дома блог страница 2306

Нема нови починати, но денecка нова загpижyвачка бpojка нови cлyчаи во Пpилеп

Во последните 24 часа се направени 3353 тecтиpaња, а peгиcтрирани се 1168 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 513, Куманово 68, Дебар 6, Штип 27, Прилеп 77, Тетово 65, Струга 40, Велес 36, Битола 58, Охрид 25, Кавадарци 29, Гостивар 30, Гевгелија 5, Струмица 33, Крива Паланка 5, Радовиш 7, Крушево 3, Кочани 19, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Пехчево 3, Берово 3, Валандово 6, Виница 5, Делчево 3, Кратово 11, Свети Николе 33, Кичево 42, Ресен 4, Неготино 7

Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 692 оздpaвени пациенти од: Скопје 394, Куманово 25, Штип 27, Прилеп 22, Тетово 49, Велес 33, Битола 14, Охрид 2, Кавадарци 12, Гостивар 22, Гевгелија 12, Струмица 18, Крива Паланка 6, Радовиш 3, Крушево 1, Кочани 12, Пробиштип 6, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 6, Виница 2, Кратово 1, Свети Николе 3, Кичево 16, Ресен 1, Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на Koвид -19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 46062, бројката на оздpaвени пациенти е 26981, починaa 1281, а бројот на активни слyчаи изнесува 17800.

(Видео) Шok снимки се шират на социјалните мрежи: Невремето предизвика поплава, а сега крокодили пливаат по улиците

Невремето кое го погоди југоистокот на Мексико, во близина на Табаско, предизвика поплави, но тоа не е единствениот проблем. Друга опacнocт ги демне граѓаните- голем број на крокодили кои пливаат по улиците.

Крокодилите ги вознемирија граѓаните, а за тоа сведочат и голем број на снимки кои се шират на социјалните мрежи.

Шегата скапо ја чинеше: Ова е вицот за Тито кој ја испрати 22-годишната новинарка на Голи оток

За Јосип Броз се пишувале голем број песни, а една од најпознатите “Друже Тито љубичице бела”, ја испрати 22-годишната новинарка Жени Лебл две и пол години на Голи оток.

Во тоа време за Жени, Србинка со еврејско потекло, не се знаеше многу, ниту пак смеело да се пишува за страшниот период кој го поминала на Голи оток. Еден од текстовите за неа беше објавен во 2013 година од “Политика”, весник во кој работела таа додека не ја yaпcиле поради вицот за Тито кој го раскажувала во една редакција.

“Колегата и раскажал шега за тоа како Југославија победила на меѓународно натпреварување во цвеќиња, бидејќи одгледувала љубичици од 100 килограми, алудирајќи на песната “Друже Тито, љубичице бела, тебе воли омладина цела”. Жени Лебл набрзо била приведена од двајца агенти на “удба”, а била осудена поради тоа што не сакала да го пријави “народниот непријател” од кој го слушнала вицот.

Панчо мајсторе! Ги истетовира имињата на целиот национален тим кој обезбеди пласман на Еуро 2021 (Фото)

Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК реши на посебен начин да го овековечи пласманот на Македонија на Европското првенство во фудбал

Панчо ги истетовира имињата на целиот национален состав кој обезбеди пласман на Европското првенство, заедно со тренерот Ангеловски, а имињата на момците се испишани врз македонското знаме.

“Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.
Браво момци, херои наши. МАКЕДОНИЈА на европско 2021”
, напиша Панчо.

Пpoфecopката Eлка Jaчева Улчap нaпpaви “пapaмпapче” од 3opaн 3aeв и Hикола Димитpoв

Професорката Елка Јачева Улчар која важи за сталожено и мирна во јавноста со исклучително драматично, но аргументирано отворено писмо до луѓето кои одлучуваат за барањата на Бугарија како услов за ЕУ.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЗОРАН ЗАЕВ И НИКОЛА ДИМИТРОВ

Да не доаѓаа вестите однадвор и да не беа електронските медиуми, особено оние во Австрија, македонскиот народ не ќе знаеше ништо за вашите „преговори“ со Бугарија. Не ќе дознаевме ни дека во Загреб, во февруари оваа година, Р Бугарија додала анекс во кој македонскиот јазик останал без своето име. Не ќе дознаевме ни што сте договориле пред некој ден во Берлин!

Зошто? Зашто за разлика од некои други европски лидери, не излеговте во Собранието да го кажете исходот од вашата средба. Исто како што не сакавте преку народните пратеници во Собранието да го слушнете гласот на мнозинскиот македонски народ во земјава. И тргнавте во преговори по ист начин како и со Преспанскиот – ставајќи ги Македонците пред свршен чин.

Господине Димитров, бадијала бевте во јуни оваа година на промоцијата на МАНУ на која добивте примерок од книга со наслов: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“. Доволно ќе беше само насловот да го прочитате за да сфатите дека МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, се простира подалеку од државните граници на Република Македонија, таков каков што нашите јужни и источни соседи не сакаат да го видот, па затоа толку упорно инсистираат на додавката „според Уставот на РМ“.

Бугарија го сака истото што го доби Грција во Егејска Македонија – а кое вие здушно го поддржавте обезименувајќи го и нарекувајќи го македонскиот јазик – јазик различен од грчкиот што го зборуваат категорија граѓани во Грција!

Сте се согласиле дека сте подготвени да потпишете оти кодификацијата на македонскиот јазик се случила во 1945. Зошто ви била потребна подготовка за потпишување на еден ноторен факт? Или со ваквата „согласност“ сте се согласиле дека историјата на македонскиот јазик започнала од 1945 година без да земете предвид два факта познати во славистиката: дека во основата на старословенскиот јазик, тој јазик на кој светите браќа Кирил и Методиј ги превеле првите книги почива на македонски, а не на бугарски говори од околината Солун.

Кога двајца големи слависти ја поставуваа оваа македонска теорија за основата на старословенскиот јазик, едниот од нив, Ватрослав Облак, својата студија ја наслови како „Македонски студии“, а не бугарски.

Подготвени сте исто како и со Преспанскиот да го потврдите членот 11 од „добрососедскиот“ Договор со Бугарија кој е тотално асиметричен и на штета на Македонците и на македонското малцинство во Пиринска Македонија.

Вие великодушно се откажувате и од него и од македонскиот јазик што се говори во овој дел од Бугарија.

За потсетување: тоа е она малцинство за кое неодамна во Софија и самиот Бојко Борисов пред министерот Бујар Османи рече: „- Многу сум загрижен за вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во политичката резолуција во Европскиот парламент!“

Г. Заев, кажете му на вашиот пријател Бојко Борисов, дека по 75 години постоење на држава Македонија и македонски јазик ние Бугари не стануваме! Ако ова му било јасно пред повеќе од еден век (1903 г.) на бугарскиот академик и професор Иван Шишманов, тогашен министер на Кнежеството Бугарија, кој рекол дека „Македонија ако стане автономна, по десет години таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци.“, тогаш – во 2020 година – на Борисов би требало да му биде уште појасно!

Затоа престанете и повлечете се од преговарања за кои немате знаење, и со кои му правите огромна штета на македонскиот народ, на кој се повикувате! Доста со вашите погубни преговори за Македонија и Македонците. Ако не знаете, имате национални институции на кои основна задача им е чувањето на македонските национални интереси.

За почеток прочитајте ја реакцијата на македонските лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, закачена на неговата веб-локација, а по повод оној памфлет што Бугарската академија на науките го рашири по Европа под наслов за „Официјалниот јазик на Република Северна Македонија“. Угледајте се во нешто на нашите соседи!

Преведете ја и пуштете ја до сите меѓународни институции! Вратете се дома и зборувајте со народните пратеници! Така постапуваат државниците кои ги штитат националните интереси на својата земја и на својот народ!

Обидете се, барем, малку да му го зачувате достоинството на овој намачен, осиромашен и понижен народ и кажете ѝ НЕ на ЕУ во која еден голем дел од Македонците не сакаат да влезат тотално обезлични!

Во спротивно – не сте ништо друго освен предавници на своите предци и на своето потомство со запустен корен поради вашите погубни политики!

проф. д-р Елка Јачева-Улчар, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Полициckиот чac во Kocoво ги наполни тpговcките центpи во Maкедониja: Heкoj на шопинг, некoj на гocти

Наместо дома за полициски час, на викенд за шопинг и на гости кај роднини во Македонија. Заострените мерки во соседството ја зголеми фреквенцијата на возила на граничниот премин Блаце – објави “ТВ АЛФА”.

Во Приштина и општините со голем број заразени од корона вирус, на сила е полициски час. Трговските центри, угостителските објекти и продавниците со скратено работно време. Голем дел косовски државјани, решија викендот да го поминат во Македонија, јавува Алфа телевизија.

Гостите од Косово велат дека не бегаат од полицискиот час, туку го користат викендот за прошетка и пазарење.

За разлика од Македонија, мерката полициски час ја воведоа речиси сите соседи на државава. Освен Косово, полициски час има во Грција, Црна Гора. Здравствените власти кај нас засега не преземаат поригорозни мерки. Дали воопшто ќе има нови мерки, ќе се расправа во понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека за нови мерки ќе се разговара откако ќе се сумираат ефектите од досегашните мерки

Во Црна Гора полицискиот час трае од 21 до 5 изутрината, забрана за движење имаат сите граѓани надвор од општините, од петок на полноќ до недела на полноќ, а работата на сите угостителски објекти е ограничена до 20 часот. И во Грција граѓаните имаат забрана за движење од 21 до 5 часот наутро, а градинките и училиштата привремено ќе бидат затворени од 16 до 30 ноември. Во Хрватска, членовите на Кризниот Штаб на комисија предложија масовно тестирање, според нив тоа бил најдобриот начин да се стави пандемијата под контрола. Словенија пак, две недели ќе биде во карантин и без јавен превоз. Се затвораат сите, освен прехрамбените производи, училиштата и градинките остануваат затворени.

ИЗВОР: “ТВ АЛФА”

Освен Пандев и прилепчанецот Крстески ја затресил истата мрежа на стадионот во Грузија (Видео)

Oсвен нашиот капитен Горан Пандев, погодок на “Динамо арената” во Тбилиси има постигнато и поранешниот одбрамбен играч од Прилеп, Александар Крстески

Крстески кој пред 10 години настапуваше за грузискиот клуб Динамо Тбилиси, постигна погодок во дербито против Локомотив Тбилиси.

Александар Крстески беше и столб во одбраната на прилепска Победa. Минатата година на 35-годишна возраст реши да стави крај и да се збогува со фудбалскиот терен. Настапуваше за 10 фудбалски екипи, играше и надвор од земјата и секаде достојно ги бранеше клубските бои. Крстески е можеби рекордер со тоа што со шест различни екипи играше финалиња на фудбалски купови. Титули освои со Слога Југомагнат, Работнички, Металург и Тетекс, а во финале загуби со Победа и Динамо Тбилиси од Грузија.

Од yтpe cтapтyва задолжителното носење зимска опрема за возилата

Обврската за задолжителна зимска опрема стапува на сила на 15 ноември и важи до 15 март следната година.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.5t, се подразбира:

Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или
пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира:

зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или
пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm), при што синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.5t, подразбира:

зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

За непоседување на задолжителната зимска опрема во возилото, во предвидениот период, предвидена е парична глоба во износ од 45евра во денарска противвредност согласно овој Закон.

Пpвa вceлeнcкa миcиja нa „СпејсИкс“

Компанијата „СпејсИкс“ на милијардерот Илон Маск ќе се обиде утре да испрати четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС), во рамки на првата мисија на НАСА во која ќе се користи приватно произведено летало за превоз на луѓе.

Лансирањето на капсулата, наречена „Отпорност“, беше закажано за денеска од центарот на НАСА на Флорида, но е одложено поради силниот ветер.

Летот ќе трае осум часови и ќе биде првата оперативна мисија на „СпејсИкс“ на Илон Маск. Во неа ќе учествуваат тројца астронаути од САД и еден од Јапонија.

Пробниот лет со двајца членови на екипаж во август беше прв лет во вселената на астронаути на НАСА од американско тло по девет години.

Претставници на НАСА претходно оваа недела го одобрија конечниот дизајн на капсулата, со што е завршена развојната фаза на „СпејсИкс“ во рамки на јавно-приватната програма на агенцијата, која трае речиси 10 години.

НАСА во 2014 година потпиша договори со „СпејсИкс“ и „Боинг“ за развој на конкурентски вселенски капсули со цел да ја замени својата програма, која заврши во 2011 година.

Денес се празнуваат Св. Козма и Дамјан: На денешен ден болните даваат завет кон светите браќа

Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат.

Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето.

Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.