-На 23.02.2026 во 02:20 часот во ОВР Прилеп, Н.С.(19) од Прилеп пријавила дека околу 01:30 часот на ул.„Марксова” во Прилеп била физички нападната од А.М. од Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Мексико, поради влошената безбедносна состојба во државата, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
-Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected], велат од МНР.
Додаваат дека континуирано ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста.
Вашиот омилен ресторан во прилепската чаршија – “РЕСТОРАН ПОРТА” мисли на сите!
Со цел да излезе во пресрет на сите нивни ценети гости, тимот на ресторанот подготви неодоливо посно мени, кое ќе им се допадне на сите оние кои деновиве до Велигден ги поминуваат во пост.
А веруваме дека најголем дел од вас ќе се согласат и дека цените се пристапни за сечиј џеб. Одлична понуда на риба, тестенини, грилован зеленчук, посни додатоци, салати и популарното македонско ТАВЧЕ ГРАВЧЕ.
Кој рече дека вистински гурман и вљубеник во македонска храна, не може убаво да се нагости и со посна храна?
Уживајте во секој ден! “РЕСТОРАН ПОРТА” ве очекува!
Рано утринава на граничниот премин Блаце беше приведен екс вицепремиерот во владата на СДС и ДУИ, Артан Груби.
Тој се гони за проневера во служба во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
По импресивните настапи во групната фаза и освоеното прво место во групата од ЕХФ Лига Европа, македонскиот вицепрвак РК Вардар 1961 сигурно чекори кон нови европски предизвици.
Во второто коло од натпреварувањето, Вардар го продолжува својот европски поход со важен дуел против силната германска екипа Мелсунген. Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари 2026 година (вторник) со почеток во 20:45 часот, во спортскиот храм на македонскиот ракомет – СЦ Јане Сандански.
За да остане во трка за позициите кои водат до осминафиналето, Вардар мора да победи.
Нè очекува тежок натпревар, исполнет со динамика, цврста игра и голема борба на теренот. Но, Вардар секогаш знае како се игра кога е најпотребно, со карактер, со страст и со срце.
Ние типуваме на победа! Во Видеолотарија Касинос Австрија веруваме во тимот, во борбениот дух и во непокорот што го носи црвено-црниот дрес. Нашата поддршка за Вардар е поддршка за спортот, за тимската сплотеност и за победничката енергија што ја обединува цела Македонија.
Кога игра Вардар – игра срцето на Македонија. Ние сме таму, рамо до рамо, до самиот крај.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.
За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.
Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.
За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.
Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.
Утрово МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце.
Артан Груби екс прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Но тоа не е единствениот криминал во Лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.
Со Одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2
Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.
Групната маска “Златна прилепска кралица” го освои ВТОРОТО МЕСТО во конкуренција на возрасни групни маски, но ги украде воздишките на сите присутни на 25. јубилејно издание на карневалот “Прочка 2026”.
Прекрасно креирани костими кои зрачеа од убавина на девојките кои ги носеа.
Од СОУ “Ѓорче Петров” се задоволни со успехот и перформансот на нивните ученици. Од таму велат дека ова за училиштето е огромна чест и доказ дека трудот, посветеноста и љубовта кон Прилеп и неговата традиција се препознаени.
-На 21.02.2026 во 19:00 часот на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Д. од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „форд ” со прилепско регистарски ознаки управувано од Г.Д. при што констатирано било дека истиот го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.68 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава за „безобѕирно управување на возило” казниво по чл.297-а од кривичен Законик, информираат од ОВР Прилеп.
Наградени маски на јубилејниот карневал “Прочка 2026”:
🏆 ГРАН ПРИ:
„Весела фарма“ – ООУ „Добре Јованоски“
👧 Детски карневал:
🥇 „Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот“ – ООУ „Кочо Рацин“

🥈 „Шах-Мат“ – ООУ „Рампо Левката“

🥉 „Јинг Јанг“ – ООУ „Кире Гаврилоски Јане“
🎭 Возрасни групни маски:
🥇 „Пепелашка на карневал“ – Зодијак
🥈 „Прилепска златна кралица“ – СОУ „Ѓорче Петров“
🥉 „Врховниот совет на смарагдите“ – Здружение за развој и едукација
🌟 Поединечни маски:
Детска: „Gothic girl“ – Мидеа
Возрасни: „Puxelstar“ – Мила Спиркоска