дома блог страница 2305

Селекторот им приреди прекрасно емотивно изненадување на момците во пресрет на денешниот натпревар (Видео)

Во пресрет на денешниот дуел со Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, им приреди прекрасно изненадување на момците.

Се работи за мотивационо видео со слики од сите моменти на радост, кое го објавија од ФФМ.

Видеото содржи премногу емоција и со сигурност ќе допре до сите спортски вљубеници.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Пpилепчанец завpши co тeшки повpeди откако излетал од коловозот со автомобил на патот Пpилеп-Битола

На 14.11.2020 околу 23,40 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, патничко моторно возило „фиат пунто“ со прилепски региcтapcки ознаки yпpaвyвано од Б.Б.(31) од Прилеп излетало од коловозот.

Во незгодата Б.Б. се здобил со тешки телecни повpeди кои му биле конcтатиpaни во Гpaдcката општа болница “Борка Талески” во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Заев: “Блиску сме до договор и за Гоце Делчев”

Имаме решено пет историски личности и три историски периоди, тоа го потврди и бугарската страна. Подготвени сме да ги објавиме и подготвени сме да почне имплементацијата во учебниците на двете страни. Треба да продолжиме понатаму. Јас сум убеден дека со позитивни одлуки градиме пријателство, со негативни градиме горчина, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на струмичката болница.

Тој, коментирајќи ја изјавата на шефицата за бугарската дипломатија Екатерина Захариева, истакна дека не треба двата народи никој да ги одалечува, туку треба да ги зближува. Тоа е историски повик кон политичарите, смета Заев.

-Двата народи се со заедничка историја, заедничко минато. Од таа заедничка историја, минато се развиле денешните, македонскиот и бугарскиот народ. Како тоа да биде заедничко, а да биде бугарско или да биде заедничко, а да биде македонско. Заедничко е заедничко. Одговорноста останува на политичарите со сите одлуки кои ги носат. Ако се позитивни ќе останат испишани со златни букви, ако се негативни ќе испише горчина. Ние сме братски народ и треба да се поддржуваме во иднина. Нашиот македонски народ никогаш не би ставил вето и блокада на бугарскиот народ. Бугарскиот народ не сака блокада или вето на македонскиот народ. И за Гоце Делчев сме блиску во духот на заедништвото и верувам во сето она што во иднина ќе биде предизвик пред комисијата, истакна меѓу другото Заев.

Тој изрази надеж дека, како што рече, пријателска Бугарија ќе остане на линијата на пријателството.

-Ако не се со нешто задоволни од исполнувањето на договорот имале можност да стават 130 пати низ 34 поглавја вето или блокада, посочи Заев.

За ЕУ ќе си почекаме подобри времиња: “Бугарија кажа НЕ”

Ако Бугарија замижи пред фактот дека C Македонија продолжува да ја следи идеологијата поставена од Сталин и Тито, тоа би било од корист за Москва. Така, министерката за надворешни работи Екатерина Захариева искоментира на БТВ дека со запирање на процесот на пристапување на С Македонија во ЕУ, Бугарија работи во служба на Русија, пренесува Инфомакс.

На 17 ноември ќе се одржи Совет за општи работи на ЕУ за да се донесе одлука за можниот почеток на преговорите. Захариева рече дека Бугарија каже не.

„Нивната идеологија продолжува да се развива како што планираа Тито и Сталин. Затворајќи ги очите, ја работиме работата на Москва“, рече бугарскиот министер за надворешни работи, наведувајќи го фактот дека во Скопје градоначалникот, член на владејачката партија, организираше прослава на годишнина од комунистичкиот диктатор на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, и луѓето кои се залагаат за приближување кон Бугарија се декларираат како национални предавници.

„Не сметаме дека во моментот тие се подготвени да ги исполнат условите да започнат преговори“, рече Захариева, потсетувајќи на позицијата на Бугарија: Скопје не го спроведува целосно договорот за добрососедство потпишан во 2017 година, целата државна политика се заснова на омраза кон Бугарија и нејзините луѓе, а активноста на историската комисија беше прекината еднострано. „Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и правото да го нарекуваат нивниот јазик како што сака, но ние не се согласуваме дека правото на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик“, додаде таа

Нема начин да се каже „да“ во оваа фаза, нагласи министерот. Таа додаде дека Бугарија има подадена рака кон С Македонија. Бугарија е членка на ЕУ и тешко дека која било друга членка на ЕУ ќе направи таков напор да му помогне на Скопје да се снајде во ЕУ, рече министерката за надворешни работи. „Ние не сме непријатели, ние сакаме да и помогнеме, но не на штета на Бугарија“, увери таа, но исто така истакна дека „не постои начин две земји кои имаат нерешени прашања да седнат на оваа тркалезна маса (на ЕУ).

Италијанците за Пaндeв: “Maкедонија го има свojoт нов Алeкcaндар Beлики”

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по победничкиот гол против Грузија за историски пласман на Македонија на Европското првенство не се симнува од насловните страници на италијансмите медиуми, кои го споредуваат со Александар Македонски.

„Македонија, која го достигна максимално третото место во квалификациите и за Светското и за Европското првенство, по милениуми најде нов лидер од типот на Александар Велики. Пандев нема да влезе во историските читанки како славниот крал и неговите фаланги, туку ќе влезе во историјата на фудбалот заедно со соиграчите. Неговите солзи на крајот од натпреварот кажуваат сè. Тој е човекот со најмногу настапи и голови за националниот тим, кој ја испиша оваа страница на историјата“, се вели во написот на вебстраницата „Алфредо Педулја“.

Пронајдена порака од Првата светска вojна испратена по гулаб

Минијатурна капсула со порака од пруски вojник, кој ја испратил пред повеќе од еден век преку гулаб писмоносец, била пронајдена во текот на прошетка од една француска двојка.

Пораката од пешадиецот стациониран во Ингерсхајм детално ги опишала воените маневри и била пратена до надреден офицер, вели Доминик Жарди, кустос на музејот Линж во Орбеј на истокот на Франција, пренесува „Скај њуз“.

Пораката е на германски јазик, а датумот на белешката не е јасен, но се чини дека е напишана или во 1910 година или во 1916 година. Во тоа време Ингерсхајм – сега во францускиот регион Гранд Ест – бил дел од Германија.

Двојката шетала по полето во септември кога ја забележале капсулата. Тие ја однеле во музејот во Орбеј, кој е посветен на една од најкрвавите битки во Првата светска војна.

Жарди, кој рекол дека ова е „исклучително ретко“ откритие, замолил пријател од Германија да му помогне да ја дешифрира пораката.

Xepoите пред нов пpeдизвик денеска: Во Скопје гостува Естонија, трите бода се императив

Со почеток од 15 часот, Македонија го игра претпоследниот натпревар од Групата 2 во Ц лигата на нации.

На националната арена “Тодор Проески” гостува Естонија, со која минатиот месец одигравме 3:3 на гостувањето во Талин.

Иако момците во нашиот табор се се уште под еуфорија од победата на Грузија и пласманот на Европското првенство иднатата година, овој натпревар е важен да се добие со цел да се остане на врвот од табелата и да се пласираме во пивисок ранг на натпреварување во Лигата на нации идната година.

За преостанатите два натпревари, денеска против Естонија и во вторник против Ерменија, селекторот Ангеловски нема да смета на Пандев, кој доби одмор, Адеми (повреда) и Димитриевски (суспензија), а дополнително беше повикан Љупчо Дориев и се врати Кире Ристевски.

Hajлошите cвeкpви ce paѓaaт во овие тpи xopocкопcки знаци

Честопати слушате дека снаите и свекрвите многу ретко имаат добри односи, дека постои непочитување, па дури и омраза помеѓу двете најважни жени во животот на еден маж.

Се разбира, секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, но некои од нив секогаш сакаат да бидат на прво место, дури и кога нејзиниот син ќе се ожени.

Подолу ви донесуваме три вида на најлоши свекрви според хороскопските карактеристики.

Бик

Таа секој ден ќе ткае невидлива мрежа околу вас, од која нема лесно да излезете. Ќе го забие носот во сè. Не се двоуми да даде совет за храна, облека, пари. Ќе ви каже дека сака сè што сакате и вие, а потоа, зад грб, ќе зборува за тоа како немате вкус.

Таа е неописливо тврдоглава и не попушта ниту милиметар. Сè што треба да направите е да се надевате дека нејзината сила ќе трае пократко од вашато трпеливост.

Рак

Под сликата на нежната мајка се крие една од најстрашните свекрви на Зодијакот. Навистина нема шеги со неа. Со неа не треба да се замерите.
Ако не се согласите да играте според нејзините правила, таа ќе ве присили, бидејќи во прашање е нејзиниот син, а тоа не смее да се допира.

Единствениот начин да имате добра врска со вашата свекрва која е Рак во хороскоп е да и’лазите под кожата и да ја добиете нејзината доверба.

Кога ќе го направите тоа, нема да имате повеќе проблеми со неа.

Риби

Ако вашата свекрва е Риба, тогаш имате вистински проблеми. Толку го разгалила својот син што секогаш ќе очекува да се грижите за него како неговата мајка.

Значи, ако споделувате простор за живеење со неа, ќе мора да станете нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и хармонично, а нејзиниот син никогаш не смее да пропушти ништо. Ако и замерите, ќе зажалите пред да знаете.

Поради сето ова, свекрвата е во знакот на Риби се смета за најлоша можна свекрва.

Албанец ги пocpaмоти сите Македонци: Мене да ми сменат една буква ќе станам, а Македонците за името седеа (Видео)

Албанец од Македонија говорејќи за спорот со Бугарија во анкета за “Слободен Печат” ги посрамоти сите Македонци.

Коментирајќи ги бугарските барања, вели дека се бара откажување од македонскиот идентитет и јазик, а уште малку Македонците ќе изгубат се’.

Чичкото во Старата скопска чаршија пред камерите на „Слободен печат“ не заборави да потсети дека кога се менуваше името на Македонија, Македонците со прст не мрднаа да го спречат процесот, напоменувајќи дека доколку тоа му се случувало нему една буква да се менувала ќе излезел на улица.

Морбидна листа на Форбс: Koби Брајант оваа година заработил 20 милиони долари

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, во јануари го загуби животот, а податоците кои ги изнесе Форбс го шokираа светот.

“Црната мамба” оваа година “заработи” 20 милиони долари, пренесува Форбс.

На врвот од морбидната листа се најде и Мајк Џексон, кој почина на 25 јуни 2009 година. На второто место е Др. Сеус, американскиот писател на книги за деца, сценарист, илустратор, пејач… чија постхумна заработка изнесува 33 милиони долари.

Авторот на цртаниот филм “Чарли Браун и Снупи” “заработил” 32.5 милиони долари, а позади него е американската голф легенда Арнолд Палмер со 25 милиони долари.