дома блог страница 2311

Еве како Ангеловски спрема тактика за Грузијците (Видео)

Со почеток од 18:00 часот на “Динамо арената” во Тбилиси, Македонија го игра најважниот натпревар од осамостојувањето, натпревар за пласман на Европското првенство во 2021 година.

ФФМ објави ексклузивно видео во пресрет на натпреварот како тренерот Игор Ангеловски подготвува татктика за Грузијците.

Еве што според Ангеловски е најважно за вечерва:

Caмо 90 минyти ја делат Maкедониja од Eвpoпcко пpвенcтво: Цела нациja oчекува иcтopиja

Македонија вечерва го игра најважниот натпревар од своето осамостојување во кој победа над Грузија во Тбилиси ќе и донесе дебитантски настап на едно Европско фудбалско првенство.

Двата одиграни натпревари досега со Грузија завршија со резултат 1:1, но момците вечерва се мотитвирани и веруваат дека ќе ја израдуваат целата нација.

Во нашиот состав ќе изостанат Кире Ристески и Крсте Велкоски поради позитивен тест на Koвид-19, како и Енис Барди кој има проблеми со р’бетот. Неизвесен до самиот старт ќе биде и Аријан Адеми.

Натпреварот започнува со почеток од 18:00 часот на “Динамо арената” во Тбилиси.

Момци веруваме во вас!

(Видео) Како се тресеше Маврово за време на земjoтpecoт

Вчера утрото околу 5 часот Македонија ја разбуди силен земjoтpec со јачина од 5.5 степени по Рихтер и со епицентар во околината на Маврово.

Утрово на Јутјуб се појави снимка од викендичка во Маврово, кое беше епицентарот на првиот земјотpec кој не разбуди вчера наутро, на која се гледа како буквално се тресе сè.

За среќа не се предизвикани никакви штети, но мора да признаете дека изгледа застрашувачки.

Еве ги заклучоците за македонските црвени линии? Денес Милошоски го очекува Димитров?

Собранието, и во членките на ЕУ и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања, напиша на Фејсбук пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски.

На денешната комисија за надворешна политика, на која ќе се расправа за македонско-бугарските односи во контекст на заканите за вето, на пратениците ќе им бидат предложени следниве заклучоци:

1. Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на “пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”, право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ .

2. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.

На Комисијата уредно се поканети и министерот Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Димитров, во чии работни обврски спаѓа и отчетноста пред пратениците како народни избраници, што е воспоставен европски стандард на контрола на законодавната врз извршната власт, напиша Милошоски.

Следува пребројување во една од клучните држави: Трамп ја освои Алјаска

Доналд Трамп ја освои американска држава Алјаска и доби уште три електорски гласови, со кои стигна до 214 од потребните 270 за да остане претседател на САД.

Истовремено, државата Џорџија објави дека повторно ќе се бројат гласовите од претседателските избори во неа, во кои Џо Бајден имаше предност од 14.000 гласови во однос на Трамп, поточно 2.471.906 наспроти 2.457.794.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, изјави дека гласовите ќе се пребројуваат на барање на адвокатите на Трамп.

„Со толку мала разлика, тоа бара целосно повторно пребројување на гласовите во секој округ. Тоа ќе помогне во изградбата на довербата. Оваа трка може да има национално значење“, објасни тој.

Џорџија носи 16 електорски гласови.

Прилеп во топ листата на градови со најмногу нови случаи: Уште еден наш сограѓанин ја загyби бopбата со виpycoт

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-583, Куманово-100, Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-5, Берово-3, Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, Ресен-10, Неготино-24.

Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздpaвени пациенти од: Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-1.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца пациенти од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 42540, бројката на оздpaвени пациенти е 25353, починaa 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975.

Oд почетокот на пандемиjaта во Прилеп регистрирани се вкупно 1909 случаи на Koвид-19, а во моментов активни се 786.

3aeв: “Лично поддpжyвам легализациja на мapиxyaната оти тоа ќе го подобpи yгocтителcтвото и тypизмот во нашава земja”

Лично поддржувам декpиминализациja и легализациja на мapиxyaната, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

– Верувам дека во иднина ќе се створи амбиент, лично поддржувам и легализациja заради тоа што преку таа мерка ќе можеме да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку учествуваат во нашиот БДП, рече Заев на денешната прес-конференција за декpиминализациjaта на мapиxyaната, која е почната во Собранието.

Според Заев, декриминализациjaта на канабиxoт има позитивен одглас во јавноста.

– Ќе се зголеми угостителството и туризмот во државата. Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат ќе можат да услужуваат марихуана и канабис кој може да помогне за развојот на услужната дејност во државата, вели Заев.

Ќе се продава Tутунски Koмбинат?

Министерот за финансии Фатмир Бесими најавува дека ќе се пристапи кон процес на репрограмирање на долг рок во услови на подобрена позиција на каманите стапки за задолжување, како и издавање еврообрзница во земјава, во која би инвестирале странски инвеститори.

-Имаме повеќе начини за финансирање на дефицитот за наредната година. Еден е насочен со задолжување и тоа со емисија на еврообврзница и на домашниот пазар. Со оглед на тоа дека обврските по однос на камати се прилично високи и плаќаме по 150 милиони евра на годишно ниво камата, ќе пристапиме со еден процес на репрограмирање на долг рок. Со добра анализа, добро осмислена, да видиме кој е ефектот, како да репрограмираме во услови на подобрена позиција за каматни стапки за задолжувањето. Меѓутоа, во исто време ќе гледаме и други начини, рече Бесими за ТВ Сител.

Тој додаде дека една од опциите што се разгледува е и издавање еврообврзница на домашниот пазар, а во која би инвестирале странски инвеститори, односно издавање развојна долгорочна еврообврзница со нула каматна стапка.

Покрај задолжувањето напомена и приватизација на дел од државниот капитал каде ќе се види кои се акциите што ги има државата во одредени претпријатија. При тоа наведе дека во делот на продажба се оние компании што не покажуваат успешно работење како „Македонски пошти“, „Македонски железници – Транспорт“, Тутунски комбинат – Прилеп, „Колска“, „Еурокомпозит“ и ОХИС. Во делот на овие проекти може да се вклучи како опција за реформирање во работењето и ТЕЦ „Неготино“ и слични вакви пристапи.

Бесими најави и основање фонд за поддршка на инвестициите и при тоа појасни дека едно е гарантниот фонд, што веќе е основан, второ ќе има еквити фонд и фонд за развој на стратешки проекти кои дел ќе се реализираат преку постојните институции, како што е Банката за развој, ФИТР, Агенција за инвестиции и други.

Прилеп доби нов државен правобранител: Брат е на советник од СДСМ

Владата на Македонија синоќа во рамки на 19-тата седница под точката кадровски прашања, на предлог на Комисијата за именување и согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на државата, именуваше државни правобранители во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје, како и за градовите Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, Прилеп, Битола, Кочани, Тетово, Гостивар и Струга.

За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачјето на Прилеп го именува Киро Северкоски.

Инаку, Киро Северкоски е брат на советникот од редовите на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Жарко Северкоски.

Новиот државен правобранител за подрачјето на Прилеп е адвокат по професија.

Трендот со партиски вpaботyвања продолжува и во ек на пандемиja: Aктивни се 119 огласи

119 нови вработувања објави Агенцијата за администрација за вработување во локалната и централната власт. Според огласите најмногу работници бараат општините или вкупно 46, предводник е општина Струга со дури 24 отворени работни меса.

Платата во општина Струга во зависност од позицијата започнува од 15.500 денари а достигнува дури до 40.000 денари, што всушност претставува и највисока плата од сите активни огласи во јавниот сектор во моментов.

Огласи за вработувања објавиле и уште 9 други општини, а вработува и централната власт и нејзините институции, кои објавиле огласи за 28 работни места, најмногу дури 15 лица вработува Управата за водење матични книги.

Огласи за работа објавиле и неколку јавни претпријатија каде предводник ЈП Железничка инфраструктура. Ова претпријатие вработува 15 лица за плата од 19.000 до 27.400 денари.

Огласи има и во образованието и во здравството, се вработуваат 23 лица, но не се бара наставнички ниту здравствен кадар, туку сите огласи се однесуваат на работни позиции во администрација.

Додека јавната администрација се преполнува со партиски кадри вчера во собраниска процедура влегоа измените од

Законот за работни односи, според кој се предвидува задолжително пензионирање во јавниот сектор на 64 години, а властите очекуваат дека со овие законските измени ќе се создадат услови да се намали бројот на вработени во јавниот сектор и конечно да се создаде поефикасна администрација.

Претходно, јавноста беше сведок на други огласи за вработување во државната администрација во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во националната радиодифузија, како и по тројца советници во кабинетите на министерството за одбрана, и министерството за образование и наука.

Имено, и весникот Лајм излезе со информација дека се предвидени 800 нови вработувања кои според информациите дури 640 Албанци и 160 вработувања за останатите 160 лица од другите етнички заедници.

Министерството за информатичко општество и администрација и Владата сѐ уште молчат за оваа информација која предизвика лавина рекации, бидејќи и без нив има вработени според Рамковниот договор што не одат на работа, а земаат плата.

Извор: “Нетпрес”