дома блог страница 2325

Затоа е гордост на Прилеп: Витаминка заедно со “Преспав” донираа 100 таблети за деца од социјално загpoзени ceмejcтва

Витаминка и „Преспав“ донираат 100 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца. Донацијата, што како иницијатива произлегува од Витаминка, а се приклучи и ОХО продукција, се одвива преку Министерството за образование и наука од каде го составија списокот на корисниците на донацијата и ќе се достават уредите до семејствата според приоритетот и потребите.

Здравствената криза создаде нови услови во кои недостатокот од финансии, опрема и средства е се почест и во поголеми размери, а граѓаните посебно социјално загрозените семејства се соочуваат со најмногу проблеми, затоа е потребно бизнис секторот да помогне во секој аспект, велат од Витаминка за инцијативата.

„Во услови на пандемија во изминатата година граѓаните се соочуваат со големи предизвици, од економски, социјален и од образовен аспект. Покрај помошта на здравствениот сектор и на семејствата во социјален ризик, како компанија што високо го цени образовниот процес веруваме дека е многу важно обезбедување непречен и рамноправен пристап до образованието дури и во овие услови. Се надеваме дека со оваа донацијата ќе придонесеме кон тоа и ќе поттикнеме помасовна и поголема ангажираност на бизнис секторот во помошта кон граѓаните”, велат од одделот за маркетинг во Витаминка.

Со реализација на донацијата ОХО Продукција, „Преспав“ и Витаминка ги повикуваат сите деловни соработници да се приклучат на иницијативата за општествена одговорност и со здружени сили да дадат поддршка на образовниот процес со цел да го олеснат безбедното следење на наставата во време на пандемија за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Христијан Мицкоски, 3иjaдин Ceла и Aфpим Гаши за прв пат седнувaaт на иста маса

Под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“ в петок, на 6 ноември ќе се одржи конференција „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ во хотелот Хилтон во Скопје.

Интересно е што прв пат на иста маса на панел дискусијата ќе седнат Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците и Африм Гаши, претседател на Алтернатива што практично досега не се случило во опозицискиот блок.

По најавите на Арбен Таравари, гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на Алијанса за Албанците за можна коалиција со ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори, ова е најверојатно чекор поблиску до таквата коалиција и показател за сериозен коалициски капацитет што го побива табуто дека ВМРО-ДПМНЕ нема простор за коалициски партнер кај албанскиот електорат.

Пeтpyшевcка: Пpaтениците на CДCM се кpиjaт, не се пojaвиja во coбpaнието- на повидок ли е ново пpeдавcтво на Maкедониja?

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска преку статус на Фејсбук пишува дека пратениците на СДСМ се кријат и дека денеска не се појавиле во собранието.

-Пратениците на СДСМ не се појавија! Се кријат. Имаа можност да изградиме Национален консензус за отворените прашања со соседна Бугарија, но избегаа. Дали на повидок е ново предавство на Македонија⁉️ Што Владата на СДСМ и пратениците кријат од граѓаните ⁉️ Обединети стоиме, поделени паѓаме.

Прва реакција од Русија: “Tpaмп е на пат да го повтори историскиот успех”

Заменик претседателот на Комитетот од Советот на федерацијата за меѓународни прашања, Владимир Џабаров, смета дека прелиминарните податоци за гласањето во клучните американски држави “кажуваат” дека актуелниот претседател Доналд Tpaмп е на пат да го повтори успехот кој го имаше пред 4 години.

“Можно е Tpaмп да го повтори успехот на претседателски избори, остварувајќи победи во клучните држави”, изјави Џабаров, а пренесува Спутник.

Тој нагласува дека сите гласови ќе бидат преброени за една недела.

“Колку што ќе биде помала разликата меѓу кандидатите, без убедлива победа барем за 5-6%, можно е да дојде и до немири во Америка, такво е расположението во американското општество”, предупреди тој.

Сајкоски: “Македонци бeвмe во 1895, Македонци cмe и дeнec”

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објави документ, според кој се докажува дека сме се декларирале како Mакедонци уште во далечната 1895 година.

“Почитувани од самото формирање ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка партија во Република Македонија која се залагаше за влез во ЕУ и НАТО. До денес останавме доследни на оваа определба.

Но за неверување се некои понижувачки барања на Бугарија, исто за неверување се ставовите на некои домашни политичари и луѓе од власта. Чудно е како може човек да заборави од каде е, што е и кој е. Жално е да ги заборавиш зборовите на предците кои ти кажале кој си од кај и зошто си таков каков што си и дека Македонец си.

Но сега се наметнува прашањето, зошто дилема сега?

Кој ни кажува што сме: комисијата, бугарската влада, нашата влада или нашите предци. За предците јас сакам да приложам 1 документ за јавност од 1895 година.

Сакам на ваков начин да ги осознаам оние што се отргнале, но сакам да ги вратам оние кои се двоумат и да им кажам кој се кој биле и такви треба и да останат Македонци, каде и да се. Затоа го приложив овој документ за да го видат и бугарските политичари и македонската влада и комисијата за добро да внимаваат за што преговараат”, напиша Сајкоски.

Доналд Tpaмп прогласи победа на претседателските избори (Видео)

Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако изборната комисија не ги преброи сите гласови.

– Искрено, победивме, иако не се преброени сите гласови. Му благодарам на американскиот народ за големата поддршка. Милиони луѓе гласаа за нас. Но, една многу тажна група на луѓе се обидува да им го одземе тоа право, што нема да дозволиме. Се подготвувавме за голема прослава, рече Трамп.

Тој додаде дека ќе побара од Врховниот суд пребројувањето на сите гласови да се запре „затоа што е очигледно дека републиканците водат во преостанатите неколку држави и дека Бајден и демократите не можат да ги стигнат.

Изборите во САД се ближат кон крајот: Ова се првичните резултати

Пребројувањето на гласовите од претседателските избори во САД се’ уште трае.

Се очекуваат резултатите од државите кои уште пред изборите беа најавени како одлучувачки за тоа дали Доналд Трамп ќе добие нов мандат, или поранешниот заменик претседател, Џо Бајден, ќе биде нов претседател на Америка.

Според резултатите кои ги споделува “Фокс Њjуз”, Трамп има изгледни шанси да остане уште 4 години во Белата куќа.

Изборите досега поминаа без изненадувања, односно и Демократите и Републиканците ги освоија своите традиционални држави.

Трамп досега победи во: Западна Вирџинија, Охајо, Индијана, Кентаки, Тенеси, Јужна Каролина, Флорида, Алабама, Мисисипи, Луизијана, Тексас, Оклахома, Арканзас, Мисури, Канзас, Небраска, Јужна и Северна Дакота, Вајоминг Идахо и Јута.

Бајден е победник во: Колорадо, Њу Мексико, Аризона, Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Илиноис, Вирџинија, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Вермонт, Њу Хемпшир, Мејн, Масачусетц, Род Ајленд и Хаваи.

Бајден е на добар пат да ја добие Минесота, а од друга страна Трамп има голема предност во Џорџија, Северна Каролина, Пенсилванија, Висконсин и Мичиген.

Токму овие земји каде Трамп има комотно водство му се потребни на Бајден доколку сака да биде нов претседател на САД.

Засега нема никаков резултат од Невада и Алјаска.

Моменталниот резултат е 227 електорати за Бајден и 210 за Трамп, нo според изгледот на мапата Трамп сигурно прв ќе стигне до потребните 270 електори.

Ни доаѓа голем празник: Народот верува дека тој што не е дома за на овој ден ќе преноќува по туѓи куќи

Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува на 08. Ноември. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата во воскреснатиот Христос.

Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата.

Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погубил.

Некои христијани го зеле неговото тело и чесно го погребале.

На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

За овој ден постои верување. Во пресрет на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Ноле е човек со огpoмно cpце, испрати поздрав до малиот Петар од Македонија: “Ти испраќам бакнеж, те гушкам и се надевам ќе се видиме” (Видео)

Светскиот тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека не само што е голем тенисер, туку и човек со големо срце.

Популарниот Ноле преку видео порака донесе љубов и насмевки кај Петар Мијалков, дете со аутизам од Македонија.

-Здраво Петре, Пецо, како си? Ти испраќам голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека исто така наскоро ќе се видиме во живо и се запознаеме. Те сакам многу и многу те гушкам. Чувај се, вели Ѓоковиќ во својата видео порака.

Таткото на Петар, Зоран Мијалков, кој воедно е основач на здружение за помош на децата со аутизам во Македонија, испрати голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер, туку пред сѐ човек со голема душа и срце.

-Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш, напиша таткото на Твитер.

И Владата дискутирала за новиот директор на социјални грижи во Прилеп: Две функции во два дена – Евe ја одлуката

Владата ја одржа својата 17-та седница на која покрајдонесените мерки да угостителските објекти работат до 21:00 часот, забраната за групирање на јавен простор започнува во 21:00 часот; прифатената иницијативата недела да биде неработен ден, донесе и многу кадровски промени.

На предлог владината Комисија за именувања, Владата на денешната седница ги донесе следните одлуки:

– Александар Ранѓеловиќ, да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници на Македонија Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници Македонија Транспорт АД-Скопје да го избере Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.

– Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.

Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член, и

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

Владата се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски.

Миле Сугарев да го разреши од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, а Стево Крстевски да го именува за в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.

Владата да даде согласност на Одлуката на Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување Македонија бр.02-4032/1 од 28.10.2020 година, со која за в.д. директор на Фондот е именувана Билјана Јовановска.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски да го разреши од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди да го именува за в.д. директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Владата ја прифати оставката на Лидија Ѓоршевска и ја разреши од должноста директор на Државниот испитен центар, на нејзино барање.

Елизабета Наумовска да ја именува за в.д. директор на Државниот испитен центар.

Владата ја прифати оставката на Аднан Џафероски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути да го именува за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, на негово барање, а Стојанче Ангелов да го разреши од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани и да го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.

Фирус Мемед, е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство на Македонија, поради истек на мандатот за кој е именуван.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност на Македонија.

Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Виктор Талески, е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Владата денеска го разреши Бобан Томески од должност член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето да го именува Злате Симоновски.

Владата денеска на членовите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова да им утврди престанок на мандатот, а за член на одборот ја именуваше Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.