Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил порача дека “паѓа Владата”.
“ВЕТО или ДАТУМ, што добивме сега ?? Оставки и одговорност мора да има !!! #ПаѓаВлада”, напиша Мисајловски.
Цела предизборна кампања СДСМ на чело со Зоран Заев зборува само за една работа – дека ќе ја внесе Македонија во Европската Унија. Народот со право беше скептичен, но функционерите на Заев уста не затворија на оваа тема.
Ги зададоа и најболните удари на граѓаните со промена на уставното име и продажбата на идентитетот и историјата. Додека ја распродаваа Македонија, ни претставуваа дека договараат добрососедство.
Ништо не сработија, реформи не доживеа ниту еден сектор бидејќи тврдеа дека сите капацитети ги насочиле кон преговарање и ветуваа дека Македонија е пред портата која само што не се отворила. Наместо датум за датум или датум на датум, веќе не знаат ни што ветуваа, Македонија и граѓанте добија жежок шамар. Но, тој шамар на народот не го удри никој друг, туку лично Зоран Заев.
При очи, народот го правеа слеп, при уши, народот го правеа глув.
„Датум за преговори имаме за 12 месеци, а вие може да пукнете што не го решивте ова прашање“. Вака зборуваше Зоран Заев пред Парламентот во јули 2018 година. Од тогаш се поминати две ипол години!
Од тогаш до денес, народот доби 100 ветувања за датум. Секој месец нов рок смислуваа и кажуваа. Сите како во оркестар: Заев, Димитров, Шекеринска, другите министри, пратеници, градоначалници од СДСМ.
И еве што донесоа на Македонија – датум за вето!
Одговорот е НЕ, Македонија доби блокада.
СДСМ со години е власт во Република Македонија и не постигна успех во ниту едно поле. Наместо во ЕУ, ја втурна Македонија во бездна.
Македонските фудбалери до 21 година со триумф ги завршија квалификациите Европското првенство
Нашите момчиња завршија на второто место во групата 6 од квалификациите со остварени 5 победи, 3 нерешени, 2 загубени натпревари и гол разлика 20 дадени и 12 примени погодоци.
Стрелци на денешниот натревар беа Ѓорѓиевски во 13-та и Миловски од пенал во 78-та минута. За Црна Гора намали Кристовиќ во 86-та минута.
Поради промена на форматот на УЕФА во ова натпреварување и квалификации, само првопласираните репрезентации ќе земат учество на Европското првенство во Унгарија и Словенија кое ќе се одржи идната година.
Секоја чест момци! Македонија има своја иднина!
Инфектологот д-р Вело Марковски, синоќа гостуваше во емисијата „Само вистина” на Канал 5, во која зборуваше за состојбата со кopoнавиpycoт во државата.
Д-р Марковски истакна дека пациентите не се лекуваат соодветно и дека паролата „седете дома“ е најголемата грешка која државата ја прави.
„Генерално, што е најголемата грешка?! Тоа е паролата „седете дома” на пациентите, јавувајте се по телефон и немојте да одите на лекap. Штедете ги лекapите, немојте по рецепти да одите во аптеки. Значи, маса на луѓе оставивме без да ги види матичен лекap што е нон-сенс. Тука ние имаме проблем. И после кажуваат доцна им доаѓале пациентите. Па, како да доаѓаат кога вие им кажувате да не доаѓаат на лекар. А клиничката слика од пролетта до сега е сменета кај пациентите од Koвид-19. Скоро кај сите починати постои бактepиcка пневмониja со јасни параметри, со високо CRP, со висока ceдиментација и поpeметени фактopи на коагyлациja. И затоа пациентите треба да ги лекyваме соодветно. Не смее да се пушти пациент да не биде виден, да не биде пpeгледан. Другиот пpoблем е раното давање антибиотици. Давање антибиотик за време на виpycна инфекциja може да има катacтpoфални пocледици. Тоа не е мој став, тоа е став на науката”, посочи Марковски.
Инфектологот потенцираше и дека битката со Koвид-19 мора да биде натпартиска, односно со стручен медицински кадар.
„Јас ѝ порачав на Владата на чело во битката со Ковид-19 да стави инфектолог и Комисијата за заразни болести да биде составена претежно од инфектолози. Во разговор со министерот за здравство Венко Филипче се понудив самиот јас да бидам вклучен на клиниките во борбата со Ковид-19, но министерот никогаш не ми се јави. Многу сум разочаран од министерот како човек“, рече Марковски.
Целата емисија можете да ја проследите во продолжение:
Ѕвездата на Хјустон рокетс, Џејмс Харден, ја одбил понудата на клубот за продолжување на договорот, вредно 50 милиони долари по сезона.
На тој начин популарниот „Брада“ не прифати да стане најскапо платениот кошаркар во историјата на НБА.
Како што објави реномираниот американски спортски новинар, Адријан Воџнаровски, причина за одбивањето на таквиот договор е желбата на Харден да го натера клубот да го размени во Бруклин нетс, каде што би бил соиграч со ѕвезди како Кевин Дурант и Кајри Ирвинг.
Sources: After turning down an extension offer to become the first $50M a year player in league history, James Harden’s message to Houston is clear: Get me to Brooklyn. Rockets and Nets have been in contact, but there’s been no meaningful dialogue. https://t.co/qwJOQOxz5U
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) November 17, 2020
Рубиковата коцка за прв пат ја решил пред една и пол година…
10-годишниот Дино Конески од Прилеп е вистински мал гениј. На толку мала годишна возраст решава Рубикова коцка за нешто повеќе од 2 минути.
Рубиковата коцка за прв пат ја решил пред една и пол година, а изминатите 2 месеци почесто се занимава со незе.
Досега нема учествувано на натпревари за решавање на Рубикови коцки, но доколку продолжи со вакво темпо со сигурност ќе стигне до уште подобро време, а зошто да не и рушење на некој рекорд.
Погледнете во продолжение:
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија смета дека уредбата со која во земјава се овозможи он-лајн спортско обложување преку домашните лиценцирани сајтови треба да се преточи во трајно законско решение. Законското решение ќе има заемни придобивки и за државата и за индустријата, што всушност го потврди и носењето на самата уредба.
Уредбата придонесе спортските обложувалници да ги задржат сите вработени, но и да се овозможи прилив на средства во државниот буџет и кревката економија погодена од ковид кризата. Според проекциите на АСОМ од мај до крајот на годинава, од 4-те посто посебна давачка за онлајн ќе се слеаат околу 35 милиони денари, а од 15-те посто данокот на личен доход, околу 65 милиони денари, или 100 милиони денари за пет месеци само од оваа услуга.
Уредбата се покажа како одлично решение за одржливост на оваа индустрија која вработува околу 4.500 луѓе и има силен придонес во државната економија, дотолку повеќе што спортското обложување беше едно од најпогодените гранки од кризата. Најнапред заради немањето пласман и откажаните утакмици и првенства насекаде во светот, а подоцна и заради тоа што објектите на спортските обложувалници со рестриктивните мерки на Владата беа затворени речиси два месеци.
„Оваа уредба на Владата е донесена како соодветен одговор на корона кризата и таа де факто помогна да се зачуваат многу работни места кои директно и индиректно ги одржува индустријата на игри на среќа, како и егзистенцијата на повеќе од 54.000 лица кои целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на вредности кој го создава оваа индустрија“, појаснуваат од АСОМ.
Потенцираме дека од особена важност е да не се дозволи ниту ден прекин помеѓу уредбата и законското решение бидејќи тоа би предизвикало недоверба кај играчите, нивно сигурно враќање на странските сајтови и одлив на средства.
„И покрај тоа што он-лајн обложувањето, согласно член 19 од Законот за игри на среќа на странските сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира никаква безбедност во однос уплатите и исплатите, играчите сепак практикуваа и сé уште практикуваат он-лајн обложување на странски сајтови, меѓу другото и заради тоа што го избегнуваат данокот на личен доход. Он-лајнот кај нас е во зачеток и потребно е луѓето да се навикнат да ја користат оваа услуга, но и да се придобијат оние кои веќе играат на странските сајтови каде се одлеваат средства, според нашите анализи помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно“,велат од АСОМ.
Уредбата е донесена на 24 април и истата е со важност до 22 декември. Во услови на Ковид-19 и намалено движење на граѓаните во зимскиот период, доколку не се регулира он-лајн спортско обложување преку македонските спортски обложувалници, постои опасност да се намалат приходите во оваа индустрија и државниот буџет на сметка на одлевање на средствата на играчите на странски сајтови за обложување.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
На 16.11.2020 околу 16,00 часот ул. „Поп Аврамија“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „нисан примера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(41) од Прилеп, и моторцикл „томос“ без регистарски ознаки, управуван од П.Ш.(62) од Прилеп.
П.Ш. бил пренесен во Градската болница Прилеп каде му била констатирана тешка телecна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
– Размазениот министер во септември 2018, кога ги манипулираше сопствените симпатизери пред референдумот, викаше “од нас зависи” европска Македонија. Се сликаше со премиерот во авион, лажеше дека имаме датум за ЕУ, имаме план, дека тие како влада се најдобри, ќе не’ биде и во Брисел и во Софија со “добрите” договори што ги потпишале, напиша на Фејсбук Антонио Милошоски и најави интерпелација на Димитров.
– Но, вчера на Телма вика не чувствувам одговорност, не зависи од нас!? Владата не била одговорна што доживеавме и безброј национални понижувања, и вето за ЕУ?! А кој лажеше за датум, ако не Димитров? Кој потпишуваше штетни договори? Кој беше арогантно глув за сите забелешки на кои укажуваше опозицијата?
Затоа министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација!
Со маска, со шал, со дистанца, со се! Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка, но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал, или политичката фотеља. Ти си знаеш, напиша Милошоски.
„ Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме, направивте беља, а сега е време за одговорност и оставки“ напиша на својот фејсбук профил Илија Димовски.
– „Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме.
Направивте голема БЕЉА. Сега е време за ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ.
Велевте ова е патеката. Велевте Договор со Бугарија ги затвара сите прашања. Велевте Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач. Велевте дека не се чепка во македонскиот идентитет. Велевте дека македонскиот јазик ни е бетон.
Велевте нема да се чепка во Уставот. Велевте дека уште името и се ќе биде лесно. Велевте дека за блокадите Македонија е сама крива. Велевте дека Грција и Бугарија ќе не внесат во ЕУ. Велевте претходната Влада свесно ја држи Македонија под блокада.