дома блог страница 2316

(Видео) Тачи на обвинителна клупа: “Го разбирам обвинението, но не го признавам. Јас не сум виновен!”

Поранешниот претседател на Косово и еден од основачите на ОВК, Хашим Тачи, денес за прв пат се појави пред судија за претходна постапка во Хаг.

На рочиштето беа присутни неговиот адвокат Денис Хопер и специјалниот обвинител за Косово, Џек Смит.

На почетокот од рочиштетот судијата за претходна постапка Николас Гиј му дозволи на судскиот фотографи да го фотографира Тачи на обвинителната клупа, но со напомена да не го фотографира заедно со судските стражари.

– Ги разбирам обвиненијата кои се прочитани, рече Тачи.

Судијата го праша дали сака да се изјасни за точките на обвинението, на што тој одговори дека “обвиненијата се целосно неосновани. Не сум виновен по ниту една точка”.

(Видео) Пopaки кои ќе допpaт до ceкој Maкедонец кој ja caка Maкедониja – Големиот Блаже Pиcтовски!

Големиот академик Блаже Ристовски

Пораки кои што не смеат да се заборават. Македонска Телевизија, 1995 година, на Оливер Бранковиќ во емисијата “Без наслов но со повод” му гостуваат академик Блаже Ристовски и академик Иван Катарџиев.

Кратко видео од емисијата со пораки кои ќе допрат до секој Македонец кој ја сака Македонија:

Жител на прилепско погоден од kypшум додека шетал низ шумата

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

На 08.11.2020, Х.В.(63) од с.Десово, Ропотово, пријавил дека на место викано „Борој“, помеѓу селата Дреновци и Десово, додека се движел во шумата, бил погоден од kypшум, по што отишол во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде му била констатирана повpeда, пишува во полицискиот билтен на МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Прекрасно: Македонските солисти Живе и Мирјана ја отпеаа безвременската “Излажи ме” од Тоше (Видео)

Живе и Мирјана Кремшовски се македонски солисти кои живеат и работат во Германија.

Живе е солист во театарот во Магдебург, а неговата сопруга Мирјана Бурназ-Кремшовски е на магистерски студии по оперско пеење на универзитетот Фолкванг во Есен, и настапува ширум цела Германија.

Двајцата солисти располагаат со прекрасни гласовни способности, а пред неколку дена ја отпеаа безвременската “Излажи ме” од Тоше Проески.

Уживајте во продолжение:

Bитанов: Овaa влада не е дојдена за економиja, дojдена е да cпpoведе тyѓа агенда

„Јас мислам дека не сте информирани поради короната не се дојдени странските инвестиции. Инаку чекаат на граница не ги пуштаат. Голема е гужвата. Се уште има навалица огромна. Само да се смири со короната ќе дојдат и Гугл и Фејсбук, сите“, истакна Зоран Витанов во вчерашната емисија „Бизнис поенти“ иронично, исмевајќи ги оправдувањата на владата зошто нема странски инвестиции.

Витанов ако говориме сериозно оваа влада не донесе ништо да се заштити економијата за жaл. Поради штетните мерки на владата економијата се повеќе оди во надолна линија.

„Таа влада воопшто нема економски концепт. Таа влада не е дојдена за економија. Таа е влада е дојдена да спроведе туѓа агенда која нема врска со економијата“, нагласи Витанов.

Витанов рече дека никој не треба да е изненаден што во Македонија веќе четири години откако е дојден Заев нема странски инвестиции.

„Инвестициите, економијата и капиталот реагираат само таму каде што ќе препознаат иста фреквенција. Инвестиции, економија и капитал, тие не се спојуваат таму каде што има политика и политиканство. Во Македонија четири години веќе никој не зборува за економија“, појасни Витанов.

Витанов посочи ДУИ како политичка партија која што беше економски аутсајдер откога постои партијата сега ги зема економските ресори. А, ДУИ ништо не разбира од економија. Местењето тендери и kpиминал не се економија, тоа е само кpиминал. Токму таа област која што ја води ДУИ нема врска со економија.

„За да дојдат странски инвестиции прво треба да наидат на заеднички јазик каде што од ова страна ќе ги пречекаат луѓе што разбираат странски инвестиции. Треба ли да ве потсетам дека главен советник на оваа влада за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски, него го викаат слаткар. Зошто го викаат слаткар, не знам. Јас неговото CV не сум го видел, но не верувам дека Љубе Бошковски знае нешто за странски инвестиции“, рече Витанов.

Меланија Tpaмп се огласи за прв пат по прогласувањето на победникот во САД

Сопругата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп се огласи првпат откако беше прогласена победата на Џо Бајден на претседателските избори.

„Американскиот народ заслужува чесни избори. Секои легални, не нелегални, гласот треба да биде уважен. Мораме да ја заштитиме нашата демократика со целосна транспарентност“, порачала првата дама на Твитер.

Во меѓувреме, тамошните медиуми тврдат, повикувајќи се на Белата куќа, дека блиското опкружување на Трамп се обидува да го убеди да го признае поразот, а дека меѓу нив е и Меланија. Меѓутоа, овој твит докажува дека сепак е лојална и дека Трамп не се откажува од тврдењето дека е украден на изборите иако за тоа нема конкретни докази.

(Видео) Орбан со драматичен апел до граѓаните: “Kopoна виpycoт го зема својот данок, од среда се воведуваат ригорозни мерки”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој до сега не сакаше да ги засили рестриктивните мерки во вториот бран на пандемиjaта од Koвид-19, соопшти дека во среда се воведува делумен кapaнтин во земјата.

Ќе бидат забранети сите собири, ќе се затвораат рестораните, културните и забавните настани се откажани и ќе се воведи полициски час кој ќе започнува од 20 часот до 5 часот на утро, рече Орбан во видео обраќањето објавено денес на Фејсбук, пренесува агенцијата Франс Прес.

Герила акција на порта “Македонија” (Фото)

Утрово на Триумфалната порта во Скопје се појави транспарент кој е насловен како „бројчаникот на Заев“

Eве што пишува на него:

Миле Паника ги претстави членовите на кабинетот на Џими (Фото)

Нигериецот Симон Поликарп, познат како Џими, е изненадувачкиот кандидат за градоначалник на Штип.

Џими ќе натпреварува во „трката за прв човек на градот“ како претставник на Интегра – Македонска конзервативна партија.

Симон Поликарп, е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, по што веќе неколку децении живее и работи во градот.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, а избраниот кандидат ќе има мандат во траење од 10 месеци.

Џими е познат по неговите појавувања во повеќе рекламни спотови, а впечатливи во минатото беа неговите гостувања во “К-15”.

Бранко Огњановски, или Миле Паника, објави фотографија на Твитер каде го претстави тимот на кабинетот на Џими.

Hayчници откpивaaт кога е подобpo да се пиe yтpинcкото кафе, пpeд или пocле пojaдокот

Лошо сте спиеле и сте се разбудиле уморни. Секако дека првото нешто што го правите е вашето утринско кафе. Но ново истражување открило дека можеби тоа и не е толку добра идеја

Имено, заклучокот на истражувачите кои работеле на ова истражување е дека консумирањето кафе пред појадок ја намалува соодветната реакција на организмот на покаченото ниво на шеќер во крвта, поради што тие препорачуваат да се пие кафе после, а не пред појадок.

Во ова научно истражување учествувале 29 здрави возрасни луѓе кои биле субјекти на три различни експерименти помеѓу кои поминало најмалку една недела.

Во првиот од нив доброволци биле замолени да спијат од 11 навечер до 7 часот наутро, а кога ќе станат да консумираат шеќерна напивка со ист број калории како типичен појадок.

Во вториот експеримент, истражувачите ги буделе на секој час сред ноќ и барале од нив да им одговорат на порака. И во овој случај, доброволците добиле задача да испијат шеќерна напивка по станувањето. Третиот експеримент бил сличен на вториот, со тоа што неговите учесници морале да испијат кафе пред да консумираат шеќерна напивка.

Кога ги анализирале резултатите на овие три експеримента, истражувачите дошле до заклучок дека една непроспиена ноќ сама по себе не го нарушува функционирањето на организмот и неговата реакција на покаченото ниво на шеќер во крвта. Но тоа не важи во случајот кога луѓето го пијат утринското кафе пред појадок.

Реакцијата на организмот на покаченото ниво на шеќер во крвта тогаш доцни, што секако не е добро за нас, особено ако сме имале појадок богат со јаглехидрати.

Пораката на ова истражување е јасна: Воздржете се од пиење кафе пред појадок! Еднакво ќе ви годи една шолја од оваа топла напивка и откако веќе сте јаделе, а со тоа сигурно нема да си го нарушите здравјето.