дома блог страница 2303

Стефан Ристовски: “Јас сум горд МАКЕДОНЕЦ” (Видео)

Стефан Ристовски е еден од главните адути на нашата фудбалска репрезентација кој неуморно и со многу желба играше и се вложуваше за постигнување на крајниот успех – пласман на Европското првенство во фудбал

Од ФФМ објавија кратко интервју со Ристовски каде тој со многу емоција кажува за постигнатиот успех и радоста која ја чувствувал во моментите кога судијата го означил последниот свиреж.

На крајот од разговорот Стефан вели: “Полно ми е срцево, можам да кажам дека сум горд Македонец”.

Пратениците Митрески, Атанасов, Камберовски и Зендели потврдија дека Вељаноски седницата на „27 април“ ја водел согласно Деловникот и Уставот

Јован Митрески, Петар Атанасов, Алија Камберовски и Фадил Зендели на денешното рочиште за настаните од 27 април потврдија дека тогашниот претседавач Трајко Вељаноски ја водел седницата согласно Деловникот и Уставот.

Сите тие беа едногласни дека се потпишале на барањето седницата да продолжи следниот ден.

Фадил Зендели од Беса беше дециден дека потпишал барање седницата да продолжи следниот ден во петок.

На прашање пак на адвокатот дали имал сознание дали Зекирија Ибраими ќе ја испее албанската химна тој рече не ниту пак во пратеничката група на Беса се говореле за такво нешто.

(Видео) Огромна карпа се сруши на познатата плажа: Туристите бегaa во паниka

Драматичен момент беше снимен во неделата на Канарските острови кога голем дел од карпа се сруши на плажата во близина на туристите.

Карпата се сpyшила на островот Ла Гомера, еден од седумте острови во Атланскиот океан.

Шпанија прогласи вонредна состојба на Ла Гомера, поради страв дека под лавината завршиле планинари. Итните служби веднаш пристигнале и спасиле седум лица.

Mozzart започна акција за донација на лаптопи во основни училишта – првите доделени во ООУ Невена Георгиева Дуња

Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат започна акција за донација на лаптоп компјутери во основни училишта, а се наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

Од училиштето се заблагодарија на донацијата на компјутерите кои понатаму ќе бидат доделени на учениците. „Голема благодарност од мене и од вработените во ООУ Невена Георгиева Дуња до општествено одговорната компанија Mozzart за донираните 5 лаптоп компјутери кои ќе им бидат доделени на семејства чии деца посетуваат настава во Училиштето, а не се можност да набават компјутер за непречено да ја следат наставата. Се надевам дека нивниот пример ќе го следат и други компании кои ќе издвојат дел од своите финансии за да им помогнат на учениците. Ние вработените во училиштето уште еднаш се заблагодаруваме за прекрасниот гест.“ – изјави директорот на училиштето, Хари Стојаноски.

Од Mozart велат дека недостигот на дигитални уреди за следење на онлајн наставата е пречка со која се соочуваат одреден број ученици во процесот на своето образование, па се надеваат дека со оваа акција ќе придонесат онаму каде што е најпотребно.

„Се надеваме дека образовниот систем и сите вклучени страни во едукативниот процес ќе ги надминат тешкотиите за
време на овој тежок период, а учениците ќе продолжат непречено во градење на своето знаење и во овие вонредни услови. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Ги донираме овие компјутери во надеж дека ќе помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период во основните училишта.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
На доделувањето на донацијата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода – Дарио Шимиќ и Васко Илијевски – претседателот на АСОМ, асоцијацијата во која членува Mozzart.

„Со голема радост сакаме да соопштиме дека општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“ од Кисела Вода, од компанијата Mozzart доби донација 5 преносни компјутери (лаптопи), кои ќе бидат доставени до учениците чии семејства не се во можност да си дозволат да потрошат средства за купување на истите. Благодарност до Mozzart во име на Општината и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.“ – изјави претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

„Образовниот процес е право на секој ученик. Во услови на пандемија кога наставата во најголема мера се одвива онлајн, сакаме да помогнеме колку што можеме за непречено следење на наставата, а со оваа донација од нашата членка Mozzart правиме придонес во исполнување на таа цел. Ние како Асоцијација и сите наши членки остануваме посветени на општествено одговорните проекти кои нудат решенија за важни прашања во зедницата во која работиме.“ – изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.

Од Mozzart истакнаа дека продолжуваат наредниот период со донација на лаптоп компјутери во основните училишта, наменети за учениците кои не се во можност да ја следат онлајн наставата.

Одново пocкапyвање: По овие цени ќе се вози оваа недела

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до денар и половина за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 60 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе с епродава за 61,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,384 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,58 денари.

-Неколку причини, односно информации влијаат врз зголемување на цената на нафтата. Најавите од ОПЕК за разгледување на можноста од значително намалување на производството на нафта и во 2021 година, како резултат на дополнителните ограничувања на движења, наметнати поради пандемијата во Европа е една од причини која придонесе за пораст на цената на нафтата. Се проценува дека со ваквиот пристап ќе се овозможи да настане умерен пад на глобалните залихи, кој се очекува да се забрза со средината на 2021 година, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во исто време, додаде, како ценовно чувствителна се рефлектираше објавената информација на фармацевската компанија Pfizer, дека вакцините за Covid-19, се покажале како ефикасни во 90 отсто кај случаевите кои се испитуваа во доцна фаза.

-Реакцијата на оваа вест во нафтениот сектор предизвика скок на цената на нафтата за повеќе од 10 отсто, што покажува колку се важни позитивните вести поврзани со пандемијата. Растот на цената на нафтата исто така реагирала овој период и на падот на амеркинаскиот долар и победата на Бајден, со која се најавува завршување на трговската војна која со Кина и ЕУ ја отвори Трамп, оцени Бислимоски.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 8,563 отсто, дизелот за 9,152, екстра лесното масло за 10,956 и кај мазутот 9,339 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,831 отсто.

УХМР најавува: Доаѓаат обилни врнежи од дожд и снег кон крајот на неделата

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека утре и в среда ќе преовладува облачно и врнежливо време.

Утре времето ќе биде променливо облачно, по котлините магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Врнежите ќе започнат кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови.

Од петок наутро ќе е постудено, а в сабота има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.

Експертите сметаат дека на пат е ново покачување на цената на сpyjaта

Експертите од областа на енергетиката тврдат дека, интервентниот увоз на електрична енергија, кој во моментов се прави, со сигурност ќе значи и поскапа струја за граѓаните.

Професорот Константин Димитров, за телевизија „Алсат“ изјави вели дека, поради немањето вода, државата го стопираше производството на електрична енергија од хидроцентралите, а притоа не може да обезбеди струја онолку колку што е потребно за да ги задоволи потребите.

-Државата го стопираше производството од хидроелектраните поради намалениот водостој на реките и езерата, но во исто време не може да обезбеди доволно електрична енергија од останатите капацитети, рече Димитров.

Тој тврди дека негативните ефекти од недостатокот од инвестиции во енергетиката допрва ќе излегуваат на површина.

-Со било каков увоз на струја, цената ќе расте. Без увоз, цената порасна за седум отсто. Електричната енергија која не е долгорочно нарачана на почетокот, јасно дека е поскапа. И се разликува во цената за најмалку 30 отсто, вели Димитров.

Од ЕСМ, велат дека во овој момент е рано да кажат дали ќе има простор за раст на цената за крајните потрошувачи. Цената на струјата за првото тромесечје од 2021 година, ќе се знае од 15 декември.

Од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, често обвинуваат дека желбата за профит на власта доведе до пресушување на водите во македонските природни и вештачки езера, како и во акумулациите. Од таму велат дека ова еколошка катастрофа што му се случува на Македонија со езерските води е поради неспособноста на владата и нејзината желба за профит, при што го загрозува како живото на луѓето така и на целиот животински и растителен свет во езерата.

-Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата. Калиманското Езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум, пред неколку дена изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, за езерото Калиманци.

Тој потенцира дека претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја, во летниот период, придонесе, Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении.

Извор: “Република.мк”

Тешка cooбраќајка на патот Прилеп – Maкедонски Бpoд

За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 15.11.2020 во 17.45 часот на регионалниот пат 1303 Прилеп-Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и товарно моторно возило “ман“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари,битолско.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани, кичевско, С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и 16 годишен малолетник од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп. За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

(Видео) Милошовски: “Заев и кловновите министри”

„Во авион штотуку примив одлична вест… добивме датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019 г. да започнат преговорите за членство во ЕУ” – Зоран Заев.

Поминаа повеќе од две години откако беше направена оваа култна фотографија, која веројатно ќе ја има во учебниците по историја од кои ќе учат некои идни генерации.

Но, ова не е се’. Пемиерот имаше уште неколку емотивни обраќања од собраниската говорница, каде им посака на опозициските пратеници да “пукнат” зошто не го “решиле” деценискиот проблем на државата.

– Во јули 2018 во Собрание лажеше дека има датум за ЕУ, манипулирајќи ги и своите симпатизери.
Најголеми кловнови од ваквите лаги на Заев, и тогаш и денес, испаднаа министрите за надворешни и евроинтеграции, Османи и Димитров, кои климаа со главите додека Заев ги лажеше граѓаните, напиша на Твитер пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Aко ја имате покрај себе, чувајте ја: Жените родени во овој xopocкопcки знак се најверни

Нејзините два најголеми квалитети се чувствителноста и трпението. Има благ карактер, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. Ако некој се обиде да ги тестира нејзините граници, ќе се разбуди нејзиниот огнен темперамент.

Се работи за жената Бик.

Припадничките на овој знак го кријат својот темперамент, затоа што во животот се склони на рамнотежа и сигурност. Не се авантуристи и никогаш нема да ризикуваат, ако тоа може да има донесе нагли и големи промени.

Со самото тоа тие живеат во едноличност, а сите промени главно ги предизвикуваат надворешните промени. Жената Бик учи од искуство и никогаш нема да и се случи два пати да ја повтори грешката.

Жената Бик се смета за една од најверните знакови. Таа никогаш не влетува во врска затоа што многу и е важно во потполност да го запознае партнерот. Дури кога ќе биде сигурна дека избрала квалитетна личност таа ќе се впушти во сериозна врска. А еднаш кога ќе се обврзе, тоа е засекогаш.

Мажот која сака да ја освои мора да биде подготвен на многу додворување и заведување затоа што тоа е патот до срцето на оваа жена.

Тој што ќе ја освои од неа ќе добие многу затоа што жените родени во овој хороскопски знак по природа се грижат за другите, поради што во врската ќе даваат повеќе додека партнерот е верен и додека и дава чувство на сигурност.

Многумина кои го доживеале тоа искуство, ја опишуваат жената Бик како маѓепсна љубовница.