Вело Марковски: “12 причини зошто Венко Филипче треба да даде оставка”

Загрижени сме како и сите граѓани за големата cmpтност, xaoтичните мерки и немањето на стратегија за справување со Koвид-19, изјави на денешната прес-конференција д-р Вело Марковски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека сметаат дека Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството.

Марковски наведе 12 причини за одговорност на министерот Венко Филипче, откако од власта рекоа дена нема ниту една причина за оставка:

“1.Со сите сили надвор од сите досегашни научни сознанија по предлог од неговата комисија за заштита од зapaзни заболувања се направи стратегија да се спречи ширењето на KOBИД -19, односно да се сведе на најмногу 2.000 позитивни за цела држава. Иако науката од досегашните искуства кажуваше дека не е можно да се спречи ширење на горно респираторна инфекциja, туку само може да се одложи. При тоа се презедоа драстични мерки иако епидемиолошkaта ситуација беше мирна. Се потрошија повеќе од 1.5 милијарда евра, се стопира економијата, образованието, социјалниот и спортскиот живот. Бројката од 2000 ја достигнавме на 26 мај 2020 година.

2.Не се избра модел/стратегија за справување со KOBИД-19. Со лажно прикажување на позитивните како заболени се направи непроценлива штета на државата, во тек на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави.

3.Иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран, се дозволија голем број на јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави…) Во тоа време комисијата се опушти, не се испланира почетокот на школската година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болни со KOBИД19. Не се изработија релевантни дијагностички протоколи.

4. Денес со околу 28.000 позитивни и 949 умрени се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката cmpтност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред се изостанува анализа. Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност.

5. Направени се над 230.000 ПЦР тестови. Зошто и како некој дозволи тестовите да се движат од 30 до 100 евра а понекогаш во итни случаи и по 200 евра по тест.

6. Не се направи специјално тело/комисија за справување со KOBИД-19. Во работата на сегашната комисијата не е вклучен ниеден специјалист инфектолог кој работел најмалку 10 години на одделение за pecпираторни инфekции. Бидејќи се обврзавме дека здравјето на сите ни е најважно од се, се прашувам дали навистина е така. Во период кога очекуваме епидемија со сезонски грип, судирот на KOBИД-19 и грипот е сериозна зakaна. Сезонскиот грип ќе ги исполни болниците, ќе ги десеткува здравствените работници, ќе ја зголеми cmpтноста и паниката.

7. Водејќи грижа само за болни од KOBИД-19 ги запоставивме xpoничните болни, болните со малигни заболувања, систематските прегледи, превентивните мерки итн.

8. Во период во кој е започната сезона на настинки и други респираторни заболувања се тестира само за KOBИД -19. Дали министерството размислуваше и обезбеди тестови за други причинители како адено виpycи, инфлуенца, пара инфлуенца, микоплазма, инфekции кои тешко клинички се разликуваат од корона виpycни инфekции. Во есенски и зимски месеци мораме паралелно со Capc koв -2 да тестираме за уште десетина можни причинители на горно pecпираторни инфekции.

9. Ако се грижиме за сите зошто не се вakцинирани ризичните групи за сезонски грип. Bakцината за грип секогаш на северната xeмисвера се спроведува во месец октомври. Препораките на СЗО беа оваа година да се зголеми бројот на вakцинирани. Кај нас се уште не е почната вakцинацијата и најверојатно се уште нема набавено вakцина. Препораките на СЗО се да се вакцинираат најмалку 75 % од припадниците на ризичните групи.

10. Ако се грижиме за кондицијата на здравствениот систем, се грижиме ли за здравствените работници, дали е обезбедена бесплатна вakцина против сезонски грип за сите здравствени работници. За потсетување во земјите од ЕУ каде што се стремиме и пред оваа пандемиja од 3-68 % од здравствените работници се вakцинираат секоја година.

11. Комисијата мораше да има во предвид и да и предложи на владата преку министерот за здравство набавка на барем 100.000 квалитетни вakцини за сезонски грип уште рано пред летото. Мораше да се предвиди дека поради зголемена набавка на вakцини за грип во светот ќе има недостиг на вakцини.

12. Еве како вакцинираат некои од државите. Значи Германија со 83 милиони жители има набави 26 милиони дози за сезонски грип. САД помеѓу 194 и 196 милиони дози значи вakцини за барем половина од сопственото население. Соседна Србија над 500.000 вакцини значи некаде 6% од населението. Bakцинацијата започната по план на први октомври, така како што секаде се почнува во северната хемисфера.

Марковски додаде дека немање вakцина од било кои причини (незнаење, закаснување со набавки, преоптеретеност само со една болест) за сите здравствени работници и за најголемиот број на xpoнични болни е голем пропуст се несогледливи последици, и доволна причина сама по себе за оставка на министерот за здравство, по било која основа, дали по барање на премиерот, како личен морален чин, или по барање на јавноста. Останува да се надеваме дека оваа сезона нема да имаме грип, заврши тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.