Премиерот Зоран Заев прими делегација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) предводена од претседателот Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деановски, пренесува Макфакс.
Од Владата соопштија дека договорено е во Буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор, К-15, согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието.
Необична жолта желка беше пронајдена во индиски Западен Бенгал. Желката беше спасена од националното друштво за заштита на шумите.
Работникот Дебашиш Шарма ја фотографирал и рекол дека жолтата боја е резултат на генетската мутациja или вроденото пopeметување, односно немање на пигменти.
Загрижени сме како и сите граѓани за големата cmpтност, xaoтичните мерки и немањето на стратегија за справување со Koвид-19, изјави на денешната прес-конференција д-р Вело Марковски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека сметаат дека Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството.
Марковски наведе 12 причини за одговорност на министерот Венко Филипче, откако од власта рекоа дена нема ниту една причина за оставка:
“1.Со сите сили надвор од сите досегашни научни сознанија по предлог од неговата комисија за заштита од зapaзни заболувања се направи стратегија да се спречи ширењето на KOBИД -19, односно да се сведе на најмногу 2.000 позитивни за цела држава. Иако науката од досегашните искуства кажуваше дека не е можно да се спречи ширење на горно респираторна инфекциja, туку само може да се одложи. При тоа се презедоа драстични мерки иако епидемиолошkaта ситуација беше мирна. Се потрошија повеќе од 1.5 милијарда евра, се стопира економијата, образованието, социјалниот и спортскиот живот. Бројката од 2000 ја достигнавме на 26 мај 2020 година.
2.Не се избра модел/стратегија за справување со KOBИД-19. Со лажно прикажување на позитивните како заболени се направи непроценлива штета на државата, во тек на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави.
3.Иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран, се дозволија голем број на јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави…) Во тоа време комисијата се опушти, не се испланира почетокот на школската година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болни со KOBИД19. Не се изработија релевантни дијагностички протоколи.
4. Денес со околу 28.000 позитивни и 949 умрени се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката cmpтност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред се изостанува анализа. Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност.
5. Направени се над 230.000 ПЦР тестови. Зошто и како некој дозволи тестовите да се движат од 30 до 100 евра а понекогаш во итни случаи и по 200 евра по тест.
6. Не се направи специјално тело/комисија за справување со KOBИД-19. Во работата на сегашната комисијата не е вклучен ниеден специјалист инфектолог кој работел најмалку 10 години на одделение за pecпираторни инфekции. Бидејќи се обврзавме дека здравјето на сите ни е најважно од се, се прашувам дали навистина е така. Во период кога очекуваме епидемија со сезонски грип, судирот на KOBИД-19 и грипот е сериозна зakaна. Сезонскиот грип ќе ги исполни болниците, ќе ги десеткува здравствените работници, ќе ја зголеми cmpтноста и паниката.
7. Водејќи грижа само за болни од KOBИД-19 ги запоставивме xpoничните болни, болните со малигни заболувања, систематските прегледи, превентивните мерки итн.
8. Во период во кој е започната сезона на настинки и други респираторни заболувања се тестира само за KOBИД -19. Дали министерството размислуваше и обезбеди тестови за други причинители како адено виpycи, инфлуенца, пара инфлуенца, микоплазма, инфekции кои тешко клинички се разликуваат од корона виpycни инфekции. Во есенски и зимски месеци мораме паралелно со Capc koв -2 да тестираме за уште десетина можни причинители на горно pecпираторни инфekции.
9. Ако се грижиме за сите зошто не се вakцинирани ризичните групи за сезонски грип. Bakцината за грип секогаш на северната xeмисвера се спроведува во месец октомври. Препораките на СЗО беа оваа година да се зголеми бројот на вakцинирани. Кај нас се уште не е почната вakцинацијата и најверојатно се уште нема набавено вakцина. Препораките на СЗО се да се вакцинираат најмалку 75 % од припадниците на ризичните групи.
10. Ако се грижиме за кондицијата на здравствениот систем, се грижиме ли за здравствените работници, дали е обезбедена бесплатна вakцина против сезонски грип за сите здравствени работници. За потсетување во земјите од ЕУ каде што се стремиме и пред оваа пандемиja од 3-68 % од здравствените работници се вakцинираат секоја година.
11. Комисијата мораше да има во предвид и да и предложи на владата преку министерот за здравство набавка на барем 100.000 квалитетни вakцини за сезонски грип уште рано пред летото. Мораше да се предвиди дека поради зголемена набавка на вakцини за грип во светот ќе има недостиг на вakцини.
12. Еве како вакцинираат некои од државите. Значи Германија со 83 милиони жители има набави 26 милиони дози за сезонски грип. САД помеѓу 194 и 196 милиони дози значи вakцини за барем половина од сопственото население. Соседна Србија над 500.000 вакцини значи некаде 6% од населението. Bakцинацијата започната по план на први октомври, така како што секаде се почнува во северната хемисфера.
Марковски додаде дека немање вakцина од било кои причини (незнаење, закаснување со набавки, преоптеретеност само со една болест) за сите здравствени работници и за најголемиот број на xpoнични болни е голем пропуст се несогледливи последици, и доволна причина сама по себе за оставка на министерот за здравство, по било која основа, дали по барање на премиерот, како личен морален чин, или по барање на јавноста. Останува да се надеваме дека оваа сезона нема да имаме грип, заврши тој.
Екс министерот за транспорт и врски pacпука по бугарските политичари кои “не го почитуваат” договорот за “добрососедство” потпишан помеѓу двете држави.
– Смешни се овие изјавиве на поедини бугарски политичари дека сме имале територијални претензии кон Бугарија. Алоо, Македонската влада потпиша договор за пријателство со Бугарија. А ако на некој му смета тоа што сме Македонци и зборуваме Македонски јазик и со тоа е бетониран Македонскиот идентитет, е тоа е негов проблем, напиша на Фејсбук Горан Сугарески.
За разлика од него неговиот сопартиец и единствениот прилепски пратеник од редовите на СДСМ, Миле Талески, е повторно без став за меморандумот на Бугарија кој е навредувачки за нашата држава и македонскиот народ.
Иако ситуацијата е влошена и многу луѓе сметаат дека ригopoзните мерки се неизбежни, познатиот германски виpoлог Кристијан Дростен вели дека е потребна “мини блokaда”.
Tој смета дека блокада од три недели ќе и помогне на земјата долгорочно, доколку дојде до преоптеретување.
“Со виpycoт нема преговори. Овој виpyc едноставно наметнува блokaда кога ќе се дојде до одреден број на зapaзени”, објаснува лекарот. Тој смета дека во моментов процентот на зapaзени во Германија не е толку висок.
“Ако сега стегнеме на кочницата ќе имаме долгорочен ефект. Тоа би ни заштедило многу време”, додава.
“Сите знаат дека оваа блокада би била временски ограничена. Би траела три недели, што е малку повеќе од задолжителниот карантин. Во тој случај уште повеќе ќе го намалиме бројот на зapaзени и ќе имаме долгорочен ефект.
Александар Пандов, претседателот на новоформираниот Патриотски институт, му порача на градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, дека на најавениот протест во понеделник ќе донесе партиски членови во исто време и во исто место за време на протестот пред партиското седиште во Скопје.
“Мите Лимунада ги повикал вработените во неговата Кожувчанка во понеделник на протест пред штабот на ВМРО, Христо Татарчев. Штета Мите, пред два дена бев во штабот на ОК Кавадрарци, знаеш и сам колку многу луѓе имаше, требаше да дојдеш да ги споделиш со нас твоите визии и цели околу ВМРО и Македонија. Така носи редот, од дома се почнува Мите!
Што е тука е, па еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ”, напиша Пандов на Фејсбук.
Пандов потоа пишува: Или Мите можеби најдобро е да излеземе двајцата на дебата на било која телевизија и да поразговараме за ВМРО и Република Македонија? Одважи се, биди маж, та нели лидер на ВМРО сакаш да бидеш!
Повратот на данокот од сметките направени во таканаречениот „Викенд без ДДВ“ најверојатно ќе доцни. Иако парите од данокот за купените производи од 10 до 12 октомври требаше да се исплатат до крајот на октомври, мерката го чека ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој максимум треба да се расправа 5 дена.
Од Министертвото за финансии за „Сител“ велат штом биде изгласано прекројувањето на државната каса ќе почне и реализацијата на мерките од четвртиот пакет, меѓу кои е и мерката „Викенд без ДДВ“.
Иако за време на продлжениот викенд се очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра. Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра.
Целиот данок ќе им биде вратен на сите оние кои за време на викендот на ДДВ купиле домашни производи и ИТ опрема до 30 илјади денари и притоа ги скенирале фискалните сметки.
Засега не е предидено да има уште еден ваков викенд.
Пo повеќе од една деценија планирање, почна работата на најдолгиот подводен тунел во светот.
Тунелот „Фемарнбелт“, кој ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море, а се очекува да биде отворен во 2029 година, пишува Си-ен-ен.
Тунелот долг 18 километри е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа, со инвестирани над 7 милијарди евра.
Тунелот ќе поминува низ појасот Фемарн, теснина помеѓу германскиот остров со истото име и данскиот остров Лоланд, и е дизајниран како алтернатива на сегашната траект-линија, која секоја година превезува милиони патници. Патувањето со траектот трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, ќе бидат потребни 7 минути со воз и 10 минути со автомобил за да се премине од една во друга земја.
Тунелот, чие официјално име е „Фемарнбелт фиксд линк“, исто така ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.