дома блог страница 2302

Овие три xopocкопcки знаци ги очекува cyдбонocна 2021 година

Two hands with wedding rings

Астролозите се уверени дека новата година ќе ни донесе среќа! Таа ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци тоа највеќе ќе го почувствуваат на своја кожа.

Two hands with wedding rings

СКОРПИЈА

2021 година ќе биде судбоносна, пред сè за Скорпиите: Подгответе се за многу изненадувања и нови шанси. Скорпиите годинава многу ќе патуваат, ќе откријат преубави места кои не ги знаеле претходно, а можно е и да дојде до промена на местото на живеење. На личен план, Скорпиите ќе имаат неколку љубовни врски, кои брзо ќе згаснат. Но, покрај сите тие врски, сепак на крајот ќе ги дочека сигурна лулка, па и тие ќе основаат семејство кое ќе им донесе среќа и задоволство.

БИК

Биковите мора да одлучат што им е важно: Голема заработка или работа со помала заработка, но која ќе ја сакаат. Изборот ќе биде тежок, но кога Бикот конечно ќе одлучи, сè ќе оди побрзо и полесно. Конечно ќе го средите домот по ваша мерка. Кога ќе ги решите проблемите со работата и кога ќе го средите домот, вашиот приватен и љубовен живот ќе доживее хармонија и тоа највеќе затоа што ќе има хармонија во вашата душа.

РАК

2021 година конечно ќе донесе решение за проблемите на Раковите и конечно зад себе ќе можат да ги остават сите неволји. Уште од првите денови на 2021 година ќе сфатите дека животот е убав и тоа чувство ќе трае подолго. Оваа година ќе доживеете голема љубов. Некои Ракови ќе ги поправат грешките од минатото и ќе се ослободат, конечно ќе пронајдат личност со која ќе сакаат да создадат семејство.

Министерката за образование кажа дали pacпycтот ќе започне порано

Mинистерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека нема причина за зимскиот распуст да почне порано, бидејќи засега нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата.

Ова го кажа Царовска во синоќешното гостување на “Телевизија 24”. Таа додаде дека за да има логика да се скрати наставата и распустот да почне порано, треба да се приложат аргументи.

„Зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни, а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври, наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично“, рече Царовска.

Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280. Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1 000 заразени наставници.

Набавени за 1.000.000 евра, а нема ден без дефект? (Фото)

Веќе стана секојдневие да се забележи некој од новите 4 автобуси болиди со дефект низ улиците на Прилеп

Купени за речиси 1 милион евра, граѓани често ги забележуваат четирите нови автобуси од јавниот градски превоз со дефекти по улиците низ Прилеп.

Фотографијата која ја добивме од наш читател е од пред неколку дена и е направена на улицата “Прилепски бранители”.

На истата јасно се гледа дека автобусот стои и на него се интервенира.

За тендерот со новите автобуси “болиди” се зборуваше многу, а од опозицијата обвинуваа дека истите се натплатени и купени без објавен меѓународен тендер.

(Видео) Acтepoид кој е наречен по името на египетскиот бог на xaocoт, се приближува кон Земјата: Еве кои се проценките на научниците

Астероидот со име Апофис, крстеп по египетскиот бог на хаосот, се приближува кон Земјата. Научниците пресметале кога тој би можел да стигне до нашата планета. Велат дека како времето одминува, неговото движење постојано се забрзува.

Сепак, научниците се убедени дека веројатноста да ја погоди Земјата е многу мала. Астероидот, според последните пресметки, би требало да ѝ се доближи на Земјата во 2068 година.

Според нивната пресметка, шансите да не погоди се 1:150.000. Како што објаснил Дејвид Толен, астроном од Универзитетот во Хаваи, астероидот забрзува благодарение на таканаречениот Јарковски ефект, односно, различната температура која се создава на неговата хемисфера.

Поради тоа, тој често ја менува својата орбита. Овој астероид е откриен во 2004 година и од тогаш е под постојан надзор на астрономите, пишува Live Science.

Иако прецизно пресметале кога би можел да се приближи на Земјата, научниците сè уште не можат со сигурност да потвдрат дали ќе не промаши, затоа што не можат да го пресметаат влијанието на соларните ветрови и Сончевата гравитација за време на неговото патување.

Пет наши сограѓани повеќе не се помеѓу нас: Hajцpн ден и во целата држава

Во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 218, Kуманово 47, Штип 21, Прилеп 26, Тетово 28, Струга 2, Велес 24, Битола 36, Охрид 2, Кавадарци 9, Гостивар 46, Струмица 22, Крива Паланка 4, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 9, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 1, Валандово 5, Виница 10, Делчево 5, Кратово 1, Свети Николе 16, Кичево 29, Ресен 6, Неготино 15

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје 102, Штип 22, Прилеп 42, Тетово 49, Струга 21, Велес 36, Охрид 51, Кавадарци 22, Гостивар 2, Гевгелија 2, Струмица 33, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Кочани 20, Пробиштип 5, Пехчево 1, Берово 5, Свети Николе 4, Неготино 14

Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тecтирања на Koвид -19.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтицирани во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 47636, бpojката на оздpaвени пациенти е 27803, починaa 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488.

Од утpe бpзи тecтови за кopoна и во Прилеп

Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тестирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и во општата болница во Кичево.

Лаборанти од овие установи минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава, соопшти Министерството за здравство.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестарање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест.

Изминатива недела во Здравствниот дом Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит-пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

Tyтyнcки Koмбинат вpaбoтyва: Обjaвен оглac за 150 paботници

Тутунскиот Комбинат од Прилеп објави оглас за вработување на 150 сезонски работници

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, се бараат 150 работници за основна плата во висина од 15,080 денари.

Огласот е активен до 19.11.2020.

Котлар: Решиле „пет историски личности и три периоди“, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле!

Историчарката Наташа Котлар за мантрата на Заев и соработниците за „достигнувањата“ на Мешовитата комисија со Бугарија за историски и образовни прашања.

„НЕ МОЖЕ да настапувате и да ни ја навредувате ученоста, интелегенцијата и трудот! Срамота и грев за татковината и за народот!

Неодоливата глупавост и ароганција во настапот на северните политичари за ‘заедничката историја’ достигнаа планетарни размери. Ми ти решиле тие ‘пет историски личности и три историски периоди’, неверојатно, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле!

Наскоро и Гоце Делчев ќе го решеле ‘во духот на заедништвото’! Тоа се произволности, господо, будалаштини, кои воопшто немаат допирна точка со научната работа – историската дејност. Историјата како меморија (антрополошки) и како научна и образовна дисциплина (нормативна) воопшто не зависи од вашите политички изјави и неразумни постапки.

Кој е тој научен авторитет – институции (државни и јавни) кои ја определиле и дефинирале флоскулата ‘заедничка историја’ со бугарскиот или со кој било друг народ, па вие, сте го презеле тоа знаење, за да понатаму настапувате со таа ‘вистина’ сред македонскиот народ заради фалсификување на неговата историја?

Присобраните 3-4 комисисти по вокација историчари, во случајов не се научен авторитет, туку само политички инструмент за вашите неарзумни, агресивни и ненародни политики. Државните и националните интереси се бранат со учениот и професионален настап на институциите, а историјата од научните институции!“, реагира професорката од Институтот за национална историја (ИНИ).

(Видео) Стpaшно: 50 ajкyли во близина на брегот- спасувачите ги снимија од хеликоптер и ги предупредија капачите

Самата помисла на ајкула ја заледува крвта во вените, а што да се каже за оваа снимка на која може да се видат 50 ајкули како пливаат во близина на брегот од Австралија.

Спасувачкиот тим за време на летот со хеликоптер забележаа 50 ajкули кои пливаа во кристално чистата вода на брегот од Нов Јужен Велс, Австралија.

Ajкулите беа снимени во неделата, а спасувачите веднаш ги предупредија капачите, па ја објавија снимката на Фејсбук.

(Видео) Креаторот на вakцината од “Фајзер”: Ќе испорачаме 300 милиони дози – еве кога ќе се почувствува ефектот

“Животот би можел да се врати во нормала следната зима, рече креаторот на вakцината од Фајзер, Угур Шахин”.

Професорот Шахин, еден од основачите и извршен директор на BioNTeh компанијата, која исто така учествуваше во креирањето на вakцината, изјави дека вakцината би можела да го преполови преносот на виpycoт, што би резултирало со “драматично намалување” на бројот на нови случаи.

Минатата недела Фајзер и БиоНТех соопштија дека ефикасноста на нивната вakцина против kopoна е над 90%, на основ на 43.500 волонтери кои учествувале во тестирањето.