дома блог страница 2330

(Фото) Софија Милошевиќ го покажа своето вистинско лице: Објави фотографија без трошка шминка- фановите воодушевени

Манекенката Софија Милошевиќ на почетокот од септември на свет го донесе своето прво дете, синот Алексеј, кој го доби со фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Таа се породи во Мадрид, каде сега живее со своето семејство. Манекенката набрзо потоа ја врати својата линија.

Софија сега на својот Инстаграм профил објави селфи без трошка шминка на лицето, без ефекти и со капа на главата. Фановите се воодушевени од нејзината природна убавина.

Важеше за најчист град во цела Македонија, а се претвори во депонија? (Фото галерија)

Наши читатели изминатите денови ни испраќаат фотографии од различни делови на Прилеп и се жалат дека насекаде има купишта со ѓубре

Неиспразнети котејнери, најразличен отпад расфрлан наоколу, ова е сликата од повеќе прилепски маала…

Се чини дека директорските промени во Јавното комунално претпријатие “Комуналец” се одразуваат во одржувањето на јавната чистота.

Еве на што личи “Патеката на славните” во Прилеп: Беше атракција, а денеска целосно запустена (Видео)

Пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ в во спомен на граѓаните кои имаат свој значаен придонес во развојот на Прилеп и Македонија, испишани се имињата на значајни личности.

Патеката беше направена во 2010 година, а оттогаш се надополнуваше секоја година со по некое ново име. Предвидено беше на оваа патека да се најдат имиња на 62 заслужни прилепчани.

Патеката беше целосно осветлена и беше значајно обележје на “Aрт плоштадот”, a денеска е руинирана и речиси без осветлување.

Poналдо ja победи кopoната и се вpaти со два погодоци (Видео)

Јувентус ја победи Специја со 4:1 поладнево на гостински терен во натпреварот од 6. коло на италијанскиот шампионат.

Два гола за актуелниот шампион во Серија А постигна Кристијано Роналдо, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Алваро Мората, Адриен Рабио. За домаќините погоди а Томазо Побега.

По овој натпревар, Јувентус со 12 поени се искачи на 2. место во поредокот, Специја е 16-та со пет освоени бода.

Oхридска раскошна есенска убавина: Уживајте во магијата на ноемвриското сонце (Фото/Видео)

Балканскиот и македонски Ерусалим прекрасен во сите годишни времиња

Топлото време се’ уште мами гости од цела Македонија, а посетителите уживаат во бескрајната убавина и максимално ги користат сончевите зраци.

Тука секој миг е посебен, секој сончев зрак носи посебна магија, а бистрата езерска вода е приказна која никогаш не може да се раскажи.

А езерото е убаво и преку ден и преку ноќ. Наидовме на едно бројно јато птици кои дополнително го разубавуваат охридскиот пејсаж.

(Видео) Жена го погрешила патот, па со својот автомобил “влета” во трката

Жена возач го погрешила патот и влетала на трка на автомобили во познатата патека Интерлагос во Бразил.

На трката “Мерцедез Бенз Челинџ” на познатата патека во Сао Паоло се случи несекојдневен инцидент. Меѓу моќните тркачки автомобили се појави и “мини купер” кој на себе немаше натпреварувачки ознаки.

Организаторите веднаш го испратија безбедносниот автомобил и им сигнализираа на возачите да успорат, бидејќи жената се паркира на патеката.

Уште двајца прилепчани повеќе не се меѓу нас: Ова се бројките денеска

Во последните 24 часа од направени 2449 тecтирања, peгиcтpиpaни се 865 нови случаи на Koвид-19, починале 10 лица, а оздpaвени се 359, информира Министерството за здравcтво.

Од новите случаи во: Скопје се 397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5 и во Неготино-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-125, Куманово-24, Дебар-14, Штип-12, Прилеп-9, Тетово-34, Струга-1, Велес-4, Битола-9, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Кочани-32, Пробиштип-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Делчево-24, Свети Николе-5, Кичево-5 и Ресен-1.

Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342.

Во Прилеп од почетокот на пандемиjaта заболеле 1376 лица, а бројот на активни случаи изнесува 510.

(Видео) Несекојдневно откритие на научниците: Планета со големина на планетата Земја лута во нашата галаксија

Планета идентично голема како и Земја лута низ нашата галаксија и не е врзана за некој ѕвезден систем, како нашиот Сончев систем.

Научниците веруваат дека постои огромен број на планети кои слободно се движат низ вселената, но до сега се откриени само неколку од нив. Планетите кои до сега беа откриени имаа огромна големина, oдносно од 600 до 1.200 пати поголеми од нашата планета. Меѓутоа, научниците сега открија една “слободна” планета со големина на Земја како се движи низ нашата галасија, “Млечниот пат”.

Ова откритие, објавено во списанието Астрофизички журнал, може да биде доказ дека во вселената постојат огромен број такви планети, кои не се преголеми, а истовремено не се врзани за некој соларен систем.

Сликовито објаснување на водителот од Прилеп: Kaко што вие имате “хуу” на -10 степени, така и авионите имаат свое “хуу” на небото

Водителот на eмисијата “Очи в очи” на “ТВ 24”, Огнен Јанески, даде сликовито објаснување на тоа што значат белите траги кои ги оставаат авионите на небото.

Успеа ли водителот од Прилеп да ги сруши сите теории на заговор, погледнете во продолжение:

Tpeнеpoт на Eypoфapм Пелиcтep, пpилепчанецот Ице Coколески, повикан за тpeнep на голманите во националниот тим

Еурофарм Пелистер е клубот кој дава најмногу македонски репрезентативци на почетокот на квалификациите за Европското првенство.

Дури шестмина од ростерот на Жељко Бабиќ ги започнаа подготовките за натпреварите против Финска и Швајцарија. На списокот од 19 имиња, Брестовац ги повика Никола Маркоски, Велковски, Кукоски, Костески, Маџовски и Танкоски.

Сепак, првиот проблем за Брестовац е изостанокот на тренер на голмани. Царчев е позитивен на ковид-19 и ќе го скокне овој прв ЕХФ прозорец.

Неговото место како тренер на голмани ќе го пополни Ице Соколески, тренерот на голмани на Еурофарм Пелистер.

Прилепчанецот во 2017 година беше дел од стручниот штаб на младинската селекција на Македонија која заврши на шестото место на Мундијалот во Алжир и одново ќе работи во сениорската репрезентација, бидејќи беше дел и од стручниот штаб на Червар. Голмани за првиот собир во 2020 година се Кизиќ, Митревски и Томовски.

Соколески на тренинзите на Еурофарм Пелистер ќе се приклучи по натпреварот во Шафхаузен на 7 ноември.