дома блог страница 2286

Заев жалел за бурните реакции, но морало така, се работело за иднината

По вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев кое предизвика бурни реакции во јавноста тој денеска изрази жалење и рече дека бил свесен за тоа што го рекол и какви реакции ќе предизвика.

„Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детаљ.

Но во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија.

И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување.

Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината. Заради заедничката иднина во Европската Унија која е пример како во име на иднината, најдлабоките разлики и историски конфликти беа оставени во минатото.

Тоа е мојата најдобра намера и таа намера постојано ќе ја застапувам додека постои и најмала шанса за решенија и за успех на нашиот процес за членство во ЕУ со старт на преговорите.

Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот.
Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија.

АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст.

Темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи на Балканот и Европа.

Иако постои затоплување на односите меѓу Југославија и Бугарија по учеството на бугарските армии во борбата против фашистите, по 1948 година факт е дека постоеше „железна завеса“ помеѓу Југославија и Бугарија и сериозни историско-политички конфликти околу „македонското прашање“.

Денес треба да работиме на отстранување на последиците од „железната завеса“ кои се уште се осеќаат меѓу Македонија и Бугарија.

Историјата треба да не учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас.

Само почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина.

Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост.

Дајте да живееме денеска. Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации.“

Филипче се избламиpa со пpилепчани, макcимално некopeктен однoc додека ceкojдневно гyбиме нови животи (Фото)

Mинистерот за здравство Венко Филипче, синоќа на својот профил на Твитер, објави фотографија од 2019 година, на која се фотографирани членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и напиша дека партијата не ги почитувала мерките за превенција од кopoнавиpycoт. Кратко потоа министерот за избриша објавата, а на ваквото бламирање на Филипче реагираа од опозиционата партија.

-Благодариме на пиар тимот на филипче што ни даде можност да реагираме на неговото ширење на важни вести. Сликата која ја објави на Твитер каде посочува дека членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат мерките препорачани за заштита од корона пандемијата е од 2019 година далеку пред почетокот на пандемијата со корона, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

-Знаеме дека Филипче е научен да лаже, но не знаевме дека кај него лажењето прераснало во болест. Доколку не ја повлече објавата ќе заработи кривична пријава за ширење на лажни и измама. Наместо да биде војаер на Фејсбук нека си ја работи работата за што е платен, бидејќи само денес починаа 39 лица поради неговата неспособност. Со цел да го покрие срамот на Заев се обиде да шири лажни вести. Но, ваква брука каква што Заев денес направи не ја покрива ниту една лажна вест на Филипче, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

BMPO-ДПMHE денecка од 18h со натпapтиcки предyпpeдyвачки пpoтecт: “He ce paботи за пapтиja, пpoтecт ceга за да не биде пpeдоцна”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест. Денес во 18 часот од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

„Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не!

Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи.

Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.

Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“ – порача Мицкоски.

Тој во повикот за протест додаде: „Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме. Сега, за да не биде предоцна!“.

Од нив најмалку очекуваше: Новинарите му ја завршија кариерата на Заев?

Се откажа од антиката, се откажа од Цар Самоил, се откажа од Кирил и Методиј, го промени името, а сега не убедува дека Бугарите се нашите ослободители?

Не стивнуваат реакциите по изјавата на премиерот Заев за бугарската БГНЕС. Социјалните мрежи вријат, а не останаа рамнодушни ниту новинарите кои исто така коментираа за изјавите на Заев дека Југославија не држела разделени од Бугарија, која пак, ја ослободила Македонија од фашистите.

“ВИТАМИНКА” повторно ја покажа својата великодушност: Донирани 400 брзи тестови за потребите на прилепчани

Една од општествено најодговорните компании во Македонија, АД Витаминка Прилеп, повторно ја покажа својата великодушност на дело.

Компанијата донираше 400 брзи тестови во Здравствен дом Прилеп со цел поефикасно справување со здравствената kpиза и алармантната состојба во која се наоѓа градот.

– Упатувам јавна благодарност до општествено одговорната фирма „Витаминка“ која несебично ни помага во секоја можна ситуација во време кога повеќе од 10 месеци се справуваме со кopoна kpизата. Штотуку ни донираа 400 брзи антиген тестови за брза детекција на вирусот Koвид 19, кои ќе се работат во Здравствениот дом, се во интерес на граѓаните“, изјави за “Пела Радио” др Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп.

Mицкocки повика на натпapтиcки пpoтecт: “Се paботи за Maкедониja, за Илинден, за АСНОМ – да не биде предоцна”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повика на натпартиски протест по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.

-Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Вели дека Македонија е за пријателство, но пријателството, според него, значи взаемно почитување.

-Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна. Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет. Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили. Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме. Сега, за да не биде предоцна, вели Мицкоски.

Hejзиниот пpaдедо го кpиeл opyжjeто за 11-Oктомвpи, cите пpeдци и’ ce пpaвобopци: Moдна кpeaтopка од Пpилеп со тpoгaтeлeн cтaтyc на Фejcбyк

Стефанија Насеска Попадинец е моден креатор од Прилеп. Попадинците како што ги знае цел Прилеп, нејзините пpeдци, биле едни од пpвобopците кои му се спротивставиле на бугapcкиот окyпатop за време на Втopaта cвeтcка вojна во Прилеп. Нејзиниот прадедо дури и го кpиeл opyжjeто за нападот на Участакот на 11-Октовмри 1941 година.

Таа револтирано реагираше на Фејсбук, откако денеска премиерот истакна дека Бугарите не биле фашисти и дека биле администратори на територијата на Македонија, кои подоцна заедно со партизаните ги ослободиле Куманово, Крива Паланка… боpejќи се против фашистите.

Нејзиниот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Си ветив сама на себе си дека нема да пишувам вакви постови веќе ама кога ги гледам фотографииве во семејниот албум не сакам да ги гледам со срам дека ништо не сум презела кога се газело врз нивните дела и коски. Се има граници и толеранција. Ова се фотографии од моите баби и дедовци, Попадинците, а од сите нив само баба ми Стана може уште да Ви раскаже за тоа како избегала од задната врата од семејната куќа кога дошле бугарските војници да ги бараат сестра и Калина и братот Ило (веќе подолго време партизани) за живи да ги одерат.

За овие бугари ли зборувате дека биле пријатели на Македонија тогаш!? 14 годишно дете бега сама во планина кон Црвени стени, бега без храна, без надеж пред потера од бугарски војници со закрвавени кучиња. За истите бугари ли зборуваме!?

Дете, девојче на 14 години добива пушка в рака и се бори за ослободување од фашистите (читај пријателите). Ако сега премолчам, како без срам ќе ја погледнам фотографијата на прадедо ми Цветко Попадинецот кој си го изложувал семејството на ризик криејќи го оружјето за нападот на 11ти Октомври во сопствената куќа во собите од децата, тој кој неколку пати храбро застанал пред вперените бугарски пушки (дојдени по дојава) и ги криел партизаните додека одржувале состаноци и кроеле планови за нападите кои следеле, токму тука во неговиот дом.

Ако премолчам сега, како ќе имам лице да појдам на Могилата на непобедените и како ќе се поклонам пред коските на пра баба ми и дедо ми.

Многу жртви имаме дадено за да го проголтаме и овој залак. Може да ги смените таблите, може да ги препишете учебниците ама никогаш нема да ја избришете меморијата и никогаш нема да ги сопрете раскажувањата на тие кои ја преживеале окупацијата”.

(Видео) Не видела светлина веќе три месеци: Како е да се живее на Северниот пол

Сесилиа Бломдал со своите следбеници на ТикТок и Јутјуб го сподели искуството од животот на Северниот пол.

Сесилија Бломдал (31) живее на островот Свалбард кој е близу до Северниот пол. Таа живее во кабина со своето момче, а со своите следбеници го сподели искуството од животот во мрак.

“Поларната ноќ започнува во ноември, тоа е кога сонцето е под хоризонтот за цели 24 часа на ден. Ова значи дека немаме никаква дневна светлина, а поларната ноќ трае приближно 2,5 месеци”, вели Сесилиа, додавајќи дека нејзините соседи се поларни мечки.

Полнење очи и душа во подножјето на Баба Планина кај Ротинското езеро и манастирот Св. Петка во Цапари (Фото галерија)

Потпелистерските села на Баба Планина кријат безброј природни убавини и богатства.

Се одлучивме денешниот ден да го поминеме во живописните села Ротино и Цапари и навистина не погрешивме. До селата се стигнува по патниот правец Битола-Ресен, каде неколку километри после бензиската пумпа на “Лук Оил” ќе видите табла од десната страна.

Откако ќе завртите десно возите и ве пречекува раскрсница, од десната страна е Цапари, а од лево е Ротино.

Прво го посетивме Ротино. Она што го забележавме е дека на селото му недостасува урбанизирање. Патот до селото е солиден, но потребно е асфалтирање на повеќето улички.

Во селото нема многу куќи каде живеат луѓе. Повеќето се претворени во викендици, а има и голем број разурнати и напуштени домови. Впечатливи се десетина, кои вљубениците во родниот крај ги направиле вистински убавици.

Во селото ќе ве пречека табла и патокази кои го покажуваат патот до Ротинското езеро, вештачко акумулационо езеро направено за потребите на локалното население.

Просторот околу езерцето наликува на предел од Швајцарските Апли и е одлично место за одмор и рекреација кој во иднина треба да се искористи.

Езерцето во последно време е примамлива дестинација за голем број прилепчани и битолчани кои редовно доаѓаат со возила, велосипеди, или планинарење.

За жал не можевме, а да не забележиме дека наоколу имаше расфрлени пластични шишиња и отпадоци од разни производи, па добро би било општина Битола да постави урбана опрема и корпи за отпадоци, со цел да се зачува оваа прекрасна природа.

Прошетката ја продолжиме до соседното село Цапари и до манастирот, кој е еден од најубавите посветени на Св. Петка во Македонија.

За жал портите денеска беа затворени, па не успеавме да го погледнеме ова впечатливо свето здание, кое се наоѓа на само 2-3 км. над селото.

Дознавме дека манастирот е отворен во викенди и за поголеми празници, а секоја посета во други денови треба да биде најавена, барем еден ден предходно. Контакт може да се добие кај било кој жител на селото Цапари, или дирекно на Facebook ‘МПЦ-ОА – Соборен Храм “Свети Велико Маченик Георгиј” – Цапари’.

На стотина метри од манастирот се наоѓа мал параклис кој исто така е посветен на Св. Петка. Тука портата беше отворена, а во малото манастирче има мало чешмуре низ кое тече света вода.

Оваа убавина заслужува да се развива, да се облагодарува и да се направи што повеќе примамлива за посетителите. Ова е вистинско македонско богатство кое треба да го почитуваме и сочуваме. Посетете ги потпелистерските села и уживајте во убавините на кои Битола и битолчани се бескрајно благодарни.

(Вознемирувачко видео) Суштество кое не е од оваа планета: Корисниците на социјалните мрежи згpoзени од глетката

Пред да започнете да го гледате видеото, ве предупредуваме дека неговата содржина може да биде вознемирувачка.

За време на снимањето на видеото не беше повреден ниту еден инсект.

Не е ни чудно што корисниците на социјалните мрежи беа згрозени од глетката, бидејќи изгледа како дел од некој научно-фантастичен филм.

Видеото беше споделено на Редит со наслов: “Подобро повикајте ги луѓето во црно”, алудирајќи на познатиот филм во кој Вил Смит го спасува светот од “лошите вонземјани”.