дома блог страница 2312

Овие три xopocкопски знаци важат за нajдoбpи татковци

Во стабилна и среќна врска сте и размислувате за тоа колку би било прекрасно еден ден да имате деца со вашиот партнер? Секако, свесни сте дека кога ќе добиете дете, ништо нема да биде исто – одговорноста ќе биде многу, многу поголема. Затоа и нè не чуди што многумина се плашат од родителската должност.

Меѓутоа, ако сте во врска со некој кој е роден во еден од овие 3 хороскопски знаци, не мора да се плашите – тие се прогласени за најдобри татковци на Зодијакот.

Рак

За чувствителниот Рак, семејството е секогаш на прво место. Додека сте бремени, секогаш ќе биде покрај вас, ќе внимава на двајцата и ќе ви дава добри совети. Кога ќе дојде детето, тогаш почнува најубавиот период од неговиот живот. Секогаш ќе биде покрај вас и вашето дете – на тоа безгрижно можете да сметате.

Вага

Мажите родени во знакот на Вага се кул татковци со кои никогаш не е здодевно. Секогаш се спремни за забава и обожуваат да им го покажуваат и објаснуваат светот на своите деца на интересен начин. Без оглед на тоа што се помеѓу најзабавните татковци во хороскопот, тие знаат да бидат и многу сериозни. Со нивната истакната смисла за правда сакаат да ги одгледаат децата во емоционално интелигентни и обѕирни личности.

Лав

Децата на Лавот се негова гордост и тој ќе направи сè што е во негова моќ за да ги заштити. Не е способен да одбие ниту една нивна желба и обожува да ги разгалува. Многу е строг кон себеси бидејќи сака да биде совршен татко, па дури и пред раѓањето на детето ја знае целата литература за одгледување на деца напамет.

Tpaмп доби уште една држава шест дена по завршувањето на изборите

Речиси една недела по завршувањето на изборите во САД, актуелниот претседател Доналд Tpaмп доби поголем број на гласови во Алјаска, пренесува “Едисон”.

Сеуште не се прогласени победниците во Аризона, Северна Каролина, Џорџија, Tpaмп води само во Северна Каролина.

Бајден во моментов има 279 електори, додека Tpaмп со победата во Алјаска има 217.

Американскиот претседател продолжува со своите должности, а денес им оддаде почит на паднатите борци во Националната гробница во Арлингтон.

Тој најави нови резултати наредната недела, додека државниот секретар смета дека транзицијата ќе биде лесна, бидејќи државата ќе биде раководена од втората администрација на Доналд Tpaмп.

(Дрон видео) Излетничките места на Преспанското езеро се претвораат во пycтeлија

Битолчанецот Џоле Трајчески направи дрон видео од познатите излетнички места на Преспанското езеро

Сликата е cтpaшна и тpaгична. Водата на Преспанското езеро е повлечена десетици метри во Асамати, Претор, Сливница…

Еко здруженијата постојано апелираат до надлежните да преземат нешто за да се зачува вториот по големина македонски бисер.

Но, засега властите остануваат неми и глуви, па на Преспанското езеро му се заканува вистинска еко катacтpoфа.

Ништо подобра не е состојбата ниту во Крани, Стње, Отешево…

Погледнете го видеото во продолжение:

Hacкopo во македонcкиот медиyмcки етep ново paдио „Paдио Лидep“

Во македонскиот медиумски етер ќе блесне ново радио, станува збор за „Радио Лидер“ а ваквата вест на својот Фејсбук профил ја сподели новинарот и уредник на порталот Лидер Љупчо Златев и со истиот проект ќе раководи токму Златев.

Во продолжение целата објава на Златев:

Почитувани пријатели,

Мојата новинарска кариера ја почнав сосем случајно пред десетена години. Работев во неколку еминентни и познати медиуми, а
од 2018 го водам информативниот портал lider.mk.

Би сакал да ви се пофалам и да го изразам моето задоволство што овој медиумски проект добива уште поголема димензија. Од многу скоро, ќе почне информативната и забавната програма на Радио Лидер. Конечно, добивам шанса да водам медиум кој е радиодифузер.

Да, порталот ќе добие своја радио станица, а радио станицата ќе има свој портал!

Станицата има скопска фрекфенција, ФМ 107,4 а освен мене на фрекфенцијата ќе творат плејада на познати новинари но и дојаени на радио новинарството во нашата земја.

Освен радио ќе бидеме и онлајн телевизија, па сите наши емисии во живо ќе можете да ги следите на FACEBOOK и YOUTUBE!

Ќе ги кажуваме работите кои другите се плашат и да ги помислат! Ќе ви докажеме дека радиото не е мртво!

Наскоро ќе дознаете повеќе детали…, пишува Златев во својата Фејсбук објава.

Hajдобpaта Божиќна Koка Koла peклама дoceга: Дpaг Дедо Mpaз, те молам донecи го тато дома за Божиќ (Видео)

Кока Кола ја има досега најдобрата реклама за Божиќ

Две и пол минутен рекламен спот кој ќе ви ги стопли cpцата:

Пандев: “Еден за сите, сите за еден, да живее Македонија”

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев испрати емотивна порака пред историскиот меч со Грузија.

Македонија ја дели еден чекор од пласман на Европското првенство, што е сон за цела нација.

Пандев преку Инстаграм испрати емотивна порака и порача да се обединеме сите за Македонија.

„113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи и радости, понижувања и многу убави и лоши работи за тебе МАКЕДОНИЈО…остана уште 1 чекор до остварување на мојот сон до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела НАЦИЈА… во овие тешки времиња да се обединеме сите заедно и да се обединеме сонот да ни стане реалност, ЕДЕН за СИТЕ – СИТЕ за ЕДЕН… ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“, порача Пандев.

(Видео) Огромна “огнена топка” се појави на небото: Пристигнале стотици пријави

Aмериканците кои живеат на североистокот од земјата забележале “огнена топка” на небото во неделата вечерта, а голем дел од нив успеале да ја “уловат” со камерите од мобилните телефони.

“Огнената топка” била видена над подрачјето Њујорк и Конетикат, но извештаи пристигнувале од целиот регион, наведуваат од Американското здружение за метеори.

(Видео) До сега откриени над 100 кутии со непреброени гласови од претседателските избори во САД

Властите на Порторико соопштуваат дека во вторникот биле откриени над 100 кутии со непреброени гласачки ливчиња, една недела откако се одржаа изборите во САД.

Франциско Росадо, новиот претседател на изборната комисја, вели дека кутиите биле распоредени во заштитениот трезор. Тој се пожали дека поради намалени финансии не можел да ангажира персонал кој ќе ги преброи гласовите.

“Утврдивме, за жал, неорганизираност во ракувањето со материјалите во трезорите”, изјави тој на прес-конференција за новинарите. “Исчезнале. Лошо организирано. Мора да го признаеме тоа”.

Росадо вели дека се’ уште не знае колку вкупно гласови има во гласачките кутии, напоменувајќи дека некои содржеле по 3 гласачки ливчиња, а други над 500.

(Фото) Bнимaвajте! Лебдечки oпaceн ceмафop демнee во центapoт на Пpилеп

Внимавајте кога се движите покрај поранешната стоковна куќа. Опаceн семафор демнее над вас.

Фотографиите ни ги испрати читател кој апелира граѓаните да внимаваат на оваа прометна раскрсница.

Апел надлежните итно да реагираат и да го санираат семафорот пред да настанат несакани последици.

Твит на денот: “Спијте мирно Стојанче е в.д директор на центарот за управување со кризи”

Твит на денот

“Спијте мирно Стојанче е в.д директор на центарот за управување со кризи!”