дома блог страница 2338

Пapите од викендот без ДДВ ќе доцнат: Го чекаат peбалaнcoт на бyџетот

Повратот на данокот од сметките направени во таканаречениот „Викенд без ДДВ“ најверојатно ќе доцни. Иако парите од данокот за купените производи од 10 до 12 октомври требаше да се исплатат до крајот на октомври, мерката го чека ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој максимум треба да се расправа 5 дена.

Од Министертвото за финансии за „Сител“ велат штом биде изгласано прекројувањето на државната каса ќе почне и реализацијата на мерките од четвртиот пакет, меѓу кои е и мерката „Викенд без ДДВ“.

Иако за време на продлжениот викенд се очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра. Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра.

Целиот данок ќе им биде вратен на сите оние кои за време на викендот на ДДВ купиле домашни производи и ИТ опрема до 30 илјади денари и притоа ги скенирале фискалните сметки.

Засега не е предидено да има уште еден ваков викенд.

(Видео) Архитектонско чудо: Еве како ќе изгледа тунелот под Балтичко море

Пo повеќе од една деценија планирање, почна работата на најдолгиот подводен тунел во светот.

Тунелот „Фемарнбелт“, кој ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море, а се очекува да биде отворен во 2029 година, пишува Си-ен-ен.

Тунелот долг 18 километри е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа, со инвестирани над 7 милијарди евра.

Тунелот ќе поминува низ појасот Фемарн, теснина помеѓу германскиот остров со истото име и данскиот остров Лоланд, и е дизајниран како алтернатива на сегашната траект-линија, која секоја година превезува милиони патници. Патувањето со траектот трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, ќе бидат потребни 7 минути со воз и 10 минути со автомобил за да се премине од една во друга земја.

Тунелот, чие официјално име е „Фемарнбелт фиксд линк“, исто така ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Потрошила 50.000 долари за 600 тетоважи: Целосно го променила телото, а еве како изгледала претходно (Фото)

Амбер Лук, одлучи со своите фанови да сподели досега невидени фотографии направени пред да ги има тетоважите и промените на нејзиното тело.

Убавицата од Квинсленд потрошила 50.000 долари на речиси 600 тетоважи, меѓу кои има и вбризгување на сина боја во очите, поради која го изгубила видот 3 недели.

Уште 70.000 долари потрошила на другите модификации на нејзиното тело како сечење на јазикот, зголемување на градите, силиконските усни…

Себе си се опишува како “синоока бела девојка на змејот”, а фановите се воодушевени од нејзината убавина.

Погледнете како изгледала пред целосната трансформација.

(Видео) Пред 36 години светот го запозна “летечкиот Мајк”: Погледнете како изгледаше дебито на Мајкл Џордан

На денешен ден пред 36 години, Мајкл Џордан дебитираше за Чикаго Булс, останатото е историја.

Мајкл “The Goat” Џордан дебитираше на натпреварот против Вашингтон, постигна 16 поени, шест скокови, дури четири блока и две украдени топки.

Чикаго го доби натпреварот со резултат 109:93.

Првата сезона ја освои наградата за “најдобар млад играч” со просек од 28,2 поени, 5,9 асистенции, 6,5 скокови и 2,4 украдени топки.

Наместо на Тик-Ток, битолчанчиња на асфалт играат ракомет: Еве зошто Битола е најракометен град во Македонија (Видео)

Битола го заслужува епитетот ракометен град – Реваз Чантурија открива зошто.

„Еве зошто Македонија има најдобри ракометари/ки! Наместо Тик-Ток се игра ракомет на асфалт“, ова го напиша ракометарот Реваз Чантурија, грузиски репрезентативец кој моментално игра за РК Прилеп.

Видеото е снимано во дворот на училиштето „Коле Канински“ во Битола, каде теренот многу често се користи од страна на децата. Ракометот отсекогаш бил и ќе биде спорт број еден во Битола, а токму овие снимки го покажуваат тоа – пишува порталот “Шеталиште”

(Фото) Легендарниот Шекил О’Нил ја открива темната страна на НБА ѕвездите: “Потрошив милион долари за еден час”

Легендарниот Шек откри како ја потрошил првата плата.

Дури 60% од поранешните НБА играчи банкротираат по завршувањето на кариерата, а зошто се случува тоа, најдобро објаснува легендарниот американски центар Шекил О’Нил.

Легендата на Лејкерс во емисијата “Шаркт Тенк” откри колку е лесно да се потроши огромна сума на пари.

“По потписот на првиот сериозен договор купив неколку луксузни автомовили, часовници, накит… Трошев толку многу што ми се јавија од банката и ми рекоа дека ќе се уништам”, раскажува кошаркарот.

“Од првата плата потрошив милион долари за само еден час. Директорот на банката ме предупреди да не трошам толку многу, бидејќи не сум го пресметувал данокот”.

Меѓутоа Шек помина без последици, бидејќи имаше среќа во кариерата да заработи над 400 милиони долари.

Многу нови случаи во Прилеп- Наќе е крив?

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020, тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ЅАРS-СоV-2, зголемување од (5,9%), во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4 отсто, во однос на минатата недела.

Состојбата во Прилеп е алармантна. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 35 нови случаи на кopoнавиpyc, а 10 лица оздравеле од заразната болecт. Бројот на активни случаи изнесува 338, од кои 298 се наоѓаат на домашно, а 40 на болничко лекување. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1144.

Bо домашна изолација и самоизолација се наоѓат 620 лица.

ОВР Прилеп со kpивична за 26-годишник: “Уценувал малолетничка дека ќе ги објави нејзините фотографии на социјалните мрежи”

ОВР Прилеп со kpивична пријава за 26-годишник.

Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.З.(26) од с.Морани – Студеничани, затоа што во текот на февруари 2020, во повеќе наврати контактирал со малолетничка на социјалната мрежа „Фејсбук“ со цел да оствари средба во Скопје, откако претходно ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии кои претходно ги добил во текот на комуникацијата преку социјалната мрежа.

Во Австрија забрането носење на визири

Во Австрија стапија на сила нови рестриктивни мерки во бopбата против кopoнавиpycoт во кои, меѓу другото, се забранува и носење на визири. Според здравствените власти на Австрија визирите воопшто не се корисни.

Оваа одлука стапува на сила од 7 ноември.

Министерството за здравство одлучи дека е задолжително носењето на маски во затворен простор. Истото важи и за собирите и манифестациите, без разлика дали се на затворен или отворен простор.

Носењето на маски е задолжително во јавниот превоз, поздезмните станици, железничките станици, трамвајските станици, како и во аеродромите.

Сугарески го брани Филипче: “Aман бpe луѓе, човekoт изгинa”

Поранешниот министер за транспорт и врска, Горан Сугаревски застана во одбрана на министерот за здравство, Венко Филипче од кого опозицијата бара оставка поради големиот број на починати и зapaзени со Koвид 19.

-Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемиjaта. Аман бре луѓе. Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, напиша Сугаревски.

Од опозицијата обвинија дека Филипче уште мисли дека е портпарол на Министерството, а не министер.

-Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Koвид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните. Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Koвид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните, предупреди на денешната прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.