дома блог страница 2300

Ахмети признава дека со Заев договорил случајот за Диво насеље да се отвори повторно

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното гостување во албанската телевизија „Ora news“ зборувајќи за случајот „Диво насеље“ рече дека во договорот за коалиција со СДСМ е договорено овој случај повторно да се отвори и да се оди на повторно судење, пренесува Курир.

„Ние сакаме овој случај да се расветли бидејќи би било во корист на сите страни и сме побарале и сме го ставиле во во договорот за коалиција со СДСМ за овој случај да се повтори судењето и повторно да се отвори и да се преистражи се до обелоденување на вистината, рече Ахмети.
На прашањето за тоа дали тој ја има предадено групата, Ахмети рече дека пред настаните имал само информации а прв контакт со групата реализирал на критичниот ден кога групата побарала безбедно да биде депортирана во Косово.

„Сум се изјаснил јавно за овој настан. Имавме некои информации пред да се случи настанот. Ни ветија дека нема да има некакви настани. Но, за жал, имаше настани. И критичниот ден тие ми се јавија на мојот телефон. Побараа моја помош за депортирање од Куманово во Косово, но јас не можев да преземам таква одговорност. Затоа што за време на патувањето некој можеше да ги егзекутира и тоа да остане моја одговорност. Тоа би било предавство. Тие немаа никаква комуникација со мене за да започнат таква активност или не. И никој од моите соборци и другари во Куманово не ми се јави да ми рече „ има една група што бара наша помош и бара организација или мобилизација“, додаде Ахмети.

Заев: “Полициски час од 17 или од 18 часот е една од опциите”

Мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати, но не е исклучено да бидат донесени други рестриктивни мерки, за што ќе заседава Советот за безбедност, изјави Заев и посочи дека факторот на преносливост на Koвид-19 почнува да се намалува.

Се прават анализи за следните чекори во справувањето со Koвид-19. Се размислува за рестрикции, за што деновиве ќе заседава и Советот за безбедност, но мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати. R-факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку и натаму се спроведуваат сегашните мерки за заштита, оцени премиерот Зоран Заев.

-Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18, ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките, рече Заев во синоќешното интервју за ТВ 21.

Посочи дека јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сѐ е ставено на располагање за справување со Koвид-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручен кадар за справување со оваа ситуација.

Mилошocки: Пoтpeбно е национално обединyвање и фopмиpaње на екcпepтcка Bлада

Опозицијата бара одговорност од Владата за бугарското вето бидејќи поради истото беше оневозможена преговарачката рамка за Маскедонија.

-Треба ние уште денес, уште утре да имаме заеднички национален став. Коалицијата од 62 пратеници нема широк политички легитимитет да носи вакви државни одлуки без разлика дали тие ги затвораат вратите на ЕУ краткотрајно или долгорочно. Треба да се постигне еден широк политички консензус во кој правец ќе се движи државата во следните три, пет или десет години. Тоа не може да го одлучат само тие 62 пратеници бидејќи тие претставуваат половина од граѓаните кои што им дале поддрпка, но не е за потценување ниту другата половина на граѓаните кои што немаат доверба во владата, истакна во изјава за “Aлсат” Антонио Милошоски, пратеник и претседател на собраниска комисија за надворешни работи, откако Македонија доби вето до Бугарија на меѓувладината конференција за старт на преговорите со ЕУ.

Милошоски е дециден дека е потребно национално обединување, но е време за формирање на експертска влада.

-Затоа сметам дека е време за национално обединување и можеби време за експертска влада која што во оваа политичка, здравствена, економска, образовна и секаква друга криза, ќе може да извади на површина стручни луѓе кои што ќе може а донесат долгорочни решенија каде што населението ќе има доверба во истите, рече тој.

Милошоски, додаде дека Македонија треба да се посвети на реформите, бидејќи како што рече не може ниту еден еврокомесар да дојде и да ги заврши проблемите во здравството, образованието или во инвестициите.

-Значи ние мора да имаме развиено национални стратегии за двете опции, она што ни останува сигурно е стратешкото партнерство со САД и она што мора да го направиме без разлика дали ќе почнеме сега, некогаш или воопшто никогаш преговори со ЕУ, ние мора реформите да ги вршиме сами дома. Нема еврокомесарите да дојдат и да ги завршат нашите проблеми во здравството, образованието или во инвестициите. Затоа сметам дека треба да се посвети и да види со кои ресури располага и што може да направи сама за својот напредок, заврши Милошоски.

3aeв: Cпpeмни сме да потпишеме нова Декларациja со Бyгариja, Гоце Делчев е заеднички xepoj

Во синоќешното гостување во емисијата “Клик плус” на “ТВ 21” премиерот Зоран Заев истакна дека имаме заедничка историја со Бугарија, па по тоа Гоце Делчев бил заеднички херој од историјата, но и дека е спремен да потпише нова правнообврзувачка Декларација со Бугарија.

Заев повторно потврди дека Гоце Делчев бил заедничка историска личност со бугарскиот народ затоа што таму имало институции именувани по неговото име.

-Спремни сме да усвоиме Декларација која ќе биде правнообврзувачка за имплементирање на се она што е предвидено од договорот со Бугарија, појасни Заев.

Cведоштво на големиот Ченто за Тито по излегувањето од затвop: “Mи ветуваше обединета Македонија…”

Сведоштво на Ченто за Тито по неговото излегување од зaтвop.

“…. Се сомневав дека Тито игра двојна игра, пред мене ми даваше право за се, ми ветуваше дека ќе ја обединиме Македонија, а зад мене ги тера неговите луѓе да ме критикуваат за тоа и да ме нарекуваат сепаратист.
Пред мене на секое мое барање дека македонците бараат обединување на Македонија тој се согалсуваше со мене, но после тоа правеше сосема спротивно.

Од желбата што сакав да ја видам Македонија обединета му верував искрено дека и тој ќе се залага за обединување на Македонија, но погрешив.

Претпоставував дека тоа го прави за да се извлече од обврската што ја вети, дека ќе се заложи за обединување на Македонија.

Но, веројатно тоа беше само ветување, а моето често потсетување на тоа кога разговаравме насамо, така и во моите јавни говори му сметаше на Тито во неговите планови за владеење, па лукаво сакаше да ме тргни настрана.

Знаев дека тој не мора да ја сака Македонија и македонскиот народ, или пак ги сакаше колку што му требаа во Југославија. Сигурно мислеше дека залагањето за обединување на Македонија ќе му штети во владеењето, затоа, без око да му трепни обединувањето го тргна настрана.

Еве, поминаа единаесет години и се покажа дека токму тоа го мислел. Но ми беше тешко дека од обединувањето на Македонија многу лесно се откажаа многу Македонци и тоа само за да можат да седат и да живеат во убавите туѓи куќи во кои се населија откако со сила ги избркаа сопствениците. Дека на повеќе од нив им беше важно нивното удобство ми беше јасно многу одамна.

Кога се согласив да се борам со окупаторите го сторив тоа бидејќи мислев дека има луѓе како Кузман и дека навистина се загрижени за судбината на македонскиот народ и негово ослободување и обединување. Но тие што беа слични на Кузман загинаа, а останаа само слепите послушници на Комунистичката партија на Југославија.”

Кире Лазаров позитивен на Koвид-19

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, излегол позитивен на редовното тестирање за кopoнавиpycoт, во пресрет на седмото коло од Лигата на шампиоинте.

Нант прво ја соопшти веста дека има двајца нови ракометари кои се позитивни на глобалниот виpyc, а потоа „20минутес.фр“ обелодени дека станува збор за Лазаров и за шпанскиот пивот Адрија Фигуерас.

Поради ова, Нант ја откажа средбата против Цеље во ЛШ, планирана за в четврток, бидејќи не е исклучена можноста виpycoт да е проширен и кај уште некој ракометар од екипата.

Она што е најважно е дека капитенот на македонската репрезентација бил без симптоми и во добра здравствена состојба, како што вели во изјавата за г-спорт.мк. Сега Нант дополнително ќе ги тестира останатите играчи ќе решава што да преземе понатаму, дали да ја става екипата во карантин, колку долго итн.

Тоа се нови главоболки и за ЕХФ и за француската ракометна лига, кои мака мачат да врзат нормални кола, поради големиот број одложени средби. Нант досега одигра четири меча во ЛШ, во кои оствари една победа, на гости кај Кил, а загуби трипати, дома од Веспрем и од Барселона, а на гости кај Алборг.

Срцето престанало да му чука 45 минути, а потоа ги отворил очите: Еве која е неговата приказна

Планинарот Мајк Напински (45) кој беше спасен откако во текот на ноќта се изгубил во американскиот национален парк, беше вратен во живот откако срцето престана да му чука 45 минути.

Напински се изгубил минатата недела во националниот парк Моунт Рајнер, на екстремно ниска температура.

Со пријателите заминал на планинска прошетка, но во еден момент се раздвоиле. Пријателот се спуштил до подножјето со помош на скиите, а Напински продолжил да оди. Се договориле да се пронајдат на подножјето од плаинината.

“Бев прилично блиску до крајот на патеката, кога временските услови се влошија и во еден момент не можев ништо да гледам. Не сум сигурен што се случи. Мислам дека паднав”, се присејќава Напински за Сиетл Тајмс.

Кога не стигнал на договореното место, неговиот пријател ги известил ренџерите кои ја започнале потрагата. Поради лошите временски услови, хеликоптерот не можел веднаш да полета.

Спасувачката екипа полетала по еден час и конечно го пронашле планинарот, а потоа стигнал и морнарски хеликоптер кој го пренесол до болницата.

Лекарите го реанимирале и го приклучиле на ECMO апарат.

Наместо експресен пат, Прилеп доби директор на железници: Клацкајте се по Дреново-Прилеп секој ден…

Владата ќе му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Македонија – Скопје за в.д. директор да го именува Хари Локвенец.

На денешната седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Македонија, членови на комисии, како и други кадровски прашања.

Во прилог на ова соопштение во ја пренесуваме усвоената листа на кадровски измени на владината Комисија за именувања:

1. Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, а за член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, да го избере Скендер Мехмети.

2. Владата да ја прифати оставката од проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и да ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници.

3. Владата да ја прифати оставката од Дејан Ампев и го разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување на негово барање.

4. Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

5. Арбен Ќерими, да го именува за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за катастар на недвижности.

6. Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски да го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи.

7. Екрем Зендели, да го именува за в.д. заменик на директорот во Центарот за управување со кризи.

8. За државен правобранител во Државното правобранителство на Македонија за подрачјето на Кичево да го именува Назим Сулејмани.

9. За државен правобранител во Државното правобранителство на Македонија за подрачјето на Град Скопје Авдил Јонузи за Скопје

10. Согласно член 23 став 1 алинеја 3 и став 2 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007 и 104/2015) на Јованка Ѓорѓеска да и утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Македонија за подрaчјето на Тетово, поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија, заклучно со 24.12.2020 година.

11. Владата донесе Предлог Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Македонија за подрачјето на Тетово.

12. Сеадет Јусуфи да го именува за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука претставник од Центарот за стручно образование и обука.

13. Олимпија Христова Заевска, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а за член да ја именува Ширет Елези.

14. Владата на Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот.

15. Владата на Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје, да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази.

Не само Бугарија, и Германија рече “НЕ” за почеток на преговорите со ЕУ

Во потрага по разумни решенија и сакајќи да бидеме од помош, сметаме дека сега не е момент за првата меѓувладина конференција, рече германскиот министер за европски прашања, Михаил Рот.

,,Доколку имате билатерални конфликти кои не можат да се разрешат во наредните неколку недели, сега не е време за почеток на првата меѓувладина конференција“, изјави попладнево германскиот министер за европски прашања, Михаил Рот.

Сакаме да испратиме вистински сигнал кон Западниот Балкан, Македонија и Албанија, тие направија многу, постигнаа многу, но тоа е долг пат кој започнува со преговори.”, рече Рот по завршувањето на состанокот на Советот на министри во Брисел.

Германија претседава со ЕУ до крајот на оваа година, а од 1 јануари претседавањето го презема Португалија.

Синот на Роналдо e вистинско чyдо помеѓу врсниците во Јувентус: На 28 натпревари постигна 58 погодоци (Видео)

Кристијано Роналдо пред две години потпиша за Јувентус, а со него во младинската школа на „старата дама“ пристигна и неговиот син Кристиано Жуниор.

Претхдоно синот на Роналдо беше дел од младинските категории на Реал Мадрид, меѓутоа со преминувањето на неговиот татко во Јувентус го продолжи својот фудбалски пат во редовите на шампионот на Италија.

Неодамна Роналдо Жуниор го прослави својот десетти роденден, а фудбалот е негова најголема љубов.

Роналдо може да биде среќен затоа што неговиот син тргнува по неговите стапки. Имено, тој во дресот на пионерите на Јувентус одигра 28 натпревари и постигна неверојатни 58 голови, додаде и 18 асистенции. На интернет се појави и видео од неговите најдобри потези.

Секако и тој како и неговиот татко на грбот го носи дресот со број седум.