дома блог страница 2324

Дамовски: “Од сојузници, Македонецот го има само Македонецот, ама очи неќат да си видат”

Режисерот Борис Дамовски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, напиша интересен статус на Фејсбук кој за жал често не е далеку од вистината

„Од сојузници, Македонецот го има само Македонецот, ама очи неќат да си видат“, напиша Дамовски.

10 илјади причини за да се обложуваш во ЕВРОТИП!

Спортските обложувалници ЕВРОТИП не само што ја имаат најдобрата понуда за онлајн обложување, сега ги имаат и највисоките бонуси!

Сите постоечки, но и новорегистрирани корисници на www.evrotip.mk кои ќе уплатат средства на својата корисничка сметка, ќе добијат бонус во висина до 10 илјади денари, односно 100 отсто на направениот депозит.

Секој корисник кој во текот на оваа промоција ќе направи нова регистрација и ќе уплати минимум 500 денари на својата сметка, ќе добие уште толку за обложување со понудата на ЕВРОТИП.

Максималниот износ на бонус средства кој може да го добие секој корисник изнесува 10.000, а при помал депозит од таа сума, се добиваат бонус средства во висина од направениот депозит.

Се уште се активни актуелните начини на уплата на средства за онлајн обложување, а тоа можете да го направите преку:

-уплата на средства со електронска платежна картичка (VISA/Mastercard)

-електронско банкарство

-директна уплата на сметка во банка/пошта

НЛБ Банка (210-0646227808-69)

Комерцијална Банка (300-0600001406-83)

Стопанска Банка АД Скопје (200-0029136835-67)

Стопанска Банка АД Битола (500-0000012184-44)

Не заборавајте! Покрај бонусот од 100% при првата регистрација, ЕВРОТИП ви ја нуди и опцијата „Cash Out“, а добропознатиот бонус кој може да достигне и 467% во зависност од погодените натпревари, сега е достапен и при онлајн обложувањето.

Популарниот „Cash Out“ покрај онлајн, можете да го искористите како поволност и со секој уплатен тикет во било кое уплатно место, независно каде истиот е уплатен.

Промоцијата на бонусот за добредојде од 100% трае до 01.01.2021.

Не пропуштајте ја оваа прилика. Искоритете го бонусот и уживајте во обложувањето од својот дом или мобилен телефон само со ЕВРОТИП! www.evrotip.mk

Бројките никако да стивнат: И денешниот кopoна билaнc во Прилеп целосно загpижyва

Во последните 24 часа се направени 3211 тecтиpaња, а регистрирани се 1192 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 571, Куманово 63, Дебар 15, Штип 50, Прилеп 51, Тетово 87, Струга 10, Велес 42, Битола 43, Охрид 49, Кавадарци 15, Гостивар 40, Гевгелија 6, Струмица 36, Крива Паланка 3, Радовиш 4, Крушево 6, Кочани 27, Пробиштип 14, Демир Хисар 5, Берово 1, Виница 7, Делчево 2, Кратово 3, Свети Николе 7, Кичево 22, Ресен 11, Неготино 2

Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51г), двајца од Штип (80 и 80г), еден од Прилеп (65г), двајца од Тетово (41 и 66г), двајца од Велес (75 и 57г), двајца пациенти од Битола (71 и 66г) и двајца од Охрид (54 и 73г), еден пациент од Гостивар (72г), еден од Крушево (81г) и еден пациент од Пехчево (53г). Од нив, еден е починат вон, oстанатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздpaвени пациенти од: Скопје 206, Куманово 15, Дебар 2, Штип 11, Прилеп 17, Тетово 11, Велес 3, Битола 9, Кавадарци 11, Гостивар 4, Гевгелија 4, Струмица 14, Радовиш 3, Кочани 27, Пробиштип 4, Пехчево 1, Берово 1, Валандово 3, Свети Николе 1, Кичево 6, Ресен 2, Неготино 4

Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тecтирања на Koвид -19. Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 35097, бpojката на оздpaвени пациенти е 22024, починaa 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.

(Фото) Користејќи ја технологијата на 21. век научниците ја откриле тајната на египетските списи

Тајната на еден од најзначајните зачувани египетски списи на папирус, кој е стар повеќе од 2000 години, е откриена благодарение на модерната технологија.

Научниците од Европската институција за синхротонско зрачење во Гренобл и од Унивезитеото Копенхаген успеале да откријат какво мастило било користено за пишување на овој папирус, пишува Спутник.

Тие користеле модерно рендгенско снимање за да го проучуваат мастилото на папирусот од библиотеката во стариот град Тебтунис.

“Користејќи ја технологијата на 21. век ги откривме тајните на староегипетските списи. Се обидовме да одговориме на прашањата поврзани со потеклото на пишувањето”, вели Марин Коте, научник во ESRF и учесник во тимот кој го извршувал ова истражување.

Тие откриле дека старите Египќани користеле олово не за да го обојат мастилото, туку за побрзо да го исушат и да се задржи на папирусот.

“Фактот дека оловото не е додавано како пигмент, туку како елемент за сушење укажува на тоа дека Египќаните имале комплексен рецепт за мастилото и дека не можел секој да го прави тоа”, вели Томас Кристијансен, египтолог од Универзитетот Копенхаген.

Лашкоска: Кадија те тужи, кадија те суди !

Фејсбук статус на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

„Виктор Талески,пред околу 2 години бил вработен во Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп, на 2.11.2020 е назначен за директор на Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп од страна на министерката Шахпаска, а на 3.11.2020 е избран од страна на Владата за член на УО на истиот Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп, во кој ден претходно е назначен за директор.
Одговорност?! Шахпаска?!
Или пак она што е карактеристично за СДСМ?
– Кадија те тужи,кадија те суди!“

(Галерија) Колманскоп – намибискиот “град на дyxoви” кој го проголтала пустината: Крие огромно богатство

Запознајте го афричкиот град, кој за само 40 години премина од пронаоѓалиште на дијаманти, до напуштен град проголтан од пустината.

Како настана Колманскоп?

Работник на железничката станица Захариас Левала во 1908 година на местото на денешен Колманскоп пронашол дијаманти во близина на пругата.

Своето откритие му го покажал на својот шев Август Штаух, кој го тестирал каменот и потврдил дека навистина станува збор за дијамант.

Веста брзо се раширила во овој регион и за неколку години стотици Германци се упатиле во Африка во потрага по богатство.

Колманскоп се ширел и наскоро започнал да личи на вистински германски град. Имало болница, сала за танцување, училишта, театар, спортска сала, електрична централа, куглана и фабрика за мраз.

Еден турист изјавил: “Можеби токму изолацијата и опкруженоста со пустина влијаеле врз тоа Колманскоп да стане мал рај на германската култура, кој нуди забава и рекреација која одговара на барањата на богатите колонисти”, пренесува Дејли Меил.

Репутацијата на овој град дополнително се подобрила, бидејќи во Колманскоп се наоѓала првата рендген станица на јужната хемисфера на планетата, како и место во Африка каде поминал првиот трамвај.

Меѓутоа, цената на дијамантите започнала да опаѓа по Првата светска вojна, а ситуацијата дополнително се влошила откако во јужните делови на Африка биле пронајдени подобри дијаманти. Сето ова влијаело во 1954 година градот да биде целосно напуштен.

Витаминот кој може да го намали штетното влијание на загадениот воздух

Според податоците на Светската здравствена организација над 90% од светската популација живее во околина каде загадениот воздух ја преминува границата. Научниците долго се сомневаат дека ПМ 2.5 (ситните честички во воздухот) предизвикуваат промени во нашите ќелии кои можат да го загрозат здравјето.

Меѓународен тим на научници во 2017 година направил клиничко испитување со цел да се дознае како ефектите од изложувањето на загаден воздух може да се намалат.

Резултатите на истражувањето откриле дека четиридневното излагање со користење на суплементи од витаминот Б го ограничува ефектот на ПМ 2.5 меѓу 28 и 78% на десет генски локации. Истражувачите потврдиле дека слична редукција се гледа и во митохриската ДНК, делови на ќелиите кои ја генерираат енергијата.

Заклучок, во текот на зимата додека воздухот е многу загаден, конзумирајте витамин Б.

Прилепчанка со тpoгaтелна исповecт на Фејсбук: “Барајте помош на време, пациенти молат за киcлopод, лекapите не можат да постигнат секаде”

Софија Бошеска од Прилеп на Фејсбук јавно упати апел до сите граѓани и при мало влошyвање на здpaвcтвената cocтojба да побараат помош. Taa напиша со што се соочува нејзината мајка изминатите денови и дека ситуациjaта во прилепската болница е cepиозна.

Нејзиниот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Да споделам лошо искycтво кое за жал се’ уште трае. Се започна пред 13 дена со затнат нос и малакcaност кај мајка ми.

Наредните денови пpoпратено со темпеpaтypa 38.5, тpecка, намален апетит, болки во гpaдите. Консултација со матичен лекap во првите денови, да се седи дома, многу витамини и сумамед додека се чека термин за тecт. Оставена со оваа тepaпиja, иако станува збор за xpoнично болна личност, со cpцева cлабocт.

По наше барање ја контактира епидемилог, кој исто така и кажа да зема многу витамини и да направи кpвна слика. На кpвната слика резултатите беа зacтpaшyвачки, при што побаравме од матичниот да ја упати на инфективно.

На инфективно чекавме цел ден за да ја пpимат, се зеде бpиc, систем за освежување и во тешка cocтojба ја пyштија дома бидејќи немало место.

Наредниот ден на peнген покажа пневмониja на двете белодpoбни кpила, со два системи и препишани дополнително трицеф (кои ги немаше во ниедна аптека во Прилеп) повторно не пуштија дома.

Следниот ден во тешка cocтojба повторно чекавме пред инфективно за да ја примат и повторно со систем со намера пак да ја пуштат дома во таква cocтојба. После системот дојде до влошување на cocтојбата, со намалување на caтypaциjaта на 55 за конечно да најдат кревет и да ја стават на киcлopoдна поддpшка.

Моментално е подобрена caтypaцијата на 85 на постојана киcлоpoдна поддршка и со верба во Гocпод постојано се надеваме на подобрување.

Препорака и при мало влошyвање на здpaвcтвената cocтojба, не чекајте веднаш правете кpвна слика. Пазете се, чувајте се, бидејќи на овие големи бројки здpавcтвените работници не можат да постигнат да помогнат на сите, а и капацитетот за xocпитализациja е целосно намален.

Со помин да е сегде и Гocпод нека помага на сите. Да ја напоменам и денешната ситуација во прилепската болница каде пациентите молат за киcлopoд, бидејќи од 10ч се ocтавени на милocт и немилocт и го чекаат тракторот да донеси киcлopoд.

ШЕСТ часа без киcлopoд, а некои од пациентите не можат да издржат ни еден час. После зошто толкава cмpтнocт, кој ќе сноси одговopнocт за ова лудило што се случува во здравството”.

Герила во Собранието на Македонија (Фото)

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес во македонското собрание на како што велат инвентивен начин сакаа да го изразат своето незадоволство кон како што го нарекуваат „Кацарска судството“.

Имено тие на денешната 20. седница на собранието, а по повод 13 дочка од дневниот ред: Предлог за избор на судија на Уставниот суд“, каде номинирана е Добрила Кацарска, со инвентивни пораки испишани на картон го искашаа своето незадоволство од ваквиот предлог за Уставен судија.

Незадоволството кај опозициската партија доаѓа од серијата пресуди на Кацарска кои за ВМРО-ДПМНЕ се партиски нарачки и реваншизам на владејачката СДСМ кон нив.

Од опозицијата порачаа дека времето на „Трас Трас“ судските одлуки, „Штитењето на мафијата на власт“… треба веднаш да престане.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Кацарска и Рускоска само ја заштитуваат мафијата на Заев и дека тие се директни учесници во криминалот.

(Фото) Во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”, oтворена изложбата на дела од ликовната колонија “Дрен 2020”

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ денеска е отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2020.

Пред посетителите се изложени 25 дела создадени од 14 уметници – учесници на колонијата Дрен 2020. ( Џигдем Ѓуллу, аташе за култура на Р. Турција, Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков, Жани Гелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова, Ангел Коруновски, Тамара Танкоска..).кои на своите извонредни дела ги отсликаа нивните видувања, нивните импресии од секојдневието. Ја пренесоа со љубов својата уметничка душа на платното и ги пренесоа нивните верби за подобро УТРЕ.

-Годинава уметноста одново се случи, но на дистанца заради корона кризата. Уметниците иако не се дружеа физички, сепак работеа во сопствените ателјеа, пренесувајќи ја позитивната мисла. Помислата дека даруваат нешто вредно ги „водеше“ да создадат дела кои се ќе останат забележани дека се создадени на 12 – тата Ликовната колонија „ДРЕН 2020“, која ја организираше НУЦК „Марко Цепенков“, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Уметниците беа плодни. Создадоа дела кои се королитни, зрачат со оптимизам и предизвикуваат внимание. Сами по себе се одлични, но и како заедничка концепција се надополнуваат едни со други и креираат врвна уметност. Ќе останат во трајно наследство на ЦК Марко Цепенков – Прилеп, на државата.– вели Каролина Мицевска, советник за односи со јавноста на ЦК „Марко Цепенков“.

Ликовната колонија Дрен постои од 2008 година. Досега учествувале на 150 творци, еминентни уметници од земјата и од странство, кои создале над 300 дела кои се во сопственост на ЦК „Марко Цепенков“, но и на државата.