дома блог страница 2285

Костадинов: “СДСМ носи храбри и патриотски одлуки. Бранко е историја”

– Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Но граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови, напиша на Фејсбук Костадин Костадинов.

– Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.
Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.

Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.

Обраќањето на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните. Дали е тоа принципиелен однос кон својата партија и кон членството на СДСМ, ќе ценат членовите на СДСМ и граѓаните, напиша Костадинов.

Жена иckpши стотици шишиња со алkoxoл во супермаркет (Видео)

Жена иckpши стотици шишиња со алkoxoл во еден од супермаркетите на Алди во Стевенеџ, В.Британија.

На видеото снимено од купувач кој во тој момент бил во маркетот може да се види како жената ги зема шишињата и ги крши од подот.

Еден од купувачите ја советувал да се смири, но таа револтирано фрлила со шише по него, раскажуваат очевидци.

Откако штетата била направена, обезбедувањето конечно успеало да ја извлечи од маркетот, а таа била уапceна од полициjaта.

Е не ќе се секира за Прилеп? Венко си го пофали шефот

Фејсбук статус на министерот за здравство Венко Филипче.

– Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме, напиша на Фејсбук Филипче.

Се јави и Бранко: Распали по Заев и повика партијата да се огради од неговите ставови

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, упати јавно обраќање до раководството и до членовите на СДСМ. Неговото обраќање го објави порталот “Плус инфо”

„Почитувани сопартијци,

Во изминативе 7 години решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија.

За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата.

Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавноста, за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати.

Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина, ако не се случеше скандалозното интервју на Премиерот и Претседател на нашата партија, Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Се обраќам до вас, почитувани сопартијци, за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција, ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата.

Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни.

Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.

Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ.

Почитувани сопартијци,

До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со другарски поздрав,
Бранко Црвенковски“

Извор: ПЛУСИНФО

ВО ЖИВО: Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

Денес во 18 часот започнува натпартискиот протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.

Протестот ќе започна од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада на Република Македонија. Поради запазување на здравјето од корона кризата, ќе биде со автомобили.

Во продолжение линк на кој ќе можете во живо да го следите протестот.

Погоди или промаши, со ЕВРОТИП секако си добитен!

Се обложуваш, но често велиш „немам среќа“ или „промашив само еден натпревар“?

Спортските обложувалници ЕВРОТИП подготвија голема наградна игра!

Независно од тоа дали тикетот е добитен или не, со ЕВРОТИП секогаш си во игра за добивка!

Започнувајќи од овој петок (27.11), па се до крајот на годината, ЕВРОТИП во соработка со А1,  ЈК Травел и СН Осигурување ќе доделат богати награди за оние чии недобитни тикети за еден натпревар, имаат највисок погоден коефициент.

Тоа значи дека, доколку имате недобитен тикет на кој сте ги погодиле сите натпревари освен еден, а истиот е уплатен онлајн или со клуб картичка, тој тикет влегува во наградната игра.

Бројните награди, покрај ваучери за обложување, вклучуваат и мобилни телефони, ваучери за патување, како и вредносни ваучери од СН Осигурување.

Доколку промашите само еден натпревар на тикетот, ќе бидете во игра за Samsung Galaxy Note 20, но и ваучери за обложување во висина до 3.000 денари, како и ваучер за патување.

Не ги заборавивме ниту оние кои успешно типувале и веќе ја исплатиле својата добивка. Токму и добитните тикети кои имаат највисок погоден коефициент учествуваат!

Оние „посреќните” тикети влегуваат во наградната игра која вклучува добивки како вредносни ваучери, но и Samsung Galaxy S10.

Сега, повеќе од било кога, Вашите тикети уплатени во ЕВРОТИП вредат многу повеќе.

Не заборавајте, Вашите тикети уплатете ги онлајн или пак со клуб картичка, па на 31.12 можеби токму Вие ќе бидете „малерот“ кој ќе биде „добитен“!

За повеќе информации, посетете ја веб страната www.evrotip.mk или пак најблиската уплатна локација на спортските обложувалници ЕВРОТИП.

“А бре, македонче”, песната која за прв пат ја испеал прилепскиот партизански одред “Гоце Делчев” (Видео)

“Нека разберат клетите фашиcти, Македонско име нема да загине!”

Партизански одред “Гоце Делчев”

– Химната на македонското партизанско движење и денес е препознатлив звук за македонскиот етер, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денот кога опозицијата организира протест против позициите на премиерот во спорот со Бугарија.

-Во 1945 е измислен и “апарат” за да може тој најавен џингл, авизото на тогаш Радио Скопје, да биде емитувано на почеток и крај на програмата.

Пораката е уште посилна денес ако се знае дека за прв пат е испеана од прилепскиот одред „Гоце Делчев“!
А бре Македонче, каде се спремаш…
, пишува Стоилковски кој посочува дека за статусот го потсетил екс потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев , чиј што дедо е автор на мелодијата.

-Гордан, одлична колумна. Се надевам ќе се видиме вечерва #ПредВлада, му порачува Стоилковски на својот идеолошки ривал кој исто така се противи на позициите на Заев за (анти)фашизмот.

Целата песна во продолжение:

Излезе од печат антологијата “Еуродрам 2020 избор на нови македонски драми” во издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

Деновиве излезе од печат антологијата „Еуродрам 2020: избор нови македонски драми“ во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Овој избор содржи шест текстови од македонски автори што беа избрани како најдобри меѓу дваесет и пет нови, необјавени и неизведувани драмски дела напишани на македонски јазик, кои беа пријавени на конкурсот на Еуродрам – Европската мрежа за современа драма и превод во јануари 2020 година.

Приредувач на антологијата и автор на предговорот е Иван Додовски. Изборот го направија членовите на Македонскиот комитет на Еуродрам: Иван Додовски, театролог, писател и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ колеџ Скопје; Фроса Пејоска-Бушеро, преведувачка и професорка на Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз; Александар Зицман, преведувач и предавач на Катедрата за славистика на Универзитетот во Виена; и Катерина Коцевска, актерка и драмска писателка, директорка на Драмски театар од Скопје.

Во антологијата се застапени драмите: „Грејс Кели не пие бамбус“ од Давор Стојановски, „Помеѓу змејот и неговиот бес“ од Сашо Димоски, „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, „Деспот Кољ“ од Атанас Вангелов, „Трогледало“ од Ана Стојаноска и „Белешките на немиот писател“ од Никола Кузелов.
Со овој избор се нуди можност за еден синоптички увид во најновата драмска продукција на македонски јазик, која покажува не само генерациска, тематска и жанровска разновидност ами и творечко проникнување со најдоброто од современата светска драматургија.

Антологијата ќе биде претставена на јубилејното 55-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во 2021 година, а избраните македонски драми се препорачуваат за сценска изведба и за превод на други јазици преку мрежата на преведувачи на Еуродрам.

„Шесте драми објавени во овој избор, како и останатите македонски текстови што беа разгледувани во рамките на конкурсот на Еуродрам за оригинални драми во 2020 година, влегоа во конкуренција на повеќе од 700 дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици. Овие бројки сами по себе зборуваат за тоа колку е вибрантен светот на европската драма. Во исто време, големата продукција може да укаже и дека некои нови дела не го добиваат секогаш заслуженото внимание. Во таа смисла, мисијата на Еуродрам – да афирмира нови наслови и нивни преводи – е исклучителна“, вели Иван Додовски во предговорот на оваа антологија.

ЕУРОДРАМ е европска мрежа за современа драма и превод со седиште во Париз и Луксембург, која опфаќа повеќе од 300 членови организирани во 30 јазични комитети. Главна цел на мрежата е да го поттикне преводот на современи драмски дела од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и за публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност. Во парни години секој јазичен комитет на Еуродрам избира три оригинални драмски дела напишани на јазикот на тој комитет и ги препорачува за превод на други европски и блискоисточни јазици. Во непарни години комитетите избираат три најдобри преводи на нивниот јазик со цел да се препорача нивното објавување и сценско изведување.

За дополнителни информации, посетете ја фејсбук-страната: https://www.facebook.com/eurodram.mk/

Контакт: Иван Додовски, [email protected]

И Левица вечер пред Влада: Нема повеќе конструктивност, изјавите на Заев се фашиcтички

Соопштение на политичката партија Левица

“Националното предавство на СДСМ е логична последица на претходно покрадениот народен имот од страна на крупните сопственици како финансиери на оваа партија. Кооперативноста со фашистичките сили е само нивно прибежиште пред налетот на работниците во одбрана на својата татковина.

Нема повеќе потреба конструктивно да се укажува и расправа за тоа, зошто и како изјавите на премиерот Зоран Заев се погрешни, ревизионистички па дури и фашистички, како рехабилитација на оваа империјалистичка идеологија. .

Досега ниту еден политичар во 30 – годишната историја на независна Македонија, не “успеал” на овој начин, како Заев, да ги собере сите можни црнила на македонската политика во себе. Ваквата циркус-политика достигна ново дно. Започнувајќи со распродавање на националните економски капацитети, на македонската политичка елита, сега при нивното слугување на странските империјалистички сили, единствено и’ останува да ги распродаде националните обележја, па дури и да тргува со историските факти поврзани со оваа нација.

Една од првите задачи на идната народна власт е, прво да стави крај на овој процес, а потоа и да направи пресврт и да се придвижи во вистинската насока до целосно ослободување на државата, притоа казнувајќи ги сите кои Македонија ја довеле до оваа положба. Нашата задача пак, задачата на Левица, е да бидеме таква власт.

Левица го поддржува народниот револт и нашето раководство заедно со поширокото членство, ќе бидат присутни на вечерашните антивладини протести.

СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ! СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ!”

(Видео) Томислав е единствениот голман во светот кој успеал да му одбрани два пенали на Марадона

Светското првенство 1990 година во Италија ќе остане запаметено и по утакмицата од 1/4 финалето меѓу Југославија и Аргентина.

Поранешниот голман на Динамо Загреб, Црвена звезда, Спортинг и многу други клубови, е единствениот голман во светот кој може да се пофали дека двапати го одбранил пеналот на Марадона.

Тој го стори тоа за прв пат како голман на Спортинг против Наполи во 1989 година во Купот на УЕФА, а потоа една година подоцна во споменатата утакмица.

– И двата пати бев сигурен дека ќе го одбранам неговиот пенал. Играчите на Спортинг и од репрезентацијата на поранешна Југославија ми рекоа дека сум луд. Интересно е што секој пат Марадона шутираше во спротивниот агол – рече Томислав Ивковиќ за Вечерњи лист.