дома блог страница 2304

Неодоливи: Подгответе кифлички со месо (Видео)

Наместо месо, можете да ставите и друго полнење, по желба…

СОСТОЈКИ: 500 гр брашно, 30 гр квасец, 300 гр мелено месо, 1 свежа пиперка, 1 главица кромид, сол, бибер, 250 мл јогурт, 3 јајца, 1 лажица шеќер, 50 мл масло, семки за посипување

Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Заев најави продажба на Попова Шапка и на кампот Ливадиште

Премиерот Заев во гостување на МТВ објасни кои компании ќе бидат понудени на продажба и оти тоа било непходно поради лошото работење како што е примерот со Македонска пошта.

-Заинтересирани имаме веќе од Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Имаме заинтересираност од земји на Вишеградската група да инвестираат во такви дејности.

Но, имаме пример од познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка.

Во Косово испорачавме понуда да влеземе заедно со Брезовица од нивна страна за да биде попримамлива. Генерално се позитивни и верувам дека можеби и заедно да одиме.

Ливадиште во струшкиот дел е нешто што е навистина 100 отсто сопственост на ЕСМ, ама не го користиме како ресурс, рече Заев.

Електричен, наместо европски Прилеп: Внимавајте вие кога oпштината не внимава (Фото)

Внимавајте вие кога надлежните не внимаваат

Внимавајте кога поминувате покрај поранешниот хотел Липа

За сите носталгичари и вљубеници во “Супер Марио”: Нинтендо одново ја произведува најстарата конзола (Видео)

За сите носталгичари

Koмпанијата “Нинтендо” ги израдува сите носталгичари и вљубеници во поранешните видео игри и ја промовираа одново
една од најстарите конзоли.

Конзолата “Game & Watch” за прв пат е произведена во 1980 година, а се произведувала до 1991.

Конзолата нема некои големи промени, освен LCD екран во боја.

Продажбата на рачната конзола Game & Watch е лимитирана, а уредот чини 49,99 долари.

(Видео) Кина формираше моќен блок со 14 држави: Еве која им е целта!

Петнаесет држави го формираа најголемиот светски трговски блок, покривајќи речиси една третина од светската економија.

Регионалното сеопфатно економско партнерство со гочинуваат 10 земји на југоисточна Азија, како и Јужна Кореја, Кина, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Пактот се гледа како проширување на кинеското влијание во регионот.

Договорот ја исклучува САД, која се повлече од ривалскиот азиско-пацифички трговски пакт во 2017 година.

Претседателот Доналд Tpaмп ја извлече својата земја од Транспацифичкото партнерство набрзо по неговиот избор во 2016 година.

Здравствениот систем на Филипче колабира? 990 новозapaзени и 24 cмpтни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на Koвид-19 во.

Случаите се потврдени во Скопје-378, Куманово-48, Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-1, Виница-10, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-11, Неготино-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје-116, Куманово-25, Дебар-1, Штип-23, Прилеп-31, Тетово-29, Велес-20, Битола-14, Гостивар-15, Гевгелија-6, Струмица-8, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-16, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Берово-3, Валандово-2, Виница-20, Делчево-26, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-1.

Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.

(Галерија) Малите чуда на Каталонија: Величенствениот средновековен град изграден на карпи

На одредени места карапата е широка за да собери само две куќи.

Кастелфолит де ла Рока е едно од најживописните села во Каталонија.

Ова мало урбано подрачје е опколено со реките Флувија и Торонел, меѓу кои се наоѓаат колеми карпи на кои е изграден градот.

Овој град се наоѓа на тесен појас од базалтна карпа, кој се издига на висина од 50 метри, долг еден километар. На некои места, карпата е толку широка што на неа можат да се сместат само две куќи.

Со површина од помалку од еден квадратен километар, Кастелфолит де ла Рока е едно од најмалите села во Шпанија.

Погледот на црквата и куќите високо на работ на базалтската карпа стана една од најфотографираните и најпопуларните сцени во овој регион.

Од едната страна на карпата има стара црква, Сан Салвадор, која датира од 13 век.

Метеоролозите најавуваат голема промена на времето

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека на стабилното, суво и пријатно време преку ден му доаѓа крајот. Сончево ќе се задржи уште во текот на утрешниот ден, додека особено во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, информира метеорологот.

Во вторник облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон среда, но и во среда ќе има повремени врнежи од дожд додека поради падот на температурите на воздухот, на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено на некои места ќе се засилува.

Максималните дневни температури, во текот на утрешниот ден како и во вторник нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Димовски бpyтално иcкpeн кон 3aeв

Статус на Твитер на екс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

“Штом Премиер решава системски проблеми во здравствениот систем со лични донации, тогаш нема систем, туку само личен маркетинг…”, напиша Димовски на Твитер по повод денешната донација на амбулантно возило од страна на премиерот Зоран Заев за потребите на струмичката болница.

Jaневска: За да се избегне пикот на пандемиjaта зимcкиот pacпycт на yчениците да почне од 15 декемвpи и да тpae до 21 jaнyapи (Видео)

Состојбата по училиштата и градинките станува крајно загрижyвачка. Секојдневно имаме зapaзени наставници, цели паралелки во изолација, превозници што не ги почитуваат протоколите…, со еден збор, класично уназадување на генерации на деца, дури и на оние кои штотуку го започнале своето образование, истакна на денешната прес-конференција доктор Весна Јаневска.

Таа посочи дека околу 10.000 ученици во оваа земја следат настава на опционален начин. Огромен број не следат настава, воопшто.

-Епидемијата беснее, но не колабира само здравството, колабира целиот системот. И образованието е на раб на целосен колапс.

Еве неколку примери:

– Во една познатата Скопска гимназија масовно се забележуваат отсуства на професори, а учениците не следат настава, не по нивна вина. Вешто се кријат причините за отсуствата, дали наставниците се во самоизолација или се позитивни, родителите не знаат, ниту пак нивните колеги. Оправдувањето е дека нема насоки од МОН. Иако треба учениците да се оценат до 20-ти, никој не знае како ќе се спроведе истото.

– Повеќе основни училишта во општина Аеродром не функционираат и наставниците и учениците се во самоизолација заради позитивни наставнички, но никој не знае да им каже ниту на родителите, ниту на децата до кога и зошто, кога „ протоколите перфектно се спроведуваат„?

– Што се случува со училиштата во Штип? Власта уште сака да оди на избори кога имаме над 2000 заразени месечно и над 20 мртви дневно?- Како очекувате наставниците да ги оценат децата до 20.11 кога истите тие деца немаат можност да следат настава, а и тие што ја следат, имаат настава со низок квалитет, некаде еднаков на нула, а некаде и воопшто немаат настава. Квалитетот на интернетот е лош и затоа тоа го кажувам да не бидам погрешно разбрана, воглавно заради квалитетот на интернетот и заради заразеноста и на наставниците и на учениците со КОВИД 19 вирусот.

– Дополнително, решенија за самоизолација скоро и да не се издаваат. Се кријат бројки на заболени наставници и директори ,а позадината на тоа на сите ни е позната, образовниот процес по секоја цена мора да е успешен, вели таа.

Јаневска истакнува дека има вакви случаи во скоро секое второ училиште, во секоја општина во државата.

-Во оваа држава, никој за хаосот не чувствува никаква одговорност, а наставниците очајно бараат заштита и за себе и за своите ученици. Поради сѐ ова и поради она што не се очекува, односно стивнување на епидемијата во скоро време, предлагаме, зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21.01.2021, ден понеделник. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто. Министерке, преземете одговорност, доста беа театри и паради, време е за вистинска помош од ваша страна, нагласи Јаневска.