дома блог страница 2287

Mицкоски: “Ако Заев на било каков начин го навpeди македонскиот идентитет ќе се соочи со народот во чии први редови ќе бидам и јас” (Видео)

Со внимание го ислушав интервјуто за бугарски медиум, кое очигледно претставува додворување кон бугарската јавност и подготовка за македонската јавност, каде што Заев несмасно и грубо изнесува тези кои можат да претставуваат сериозно нарушување на преговарачките позиции, а со тоа и нарушување на европската иднина на Македонија и македонските граѓани, истакна денес на вонредна прес-конференција, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа вонредна прес конференција ја свикавме затоа што нашата загриженост ја темелиме врз следните негови позиции кои што ги изнесе на самото интервју за овој бугарски медиум. Тој најпрвин тврдеше дека договорот со Бугарија е сосема доволен, во едно мое интервју предупредив дека покрај договорот за добрососедство постои барање од страна на бугарските власти за потпишување на нов договор или анекс на тој договор, со кој ќе се допрецизираат барањата или да бидам попрецизен уцените и сервилниот однос на Заев кон нашиот источен сосед. Па оттука можам да кажам дека како поминуваа деновите оние први бледи критики и обвинувања од страна на Зоран Заев, Бујар Османи, Димитров и останатите кон мене, дека таков договор или анекс на договор не постои, излегоа дека се една обична шарена лага. Нивниот сервилен однос на сметка на достоинството на македонскиот народ, достоинството на македонската нација нема граница, па тие денеска прифаќаат еден таков анекс кон тој договор, кој што Зоран Заев во ова интервју го потврди, истакна Мицкоски.

Тој оцени дека Заев во ова скандалозно интервју ја негира антифашистичката борба на граѓаните и нашето право да се повикуваме на тоа наследство.

-Тој прифаќа дека овде постоела бугарска администрација и практично македонските борци за независна македонска држава кои што се бореле против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна ги изедначува со истиот тој окупатор за време на ова скандалозно интервју, па вели дека Скопје, Куманово и Паланка всушност биле ослободени а не биле поробени во Втората светска војна. Загрижен сум затоа што ова интервју може да се толкува и како прв чекор кон откажување на македонското малцинство кое што живее во своите древни огништа кај нашиот источен сосед, а со тоа и поништување, брутално кинење на сите пресуди кои што меѓународни судови до сега ги имаат изречено. Како што е Судот за човекови права во Стразбур, каде што јасно и недвосмислено стојат насоките кои што за жал, на неевропски и нецивилизиран начин нашиот источен сосед до сега ги игнорира и истите тие не ги применува. Морам да изразам сериозна загриженост за една тенденција за менување на карактер и улогата на македонските херои, што е упад и фалсификат на македонската историја, посочи Мицкоски.

Тој потенцира: „Алармирам сега за да не биде предоцна, алармирам за да не се случи уште едно огромно големо разочарување“.

-Го повикувам македонскиот народ, ги повикувам сите оние кои што се дел од македонската нација не, само во Македонија туку и надвор, будно да го следиме овој процес на преговори кој што го води оваа влада а Зоран Заев, затоа што загрижени сме дека тој може да го начне македонскиот идентитет. Ги предупредувам во владата на Заев да не си играат да е го начнуваат македонскиот идентитет, бидејќи на тој начин ќе се соочат со сиот гнев на македонскиот народ и македонската нација, не само тука во Македонија, туку било каде во светот. Македонскиот народ го повикувам внимателно да ги следи овие денови кои што се пред нас, внимателно и будно заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата да следиме што преговара Зоран Заев и на што се е спремен, а потоа на соодветен начин, ако на било каков начин го навреди македонскиот идентитет да реагираме и да го спречиме. Јас ќе бидам прв во таа борба, порача Мицкоски.

Руската амбасада во Македонија не потсетува на нашата историја

Руската амбасада во Македонија на социјалните мрежи постојано потсетува и оддава почести на значајни личности од македонската историја.

“Пред 101 година е родена Вера Ацева (1919-2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди, во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, избрана во неговиот Президиум”, напишаа вчера на Твитер од амбасадата.

На 18 ноември од руската амбасада потсетија и на денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков.

(Видео) Николоски: “Неколку пратеници размислуваат да го напуштат Заев”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски тврди дека повеќе пратеници на СДСМ и ДУИ размислуваат да го напуштат мнозинството и да ја урнат владата по што ќе се формира ново парламентарно мнозинство и нова Влада.

– Во овој момент има неколку пратеници од владејачкото мнозинство кои сериозно размислуваат да го напуштат истото. Со тоа ќе се формира ново парламентарно мнозинство, а оваа Влада ќе падне, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Ако не сте знаеле според Заев Бугарите биле администратори: Го ослободиле Кумановo и Паланка (Видео)

Интервју на Зоран Заев за бугарскиот медиум “БГНЕС”

БГНЕС: Ако ве разбирам добро, македонската држава сега е подготвена да ја отвори оваа страница и луѓето во Македонија да разберат што се случило?

З. Заев: Одредивме заедничка прослава за историски личности од средниот век од Цар Самоил назад – до Кирил и Методиј, од Климент и Наум, имаме записници. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, таа мора да не обедини. И во Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Ова не е случај – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател.

З. Заев: Ова не е точно. Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети, итн. Ви ги потенцирам историските факти на кои треба да работиме во иднина, бидејќи минатото не ни ја даде оваа можност. Сега мора да покажеме здрав разум, во сегашните генерации, да го смениме сето ова во духот на големото пријателство што го имаме, што гарантира уште подобра соработка во иднина.

(Видео) Xopop yлов: Погледнете што извлекоа од мрежата

Жителите на Тајланд отсекогаш биле познати како големи риболовци, а разноликоста на морскиот свет им го овозможува тоа.

Сепак, се случи неочекувана ситуација, кога рибар кој секојдневно ја полни мрежата од водите во Тајланд, имаше несекојдневен улов.

Станува збор за исклучително редок вид на риба.

– Ова е прв пат да уловам ваква риба. Ја фатив во мојата рибарска мрежа, а со изгледот се истакнуваше од останатите риби кои обично ги ловам за продажба, раскажува тој.

Велеше дека се’ е под контpoла во Прилеп, сега откако цел гpaд стана клacтep бара кapaнтин

Министрите за здравство и за внатрешни работи Венко Филипче и Оливер Спасовски сметаат дека кapaнтин не е потребен, но градоначалникот на Прилеп кој е од нивата партија, СДСМ, бара под итно градот да биде ставен во кapaнтин.

Тој во изјава за ТВ24 за „Студио 10“ вели дека ќе побара до Централниот кpизен штаб за Прилеп, да биде воведен кapaнтин, бидејќи Прилеп после Скопје има најголем број зapaзени и починати.

-Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение. Упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат на еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за прилем, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати – вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за “Студио 10” на ТВ24.

Apмиjaта од yтpe ќе ги обезбедyва болниците

Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции коишто тоа ќе го побараат.

Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…

-Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра – најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј.

Шекеринска појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.

-Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатеи најгоелмиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември“ и другите во градов и во поголемите центри, како Тетов, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка – истакна Шекеринска.

Таа додаде дека тоа ќе го направат на локално ниво со минимум трошоци.

-Она кога кажуваме дека треба да инвестираме во одбрана сега може да видиме дека е така. Инвестираш во мирнодопски услови, за да можеш да се потрепреш во време на криза. Системот покажува дека може да му се верува и дека е тука и кога е најтешка ситуацијата – потенцира министерката за одбрана.

Како што појасни Шекеринска, целта на ангажирањето на армијата е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пацинетите се заштитени и дека тоа сега е работа на полцииајта и армијата.

Прилепско семејство донираше возило за потребите на болницата (Фото)

Семејството Керпичоски од Прилеп даде пример за сите граѓани кои се во можност да донираат онаму каде е најпотребно.

Тие денеска донираа возило за потребите на општата градска болница “Борка Талески”.

Ова е втора донација на Керпичоски за потребите на болницата, откако започна пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Претходно ова семејство донираше и 500 евра.

Излезе пред 2 месеци и pyши peкорди шиpyм светот: Најновата мини серија на “Нетфликс” веќе е најгледана (Видео)

Откако се појави, луѓето не престануваат за зборуваат за новиот хит на Нетфликс. Се работи за мини серијата “Тhe Queen’s Gambit”, која стана најпопуларната мини серија што досега е снимена од оваа филмска продукција.

Серијата е емитувана во сите држави, вклучувајќи ја Русија, Хонг Конг, Франција, Тајван и Австралија, а на листата на најгледани серии се наоѓа дури во 92 земји (на прво место е во 63).

Но, големата гледаност не е единствениот индикатор за популарноста. Гугл покажува дека пребарувањето на серијата пораснало за 250%, а романот според кој истата е снимена се нашол на листата на бестселери 37 години откако е издаден.

Серијата има седум епизоди, снимена е според истоимениот роман на Валтер Тевис, а дејствието се одвива во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Во неа е прикажан растот на фиктивната шахистка Бет Хармон, девојка посвоена од сиропиталиште во Кентаки, во светот на шахот кој дотогаш е резервиран за мажите.

Силен впечаток остава изведбата на главната глумица Анје Тејлор Џој и двобоите на шаховската табла од кои се импресионирани дури и шаховските велемајстори ширум светот.

“Тоа е најдоброто што сум го гледал во шахот”, вели францускиот шахист Антони Вириг.

Прилепчанка од Австралија ги продава своите фотографии со мотиви од разни племиња и испраќа помош за социjaлни семејства во Македонија

Хуманоста нема граници, не препознава пречки на мориња и океани, затоа што, како што вели една поговорка, “Раката што дарува не се суши”. Така, не е бариера далечината од илјадници километри. Прилепчанката Билјана Миленкоска Јуруковски од Австралија во земјава упати донација за сиромашните семејства. Таа повеќе од две децении живее во Сиднеј – објави неделниот весник “ЗЕНИТ”

Нејзината пасија за уметничка фотографија, ја претвори во хуман чин. Дел од колекцијата на фото дела, дури и наградени, а со мотиви на традициите на разни племиња забележани во нејзиниот објектив, ги изложи на аукција.

Собраните средства од над 3.000 евра ги испрати во земјава за ублажување на проблемите на социјално загрозените семејства.

Ова нема да биде последен, дар, туку вродениот инстинкт да се помага продолжува со процесот на продажба на други слики од нејзината богата збирка, а средствата пак ќе завршуваат кај ранливите категории граѓани во земјава.

Нејзиниот ангажман веќе го прифатиле и други Македонци кои покажале широкоградост за хуманитарна поддршка.

Преку хуманитарната организација на МПЦ Свети Спас, поделени се прехранбени производи: макарони, брашно, грашак, ориз, грав од домашни производители на 350 загрозени семејства, од кои 20 се од прилепско. Донацијата ја организираше и успешно ја спроведе нејзиниот татко и’ Цветан со помош на отецот Оливер Петровски.

-Решив фотографиите од Монголија и Африка да се продаваат. Сто отсто од продажбата се наменети за храна за социјално загрозените семејства во Македонија. Досега се продадоа три фотографии за 3900 австралиски долари – вели Миленкоска Јуруковски.

Мотивот за донација и’ набуил во времето кога целиот свет минува низ тежок период на пандемијата.

-Се обидувам како човек и фотограф да дадам поинакво значење на фотографијата. Сакав фотографиите да бидат мост меѓу уметноста и хуманоста. Затоа ги поставив и продолжувам да поставувам фотографии на продажба. Верувам дека треба посилно да се афирмираат вредностите со кои сме воспитувани, вредности на интегритет, почитување и помагање на луѓето, на кои им е потребна помош. Во време кога вредностите на индивидуалност, себичност и само “јас”, земаат силен замав, на помладите генерации треба да им дадеме пример за хуманост. Продолжувам секоја недела да поставувам фотографија за продажба и доколку се продадат, сите средства ќе се упатат за помош на семејства преку хуманитарната организација Св. Спас – објаснува Миленкоска Јуруковски.

Таа веќе го заинтригирала друштвото Фаланга од Сиднеј. По нејзините стапки веќе е контактирана хуманитарна организација. И фотографот Наце Попов од македонско потекло ги нуди на дијаспората фотографиите од Македонија. Дел од средствата ќе бидат насочени за помош во татковината.

Организацијата Свети Спас веќе пет години е во мисија на помош на ранливите категории граѓани. За протерејот. Оливер Петровски донациите не познаваат вера или нација, туку луѓе на кои им е тешко и им е потребна помош. Активистите се ангажирале во обезбедување на заштитни маски за поддршка на здравствените и другите витални служби пролетоска, потоа бесплатни оброци за здравствените работници, овошје за болните и топли чаеви за дежурните службеници за време на полицискиот час.

Билјана Миленкоска Јуруковски е минатогодишен добитник на Третоноемрската награда на Прилеп.

Извор: “ЗЕНИТ”