Група активисти во изминатите неколку денови преку социјалните мрежи го поставуваат истото прашање: „Каде се кучињата?“
Како што наведуваат, тие бараат информации и одговори за тоа што се случува со кучињата, но досега, според нив, не добиле конкретни одговори.
Токму поради тоа, активистите повикуваат на мирен протест пред Општина Прилеп, под мотото „Правда за кучињата. Каде се?“
Протестот е најавен за среда, 30 септември, со почеток во 11:00 часот, пред зградата на Општина Прилеп.
Од активистите ги повикуваат граѓаните да им се придружат и заеднички да побараат одговори и информации за случајот.
„Каде се кучињата?“ е прашањето кое тие деновиве го упатуваат до надлежните, а преку утрешниот протест очекуваат одговори на своите барања.
























