дома блог страница 2314

Џамбacки на Tвитер ги извади бyгapcките кopeни на Paдмила Шекepинcка? (Фото)

Бугарскиот Европратеник, Ангел Џамбаски, кој истовремено е потпретседател на партијата ВМРО-БНД, на својот Твитер профил објави фотографија од писмо за кое тврди дека е сопственост на бабата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Ова е писмото испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на РСМ, до директорот на одделот за пензии во кое бара помош. Забележете за што се борел нејзиниот покоен сопруг.

(Фото) Koнечно нешто паметно и од Бyгapите

Конечно нешто паметно и од Бугарите

Фотографиите се од градот Варна, каде на неколку локации има поставено вакви сандачиња со порака: “Од народ, за народ, оставете храна за оние на кои им е потребно”.

Навистина нешто убаво и хумано. Идеја која можеме да ја “украдеме” и да ја примениме и кај нас.

Милошocки: “Heoфициjaлно 3aeв му ветил на Бopиcoв влез во голема македонcка банка и телекомуникациcка компаниja” (Видео)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во неговото гостување во вестите на “Сител” истакна дека според неофицијални дипломатски извори Заев на Борисов, освен пазарење со македонската историја, самобитност и национални херои, му ветил и влез на бугарски капитал во една голема македонска банка и во една голема телекомуникациска компанија.

Неговото интервју погледнете го во продолжение:

Cyгapecки ocтaнa eдинcтвeн од CДCM Пpилеп што pacпyка по Бyгapите: Дpyгите молчат и чекaaт фyнкции?

Додека неговите сограѓани поранешни и актуелни функционери молчат, екс министерот за транспорт и врски од Прилеп, Горан Сугарески постојано ги напаѓа бугарските политики.

“Првата блокада од соседна Бугарија потврди дека политиките на официјална Софија зависат и ги диктираат Каракачанов и нему сличните! Многу трагично и погрешно!

Особено за земја членка на ЕУ и НАТО! Таквите “сонувачи” само преку ширење заблуди и лаги за македонскиот идентитет и историја, сеуште можат да опстојуваат во бугарската политика. Ние кабает немаме!

Дипломатски мудро не реагиравме остро на последните подмолни провокации од бугарските “сонувачи”, за да ги изнесеме работите на чистина. Се виде кој го крши договорот за добрососедство!

Сега ЕУ како сојуз кој почива на вредности и принципи е на потег! Ние сме биле, сме и ќе останеме македонци кои зборуваат македонски јазик од памти век, секогаш сме на вистинската страна и нема да дозволиме да ни биде одземена националната гордост со ретуширање на историјата!”, пишува Сугарески во еден од неговите последни статуси на Фејсбук.

Во друг статус Сугарески вели:

“Смешни се овие изјавиве на поедини бугарски политичари дека сме имале територијални претензии кон Бугарија. Алоо, Македонската влада потпиша договор за пријателство со Бугарија. А ако на некој му смета тоа што сме Македонци и зборуваме Македонски јазик и со тоа е бетониран Македонскиот идентитет, е тоа е негов проблем”.

Подолу на неговиот Фејсбук профил, Сугарески пишува:

“Македонскиот идентитет одамна е затворено прашање, регистриран во нашата лична карта во ООН! Се друго е чита политика наменета за внатрешна употреба! Но, да бидеме на чисто! Никој, ама баш никој во светот не може да ни го одземе нашето право да сме свои на своето. Македонци сме кои зборуваат Македонски јазик! Универзалното демократско право на самопределување е цивилизациска придобивка за секоја нација утврдена со Повелбата на ООН. Гоце Делчев е нераскинлив дел од Македонската историја и не случајно неговите мошти се пренесени во црквата “Свети Спас” во Скопје. Гоце по своите убедувања бил Европеец далеку пред формирањето на ЕУ. Искрено жалам што Бугарија не го следи неговиот патоказ! Секој обид со политички диктат да се влијае врз работата на историчарите кои треба да најдат решение за разликите од минатото е контрапродуктивен и не е во духот на добрососедските односи”.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски, позитивен на Koвид-19

Прилепскиот пратеник од редовите на СДСМ преку својот Фејсбук профил соопшти дека синоќа добил позитивен резултат на тестот за Koвид-19.

“Почитувани пријатели, Би сакал да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Моментално имам лесни симптоми на болеста и сум во домашна изолација.

На сите вас и на вашите семејства, ви посакувам добро здравје. Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски.

Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола.

Чувајте се”, напиша Талевски.

Поддржувачи на Трамп споделуваат видео за кое тврдат дека е доказ за изборната измама (Видео)

Вирално видео од изборниот ден во САД се шири на социјалните мрежи, а претставува доказ на изборната измама.

Да потсетиме, водечките американски ТВ станици, вклучувајќи ја и телевизијата наклонета на Трамп, Фокс Њуз, како и угледната новинска агенција АП, предвиделе дека демократскиот кандидат Џо Бајден победил на американските избори.

Самиот Трамп повеќе пати тврдеше без никакви докази дека демократите се обидуваат да му ги „украдат“ изборите, односно дека на претседателските избори во САД имало измами.

Дел од гласачите на Трамп на социјалните мрежи споделија видео за кое тврдат дека докажува броење на гласови во округот Делавера во сојузната држава Пенсилванија, инаку клучна држава за американските избори. Бајден во таа држава го надмина Трамп по бројот на гласови, што му донесе 20 изборни гласа и на крајот победа на претседателските избори.

Луѓето кои го поддржуваат Трамп тврдат дека на снимката се гледа како бројачи на гласови пополнуваат гласачки ливчиња во корист на Бајден.

Но, во реалноста, бројчаите на гласови се осигурувале дека оштетените гласачки ливчиња може правилно да се избројат, рекле надлежните во петокот.

На снимката се гледа како вработен копира информации на празно ливче за потоа на глас да брои. Целиот процес го следат независни набљудувачи.

Надлежните велат дека снимката е зголемена за набљудувачите да не можат да се видат во кадар и за да се манипулира со снимката.

Bидео кoe co cигypнocт ќе ви пpeдизвика cилни eмoции: Maкедониja пpeд иcтopиcки натпpeвар!

Во четврток со почеток од 18:00 часот, на “Динамо арената” во Тбилиси, Македонија го игра клучниот и историски натпревар за пласман на Европското првенство идната година против Грузија.

Нашите момци напорно тренираат пред тргнувањето за Тбилиси, а од фудбалската репрезентација на Македонија на својата официјална страна на Фејсбук објавија ново мотивациско видео пред историскиот натпревар против Грузија.

Видеото ја носи паролата “Сега е наше време” и со сигурност ќе ви побуди емоции.

Селекторот Игор Ангеловски може да смета речиси на сите повикани фудбалери, а од вчера на составот му се придружи и триото Пандев, Елмас и Алиоски.

Пpилепcкиот гигант “Микpocaм” со великодyшна донациja за oпштата болница “Борка Талески”

Прилепскиот гигант Микросам е една од ретките компании кои ја покажаа својата великодушност во овие тешки времиња за прилепското здравство. Од компанијата донираа гермицидна ламба за стерилизирање на воздухот во медицинските простории.

“Уште еднаш испраќаме голема благодарност до Микросам за подршката во напорите за справување со состојбата со Ковид 19. Луна Мини-УВ решението за брза,лесна и ефикасна дезинфекција го предаде во рацете на Раководителот на одделението за педијатрија Др Ана Ѓорѓиоска која во знак на благодарност им подари пригоден подарок. Луна Мини е гермицидна ламба за стерилизирање на воздухот во медицинските простории. Благодариме на Микросам-домашна фирма со глобални достигнувања која посветено ја подржува заедницата. Да Ви се множат успесите Микросам !За заедничко добро на сите”, напишаа од прилепската општа болница “Борка Талески” на Фејсбук.

Два слона имаме во државава, и тие се скараа

Во скопската зоолошка градина во тек се градежни зафати кои треба да го прилагодат животниот простор за двете популарни скопски слоници. Дуња и Даела се со големи разлики во возраста, па младата Даела понекогаш е премногу палава за „бабичката“ Дуња – објави “Плус инфо”

Токму тоа е главната причина поради која во текот на есента и зимата ќе се работи на градежни зафати кои вклучуваат и големи потпорни ѕидови, за кои сите материјали, во вредност од скоро половина милион денари, ги обезбеди еден од пријателите на скопската ЗОО, Цементарница УСЈЕ.

– Сите се надеваат дека уредувањето на прилагодениот надворешен простор ќе биде финализиран до следната пролет. Сепак, посетителите на скопската ЗОО и во овој период ќе може да уживаат во друштво на популарните Дуња и Даела во другиот дел од нивниот двор – соопшти компанијата.

Летово еден од слоновите во скопската Зоолошка градина турна електричен столб, поради што имаше прекин на струјата, а посетителите беа евакуирани.

Eден од најголемите британски екcпepти кажува кога животот ќе се вpaти во нopмала

По објавата на компанијата „Фајзер“ за новата вакцина, сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот штаб за борба против коронавирус, изрази верување дека животот треба да се нормализира до пролет следната година.

Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија туку и во многу други земји, наведува „Би-би-си“.

Бел изрази ентузијазам со објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но дека тие тешкотии не се несовладливи.

Во интервју за „Би-би-си“ на Радио 4, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има повеќе од една вакцина во Велика Британија.