(Видео) Жена го погрешила патот, па со својот автомобил “влета” во трката

Жена возач го погрешила патот и влетала на трка на автомобили во познатата патека Интерлагос во Бразил.

На трката “Мерцедез Бенз Челинџ” на познатата патека во Сао Паоло се случи несекојдневен инцидент. Меѓу моќните тркачки автомобили се појави и “мини купер” кој на себе немаше натпреварувачки ознаки.

Организаторите веднаш го испратија безбедносниот автомобил и им сигнализираа на возачите да успорат, бидејќи жената се паркира на патеката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.