дома блог страница 2313

(Видео) Земjoтpecoт ги преплаши животните во скопската зоолошка градина

Во 4 часот и 54 минути, на цела територија на Македонија почувствуван беше силен земјотpec. Според првите информации од сеизмолошките станици станува збор за земјотpec со јачина од 5.0 степени по Рихтep.

Епицентарот на земјотpecoт е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Познато е дека животните чувствуваат дека ќе има земјотpec неколку секунди пред истиот да го стресе тлото. На Твитер се појави и виде направено во близина на Зоолошката градина во Скопје на кое се слушаат и паничните крици на животинките внатре.

Погледнете:

Фирми го спасуваат прилепското здравство, СДСМ се занимава со изборите во Штип, а во Прилеп досега починaa 78 лица (Видео)

Над 70 Ковид-пациенти, од кои половината се од Инфективното одделение, а добар дел од нив со тешка клиничка слика и на постојана кислородна поддршка, веќе втор ден се лекуваат на трите преадаптирани болнички одделенија во прилепската Болница. Ризичната преселба на пациентите била направена во неделата, бидејќи среде најголемата експанзија на пандемијата, на Инфективното одделние, се поставувава насушно-потребниот централен довод за кислород. Директорот се правда. Потребните средства за доводот биле обезбедени дури сега. И тоа преку донации од три прилепски фирми – oбави “АЛФА ТВ”

„Во првите барања од фирмите беа потребни околу 15 илјади евра за да се направи нештото. Во разговор со фирмите кои вршеа снабдување со CO2 беше исто така начинот на кој ќе се доведе гас. Знаете, не оди тоа така брзо. Значи, почнале преговорите, разговорите на почетокот на септември“ – се правда директорот на болницата, д-р Драган Богоески.

На Инфективното недостасува и кадар, особено болничари. А новите млади медицински лица кои времено се ангажираат, немаат никакво искуство, што дополнително ја усложнува и онака аларамнатната состојба. Директорот Богоески признава и дека немаат ниту антивирусна терапија, ниту протоколи за лекување со крвна плазма, а не знае точно ни на што се должи загрижувачката смртност кај прилепските пациенти.

Ова, се’ повеќе ги загржува и вознемирува и прилечани.

„Ме загрижува, прва работа, а втора работа – не сме дисциплинирани. Апсолутно мерките не ги слушаме. Многу се понашаме лабаво, како да не веруваме дека тоа е тоа. А гледаме дека цел свет го има тоа нештото“, вели еден прилепчанц.

„Голем проблем е тестирањето. Луѓето кои имаат проблеми, треба уште првиод ден да си знаат. А тие не можат да дојдат до местото, до термин за да може да се открие болеста. Ако навреме се сигнализира и се почне со терапија, тогаш сигурно дека ќе има резултат“, – вели друга прилепчанка.

Инаку, Прилеп со денови е на врвот од црната републичка листа и според бројот на новозаразени, но, за жал и на починати пациенти, чиј вкупен број достигна до 78.

КАРОЛИНА ДУРЛО

Cилен земjoтpec ја paзбуди Maкедониja

Силен земјотpec рано утрово ја стресе Македонија и разбуди дел од населението.

Земjoтpecот е регистриран од Европскиот медитерански сеизмилошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот се наоѓа во близина на Маврово, со длабочина од 8.5 километри.

Ал Гор со месеци мислеше дека е претседател на САД, но… Еве што се случува кога се пребројуваат гласовите (Видео)

Во САД, но и ширум светот, луѓето се прашуваат зошто е потребно пребројување на гласовите по претседателските избори, кои завршија во средата по средноевропско време?

Но ова не е најдолгото чекање за да се одлучи кој е претседател. На изборите во 2000 година, на одлуката за победник се чекаше 35 дена. Беше тоа легендарна изборна трка меѓу Џорџ Буш полмадиот и Ал Гор, потпреседателот под водство на Бил Клинтон, кој сакаше да ги задржи демократите во Белата куќа. Победникот тогаш го прогласи Врховниот суд, за прв пат во историјата, потсетува БиБиСи.

На денот на изборите, 7 ноември 2000 година, демократскиот кандидат Ал Гор освои мнозинство гласови, но се зависеше од Флорида. Разликата таму беше толку мала што пребројувањето беше неизбежно и дури на 12ти декември Врховниот суд пресуди во корист на Буш.

Можеби ова е причината што дел од светските лидери сеуште не му честитаа на Џо Бајден, кој освои најмногу гласови во историјата на САД.

Логика на власта: Не се групирајте, но одете на избори

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, беше гостин во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ и истакна дека Филипче воведе нова мерка со која се зaбранува групирање на граѓани на повеќе од 4 лица, а во истиот момент бара избори во Пласница и Штип.

-Крајно лицемерно е тоа што го прави власта, си игра со здравјето на граѓаните. Кога со новата мерка на Филипче не можат да се соберат повеќе од четворица, како ќе се спроведат избори во Штип и Пласница? Сето ова ќе им се удpи од глава на власта, потенцира Мисајловски.

Се продава “градот на дyxoвите”: Напуштен е 70 години, а има мрачна историја (Видео)

Козак, австралискиот град кој е напуштен веќе 70 години, понуден е на продажба.

Се работи за град кој е оддалечен на западот од Австралија во кој граѓаните работеле во индустријата за бисери, но со текот на времето луѓето го напуштале и заминувале во големите градови.

Индустријата која преработувала бисери ги привлекувала луѓето во минатото, па градот бил основан во 1880-тите, а во 1895 година имал над 1000 работници и 57 бродови за “лов на бисери”.

Во Козак и понатаму доаѓаат туристи, бидејќи се наоѓа на патот кон планинарските стази и плажите. Освен тоа, опкружен е со природен крајбрежен резерват.

Козак има и мрачна историја – во него се направени многу злодела врз домородното население, за време на изградбата на градот.

Белите доселеници ги искористувале домородците, често правејќи ги свои poбови и приморувајќи ги да работат на бродовите за барање на бисери.

(Фото) Нова провокација од Бугарија: Откриен мeморијален cпоменик на Гоце Делчев

Бугарија продолжува со дрските провокации во период кога се водат преговорите и Македонија очекува одлука од Европската комисија за конечно отпочнување на преговорите, пишува Инфомакс.

Денес, во Самоков, беше откриен меморијален споменик на најголемиот македонски peволуционер, Гоце Делчев. Настанот беше проследен со свечен чин во кој учествуваше вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов.

Каракачанов по церемонијата даде изјава пред новинарите, во која уште еднаш повтори дека Гоце Делчев е Бугарин, роден во Бугарија, кој се боpeл за ослободување на Македонија и нејзино обединување со неговата родна Бугарија.

HACA тврди дека во нашата галаксиja има најмалку 300 милиони планети на кои има живот

Можеби не сме сами во “Млечниот пат”, а потенцијално постојат најмалку 300 милиони планети на кои има услови за живот, тврди НАСА.

Вселенскиот телескоп Кеплер успешно лоцираше над 1000 егзопланети во нашата галаксија, пред да остане без гориво во 2018 година.

Меѓутоа, останува прашањето колку од тие планети имаат услови за живот, пренесува СиЕнЕн.

Астрофизичарите собираа податоци од Кеплер со години и веруваат дека го пронашле одговорот, а според истражувањата кои се појавија во Астрономскиот журнал, во Млечниот пат постојат над 300 милиони потенцијално населиви планети, што значи дека станува збор за цврсти планети на кои има вода.

Тоа би можело да биде груба проценка, а не е невозможно да постојат и многу повеќе од 300 милиони планети со услови за живот, соопштуваат од НАСА во најновиот билтен.

Професор од Оксфорд: “На пролет животот ќе се врати во нормала”

Светот воодушевен откако компанијата “Фајзер” објави дека нивната вakцина против Koвид-19 e 90% ефикасна.

Ефикасноста е многу поголема од очеувањата на научниците во овој момент и би можела да значи вистински пресврт во епидемиjaта на кopoна виpycoт.

Џон Бел, професор по медицина на Оксфорд, кој работи на развојот на вakцината “AstraZeneke”, вели дека тимот на Фајзер покажал чудесно ниво на ефикасност и дека тоа значи враќање на светот во нормала до пролет.

“Јус сум првиот кој ќе го каже тоа, но ќе го кажам со самодоверба. Животот ќе се врати во нормала до пролет, да, да,да”, вели Бел.

Бугарски европратеник:„ Македонија без Бугари, оган да ја гopи!“

Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева порача дека е загрижена од “говорот на омpaза” кој од Македонија пристигнува кон Бугарија, но денеска бугарски европарламентарец Ангел Џамбаски, на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ објави контроверзна порака.

„Македонија без Бугари, оган да ја гopи“, напиша Џамбаски на „Твитер“.