дома блог страница 2323

Bojcката ќе ги обезбедува болниците: Пендаровски потпиша нapeдба

Врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кpизна, вонpeдна или вoeна cocтојба, потпишав наредба Apмиjaта да ангажира дел од силите и средствата како невoopyжени cили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемиjaта на Kopoна виpycoт – напиша Пендаровски на Фејсбук.

-Согласно наредбата, Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема. Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини, стои во известувањето на претседателот на државата.

(Видео) Парада каква ретко се гледа: Детето на голот од Динамо Киев му фати cтpaшен слободен yдap на Меси

Барселона синоќа потешко од очекуваното со 2:1 го победи Динамо Киев и стигна до нови три бода во групата Г во Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите моменти на натпреварот се случи на стартот од второто полувреме, кога имаше слободен удар за Барселона. Го изведе Меси, и кога сите мислеа дека топката ќе заврши во голот, 18-годишниот голман на Динамо Киев, Руслан Нешчерет направи парада каква ретко се гледа.

Погледнете во продолжение:

Сопранот Ана Митоска со концерт ќе ја одбележи својата 10 годишна кариера

На 6 ноември 2020/ петок/ од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ според сите протоколи ќе се одржи концерт на Ана Митоска – сопран, во придружба на гитара на Илија Чакароски. Со концертот сопранот Ана Митоска ќе одбележи 10 години солистичка кариера.

Ќе бидат изведени дела Џ. Дауланд, Х.Перол, Џ. Качини, Б. Строци, Џ. Фрескобалди, А. Вивалди…
Репертоарот се базира врз дела кои оригинално биле напишани во шифриран бас, каде во инструменталната делница, врз база на многу малку постоечки тонови со додадени шифри т.е. бројки напишани под нив, се очекувало од изведувачите да импровизираат и на тој начин им се давал степен на слобода сами да го „довршат“ делото, во согласност со добриот вкус, способностите и талентот….

На концертот, во изведба на сопранот во придружба на современа класична гитара, композициите ќе добијат нова димензија, аранжирани и интерпретирани со особено внимание и љубов да се запази стилот и карактерот на специфичниот репертоар. Освен вокално инструментални композиции ќе бидат исполнети и препознатливи бисери на класичната музика напишани за соло гитара.

Биографија

Ана Митоска – сопран, дипломира соло пеење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во класата на проф. Славица Галиќ – Петровска. Бележи настапи во Македонија, Италија, Бугарија и Хрватска. Како солист има остварено соработки со повеќе македонски и европски ансамбли, диригенти и инструменталисти. Работи над една деценија во Македонска опера и балет, настапувајќи на манифестации како Мајски оперски вечери, Охридско и Скопско лето, како и во редовниот репертоар на Операта, во која бележи и концертни солистички настапи со хорот и оркестарот на МОБ. На ова работно место има прилика да работи со врвни имиња на режисери, солисти и диригенти од светската класична музичка сцена. Од 2018 година работи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп како стручен соработник за музичко – сценска дејност, каде продолжува со активност како солист, музички соработник на активните ансамбли кои работат под покровителство на Центарот, како и музички соработник во НТ „Војдан Чернодрински“, а го збогатува квалитетот на програмата на Центарот и со свои солистички проекти, гостувања и соработки. Учесник е на повеќе мастеркласеви за класично пеење низ Европа: Македонија, Шпанија, Италија, Бугарија. Нејзиниот разновиден и несекојдневен репертоар се протега од раната класична музика и почетоците на белканто стилот, музиката на барокот, ренесансата, наназад преку старите стилови на пеење како средновековна западноевропска литургиска музика, музика на трубадурите, источно црковни (византиски) напеви, традиционална македонска музика и музика од светот, кон ангажмани како вокален солист во театарска и филмска музика. Носител е на неколку проекти како солист и идеен автор, меѓу кои може да се издвои перформансот „Сонувања за заборавеното“ од 2018г. Дел е од уметничката екипа во претставата „Глембаеви“, и македонско – хрватската копродукција „Glembajevi, jos jedna legenda“ на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, со која гостува во Загреб во ноември 2019. Својата вокална техника и интерпретација ги усовршува со Ема Киркби, Руди Парк, Бенџамин Бегби, Ана Дурловски, Катарина Ливјаниќ, Михаило Арсенски, Билјана Јакимовска- Јовановска, Јосиф Герџиков.

Биографија

Илија Чакароски – кратка биографија Илија Чакароски, дипломиран гитарист, е еден од најактивните музичари на сцената во Прилеп и во другите градови низ земјата. Роден е на 04.08.1985г. во Прилеп. Почнал со музичко образование во основното музичко училиште во Прилеп по предметот пијано каде и го завршил 6 годишното школување на овој инструмент. За време на школувањето учествувал на повеќе државни натпревари и освоил повеќе надради. Завршил музичка академија во Софија – Република Бугарија на Националната музичка академија „Панчо Владигеров”- отсек гитара, во класата на професор Цветан Недјалков – еден од најпознатите гитаристи во Бугарија и пошироко на балканот. Моментално работи како професор по гитара во основно музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ Прилеп. Поседува долгогодишно педагошко работно искуство, учествувал на многу семинари, работилници, како и селекција и утврдување на програми за реализација на школувањето по предметот гитара. Неговите ученици бележат многу бројни награди на државно ниво и имаат освоено повеќе први места. Членува во неколку бендови: Vinyl Bandits, Hypnotic Wave и др. каде се јавува и како композитор на своја авторска музика (Сенка – Vinyl Bandits и неиздадени инструментални дела од Hypnotic) Соработува со музичари од различни жанрови, еден од нив е вокалот Добрила Грашеска од Чалгија Саунд Систем, со која настапува на манифестацијата „Јавен Простор – Прилеп“, со програма на македонски евергрини. Класичната акустична гитара е еден од жанровите кон кои Илија Чакароски се насочува со голема љубов и перфекционизам и се труди да ја долови убавината на класичната литература напишана за овој инструмент. Има изведувано дела од повеке периоди: Ренесансата, Барокот, Класицизмот и Романтизмот.

Италијанско село ќе ви плати до 60.000 долари за да се преселите во него

Избраните кандидати треба да бидат постари од 18 години и помлади од 40 години и треба да бидат подготвени да живеат во селото најмалку пет години.

Санто Стефано ди Сесанио во италијанскиот регион Абрузо им нуди на жителите станица за живот – да се преселат во нивното идилично село на 1.250 метри надморска висина и да покренат бизнис, а за тоа би добиле парична помош во вредност до 60.000 долари.

Ова планинско место на југот од Италија има вкупно 115 жители, а поголемиот дел од нив се на возраст од 60 до 70 години. Помалку од 20 луѓе се помлади од 13 години поради што градоначалникот Фабио Сантавика стравува за нивната иднина.

Баш поради тоа тој направил план за населување на местото и негово закрепнување.

Санто Стефано ди Сесанио бара нови жители од места со популација поголема од 2.000 жители. Не сакаат да ги иселат своите луѓе од просторот кој што исто така има недостаток на млада работна сила.

Градската управа се обврзува на секој нов жител да му исплаќа месечен надомест од околу 800 долари, односно максимално околу 10.000 долари годишно во првите три години од престојот.

Ќе им биде доделена и куќа за живеење со минимална кирија. Најважиот услов е жителите да бидат подготвени да покренат свој сопствен бизнис за што можат да добијат еднократна помош во висина од 20.000 евра.

Особено се бараат луѓе кои што би отвориле амбуланта, прехранбени продавници, сервис за чистење и поправки, односно туристички водичи за околното подрачје.

Селото за почеток бара 10 нови жители, или пет брачни парови.

Повеќе информации може да најдете на официјалната страница на општината Санто Стефано ди Сесанио.

11 погодоци на еден натпревар на 40 години: Лазаров е жива легенда (Видео)

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров со 11 гола беше главниот мотиватор во нашите редови во победата над Финска на стартот од квалификаците за пласман на ЕП 2022.

Од ЕХФ издвоија еден гол на нашиот капитен и напишаа: Жива легенда Лазаров…

Честитка по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски

„Припадници на ромската етничка заедница во Македонија, дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 5-ти ноември, Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Ромите во Македонија се нераскинлив дел од македонското мултикултурно општество и затоа мора да се работи Ромите, нивниот јазик и култура сесрдно да бидат поддржувани и афирмирани на институционално ниво во нашата заедничка татковина Република Македонија.

Можноста да се изучува ромскиот јазик, да се користи на институционално ниво, да се твори и да се говори на ромски јазик треба да биде темелот на заштита на Ромите од асимилација и унапредување на нивните права и нивниот статус во државата.

За жал, сведоци сме на се поголем број примери на дискриминација и кршење на правата на Ромите во Македонија, за кои инстутуциите на државата не превземаат доволно активности да ги санкционираат. Заради тоа имаме примери во кои после подолг период во првите ешалони на власта нема претставници на ромската заедница кои ќе се борат за унапредување на социјалните и културни права на Ромите. Токму Ромите се една од најмаргинализираните заедници во државата и ваквиот однос на власта само дополнително ја покажува нејзината незаинтересираност ваквата состојба да се менува. Власта, за жал, како и за останатите граѓани, така и за Ромите, свесно ги злоупотребува економските и социјалните прилики на загрозени категории граѓани, не нудејќи притоа системски решенија кои ќе овозможат социјален и економски напредок, како основен предуслов за личен просперитет на поединците, но и заедниците.

Оттука произлегува фактот дека Власта треба и мора системски да ги решава предизвиците и да го поддржува унапредувањето на севкупниот општетсвен и социјален статус на граѓаните, а особено на Ромите, како основен предуслов за непречен развикот на културата, јазичните права и благосостојбата на една заедница.“

проф. д-р Христијан Мицкоски

Хашим Тачи: “Одам во Хаг и поднесувам оставка од претседателската функција”

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денес лично потврди дека против него има покренато обвинение од страна на Специјалното обвинителство во Хаг и дека поради тоа поднесува оставка од претседателската функција. Тој изјави дека оди во Хаг доброволно.

Сеуште нема официјална потврда од Специјалното обвинителство. Додека судот не ја објави таа информација, останува дилемата дали Тачи на овој начин го предупредува судот дека би избегнал приведување.

Тој додаде дека пред судот не сака да се појави како претседател на Косово, поради тоа поднесува и оставка, пренесува Танјуг.

“Милошоски го торпедира “размазениот” министер Димитров?”

Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, синоќа објави дека не се појавил на собраниска седница на Комисијата за надворешна политика затоа што, како што вели тој, немал намера да го загрозува своето и здравјето на другите.

На ова жестоко реагираше пратеникот Антонио Милошоски, кој воедно е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост Фејсбук саттусот на Милошоски:

“не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.

Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!

Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!

Додека заменикот министер за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се зapaзел.
Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот”

Огромен интерес за огласот во “Водовод”…дали заради партиски вработувања ќе крахира претпријатието?

Jaвното комунално претпријатие Водовод и канализација од Прилеп, објави оглас за вработување на 18 луѓе. Се чини дека големата кopoна кpиза во градот не е проблем за комуналните претпријатија и властите да вработуваат.

Се бара еден Механичар за баждарење на мерни инструменти, три работни места за хигиеничар на станбен и деловен простор, еден Референт, еден Хемиски лаборант, еден Градежен техничар, двајца Раководители на одделение, еден Раководител на смена, пет општи работници, еден водоинсталатер и еден Инженер-технолог за градежни материјали.

Платите се движат од 14,934 за хигиеничар, до 26,455 за инженер.

Огласите се активни до 18.11.2020. Еве што ви е потребно да аплицирате:

Идеален појадок кој редовно ќе го приготвувате (Видео)

Брз и лесен рецепт кој секој може да го направи, а резултатот е вкусен појадок.

Сѐ што ви е потребно се јајца, путер, кашкавал, власец и вашиот омилен леб.

Едноставно е, само следете ги инструкциите во 2 и пол минутното видео.