дома блог страница 23

„Правда за кучињата. Каде се?“ – активисти повикуваат на мирен протест пред Општина Прилеп

Група активисти во изминатите неколку денови преку социјалните мрежи го поставуваат истото прашање: „Каде се кучињата?“

Како што наведуваат, тие бараат информации и одговори за тоа што се случува со кучињата, но досега, според нив, не добиле конкретни одговори.

Токму поради тоа, активистите повикуваат на мирен протест пред Општина Прилеп, под мотото „Правда за кучињата. Каде се?“

Протестот е најавен за среда, 30 септември, со почеток во 11:00 часот, пред зградата на Општина Прилеп.

Од активистите ги повикуваат граѓаните да им се придружат и заеднички да побараат одговори и информации за случајот.

„Каде се кучињата?“ е прашањето кое тие деновиве го упатуваат до надлежните, а преку утрешниот протест очекуваат одговори на своите барања.

Во Битола одбележана 110-годишнината од битката на Кајмакчалан

Заменик градоначалничката на Oпштина Битола, Марина Крстиќ, на покана на Заедницата на Србите во Македонија-Битола, денес положи свежо цвеќе на Српските воени гробишта во Битола.

Повод е одбележувањето на 110 години од Кајмакчаланската битка. Годинава српската заедница во Битола настанот го одбележува под мотото: „Сеќавање што трае, благодарни и денес“.

Вечерва пак, во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи Академија „110 години од Кајмакчалан“.

Магдалена Тројачанец Ристевска избрана за претседателка на Форумот на жени на СДСМ-Прилеп

Магдалена Тројачанец Ристевска е избрана за претседателка на Форумот на жени на ОО СДСМ-Прилеп.

Како што информираат од СДСМ, одлуката за нејзино назначување ја донела претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.

Тројачанец Ристевска по професија е специјален едукатор и рехабилитатор – дефектолог, а е вработена во ЈУ Центар за социјална работа Прилеп, во Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост.

Од ОО СДСМ-Прилеп ѝ посакаа успех во извршувањето на новата функција и успешно функционирање на Форумот на жени во рамки на општинската организација.

Мицкоски за „Чебрен и Галиште“: Ќе биде одличен резервоар на енергија и значаен проект за Македонија и регионот

„Чебрен и Галиште“, тоа е проект кој што со децении го зборуваме, бараме партнер и т.н, сега мислам дека е вистинско време кога државата треба да направи похрабар чекор и таа да биде инвеститор на овој проект. Ценам дека имаме финансиски институции кои што сакаат да го финансираат овој проект, една од нив е и DFC, американската, која што има финансико портфолио од над 220 милијарди долари во овој момент, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Разговаравме со Карлајн Викт која што е одговорна во рамките на DFC за развојни проекти. Тие веќе се присутни преку развоен грант „Крстов дол“, односно рудникот за Антимон, со 5 милиони долалри. Очекувам дека ќе обезбедиме финансирање на овој проект. Спрема нашите пресметки и физибилити студиите кои што се апдејтирани. Внатрешната стапка на поврат на проектот е двоцифрена, нето сегашната вредност е исто така одлична. Тоа е проект што ќе трае повеќе Влади, тоа не е проект што една Влада ќе го започне и ќе го заврши, појасни Мицкоски и додаде:

„Со реализирањето на овој проект имаме мултислоен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија, понатаму, имајќи го предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини на вода, кои што сега ги немаме, кои што можат да се користат за повеќе намени, меѓудругото и за наводнување на тиквешко поле, односно обезбедување на дополнителни количини на вода за наводнување на поседите, на фармерите кои што произведуваат производи“.

Тоа е проект кој што ќе биде значаен, не само за иднината на Македонија туку и за регионот во целост, заклучи Мицкоски.

По 15 години „Нискоградба“ Битола набави нова градежна машина и инвестираше во возниот парк

ЈП „Нискоградба“ набави нова градежна машина „HIDROMEK“, што претставува прва набавка на ваква нова машина за претпријатието по 15 години.

На денешната промоција на новата механизација, директорот на „Нискоградба“, Зоран Талевски, информираше дека, и покрај тешката енергетска криза, претпријатието продолжува со вложувања во осовременување на возниот парк и механизацијата.

Покрај новата градежна машина, променети се и две надградби на товарни возила „RENO Master“. Вкупната вредност на инвестициите изнесува околу 6 милиони денари.

На промоцијата присуствуваа претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорите на другите јавни претпријатија.

Од „Нискоградба“ посочуваат дека со набавката на новата машина се очекува зголемување на ефикасноста во работењето и подобрување на капацитетите на претпријатието.

Дополнително, како 100-ти купувач на машина „HIDROMEK“, „Нискоградба“ од компанијата „Синпекс“ доби и машина за миење возила, со која ќе се придонесе за одржување на повисоко ниво на хигиена на механизацијата.

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека американските претставници разговарале со посредниците за завршување на војната со Иран.

Трамп истакна дека САД „многу брзо“ ќе победат.

– Ќе победиме. Ако мене ме прашувате тоа ќе биде постигнато на еден или друг начин. Се ќе се случи многу брзо, посочи Трамп.

Претставници на САД и Иран вчера имаа разговори преку посредници за завршување на седуммесечната војна. Претходно, Вашингтон и Техеран двапати, во април и во јуни договорија прекин на огнот во индиректните мировни преговори.

Pреговорите се одржаа и покрај тоа што Трамп го одби претходниот ирански план за седумдневно примирје, што предвидуваше завршување на судирите во Иран и во Либан, одмрзнување на иранскиот имот вреден милијарда долари, укинување на санкциите за иранската нафта и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа. Потоа Иран би ја одблокирал Ормуска Теснина, а потоа ќе се преговара за иранската нуклеарна програма.

Prilep Jazz Weekend слави 15 години со три фестивалски вечери во Прилеп

Прилеп оваа есен повторно ќе дише во ритамот на џезот. По јубилеен петнаесетти пат, фестивалот Prilep Jazz Weekend ќе ги собере љубителите на квалитетна музика, автентични изведби и незаборавна концертна атмосфера.

Фестивалот ќе се одржи на 1, 2 и 3 октомври 2026 година, во кино салата на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Во текот на трите фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи настапи на истакнати домашни музички имиња, кои низ различни џез изрази ќе донесат свежа енергија и музика без граници.

Програмата на 15. Prilep Jazz Weekend е:

1 октомври 2026, четврток

  • 21:00 — Глигор Кондовски / Дориан Јовановиќ
  • 22:30 — SETHSTAT

2 октомври 2026, петок

  • 21:00 — 23:00 — Џез за Чудаци

3 октомври 2026, сабота

  • 21:00 — ПИЈАН СЛАВЕЈ
  • 22:30 — PEACH VICE

Во изминатите петнаесет години, Prilep Jazz Weekend изгради препознатливо место на македонската културна и музичка мапа. Фестивалот останува посветен на поддршката на оригиналната музичка мисла, на отворањето простор за нови звучни истражувања и на создавањето средба меѓу музичарите и публиката.

Јубилејното издание е покана за три вечери исполнети со импровизација, ритам, емоција и слобода — токму она што џезот го прави жив, возбудлив и секогаш современ.

Prilep Jazz Weekend 2026
1–3 октомври | НУЦК „Марко Цепенков“ – кино сала | Прилеп

Фестивалот е финансиски помогнат од Општина Прилеп  !

Подетални информации за фестивалот можете да видите на следните линкови :

www.prilepjazz.mk

https://www.facebook.com/prilepjazzweekend

https://www.instagram.com/prilepjazz/

Од 1-ви до 30-ти октомври продолжување на правото на студентска стипендија

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година.

За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи: потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити, издадено од факултетот; уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80 проценти односно 90 проценти од предвидените испити, во зависност од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, во согласност со договорот; индекс од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.

МОН во објавата појаснува дека документите треба да се прикачат електронски со соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk и посочува дека за каква било информација или прашање студентите може да се обратат на електронската пошта [email protected]

Македонската фудбалска репрезентација денеска гостува во Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во второто коло од Лигата на нации Б-дивизија.

Селекторот на нашата репрезентација Гоце Седлоски верува дека неговите избраници ќе се покажат во подобро издание од мечот со Швајцарија пред три дена во Скопје.

– Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии. Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени, изјави селекторот Седлоски на вчерашната прес конференцијата.

Натпреварот ќе почне во 20:45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана.

Се сеќавате ли на прилепските After Work дружења? AVRA во петок го враќа она што му недостига на градот, а тоа е само почеток за она што следува

Една стара навика од прилепскиот градски живот повторно се враќа под Марковите Кули, овојпат во ново издание, со музика во живо, коктели и добро друштво.

Има нешто посебно во петокот попладне. Работната недела е на крај, обврските полека остануваат зад нас, а пред да започне класичната петочна вечер, некогаш во Прилеп постоеше едно посебно време за дружење – After Work.

Да се излезе директно по работа, да се седне со колегите или друштвото, да се наздрави за крајот на работната недела и без брзање да започне викендот. Тоа беше редовна пракса низ прилепските локали. Денес, ваквите попладневни дружења речиси и да ги нема. Но, AVRA сака да ја врати токму таа атмосфера.

Овој петок, 2 октомври, од 16:00 до 20:00 часот, под AVRA ja oрганизира првата After Work забава, настан замислен токму како продолжение на работниот ден и вовед во викендот.

За музиката во живо ќе се погрижат Sofija Maneva & K4 Band, а идејата е едноставна: не чекајте да падне ноќта за да започне забавата. Викендот може да започне веднаш по работа.

А првиот час носи и посебна причина да пристигнете порано!

Од 16:00 до 17:00 часот – 1+1 гратис

Во првиот час од After Work дружењето, AVRA подготви 1+1 гратис промоција за:

Smirnoff | Gordon’s | Jameson | Aperol Spritz | Campari Spritz

Така, петочниот план е прилично едноставен, завршувате со работа, ги повикувате колегите или друштвото и наместо директно дома, се упатувате во AVRA.

А кога ќе заврши After Work дружењето? Петокот продолжува!

Од 21:00 часот, AVRA повторно ја менува атмосферата и на сцена доаѓа Acoustic Division, со вечер исполнета со познати песни и акустичен звук.

Саботата пак е резервирана за KAMELEON Band, кои ќе ја продолжат викенд приказната во AVRA.

Така, првиот октомвриски викенд под Марковите Кули добива своја целосна музичка програма, петок попладне со Sofija Maneva & K4 Band, петок навечер со Acoustic Division и саботна вечер со KAMELEON Band.

И сето тоа во амбиентот на AVRA, со коктели, храна и просторен паркинг веднаш до локалот – уште една причина излегувањето да биде опуштено од почеток до крај.

Резервирајте маса навреме на: 078 564 477

И за крај, погледнете како си поминавме изминатиот викенд во AVRA:

Се гледаме во AVRA!