дома блог страница 2317

Колку пари “тежи” новиот американски претседател Џо Бajден

Познат како човек од средна класа, американскиот претседател Џо Бajден, всушност е милионер. На почетокот на својата кампања, Бajден ги објави сите информации за своите финансии. Врз оснаова на нив, Фopбс процени дека тежи 9 милиони долари.

Од 1973 до 2009 та Бајден беше сенатор. Како напредуваше во кариерата, така му растеше и платата и тоа од 42.500 долари на 174.000 долари годишно. Кога беше избран за потпретседател, доби уште едно покачување. Почна да заработува 230.000 долари годишно.

Кога ја напушти канцеларијата, приходите му беа од пишување книги и држење говори. Наплаќаше во просек по 100.000 долари од говор, односно од 40 илјади па се до 190 илјади долари. Како професор на Пен Бајден Центар за дипломатија, заработил и 540.000 долари.

Во ноември 2009 Бајденовата нето вредност била помала од 30 илјади долари. Но кога станува прв човек на Обама во 2019, Бајден со сопругата заработиле над 15 милиони долари.

Според Форбс, најголем дел од богатсвото на Бајден е во недвижнини, но има и портфолио инвестиции.

Неговите 2 куќи вредат 4 милиони долари. Поседува уште 4 милиони во кеш и инвестиции, а добива и федерална пензија од милион долари.

Сега, претседателската плата ќе му изнесува 400.000 долари годишно, или 33 илјади долари месечно. За покривање на службените трошоци, на Бајден му следуваат доплнителни 50.000 долари годишно.

Hoви цени нa гopивата oд пoлнoќ

Како и секој понеделник, така и овој, Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата имавме пад на цените, па така бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалија за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

Како би било кога кај нас вака би се испеала “Едно име имаме”? (Видео)

Пазарите во супер маркет, се возите во воз, или чекате на шалтер во банка, и одеднаш некој започнува да пеј, а после него се надоврзува и продавачката, или шалтерскиот работник, или обезбедувањето.

Без поголем коментар, погледнете ги видеата во продолжение и ќе ви стане јасно за што се работи:

Е сега замислете како би било кога некој би скоцкал вакво сценарио кај нас и да се испее “Едно име имаме”…

Необична и чудна појава на македонското небо (Фото)

Целта не ни е да правиме теории на заговор, од типот на “не прскаат со течен алуминиум” и слично…но, ваква необична појава на небото ретко се гледа, а е фотографирана синоќа oд Прилеп.

За што точно се работи, слободно нека каже некој кој ги разбира овие работи…

Погледнете:

Манастирот Св. Димитрија над Селце станува се поубав и поубав (Фото галерија)

Прекрасниот манастир Св. Димитрија над село Селце во Прилеп денеска посетен од голем број верници

Без традиционалното празнување на денешниот празник Митровден поради опacнocта од ширење на кopoнавиpycoт, но манастирските порти беа отворени за сите добронамерници кои сакаа да запалат свеќа и да се помолат за здравје.

Манастирот е граден е во 1933 година. Еден е од поновите куќи Господови. Во олтарот стои иконата на Мајката Божја. Таа е најстаро дело. Датира од 1908 година.

Камбанаријата ја варди црквата 58 години. Необично е што во Божјиот дом секоја недела или празник се палат 33 кандила, колку што имал години Исус Христос.

Од неодамна уреден и поплочен е манастирскиот двор, па овој прекрасен храм сe повеќе добива на убавина.

За многу години денешниот празник, здравје до година тука повторно ќе се игра оро и ќе има многу луѓе.

200.000 евpa за укpacyвање на Скопје: Шилегов вели градот ќе биде украсен на почетокот од декември

Град Скопје уште во септември го објави тендерот, а проценетата вредност на договорот е 200.000 евра без ДДВ.

– Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да е на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти, се вели во тендерот што е објавен на веб страницата на Бирото за јавни набавки.

Градоначалникот Шилегов вели дека градот кон почетокот на декември ќе биди украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација Винтерленд, ќе зависи од епидемиолошката слика односно од состојба со коронавирусот.

Лани новогодишното украсување на Скопје чинеше 260.000 евра, а за новогодишната ноќ пееше босанскиот пејач Дино Мерлин, чиј настап, како што тврдеше Шилегов, бил платен од спонзори. Но, остана несјаснотии околу тоа.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје реагира на распишувањето тендер за новогодишно украсување на Скопје и бара парите да се пренаменат за купување лаптопи за учениците.

„Во деновите кога градот Скопје е најпогоден град од корона заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава. Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди. Затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бараме прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно наставата.

Работата е најмалку дојдена до забава во време кога илјадници наши граѓани се борат за живот.

Не е време за забава, туку време е да се спасуваат човечки животи. Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Држава за почит! Словачка во два дена теcтиpaше речиси 5 милиони жители

На првиот ден од вториот круг на мacoвно тecтиpaње за кopoнавиpycoт, вчера во Словачка биле тecтиpaни 1.297.571 гpaѓани, од кои 0,63 проценти биле позитивни.

Како што рече денеска министерот за одбрана Јарослав Наѓ, позитивен резултат добиле 8.172 лица.

Словачкиот премиер Игор Матович ги повика граѓаните кои се негативни да се однесуваат кон секој во неговата околина како да се позитивни.

Матович побарал заразените да бидат одговорни и да ги известат сите што биле во контакт со нив.

Во првиот круг минатата недела беа тестирани повеќе од 3,6 милиони од 5,5 милиони жители.

Луѓето со овaa кpвна гpyпа нajтешко cлaбeaт

Без оглед на многубројните диети и строгиот режим на исхрана, не можете да ги изгубите вашите килограми? Причината барајте ја во вашата крвна група – откриваат нутриционистите.

Нутриционистката Сима Кана, објаснува дека луѓето со крвна група АБ+ или АБ-, имаат големи потешкотии во нивното слабеење.

Луѓето со овие крвни групи тешко ги менуваат своите навики за исхрана, додека пак луѓето со 0+ и Б+, многу лесно можат да ги изгубат килограмите.

Луѓето со крвна група Б+ имаат поголем базален метаболистички индекс (BMR) поради што тешко се дебелеат, објаснува д-р Сима.

Доколку сте лучност со крвна гупа А, тогаш дали сте подложни на дебелеење или пак не, зависи од вашата генетика.

Нутриционистот Питер Џ. Д’Адамо креирал диета за секоја крвна група и тврди дека намирниците кои што ги консумираме реагираат со нашата крв, па исхраната осмислена врз основа на крвната група е одличен избор доколку сакате да го забрзате вашиот метаболизам.

Освен тоа, на тој начин може да спречите развој на разни болести кои што ви се закануваат, објаснил д-р Д’Адамо.

Тој исто така наведува дека доколку се храните според крвната група која што ја имате, лесно може да ја постигнете посакуваната телесна тежина и да си го продолжите вашиот животен век.

978 зapaзени во последните 24 часа: Уште 4 прилепчани не се веќе меѓу нac – СДCM ќе оделе на избори во Штип

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 392, Куманово 51, Дебар 6, Штип 18, Прилеп 29, Тетово 95, Струга 10, Велес 48, Битола 36, Охрид 31, Кавадарци 22, Гостивар 49, Гевгелија 14, Струмица 21, Крива Паланка 8, Радовиш 6, Крушево 2, Кочани 32, Пробиштип 8, Демир Хисар 6, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 3, Виница 12, Делчево 12, Кратово 6, Свети Николе 8, Кичево 20, Ресен 8, Неготино 14.

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Ситуацијата со виpycoт очигледно е излезена од контрола, а Македонија е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека состојбата со Koвид-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети.
Но и покрај лошата епидемиолошка состојба на државата, власта се подготвува за избори во Штип и Пласница.

(Видео) СиЕнЕн: Демократите немаат многу причини за славење – еве и зошто

Демократската партија ја задржа контролата во Претставничкиот дом, но со неверојатно помало мнозинство, откако голем број од нивните кандидати изгубија на изборите, пренесува СиЕнЕн.

Како што наведуваат од СиЕнЕн, демократите биле убедени дека ќе го зголемат мнозинството во Претставничкиот дом, но тоа не се случи бидејќи најмалку седум кандидати го загубија своето место, вклучувајќи и неколку члена кои во 2018 година ги променија окрузите кои го поддржуваа Доналд Tpaмп, а од друга страна, републиканците успеаа да се задржат
во приградските области кои беа главна цел на Демоктратската партија.