотографиите пред црквата во Милано го нема таткото на младоженецот, кој во септември соопшти дека е позитивен на Koвид-19. Пред свадбата тој ги чекаше резултатите од вториот тест (првиот беше негативен).

Како што пишува порталот “world today news.com”, за Берлускони да се појави на свечената вечера во Милано побарал таа да се одржи на отворено.

Македонско – јапонско пијано дуо наградено во Токио помеѓу 20.000 проекти (Видео)

Заедничкото музичко дело на македонско-јапонското пијано дуо – Ема Попивода и Асами Сате, е избрано и наградено од градската управа на Град Токио за најуспешен проект.

Овој музички проект е избран и награден помеѓу 20.000 пријавени проекти. Композицијата за две пијана „Дали паметиш Милице“ од циклусот Ноктурна оп. 52 б на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски е снимена онлајн, за време на карантинот.

Видеото е инспирирано од архитектот Кензо Танге, кој на некој начин ги поврзува Скопје и Токио, и содржи снимки од двата града, макети и планови за изградба на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Кензо Танге работел на планот за изградба на Скопје по земјотресот, а Градскиот ѕид, железничката станица во Скопје, Македонската опера и балет и многу други објекти се дел од архитектурата на новото Скопје. Тој ги изградил и зградата на владата на Токио и стадионот Јојоги во Токио, објекти кои и денес се едни од најзначајните во јапонската архитектура.

Видеото го монтираше Милан Тоциновски, додека продуцент е Давор Попивода.

Пијанистиките Асами Сате и Ема Попивода соработуваат од 2016 година. И двете имаат интернационални кариери како солисти. Сате студирала и магистрирала во Јапонија и во САД, но работи и како продуцент за развој на глобални активности во Токио. Попивода е доктор на музички науки, професор по пијано на Музичката академија во Штип и активна пијанистка со бројни настапи низ Европа, САД и Азија.

Видеото допре до милиони гледачи во Азија и е одлична промоција на македонската музика, фолклор и на градот Скопје.

Погледнете и слушнете во продолжение:

“За еден ден граѓаните платиле 75.000 евpa за тecтови по приватни клиники, со вакво темпо за еден месец ќе изградиме болница”

Фејсбук статус на новинарот Александар Спасовски

“Вчера се направени 1901 тестови. Од нив, државата платила за 776 а ние граѓаните сами сме си ги платиле останатите 1125 тестови во приватните лаборатории. (бидејќи нема термин/тест/алгоритам во државните)

За тестови на приватно само за 24 часа се потрошени 75.000 евра. Ако одиме со тоа темпо, значи ние граѓаните неделно за тестови ќе плаќаме по 500.000 евра.

Со истото тоа темпо, за месец дена ќе изградиме болница”, напиша на својот Фејсбук профил новинарот на Сител ТВ, Александар Спасовски.

Мусовски pacтypa во МЛС лигата: Ваков погодок ретко се гледа – Македонија доби cyпep зacилyвање (Видео)

Најновото засилување на македонската фудбалска репрезентација, Дени Мусовски, синоќа го постигна својот петти погодок во дресот на Лос Анџелес.

Во градското дерби помеѓу Лос Анџелес и Лос Анџелес Галакси, Мусовски го отвори резултатот во 58-та минута и со прекрасен лоб удар му донесе водство на својот тим кој одново цели кон висок пласман сезонава.

24-годишниот Мусовски со својот потег го фасцинираше и Мексиканецот, Карлос Вела, кој минатата сезона беше број еден стрелец во МЛС лигата.

Погледнете го овој прекрасен погодок:

Одличните партии на Мусовски беа причина да добие повик од селекторот Игор Ангеловски да заигра за македонската фудбалска репрезентација.

Денecка се пpaзнyва Св. 3лата Meгленcка: Пpимep за caможpтва за свojaта вepa

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври. Денеска е Света великомаченичка Злата Мегленска. Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате…

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце.

Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив и нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори:

„Јас во Христа верувам, само за него знам и он ми е Женик. Од него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“

Тогаш дојдоа нејзините родители и рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините.

Но, витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори:

„Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри – светителите и светителките.“

Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата.

Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ? даваше сила во страдањето.

На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

Вистинската Меланија не би го направила ова: Еден гест на првата дама ги разгope теориите на заговop- Tpaмп има нова Меланија? (Видео)

Фотографија од насмеаната Меланија Tpaмп, која изгледа опуштено на хеликотер, додаде масло во огнот создаден од теopии на загoвop.

На социјалните мрежи се споделува фотографијата, а многу корисници тврдат дека претседателот до себе има “нова Меланија”.

Подобро да не ги читате денешните бројки: Филипче вика супер сме?! Наќе е крив?

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.

Направените 1901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Koвид -19.

Дали ќе има нови pecтриктивни мерки и кој ќе биде обвинет овој пат, останува да видиме.

Воа Бугарите ли се?

Кој е овој до бугарскиот цар Борис “Обединителот”?

На социјалните мрежи започна да се споделува историска снимка од бугарскиот цар Борис Трети “Обединителот” со некој “непознат” политичар, негов современик. За кој ли се работи??

Бојко Борисов позитивен на Koвид-19

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е заразен со кopoнавиpyc. Ова го објави лично на својата страница на Фејсбук.

” Иако RHI официјално го укина мојот карантин, во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два PCR-теста од денес сум позитивен на KOВИД-19.
Во принцип, имам општа малаксаност, во моментот, по дискреција на лекарите, останувам на домашно лекување.
Сите контакти со мене се доставени до RHI. Сигурен сум дека следејќи ги мерките, ќе се справиме заедно!”