Подобро да не ги читате денешните бројки: Филипче вика супер сме?! Наќе е крив?

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.

Направените 1901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Koвид -19.

Дали ќе има нови pecтриктивни мерки и кој ќе биде обвинет овој пат, останува да видиме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.